8
30 1-2/2010 Василка Димитровска Цоцев Камен,

Цоцев Камен - Cocev Kamen, more than just a rock!

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Цоцев Камен - Cocev Kamen, more than just a rock!

30 1-2/2010

Василка Димитровска

Цоцев Камен,

Page 2: Цоцев Камен - Cocev Kamen, more than just a rock!

31

Локалитетот Цоцев Камен кај мештаните познат и како Пештера, е ло-

циран во срцето на Кратовско-Злетовската област, на 25 км од Кратово во месноста Шопско Рударе. Самата карпа ги има следните географски координати: N. 42o.05’. 024’’ и E. 021o. 59’ и 227’’, а се наоѓа на надморска ви-сина од 481м. Неговата вредност ја открил уште во 1971 година Душко Алексовски, професор по француски јазик и основач на Центарот за карпеста уметност во Кратово. Неговите изјави дека Цоцев Камен е единствен лока-литет во светот кој на едно место обединува светилиште, жртвеник и опсерваторија ќе предизвикаат контроверзии во македонската археологија, кои и денеска се предмет на дебата.

Цоцев Камен нема историјат на истражување во поглед на ар-хеолошки ископувања. Во архео-лошката литература овој локали-тет се сретнува под името Трон-Пешта, како населба од неолитско и доцноантичко време. Во седум-десеттите години кога е вршено рекогносцирање на теренот, било забележано дека на 1,5 км север-но од маалото Цоцевци се издига висока карпа што доминира над околниот терен. На западната страна, под карпата се протега тераса со димензии од 70 х 60 м, на која има фрагменти од неолит-ски керамички садови со фина и груба фактура, со сива и црвени-кава боја. Наоди се среќаваат и во подножјето на терасата, особено во нивите, каде што се наоѓало подградието. Биле откопани не-колку питоси и римски монети1.

нешто повеКеод само обична карпа!

1 Археолошка карта на Република Македонија

(1996), Tом 2, Македонска Академија на

Науките и Уметностите, Скопје, 189.

.

Page 3: Цоцев Камен - Cocev Kamen, more than just a rock!

32 1-2/2010

Опис на локалитетот и околината

Цоцев Камен има основа формирана на карпа од вулканско потекло, а обединува два типа на лока-литети, пештера и полупештера/поткарпа. Изложен е на ветер, на сонце и на атмосферски влијанија. Најверојатно тоа е причината поради која во измина-тиве епохи не се живеело во него, туку околу него, додека веројатно самата локација се употребувала повремено во праисторијата, а постои веројатност тоа да се случувало и во подоцнежните периоди. Во одредени делови од карпата (процепи или места об-раснати со вегетација) се уште може да се пронајдат керамички фрагменти со најразлична старост. Тие би упатиле на светлиште или место со култна наме на, како што милуваат да интерпретираат археоло зи те, во недостиг на некое друго објаснување. Но за такви тврдења потребни се дополнителни проучувања и се-како паралели од етнологијата и етнографијата.

Пристапот кон Цоцев Камен е овозможен од не-колку правци, но најдостапен е преку денешниот ас-фалтен пат што води за Коњух, вдолж кој од левата страна се забележува карпа која по својата структу-ра и облик се издвојува од околината. За да се стигне до карпата треба да се поминат околните ораници, како и исушеното речно корито на реката Врлеј. Од тука, преку нивите со житарици, до Цоцев Камен се простира првата речна тераса (со квартерна старост) на која се сретнуваат фрагменти од праисторијата, римскиот и средновековниот период. Од она место каде завршува култивираната површина, па сè до самата карпа, теренот е покриен со ниска грмушеста вегетација од слаб интензитет, без видливи антропо-гени нарушувања.

Структурата од вулканска карпа овозможила нејзино делкање и дотерување во форма на скалила (честопати многу стрмни), кои ги има на сите страни низ Цоцев Камен. Преку нив се стигнува до повеќе рамни платоа. На оние површини коишто имаат

Големата пештера на Цоцев Камен

Page 4: Цоцев Камен - Cocev Kamen, more than just a rock!

33

хоризонтална поставеност се видливи вдлабнатини со големина на колец, кои најверојатно и ја имале таа намена и функција. Од страната на карпата која е најпристапна за искачување, преку почетните скалила се стигну-ва прво до т.н. ‘Мала пештера’, а потоа и до ‘Големата Пештера’ која се наоѓа над неа. И покрај именувањето од страна на мештаните како пеш-тери, се работи за поткарпи со различна големина, хоризонтална поставе-ност, полуовален свод и без седиментација на подот. Карактеристична по својот облик е Големата Пештера на која се забележуваат интензивни за-фати во камената структура. Овој дел е преуреден во поткарпа, при што е откинат голем дел од сводот на некогашната пештера. Притоа е направена платформа за потпирање што гледа кон соседниот рид, на кој се поставени големи камени блокови налик на мегалити.

На едно од пониските платоа на Цоцев Камен, од страната каде се лоцирани пештерите, се наоѓаат две испакнати ниши. Тие делуваат како престоли, но можно е да имале и друга намена. Поставени се на исто ниво еден наспроти друг, на раздалеченост од околу десеттина метри. Директно се изделкани во самата карпа, со што е добиен нивниот облик, а ориенти-рани се кон исправените камења на соседниот рид. Од нив, преку верти-кални скалила се стигнува до уште една платформа, во која се издлабени базени. Двата базена собираат поголемо количество вода и веројатно биле користени како резервоари.

Сликана карпеста/пештерска уметност2

Во едниот дел од Цоцев Камен постои поткарпа со полуовална форма и димензии од 5 x 1,5 x 2 м. Во овој простор со црвена боја се исцртани мо-тиви кои прикажуваат човечки, животински(?), геометриски и мотиви со недефиниран карактер. Поткарпата е поставена на спротивната страна од пештерите, базените и престолите, и до неа се стигнува многу тешко.

Од она што може да се распознае на ѕидовите од карпата, насликаните мотиви се групирани во три групи од по 2-3 цртежи, помеѓу кои можат да се распознаат човечки фигури и мотиви кои наликуваат на предмети по-знати од секојдневието (количка). Во овој случај сакаме да ги нагласиме гестовите на две фигури со раширени (во стилот на оранта) и спуштени раце, обете свиени во лаците, додека долните екстремитети им се редуци-рани во форма на лачно свиени линии.

Во рамките на Балканот, но и во светот, веќе се направени обиди за класификација на композициите и сцените3 кај сликаната карпестата уметност генерално4. Според овие критериуми, уметноста на Цоцев Камен е на отворено, со хоризонтални рамни цртежи нанесени директно на кар-пата кои не ја нарушиле или модифицирале нејзината површина. Според технологијата и тематиката, се работи за линиски плоснат цртеж од моно-хромен карактер (црвена боја) во форма на антропоморфен пиктограм5.

Постојат најразлични толкувања и приоди кон оваа сликарство, почнувајќи од тоа дека го претставува опкружувањето на луѓето кои го нацртале, па сè до претпоставките за релациите со нивниот социјален и ду-ховен аспект од животот. Интересно е што некои антропогени мотиви од Цоцев Камен се сретнуваат на Балканот во керамичкиот материјал од нео-литот, означувајќи стилизирани мотиви на концептот за породилната поза6 или пак се познати од етнографијата7. Истите мотиви подоцна се сретну-ваат и на ќилимите од македонската етнографија и пошироко. Сепак, во оваа фаза од истражувањата, не би си дозволиле да паднеме во стапицата

Еден од претпоставените ‘престоли’

на Цоцев Камен

2 За овој термин во аглиската литература

има две именувања, пештерска (cave art)

и карпеста (rock art) уметност. Пештерска

уметност насликана во внатрешноста на

пештерите честопати во себе го вклучува

терминот карпеста уметност.

3 Стойчев, Т. (2000), Скално изкуство - опит

за обща класификация, Годишник на

Департамент Археология, НБУ/АИМ, 4-5, 2000,

София, 30-54.

4 STOYTCHEV T. (2001), Rock Art and Compositions:

An Attempt for General Classifi cation, Annuary of

the Institute of Archaeology with Museum, BAS,

1, 129-153; Стойчев Т. (2005), Скално изкуство

- обща класификация,София: Агато.

5 Пиктограм е слика во која може да се

распознаат реални и имагинарни објекти.

6 Чаусидис Н. (2005), Космолошки слики, Том

1 (текст), Симболизација и митологизација

на космосот во ликовниот медиум, Скопје,

133-143.

7 Чаусидис Н. (2005), Космолошки слики, Том

2 (илустрации, каталог), Симболизација и

митологизација на космосот во ликовниот

медиум, Скопје, Т Б4: 12,13,14,15.

Page 5: Цоцев Камен - Cocev Kamen, more than just a rock!

34 1-2/2010

налик на некои контроверзни интерпретаци, како случајот со цртежите од ѕидовите на куќите пронајдени на археолошкиот локалитет Чатал Хјујук во Турција8.

Според керамичкиот и камениот материјал, животот на популациите кои ги насликале овие мотиви, најрано би можеле да го сместиме помеѓу неолитот (младото камено доба) и бронзеното доба. Оваа временска рамка ја поставува уметноста на Цоцев Камен во периодот од 6-от до 3-от миле-ниум п.н.е. Секако, постои можност ова сликарство да е и од подоцнежни-те периоди.

Познати се бројни примери на пештерска, т.е. карпеста уметност на Балканот и пошироко, кои хронолошки се поклопуваат со археолошките локалитети во најблискиот ареал на Цоцев Камен. Во Бугарија, тоа се пештерата Магура (неолит, бронзено, железно доба), локалитетот Ца-ревец, Мездренско (енеолит, среден век), како и Горталово, Плевенско (енеолит, среден век) кој е локалитет на отворено. Регионалните рамки кои ја покриваат уметноста насликана врз површината од карпите на Бал-канот, ја посочуваат Италија како најблиска релација за споредба на црте-жите од Цоцев Камен. Покрај веќе познатите локалитети Монте Бего и Волкамоника (Monte Bego, Valcamonica), би ја посочиле пештерата Грота деи Черви (Grotta dei Cervi) во научниот свет позната како Порто Бадиско. Цртежите на ѕидовите во оваа пештера датираат од неолитот/енеолитот, и визуелно, но не и концепциски, покажуваат многу сличности со наслика-ните мотиви на Цоцев Камен9.

И покрај тоа што постојат обиди за толкување

на уметноста насликана или изгравирана на карпите или ѕидовите од пештерите10 досега во рамките на македонската археологија оваа научна гранка не е правилно третирана и проучувана со соодветни кон-текстуални анализи.

Мегалитскиот карактер на Цоцев Камен

Околу Цоцев Камен, на блискиот рид, се забе-лежуваат огромни исправени камења кои би можеле да се толкуваат како мегалити, доколку геолозите го дадат своето стручно мислење дека се тие делкани и поместени од својата првобитна местоположба за да формираат одредена архитектонска целина. Пред да се осврнеме на архитектонскиот карактер на локали-тетот, со оглед на тоа што во литературата се прават грешки (види подолу), мора да излеземе од темава и да ги објасниме основните елементи кои ја толкуваат една конструкција како мегалитска.

Терминот мегалит е сложенка од грчките зборoви мегалос (голем) и литос (камен). Кога ќе се каже дека е нешто мегалитско (гроб, опсерваторија и др.) се подразбира дека е направено од огромни камења кои се поместени од својата изворна позиција и употребени како основа за некаква структура или

Мотив од уметноста на Цоцев Камен (горе) и

мотив од традиционален македонски ќилим во

Кратово (долу)

Цртежи со црвена боја на ѕидовите од карпите: мотиви од Порто Бадиско, Италија

(горе) и од Цоцев Камен, Кратово (долу)

Page 6: Цоцев Камен - Cocev Kamen, more than just a rock!

35

споменик. Мегалитите ги има несекаде во светот и тие имаат свои состав-ни елементи како што се: - менхир, бретонски израз за исправен камен – монолит, вертикално

вкопан во земја, - трилит, структура составена од три огромни камени блока. Два од

нив се вкопани во земја, а третиот е поставен хоризонтално како ар-хитрав.Менхирите и трилитите се основата на многу праисториски мегалит-

ски споменици и може да бидат распоредени линиски (како на пр. оние во Карнак) или кружни (кромле). Кромлесите имаат претежно сакрална функција и често се поврзани со конструкции од типот на хенџ. Хенџ е кружна или овална конструкција од култен карактер, со преку 20 м во дијаметар и ров околу него. Пристапот на хенџовите е ограничен само од неколку страни, но најчесто од онаа која гледа кон Сонцето кога изгрева на денот на летната долгодневица или зимската краткодневица. Тие може да бидат составени од компоненти кои вклучуваат – камени седишта, каме-ни кругови, менхири, трилити, кромлиња, некрополи итн…

Споредувањата на Цоцев Камен со археолошкиот локалитет Кокино

во поглед на мегалитската структура би биле мошне неумесни во научниот свет. Кокино е, пред сè, археолошки локалитет кој потекнува од брон-зеното доба. Независно од интерпретациите и истражувањата кои овој комплекс го вбројуваат во категоријата на ‘праисториски опсерватории’11, самото именување како мегалитска конструкција е сосема погрешно12. Кокино е формирано врз кратер од еден помал изгаснат вулкан, така што пукнатинските предиспозиции на ‘престолите’, на платформата, како и столбестото излачување на андензит не оставаат простор да се направи претпоставка дека неговата вулканска подлога е вештачка и дополнител-но обликувана од човекот. Според горенаведените факти, би требало да се направи ревизија на веќе востановената и прифатена терминологија за мегалитскиот карактер на ова наоѓалиште, бидејќи ниту на него, ниту во околината има траги од претпоставената мегалитска архитектура13. За раз-лика од Кокино, Цоцев Камен покажува многу повеќе елементи кои би го сместиле во редот на мегалиските споменици, но во недостиг на подетални истражувања ќе остане спорно дали можеби бил и праисториска мегалит-ска опсерваторија. Според некои автори, Цоцев Камен бил праисториска опсерваторија придружена со светилиште од астрален тип14. За да се тре-тира локалитетот во оваа насока, потребни се дополнителни астрономски истражувања од најмалку 2-3 независни светски институции. Само во тој случај науката би можела да говори дека Цоцев Камен претставувал праи-сториска, а воедно и мегалистка опсерваторија.

Анализа на камениот материјал

Површинскиот камен материјал во близината на Цоцев Камен, вдолж самиот пат помеѓу некогашното ниво на реката Врлеј и подножјето на карпата, опфаќа делкани камени артефакти изработени од калцедон со сива боја (кај народот познат како кремен), непровиден, со конхоидална/школкеста структура и со многу добар квалитет. Меѓу наодите може да се детерминираат едноплатформни пирамидални јадра за добивање на од-битоци и сечила, рејувенациони артефакти и отпадоци. Рејувенационите артефакти потекнуваат од подмладување/освежување на суровинскиот

Поглед од Цоцев Камен кон исправените

камења на соседниот рид

8 Mallett М. (1990), “A Weaver’s View of the Çatal

Hüyük Controversy,” Oriental Rug Review, Vol.

10, No.6 (August/September 1990), 32-43. Исто

така достапно и на: Marla Mallett (2009), A

Weaver’s View of the Çatal Hüyük Controversy,

[Online] достапно на: http://www.marlamallett.

com/ch.htm, [пристaпено на 12.09.2010].

9 Ingravallo E. (2007), The Grotta dei Cervi

(Otranto- Lecce), Documenta Praehistorica XXXIV

(2007), 215-219.

10 Алексовски Д. (2006), Локалитетот Цоцев

Камен – единствен во светот, на едно место

соединува: место за жртвување, светилиште,

сликана карпеста уметност, праисториска

опсерваторија, Општински центар за карпеста

уметност во Кратово, Кратово.

11 Стоев А., Стоева П. (2003),

Археоастрономическа интерпретација на

скално-изсеченија паметник ‘Татичев камен’,

крај село Кокино, обштина Старо Нагоричане,

Македонија, Пирајхме 2, Народен Музеј -

Куманово, Куманово 2003, 329-339.

12 Станковски Ј. (2003) Три мегалитни споменици

во кумановскиот регион, Пирајхме 2, Народен

Музеј - Куманово, Куманово 2003, 229-262.

13 Ѓорѓевиќ Н. 2003, Геолошко рекогносцирање

терена на археолошком локалитетима

у околини Куманова током 2002 године,

Пирајхме 2, Народен Музеј – Куманово,

Куманово 2003, 263-280.

14 Masson E. (2007), Le site pré/protohistorique de

Cocev kamen (Macédoine): ses analogies avec

des sites européens, ЗБОРНИК МАТИЦЕ СРПСКЕ

ЗА КЛАСИЧНЕ СТУДИЈЕ 9, Нови Сад, 7-13.

Page 7: Цоцев Камен - Cocev Kamen, more than just a rock!

36 1-2/2010

материјал, или евентуално од јадрата за добивање на алатки, кои се веќе истрошени. Тие се доказ дека на ис-тата локација на која се пронајдени, или постоела работилница, или делкањето се одвивало во рамките на самата населба. Хронолошкиот дијапазон на кремениот материјал е помеѓу неолитот и бронзеното доба, со оглед на тоа што овој тип артефакти, без други движни наоди како што е керамиката, не може со апсолутна точност да посведочи за временскиот период. Во околината на Цоцев Камен се пронајдени и ар-тефакти од мазнет камен – мелници и авани. Камениот материјал се чува во Општинскиот центар за карпеста уметност во Кратово15.

Во овој простор сместен во центарот на Кратовско-Злетовската

област, позната како регион со вулкански карпи, праисторските жи-тели на Цоцев Камен имале пристап кон изобилство суровини ко-ишто им биле потребни за изработка на нивните камени орудија16. Истражувањата на биолозите покажале дека уште на почетокот од холоценот доминирала умерената медитеранска клима со флора чии реликити во регионот на Кратовско се задржале од праисторијата до денес17. Добрите климатско-географски услови, достапноста на суро-вини за камени артефакти и присуството на праисториски локалитети во оваа област18, упатува дека можеби тука треба да ги бараме и кул-турните периоди кои се постари од неолитот. Недостигот на палео-литски, мезолитски и ранонеолитски локалитети на територијата на Република Македонија засега ја исклучува можноста за разгледување на прашањата поврзани со еволутивните текови на артефактите, пред сè оние од делкан камен. Но овој дисконтинуитет е вештачки и се должи, пред сè, на неистраженоста на овие периоди, па со самото тоа не може се потврди или негира постоењето на овој тип праисториски наоѓалишта во поширокиот регион на Кратово.

* * * Фактите покажуваат дека Цоцев Камен е регион околу кој се

живеело од праисторијата, па веројатно сè до средниот век, за што све-дочат камените артефакти и фрагментите на керамика. Во подножјето на карпата има еден или повеќе археолошки локалитети на кои се ре-гистирани наоди од неолит/енеолит/бронзено доба, римскиот период и средниот век. Не секогаш натповршинската состојба на теренот ги реф-лектира потповршинските наоди. Така, без дополнителни археолошки ископувања проследени со мултидисциплинарни истражувања, ќе оста-нат спорни целите за кои бил користен Цоцев Камен, како и староста

15 Донев С. (2007), Општински центар за карпеста

уметност во Кратово, [Online] Достапно

на: http://rock-art.mk/, [пристaпено на

10.10.2010].

16 Рудникот ‘Силекс’ се наоѓа на 5 км воздушна

линија од локалитетот Цоцев Камен. Терминот

силекс или silex во француската археолошка

литература е општо именување за сировини

кои се употребувале за добивање на делкани

камени алатки.

17 Куштеревска Р. (2008), Фитоценолошки

истражувања на вегетацијата на брдските

пасишта во околината на Кратово, Скопје

2008, УКИМ ПМФ, институт за Биологија

(непубликуван магистерски труд).

18 Археолошка карта на Република Македонија

(1996), Tом 2, Македонска Академија на

Науките и Уметностите, Скопје, 183-189.

19 http://www.library.uq.edu.au/training/citation/

harvard_5.pdf

Јадра од калцедон за изработка на делкани

камени орудија

Page 8: Цоцев Камен - Cocev Kamen, more than just a rock!

37

Библиографија:Ingravallo E. (2007), The Grotta dei Cervi (Otranto- Lecce),

Documenta Praehistorica XXXIV (2007), 215-219.

Mallett М. (1990), “A Weaver’s View of the Çatal Hüyük

Controversy,” Oriental Rug Review, Vol. 10, No.6

(August/September 1990), 32-43. Исто така достапно

и на: Marla Mallett (2009), A Weaver’s View of the

Çatal Hüyük Controversy, [Online] достапно на: http://

www.marlamallett.com/ch.htm, [пристaпено на

12.09.2010].

Masson E. (2007), Le site pré/protohistorique de Cocev

kamen (Macédoine): ses analogies avec des sites

européens, ЗБОРНИК МАТИЦЕ СРПСКЕ ЗА КЛАСИЧНЕ

СТУДИЈЕ 9, Нови Сад, 7-13.

STOYTCHEV T. (2001), Rock Art and Compositions: An

Attempt for General Classifi cation, Annuary of the In-

stitute of Archaeology with Museum, BAS, 1, 129-153.

Алексовски Д. 2006, Локалитетот Цоцев Камен –

единствен во светот, на едно место соединува:

место за жртвување, светилиште, сликана карпеста

уметност, праисториска опсерваторија, Општински

центар за карпеста уметност во Кратово, Кратово.

Археолошка карта на Република Македонија (1996),

Tом 2, Македонска академија на науките и

уметностите, Скопје, 189.

Ѓорѓевиќ Н. 2003, Геолошко рекогносцирање терена на

археолошком локалитетима у околини Куманова

током 2002 године, Пирајхме 2, Народен музеј –

Куманово, Куманово 2003, 263-280.

Куштеревска Р. (2008), Фитоценолошки истражувања

на вегетацијата на брдските пасисшта во околината

на Кратово, Скопје 2008, УКИМ ПМФ, институт за

Биологија (непубликуван магистерски труд).

Станковски Ј. (2003) Три мегалитни споменици во

кумановскиот регион, Пирајхме 2, Народен музеј -

Куманово, Куманово 2003, 229-262.

Стоев А., Стоева П. (2003), Археоастрономическа

интерпретација на скално-изсеченија паметник

‘Татичев камен’, крај село Кокино, обштина Старо

Нагоричане, Македонија, Пирајхме 2, Народен

музеј - Куманово, Куманово 2003, 329-339.

Стойчев, Т. (2000), Скално изкуство - опит за обща

класификация, Годишник на Департамент

Археология, НБУ/АИМ, 4-5, 2000, София, 30-54.

Стойчев Т. (2005), Скално изкуство - обща

класификация,София: Агато.

Чаусидис Н. (2005), Космолошки слики, Том 1 (текст),

Симболизација и митологизација на космосот во

ликовниот медиум, Скопје, 133-143.

Чаусидис Н. (2005), Космолошки слики, Том

2 (илустрации, каталог), Симболизација и

митологизација на космосот во ликовниот медиум,

Скопје, Т Б4: 12,13,14,15.

Донев С. (2007), Општински центар за карпеста

уметност во Кратово, [Online] Достапно на: http://

rock-art.mk/, [пристaпено на 10.10.2010].

Библиографијата е според Harvard Reference Style.19

на археолошките слоеви во неговата близина, кои не се научно документирани и истражени.

Во отсуство на стручни анализи и споредби не може да се потврди дали Цоцев Камен бил светилиште, но сека-ко дека на самата локација постојат многу елементи кои овој локалитет би можеле да го сместат во категоријата на опсерваторија. Тоа ги вклучува, пред сè, огромните камени блокови на блискиот рид кон кои се свртени Малата, Големата пештера и ‘престолите’ кои би требало да претставуваат осно-ва за некои идни архео-астрономски истражувања.

На самиот Цоцев Камен има видливи интервенции на карпите со доволно патина која сведочи за нивната старост, како и сликана уметност на ѕидовите од поткарпите со прет-поставена (за сега непотврдена) праисториска датација. Сли-карството врз површината од карпите како и на ѕидовите на пештерите и поткарпите, во себе обединува природно и кул-турно наследство од една територија. Оваа уметност досега не била предмет на подетална научна опсервација и би требало да ѝ се обрне поголемо внимание, бидејќи е изоставена од ин-тересот и истражувањата на археолозите и заинтересираните специјалисти од сите комплементарни науки.

Цоцев Камен, и како карпа и како географски ареал е комплесен простор составен од археолошки и архитектонски остатоци чие понатамошно истражување несомнено ќе го при-влече вниманието на стручната и медиумската јавност. Во таа смисла треба да се разбере и овој напис.

Авторот е археолог.e-mail: [email protected]

web site: http://arheo.com.mk

Фрагменти од неолитска керамика од околината на селото Шопско Рударе, Кратовско