478
Игор Џамбазов П Р И Р А Ч Н И К З А А Н Т И А Н Т И А Л К О Х О Л И Ч А Р И

Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

  • Upload
    -

  • View
    3.912

  • Download
    125

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Игор Џамбазов

П Р И Р А Ч Н И КЗ АА Н Т ИА Н Т И А Л К О Х О Л И Ч А Р И

Page 2: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

СÈШТОСТЕСАКАЛЕДАНАУЧИТЕЗААЛКОХОЛОТ,АМАНЕСТЕИМАЛЕВРЕМЕОД ПИЕЊЕ…

Page 3: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

ИЗМЕШАНИ ЕМОЦИИ,ИЗМЕШАНИ ВРЕМИЊА...

1975-2010

Page 4: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Алкохолот и јас...

Вљубени како Ромео и Џулиета.Верни како Бони и Клајд.Нераздвојни како Станлио и Олио.Неуништливи како Содома и Гомора.Телепатски поврзани како Саи Баба и Господ.

И смешни како Том и Џери.

Алкохолот и јас...Стара приказна.Луѓе мои.

Сè започна со “самарчето“.И тоа она “волшебното“.Имав само 12 години. Бев најобично курле.Од Скупи.Го глумев легендарниот партизански курир којшверцува лекови, писма, оружје и разни другиантифашистички нешта.Мајка ми ја играше мајка ми, а дедо ми – дедо ми.Три генерации актери во еден филм, луѓе мои.Освен славното семејството Даглас во една холивудскалимонада, каде што заедно играат стариот Кирк, синму Мајкл и внукот, на кој никако не успевам да му гозапoмнам името, за друг таков случај не сум чул.

Снимањето траеше скоро цела година.Насекаде низ Републиката која тогаш беше најјужнаи социјалистичка. И братска.

Page 5: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Екипата броеше стотина души.Се спиеше по хотели, мотели, одморалишта, кампови,домови, автобуси, комбиња, автомобили...Насекаде околу мене филмски камери, рефлектори,шминка, познати глумци, новинари, фоторепортери...Луѓе мои.Бев тотално изгубен.Бетер од Алиса во земјата на чудата.

Додека ги снимавме сцените во кои играат и мајка мии дедо ми, беше сè во ред. Имаше кој да ме контролира.Не затоа што бев од оние невоспитани и немирни децакако овие денешниве, туку затоа што бев љубопитенкаков што беше секој од моите тогашни врсници.Затоа, кога прв пат тргнав на снимање сам, за секојслучај ми доделија тутор. Човек што ќе се грижи замене во одсуство на мама и дедо. Нешто како воспитач.Идеален за тоа беше Шики. Млад и перспективенорганизатор на снимање со диоптери колку моитегодини. Башка беше колега и пријател со татко ми.Од телевизијата. И добар таблаџија.Шики беше воодушевен од новата улога што ја доби.Да ме чува и да се грижи за мене.Согласно договорот што го направи со моите родители,секој ден после напорните снимања имавме задача дапоработиме малку на пропуштените лекции за шестоодделение. Оти јас во школо не одев.Имав оправдание од Централниот комитет.

Учевме така неколку денови, а потоа една вечер наШики сето тоа му здодеа. Повеќе отколку мене.

Page 6: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Башка, тој имаше своја, генијална теза:

“Што ќе ти е учење кога знаеш се?“

Шики беше злато.Ми дозволуваше сè што не требаше.Да останувам до доцна, да вечерам само колачи, да гигледам скришните партии отворен покер што се играапо собите до сабајле и што е најважно... да бидам свој.Свој на 12 години.Како магаре на коњски трки.

Тогаш го пробав првото пиво.Луѓе мои.

Ми беше и кисело и благо и газирано во исто време.И убаво.

Спиевме на Бистрата планина. Во истоимениот хотел.После снимање. Некој нешто прославуваше.Асортиманот на алкохоли беше разновиден.Шаренолик и со широк дијапазон.Од скупски пива до тешки, фарбани напивки.Членовите на екипата го нападнаа кутриот алкохол.Јас бев на баклава.Изедов толку многу што беше дегутантно.

И некој многу умен тогаш предложи во име наславеникот, јас да имитирам некого од присутните.Тоа тогаш го правев многу умешно.И смешно.

Page 7: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Но скришно. Никогаш пред публика.Само понекогаш пред Шики. И оние поблиските.Сега, бев ставен пред свршен чин.Сите се завртеа кон мене. Секој со по една чашка илишише во рацете, со оџарени очи, помодрени образи,глупава насмевка или подотворена уста.

“Ајде, кого ќе имитираш? Ајде кажи. Кого?“

Ме пукна трема до посерување.Таква трема сум имал само еднаш.Само тогаш.Немав време ни да размислам.Публиката почна да го скандира моето име.Кого да имитирам?Кого?

Прв на кој ми текна беше Диди.Тоа е можеби најталентираниот човек што некогаш сумго запознал. Беше популарен кај сите дваесет и кусурмилиони во бившата ни држава.Денес сме нова држава, а се уште Бивша.Како стојат работите и во иднина ќе бидеме бивши.Да не поверуваш.

Е, тој Диди беше ѕвезда колку сите денешни актеризаедно. Омилен лик на цела една генерација.А во “самарчето“ бевме партнери.Судбината сакаше десетина години постојано даработиме заедно. По негова заслуга, се разбира.

Page 8: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Тој ми даде шанса кога никој не веруваше во мене.Тој веруваше во мене кога никој не ми даваше шанса.Првата претстава во која влетав, во која заменувавболен колега, беше негова претстава. Првата главнаулога што ја добив во театар беше во негова режија.Играв во неговиот прв мјузикл, во неговото првотеатарско и телевизиско кабаре. Тој ми ја направимонодрамата со која подоцна ќе ја освојам главнатаактерска награда во државата...

“Ајде Игорче, до кога ќе чекаме? Почнувај!“

Публиката стана нервозна.Нервозен бев и јас, но сепак решив да почнам.Дефинитивно ќе го имитирам Диди.Како Диди игра табла.Во паузите од снимањето игравме табла.Таблата ја стававме на една гајба, а ние седевме наземја или клечевме. Диди обично клечеше.Притоа, во едната рака го држеше пивото и фрлашеголеми голтки, а со другата ги фрлаше заровите.Јас во тоа време бев апсолутен европски првак насветот во пионерска конкуренција.И понекогаш ги победував и старите таблаџии.Па така и Диди.Тој на тоа реагираше театрално.Од клечечка положба скокнуваше во вис.

“Па дали е ова воозмооожноооо?“

Истава оваа сцена им ја изведов во живо.

Page 9: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Се потрудив сè да биде како што треба.Земав една гајба, на неа ја ставив таблата и клекнавпокрај неа. Сè беше на своето место.Освен реквизитата. Пивото на Диди.Се послужив со најблиското пиво од шведската маса.

Сè беше реално.И гајбата и таблата.И пивото.И пиењето...Голтките ми беа исто толку големи како оние на Диди.

Перформансот беше одличен.Следуваше френетичен аплауз.Се поклонив исто како и Дедо ми 5-ре.А кога ја исправив главата, очите ми беа ококорени.И насолзени.Ама не од тремата.Ниту од возбудата.Ниту од адреналинот.Туку од пивото.Луѓе мои.Атомска бомба.Без жртви. Со само еден повреден.И баш јас.Прв ми честиташе Диди.И за глумата.И за пивото.

Надвор беше топло, пивото беше студено, а во душатами беше до умерено облачно.

Page 10: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Со локални грмежи...

Инаку, покрај Диди и комплетната артистичка екипа,во “самарчето“ имав уште еден многу важен партнер.

Егеецот.Тој, Диди и јас всушност бевме главните партизаништо ќе им го загорчат животот на окупаторите.Егеецот веќе тогаш беше легенда. Жива.Огромен човек со неисцрпна енергија, вознемирувачкиталент, безусловен патриотизам и желба за ракија.Поточно мастика.Ја пиеше пред, за време и после снимањето.Ја пиеше како вода.Секоја наредна ја пиеше како да му е последна.

Уште тогаш, неговите доживотни душебрижници гооговараа за време на доцните седенки по хотелитепосле снимањата. Што пие, колку пие, како пие, штозборува и колку зборува. А кога Егеецот малку многуќе ја претераше, сите молчеа како пичиња под кошула.Тогаш, ќе почувствуваше дека владее со комплетнатаситуација, ќе им се обратеше со своето легендарно:

“Што е, ГОВЕДА?“

И од една таква шпионско-кодошка активност нанеколку промашени сперматозоиди, Егеецот бешесилно заврзан за столбот на срамот.Дури и на столбот му беше срам од него.

Page 11: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Го пикнаа и зад решетки.Тој лесно го поднесе тоа понижување кога беше внатре.Него сто пати повеќе го болеше она што знаеше дека ќего чека надвор. Кога ќе излезе од лушпата.На дневна светлина.Тоа беше премногу. Дури и за големиот Егеец.

И тогаш експлодираше неговиот садо-мазо.Како на Николас Кејџ во Ливинг Лас Вегас.Луѓе мои.Алкохолно самоубиство во најава.Ја имав таа несреќна привилегија да го гледам сето тоаво живо. Директен пренос. Ин лајф. Риалити шоу.

Егеецот се налути.И...........................................................................си замина.Само тој знаеше каде.Претпоставував дека е некаде далеку каде што на мираќе може да ја одигра својата последна главна улога.Без режисер, костими, светла, декор, актери-партнерии што е најважно – без публика.

Малку подоцна, медиокритетите сфатија дека ја ебааработата, па се обидоа на каков било начин да горехабилитираат. Театарот му ја додели главната улогаво новата претстава. Неговиот најдобар пријателрежираше. Тој, Егеецот, требаше да биде Иванов.Чехов како да го познавал Егеецот.Како да ја пишувал улогата за него.Егеецот воопшто не го сфати ова како милостиња илиможност за рехабилитација, а уште помалку како ова

Page 12: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

да му е негова последна понудена шанса.Не верувам дека беше вистински среќен поради ова.Најсреќен од сите бев јас.Јас добив една мала улога, иако бев студент по глумана првата година. Го играв Дуткин. Млад баќушкаблагородник кој во претставата требаше да свири напијано, да игра покер со своите компањони, да пиешампањско и да каже едно десетина реченици.Тоа мене потполно ми одговараше.Мислам... и пијаното и покерот и шампањското во коени тураа топла Газоза. За време на пробите седев настолчето покрај пијаното, чекав да ми дојде редот, гогледав Егеецот како игра и...впивав како сунѓер.

Тие два месеца на пробите на Иванов беа моитенајквалитетни часови по глума дотогаш.И плус бесплатни.Добро се сеќавам на секој, дури и најмал инцидент завреме на утринските сеанси наречени проби.Режисерот имаше јасна концепција за претставата.Но, кога работиш со Егеецот мора да ти биде јасносамо тоа дека ќе мораш се да му довериш на неговиотталент, кој зачинет со неколку мастики за појадок,добиваше една особена, вонвременска вредност.И вриеше од емоции.За таа цел, Егеецот и келнерите од бифето имаа многудобро осмислена и мошне прецизна агенда.Точно се знаеше кој му носи мастика, каде му ја остава,кога треба да ја камуфлира како да е нешто сосемадруго за пиење и колку пати до крајот на утринскатапробата келнерот треба да го повтори тоа.

Page 13: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

И така со денови.Со недели.Никој од нас, никогаш не успеа да го улови Егеецоткако го заборава текстот или случајно да изговоринекои непостоечки букви или зборови. Никој.Никогаш.

А токму тоа им се случуваше на помладите актери одекипата кои се обидуваа да го копираат Егеецот.Егеецот едноставно не можеш да го копираш.Него би било најдобро единствено да го фотокопираш.Во сеќавањата.Засекогаш.

Дојде и премиерата. Егеецот брилјираше.Луѓе мои.Таков Иванов не одиграле ни Руските заслужни актери.

За да биде апсурдот што поголем, неговите шпиони иегзекутори седеа во првите редови таа вечер.И замислете, истите оние кои Егеецот го доведоа добездната, крахот и срамот, седеа во првите редови,аплаудираа до болка и со своите искривоколчени лица,свечени тоалети и пригодни фризури, еуфорично викаа:

“Браавоооооо...“

И додека се поклонуваше, онака огромен, испотен исе уште избезумен од адреналинот што го шибаше, оденергијата што ја даваше, а и ја примаше, во очите муго прочитав одговорот на нивното посрано “браво“.

Page 14: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

“Говеда...“

Добро го паметам и тоа дека Егеецот воопшто не сепојави на коктелот по премиерата. Тоа за мене, какомлад и сè уште неискусен актер беше сосема шокантно.

Главната ѕвезда на вечерта, ја немаше вечерта.Малкумина од гостите го забележаа тоа.Беа преокупирани со пиењето и гомнајадењето, аособено со ќебапчињата кои изгледаа и мирисаа какода се од минатонеделната свадба.

Чехов и ќебапчиња.Само кај нас.

И така, барајќи го во себе одговорот на прашањетозошто Егеецот не се појави, го пронајдов вињакот.Беше сокриен помеѓу пивата и белото вино за шприцер.Бапнав еден.Скришно.Разочарувањето од фактот дека Егеецот дефинитивноелегантно не откачи, ме натера да бапнам уште еден.Јавно.

Излегов да мочам.

Откако добро се олеснив ми падна уште потешко.Кој толку му згреши на Егеецот?Кому му е лут?Кого не сака да види ни под разно?

Page 15: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Како дојде до сево ова?

Каде е?Бев потполно неупатен во тие чудни и многу опасниморално-политичко-идеолошки игри што се плеткааоколу него. Не ме ни интересираа.Барем тогаш не.Денес секогаш да.

Тргнав низ огромниот ходник во тогаш новиот, големтеатарски храм. Го познавав како своето џепче.Отидов да видам како изгледа сцената по премиерата.Внатре мирисаше на крај.Свеќите од претставата беа изгаснати, реквизитатабеше прибрана, капакот на пијаното заклучен...Излегов во огромното, темно фоаје полно со цигари попепелниците, расфрлани програмчиња од премиерата иарома на парфемот “Егзекутирана уметност“.

На една од големите, сини фотелји, во полулежечкапоза како дух, со мала, пластична чашка во рацете,го видов него. Егеецот.Луѓе мои.

“Нешто си ми познат, говедо. Да не играше и тислучајно во ова гомно од таканаречена претстава?“

Неговиот штос беше одличен. И многу точен.Кога Егеецот е на сцената гледачите друго и не гледаат.Седнав до него и тогаш сфатив дека тој сè уште е вокостимот на Иванов. И не ја избришал шминката.

Page 16: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Ме гушна, онака татковски и ми рече:

“Ќе пиеме?“

“Не пијам.“

Нападнав во своја одбрана.

“Лажеш говедо, лажеш“.

Стана.И.......................................................................... си замина.Каков човек.Какво мажиште...

После неколку фантастични критики по весниците иуште дваесетина преполни претстави, еден ден наогласната табла во театарот на која секогаш е објавенрепертоарот за тековната недела пишуваше декапретставата “Иванов“ се одложува.Егеецот не бил добар.Колку што беше добар во претставата, толку сега небил добар. Претставата не ја одигравме. Потоа сеодложи и наредната, па наредните неколку и...така.

Бевме да го видиме. Ние помладите од екипата.Лежеше на краветот во дневната, подуен во стомакот,жолто-бел во лицето, со две точки под челото коитребаше да претставуваат очи...Од големиот Егеец останала само...неговата реплика.

Page 17: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

На масата покрај него некои расфрлани апчиња,половина кифла, стуткана кутија цигари и...еднополупразно шише мастика.Не пречека со насмевка.Нас, неговите омилени “говеда“...

................................................................................................

После само неколку недели, во најтешки маки,заборавен и од непријателите и од оние другите,Егеецот си замина.Овој пат навистина.Тое воедно беше и мојата прва сериозна лекција воживотот, од семестралниот испит во категоријата“алкохол“ по предметот Самоуништување.

................................................................................................

................................................................................................

Десетина години подоцна, во првите месеци од моетопрво откажување од алкохолот, токму во неговиот градја добив наградата што го носи неговото име.И тоа за монодрамата на Диди.Една статуетка со неговата позлатена глава.И нешто кеш.Се посрав од среќа.

Тогаш, не свечената вечера по доделувањето нанаградата, во присуство на скоро сите мои душмани,одржав пригоден говор, наздравив со чаша минералнавода и му се извинив на Егеецот заради тој кикс.

Page 18: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

А тој, сигурен сум, ме гледаше одозгора и како да гослушнав дека ми го плесна неговото неизбежно:

“ГОВЕДО“

Луѓе мои.Каква тажна приказна за оние што премногу сериозноси го сфатиле животот. Животот е несигурна појава.Тој може да биде страшна трагедија за оние коичувствуваат и супер комедија за оние кои мислат.

................................................................................................

................................................................................................

................................................................................................

Нови десетина години подоцна, после премиерата напретставата во која ја играв улогата на мојот дедо 5-ре,по повод 100 годишницата од неговото раѓање, добивнавистина многу подароци. Но еден беше специјален...Шиле, синот на Егеецот, неговиот дупликат, инаку мојколега од Факултетот на Животот, ми донесе еднаголема фотографија токму од претставата “Иванов“.На неа, големиот Егеец во својата последна улога ималиот, збунет Џамбаз во својот прв театарски обид.Фотографијата е скоро уништена, изедена од забите навремето и невремето, но за мене лично нема цена.Не ја менувам ни за оригинал Модилјани, ни за Гоген,ни за Клод Моне. Ма ни за Пикасо.

Егеецот и јас...

Page 19: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Судбино, курво стара.

Таа ноќ многу се опив.И заради дедо ми. И заради Егеецот.И заради себе.Измешани емоции. Измешани времиња...

После десет години повторно во театар.И како ништо да не се променило.И не се променило.

Испив сигурно дваесет и кусур пијачки на последнатабуква. И тоа за неполни три часа. Многу.Луѓе мои, штом јас викам дека е многу, тогаш многу е.Испив колку сите луѓе во салата заедно.Затоа итно преминав на тревната површина.Издував неколку јужномакедонски цигарилоси.А таа комбинација секогаш ме откачувала на жени.

Кога почнав да пијам алкохол, секогаш ме удирашена брзо размислување, оригинални идеи, ефикаснирешенија и инспиративна уметничка креативност.И на жени.

Кога прв пат го оставив алокохолот, почнав даекспериментирам со лесни дроги.Па со потешки. Па со најтешки.Па со сите.

Е, тие ме удираа на коцка.И на жени.

Page 20: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

А кога повторно почнав да локам, ме удираше само напесна. Тутни ми ја гитарата во рацете... и крај.Ме удираше на музика.И на жени.Таа ноќ после премиерата очајно ми требаше една.Во тоа време сериозно се обидував да создадам и даоформам нешто што ќе личи на врска.И се убедував дека конечно сум ја пронашол.А пронајдов колешка.Беше премија за мене. Ме импресионираше од прва.Дваесет години помлада. Цицалче.

Колешката.Шест месеци комунициравме само со пораки.Дури после се гушкавме.Баш беше романтично.Колешката и јас...

Јас пак заебав.Јас не сум нормален.Мене ми треба генерален ремонт.Само ја избришав. Без причина.

Лошите работи во животот се прават со причина.Добрите работи се прават онака.Без причина.Тоа што јас го направив воопшто не беше добро.

После премиерата мене ми требаше жена.Поточно курва.

Page 21: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Таксистот што дојде, ме пречека со насмевка.Беше ниедно време, ама тој од моите очи виде точноколку е саатот. Саатот беше кнап.Тргнавме во потрага. Рече дека знае некое ново место.Не кај овие факултети до телевизијата, туку малкупогоре на брдото кај оние другите факултети.И не се курви како оние кај првите факултети дотелевизијата, туку се студентки од внатрешноста кајдругите факултети во потрага по гол живот.И разголен.

Луѓе мои, вртевме кругчиња со таксистот околустудентската населба како глуви кучки.Јас бев...суперлатив од состојбата “пијан“.И плус си носев мало стаклено внученце. Со коњак.

Разгледувавме како во зоолошка.Пред секоја од многуте зградички и бараки стојатстуденти. Повеќето студентки. Тие не се нудат какооние од првите факултети, туку само стојат.И се покажуваат. Како на кастинг.

Веќе извозевме повеќе кругови, но овој последниотсигурно беше деветтиот. Така барем ме заболе.Тоа беше коктел од алкохол, забранети супстанции,премор, грижа на совест, адреналин и...срам.Таксистот повторно се загледа добро во моите очи.Еден Господ знае како ми изгледале тогаш.

Page 22: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

“Да сум на твое место не би излегувал надвор. Ќе тепознаат. И ќе дознаат зошто си тука. А такво нештобрат, по мое мислење, ич не ти треба. Во право сум?“

Неговото мислење ги прочита моите пијани мисли.Изгледа дека се ептен лесни за читање.Го послушав.

“Да те возам дома?“

Не му ни одговорив.Таксистот знаеше што значи тоа.Очебијно беше дека сум овердозиран.Алкохолот почна да ми се одмаздува заради тоа штовечерва го потценив. Неговото височество.Мораше ли баш ноќта кога требаше да бидамнајсреќниот човек во градот?Кој со кого се заебава?Јас со животот, или тој со мене?Ќе да е она првото.Или второто?Луѓе мои.

Стариот “Опел“ шибаше по булеварот.Таксистот запали една. Како после секс.Со олеснување.И мене ми олесна на душата.Ама без цигара.Доста беа жени. Одиме на бурек.Застанавме на семафорите кај старата рампа.Старата рампа е еквивалент за бурек.

Page 23: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Бурекот и алкохолот се стратешки партнери.Постојат луѓе кои сабјлечки одат на бурек за да можепосле мирно да пијат. Си прават подлога.А постојат и луѓе кои за подлога веќе имаат алкохол,па одат малку на бурек, од заебанција.Таков сум ти јас.Бурек, па алкохол.Алкохол, па бурек.Тоа е лајфстајл.Тоа е културно-историска знаменитост.Бурекот треба да има свој државен празник.

А нам ни е и така секој ден државен празник.

................................................................................................

................................................................................................

Еднаш, одевме на бурек во една поларна скупска ноќ.Цело друштво.Начукани многу.И плус начукани во “пегличката“ на мојот колега одАкадемијата, другар ми Ѓорче.Осум души бевме.Застанавме во центарот.

“Шо бурек да зеам?“

“Со било шо.“

Во еден глас викнавме сите седум џуџиња одпегличката. Само побргу да јадеме.

Page 24: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Тоа за Ѓорче во моментот не значеше, ама баш ништо.Оти тој не го јаде тоа што сите го јадат. Бурек со месо.Тој јаде само со сирење.Неговиот есап е јасен.

“Ќе им купам на идиотите со месо. За мене се знае.“Влегува во бурекџилницата.

“Добро утро. Има бурек?“

Дали има бурек во бурекџилница?Ѓорче се надмина себе си.Да нема бурек во бурекџилница тоа ти е исто како данема три коцки мраз, правилно распоредени, во мојатаомилена пијачка на последната буква.Како да нема сол во гравот.Како да нема незнам шо.

И во тој момент, Ѓорче знаеше дека ние ќе јадеме однашиот, а тој од неговиот бурек.Иако добро нацицан, одлучи конечно да ја соопштисвојата нарачка, притоа изговарајќи го неговото славнои веќе легендарно:

“Дајте ми седум со месо и еден со осум.“

Ми се допаѓа и една брилијантна од Древниот град:

“Четврт со месо и осминка со бурек.“

................................................................................................

Page 25: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Таксистот излезе по набавка.За него бурек со спанаќ, а за мене со...тага.Таксито беше паркирано на автобуската. На три метриод колата, во полупрофил стоеше една фина силуета.Дефинитивно алкохолот ме тера на бурек.Ама и на жени.

Стегната во едни фармерчиња, со високи чизми идолги црни коси. Каква жена.Кај да си најдам една ваква?Сега моите потреби за жена воопшто не се спласнати,само што ја немаат иста цел како оние кај факултетите.Жената која сега ми е потребна треба да е муабетчика.Муабет.Сосема доволно за крај на овој вошкарски ден ипочеток на денот кој нема ни да го видам.Ќе спијам до смрт.

Рибата беше топ.Само уште лицето не и го видов.Чекав да се заврти и се молев да не биде тоталноразочарување. Како што знае многупати да биде.Ама не беше. За среќа.

Личеше на Португалка. Не знам точно како изгледаатПортугалките, ама мора да е вака некако.

Ја извадив главата низ прозорецот. Тогаш за прв пат јаподигна главата и ме погледна во очи.

Page 26: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Имаше нешто чудно на нејзиното лице.Очите зацрвенети, римелот размачкан...Ми беа потребни само неколку секунди за сфатамдека плачела. И тоа пред малку.

“Каде ги купи тие убави и тажни очи?“

Не знам каде сум го слушнал или прочитал ова,но во секој случај добро звучеше.Португалката не се изненади. Само се насмеа.

“Може да помогнам некако?“

Бев јасен. И искрен.

“На пример како?“

Таа на прашањето ми одговори со прашање.

“На пример, секако...“

Како на пинг-понг. Јас тебе, ти мене.

“Што нудиш?“

Опаааа...Играме без калкулации, тврдо, на ѓон.

Таксистот кој заврши со набавката, го фати крајот наоваа наша мистериозна конверзација.

Page 27: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

И како по договор и ја отвори вратата на Португалката.Изгледа мислеше дека се знаеме од порано.Па се знаеме, де. Од пред минута.Таа не се мислеше ич.Влезе внатре и седна до мене на задното седиште.Луѓе мои. Беше авион. Мојот тестостерон бргу полуде.Сè на неа беше секс. Чисто порно.И понудив од коњачето. Се напи без збор.

“Сакаш да знаеш како се викам?“

Дали сакам да знам како се вика? Што знам.

“Тоа важно ли е?“

Прашав, а Португалката направи драмска пауза.

“Не.“

Нејзиното не, значеше одлучно да.

Таксистот си ја знаеше работата. Пичевме накај мојатарезиденција. Полека-полека почна да ни се разденува.Како кому.Мене дури тогаш почна да ми се стемнува.Застанавме во маалското гранапче.Земав цело шише коњак.Цигари и грицки.

Пред вратата се поздравивме со таксистот.Тој ми намигна онака шмекерски.

Page 28: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Му платив како да ме возел за Амстердам, а тој мегушкаше ли ме гушкаше. И уште ми го тутна кесето собурек во раце, иако знаеше дека сега бурекот е тоталнонебитен. Битна е само Португалката.

Дома ми беше хаос.Како што сум се подготвувал за премиерата, така сесум извадил надвор и сум го расфрлал низ дневната.Гостинката го соблече мантилот.Лудило.Татко и баш се потрудил кога ја правел.За такви парчиња моите јужномакедонци велат:

“С’та е жена.“

Е сега веќе не сум сигурен дали алкохолот ме тера нажени или жените на алкохол.

Или алкохолот ме тера на алкохол.

Свечено го отворив шишето ефтин коњак.Првата голтка беше лек.А нејзината прва голтка беше само доказ дека смеод иста крвна група. Ер Ха Позитивни.На алкохол.

Сакав да бидам добар домаќин. Раскренав набрзина,запалив едно од миризливите стапчиња, пуштив блузпостар од мене и се опуштив во огромниот седмосед.

Page 29: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Таа без никаква консултација легна до мене и ми јастави главата во скутот. Ми дозволи да си играм солокните од нејзината португалска коса.

“Вредеа ли оние солзи?“

Сакав конечно да дознаам зошто плачеше.

И тогаш таа ја започна својата приказна.Убава на почетокот, како и сите други приказни,се дури не се вмешува и ликот на еден идиот.Класична верзија на приказната за убава, млада девојкаод внатрешноста опиена од светлината на големиотград. Ја прибрал еден од скупските квази-фраери,ја онадувал со месеци, се изживувал со неа, па накрајот ја сместил во некоја ефтина гарсониера накомпензација и си ја чувал како зимница.Како туршија.Ја отворал и ја јадел само кога тој ќе посакал.Ама, туршија што постојано се отвора и не се затворадобро, бргу се расипува.

Додека Португалката раскажуваше, јас дотурав гориво.Малку за мене, а малку за неа. Таа само ќе потстанешеод хоризонталата, ќе вшмукаше една добра голтка, ќе јавратеше главата во мојот скут и си продолжуваше сомонологот. Кога неколку такви полулежечки голтки јаздрвија, таа немаше снага повеќе ни да станува.Така, почнав да и давам вештачко дишење.Ама наместо кислород директно и инјектирав коњак.Орално. Нејзиниот јазик ми кажуваше сè.

Page 30: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Беше желна за љубов.Како што мене ноќта ми требаше жена, така неа вораната зора и требаше маж. Штета.Такво нешто на мојата адреса нема да добие.Барем денес не.Мене тие неколку филмски бакнежи со Португалкатами беа сосема доволни. А коњакот не.Шишето го испразнивме за неполн час.Почнавме со страствен петинг.Луѓе мои.Нејзината кожа беше мазна и нежна како популарнитесамолепливи сликички со фудбалери. Поточно оној делшто останува откако ќе ја залепиш сликичката.Како бебешко газенце.Добро се сеќавам дека во најголемиот занес успеавмеда паднеме од седмоседот. Немавме снага ни дастанеме од тепихот. Само се клештевме како нездравии не престанувавме да се бакнуваме.

Во еден момент, меѓу две воздишки, успеа да ме прашадали ќе може да преспие тука. Дури да се снајде.

“Како да си дома.“

Вистински домаќин.На првата пауза помеѓу два петинга станав да правамкафе. Коњакот веќе сериозно ровареше по мојот џигер.

Кога се вратив во дневната, Португалката веќе бешенекаде над Монголија. Спиеше како умрена.Ни кафето не беше повеќе битно.

Page 31: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Ја пушев последната цигара и ја анализирав неа.Седумка на лото.

Тогаш, сонот конечно ме киднапираше и мене.

................................................................................................

Беше ручек време кога ги отворив очите.Поарно да не ги отворев.Португалката ја немаше во дневната.Ни во спалната. Ни во бањата.Тоа ти е.Сè што успеала да ми остави беше празниот простор домене. И едно пусулче на масата на кое пишуваше:

“Немој да ми се лутиш. Морав. Тоа е животот“.

Ооо, гомно едно, ти ќе ми кажуваш мене за животот.

Ми го немаше ни мобилниот, ни моето шарено шалчекое си го прибрала како сувенир.За спомен и долго сеќавање.Тогаш веќе сфатив се.Ми ги немаше и парите по џебовите.Можеби имаше околу две-три македонски плати.Добри плати.

За арно нека е.Оти уште поарно велат:

“Која е разликата меѓу наша плата и менструација?“

Page 32: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Немало никаква разлика.И двете нешта траат од три до пет дена и после тоаможеш слободно да се ебеш.

Португалката прво ме навлажни, па после ме исуши.

Во вакви ситуации, најголем пријател ми е огледалото.Тоа ми помага да се казнам самиот себе си.Елегантно застанувам пред него и почнувам да сесамобомбардирам:

“Коњу, волу, стоко, идиоте, дебилу, гомно, свињо,умри, цркни, рикни и спаси се...од самиот себе си.“

Џабе.Ама, полесно ми е.Сам си го барав. И не ми е прв пат.Но, не се предавам.Па јас сум Трајче дрварчето. Имам отепано повеќеГерманци отколку сите народни херои заедно.Печен сум за боречка пензија.

А неа, Португалката, никогаш нема да ја заборавам.

................................................................................................

................................................................................................

“Самарчето“ би и помина.

Page 33: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Две години по завршувањето на снимањето, со големапомпа тргна да се емитува. Беше тотален успех.Лектирата за трето одделение, филмувана, во форма нателевизиска серија, стана хит. А јас бев главната ѕвезда.Интервјуа, извлекување на награди, гостувања поемисии и културно-забавни приредби. Сето тоа сепоклопи со моето тргнување во гимназија.Тоа беше врв на моето прво его-трипување во животот.Бев толку популарен што беше невкусно.И фантастично истовремено.Иако најмал по раст и последен во редот на часовите пофизичко, се трудев да се однесувам нормално.И мислам дека успевав.И успеав.

Некаде пред прагот на новата илјада деветстотиниседумдесет и некоја, нашиот тогашен најчитан дневенвесник, ме прогласи за најпопуларно ТВ лице запретходната година. Ќе полудев од среќа.Станав “Мочкото од насловните страни“.Традициоанално, весникот избираше и најпопуларнолице од просторите на бившата ни татковина.Гласовите на читателите таа година го избраа малиотСлавиша Штимиќ. Дете на моја возраст, кое бешеѕвезда на тогашните државни телевизиски серии.Пристигна облечен во широка, бела, ленена кошула,фармерки од Трст и кафени каубојски чизми.Со шпиц.За мојата гардероба се погрижи мајка ми.Мојот прв стилист.

Page 34: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Во оваа пригода ми одбра морнарско џемперче на беларолка, со бели пантолони и платнени, бели мокасинки.На бела чорапа. Лонгетка.Во споредба со Славиша изгледав како педерче.Како овие “метросексуалциве“ денес.

И...тргнавме на турнеја.Цел автобус новинари, познати лица и ние, двететинејџерски ТВ ѕвезди. Две недели низ државата, посите помали и поголеми Паланки. Шетавме поопштини, фабрики, работни организации, синдикати...Не пречекуваа градоначалници, претстедатели намесни заедници, секретари на сè и сèшто и по некојадобро нашминкана тетка која богато не даруваше сонајновите производи од локалната фабрика.Сè на сè, еден огромен медиумски циркус подржан одвесникот и државната телевизија.

Славиша и јас бевме цимери, нормално. Тој, иако намои години, беше далеку поискусен во тие работи.Знаеше сè за хотелите, лифтовите, за протоколот,дневниците, програмата и апсолутно успешно сеснаоѓаше во сè. Исто како и постарите.Тоа беше нашиот единствен заеднички проблем за којние, во тоа време, не ни бевме свесни.Растење со постари.Ама не со мама и тато.

Сите работи кои требаше да ни се случат нормално ипо природен пат, веќе ни се имаа случено.На наши 15 години.

Page 35: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Уште првата вечер, скриени на терасата од нашатахотелска соба, пиевме шверцувано пиво од вечерата ипушевме долг, златен “Кент“.Славиша веќе го имаше доживеано и првото сексуалноискуство.Таа вечер ми го раскажуваше.Со голема страст.Моето сексуално искуство се уште беше на ниво наадолесцентно самозадоволување со дуплериците одтогашниот неделник за возрасни “Старт“.

Како и да е, нашите журки пред спиење беа се подолгии сè побогати. Во секој нареден град, во секој нареденхотел. Контрабандата со пивата од вечерата беше наниво на бандите од времето на прохибицијата.Пивата стануваа сè побројни, а почнаа и нашите мали,илегални сеанси и тајни експерименти.

Водка и пиво. Руски бетон.Ем мочаш ко шекнат, ем главата ќе ти пукне.Вино и пиво. Селски бетон.Малку пиеш, малку повраќаш. Повеќе повраќаш.Ракија и пиво. Свадбарски бетон.После три со три, сфаќаш дека не си на свадба.Нема невеста. А ти си пијан како кум.И леташ, брате мој, леташ.Лустерот во собата почнува да ти се врти околу твојатазамислена оска. И тоа во шеста брзина. Звуците вособата не ти се приближуваат. Ти се оддалечуваат.Славиша станува двајца. Славиши.Исто изгледаат, ама различно зборуваат.

Page 36: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

И тогаш дојде последната вечер. Големото финале.Под Исарот. Во Змијарникот. Градот на татко ми.Единствениот хотел. Белата сала.Свечено како за веридба. Жив оркестар. Водителка.И сето тоа во чест на двајца млади боеми.Славиша и јас...Стотина обожаватели чекаа во ред за автограм.Главна финта беше фотографирањето со присутните.

Славиша со дете.Па јас со детето.Па Славиша и јас заедно.Со детето.

Кога замисленото сценарио за таа вечер почна да сераспаѓа како промашена инвестиција, веќе ништо несе знаеше. Ни кој пие, ни кој плаќа.До душа се знаеше кој плаќа.Градоначалникот.А пиеја сите. До еден.Со се Славиша и мајселф.Како Парис Хилтон и Линдзи Лохан.Па што? Еднаш се живее.А ние веќе начукавме по 15 и пол... години.Не е заебанција.Башка и ни ги доделија наградите.И сега пак. Фотографирање.Славиша со наградата. И дете.Па јас со наградата. И детето.Па Славиша со наградата и јас со наградата.

Page 37: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

И детето.

“Дај ново дете“.

И така во недоглед.Половина град се сликаше со нас. И немаше крај.И со сликањето и со пиењето.Малку пиво, па водка во пивото, па пиво во коњакот.па коњак во виното, па вино во виното...

................................................................................................

Не буделе со часови.Тропале, викале, за на крајот да решат да ја обијатвратата за да не разбудат.Тоа утро нема да го заборавам.Прво го видов таванот. Беше малку немирен.Потоа го видов шпицот од десната каубојска чизма наСлавиша. Беше во мојата лева ноздрва.

На крајот се видов себе си. Во огледалото.Тоа беше дечко што личеше на мене.Односно тоа бев јас за едно 25 години.Славиша и јас...Во поза 69. Цела ноќ.

Тоа утро ми беше срам да се симнам на појадок.И на Славиша му беше.Тоа утро бевме најоговараната двојка во хотелот.А и пошироко.Тоа утро не ни претпоставував дека ќе имаме проблем.

Page 38: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

А истото утро Славиша веќе знаеше...дека ќе наебеме.Тоа утро свикаа партиски состанок.На него донесоа едногласна одлука да не казнат сопоследна опомена пред исклучување. Од партијата.Во која не ни членувавме. Ама ќе членувавме.И да не им кажат на нашите родители. И не им кажаа.А можеби требаше.Кој да знае?

Славиша и јас...Урбани чергари.

Тогаш бевме деца што се однесуваа како возрасни.Денес сме возрасни што се однесуваат како деца.

Измешани емоции. Измешани времиња.

................................................................................................

................................................................................................

................................................................................................

Триесет и кусур години од тогаш, повторно се најдовво тие краишта. Во моите краишта.Трансверзала Исток-југ.

Во Градчето над градчето.Горе во коријата. На езерото.Екипата е иста со години.Брато. Директоро. И Јагнето.И Бошко мој.

Page 39: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Тимот што победува, секогаш победува.Тимот што секогаш победува, понекогаш и губи.Како кога.

Таму пиеме бунар.Поточно се давиме во бунар.Луѓе мои.Кило бело вино, кило кисела вода и парчиња одпресечена јаболка. А бидејки бунарот мора да сепразни постојано, ние го полниме.Го полниме за да има што да се испразни.

И така ударнички.На норма.Брато е фамилијарен.И Директоро.Јагнето е најфамилијарен.Има бутик и сендвичара.Моја генерација. Само подебел и понизок.И пофамилијарен од мене.Меѓу предните два заба може да тури цела цигара.Тој има бунар меѓу забите.Една ноќ кога бевме многу ранети и тоа секој од нас водвете крила, отворено раговаравме за неговиот сладокпатец меѓу предните заби. Директорот кажа дека му еептен секси. Брато рече дека му е селски.Јас веднаш му направив блуз.Се викаше “Никогаш не се смеј“.И додека му го свирев, тој се смееше уште повеќе ипатецот како да му се зголемуваше.

Page 40: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Предните заби му се оддалечуваа еден од друг.

Или бунарот што го празниме е многу силен?

Кога конзилиумот констатираше дека Јагнето ќе мораод естетски причини да ја отстрани грешката наприродата, јас му дадов конструктивен предлог.Бошко мој, кој тогаш ги носеше последните неколкузаби во устата, мака мачеше со десниот очњак.Најголемиот заб што го имаше во муцката беше предраспаѓање. Се нишаше. Тој беше толку умно куче штознаеше сам да си биде заболекар. Ако треба.Штом ќе почувствуваше дека е крај, ја спроведувашево дело својата посебна техника на вадење насопствениот заб. Ќе ја спуштеше главата на ќилимот,ќе почнеше да ја трие муцката од подот и со една одшепите го удираше забот што го боли. Така го вадеше...Тоа некогаш трае цел час, а некогаш помалку одминута. Таа вечер Бошко мој беше вознемирен и веќебеше прашање на време кога ќе почне операцијата.На Јагнето му ветив дека забот од Бошко мој, штотреба да се породи секој момент, ќе биде во едно и нашзаеднички подарок за него. За да си ја пополни дупкатаод патецот меѓу предните заби.Јагнето се воодушеви.Како мало дете, на кое родителите секој момент ќе мудозволат да го отвори новогодишниот подарок, секоидве минути му викаше на Бошко мој:

“Ајдеее Боооле...!“

Page 41: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

За среќа на Јагнето, Бошко мој таа вечер брилјираше.Беше брз како Јамајканец, самоуверен како Поглавицаи прецизен како кардиохирург.Зафатот беше во време на нов државен рекорд.Триесет и три секунди.Јагнето го прими забот како златен медал.А Бошко мој доби од него Шарска Плескавица.Тогаш се видовме за последен пат.Јагнето и јас...

Во меѓувреме, јас се трудев да си го средам животецов.Јагнето пак, за разлика од мене почнал да си го растура.Информациите стигнаа и до мене.Класика.Станал некако чуден. Се повлекол во себе.Се помалку зборувал, а се повеќе пиел. И она малкушто го зборувал, било потполно невообичаено за него.Прикаски за бесмисленоста на животот, апсурдноста напостоењето, бла-бла-бла и други разноразни срања.За тоа дека сево ова што го правиме во нашите мизерниживоти е апсолутно и единствено...бадијала.

Човекот полн со живот почнал да се празни.Ментално.Душевно.Се жалел на тешка депресија. Брато и Директоро не госфатиле сериозно. Дури и кога за прв пат го спомналсамоубиството како единствена логична можност зарешение на неговиот конкретен проблем.Сите мислеле дека нема мадиња за такво нешто.А имал.

Page 42: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Животот е машка курва.

Еден ден ми се јави Дотка.Дотка е моето второ јас. Ама она женското.Да бев жена, ќе сакав да бидам како Дотка.Дотка значи сестра.Во недостаток на вистинската сестра, таа ми е сестра.Дотка знае да кажува многу добри, ама и уште полошивести. Оваа беше ептен тажна...Луѓе мои.

Јагнето си заминал. ..Мирно како јагне.

Во главата на Јагнето влегол Ѓаолот.Како потстанар.Едно утро станал, ги завршил домашните обврски,прошетал низ чаршијата, им се јавил на оние на коимислел дека треба, излегол од градчето и се упатилкон шумата. Неговото моментално лудило, измешаносо алкохолот од некогаш, а и од пред малку, делувалона Јагнето како удар од гром директно во главата.Во мозокот. Кај Ѓаолот.Јагнето решил да се реши од потстанарот.Го напишал прошталното писмо, испушил една,последна желба и.....................................се напил.

Ама отров.За кучиња.За мачки, глувци, глодари, глодарки, лебарки, мравки.

Page 43: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

И за јагниња...И си заминал...

Мистерија.Сите прашања што можевме да ги поставиме, гипоставивме. Најчестото беше “зошто“?Секое зошто има свое зашто. Ова нема.

“Кога јагнињата ќе стивнат...“

Пак сум тука.Во Градчето над градчето.Утре му даваме една година на Јагнето.

Кога Јагнето стивна, играа Реал и Барса.Брато беше за Каталонците, а јас за Кралевите.Јагнето за Хајдук.

И утре, на денот на годишнината од глупоста што си јанаправи себе си и на сите околу него, пак Реал и Барса.

Судбина?Или коинциденција...

Утрото се спуштив во градчето.Печеше последното сонце од есента.Се најдовме со Наследнико.Уште еден од бандата.Се мачеше во животот, трчаше, правеше, штуреше,лудуваше, лумпуваше, кризираше и...доби наследство.Во Татарија.

Page 44: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Како Рокфелер со јаболката што ги продавал. Од двенаправил четири, по осум, па десет кила, па камион...Па добил десет милиони долари наследство.

Со Брато се најдовме на влезот на гробиштата.Тој, со својата многу понежна половина.Инспекторката.Имаат најлиберален брак што го знам.Денес слават 22 години.Наследникот им е кум.

Прво не сакав ни да доаѓам. За случајно да не бидамсфатен погрешно. Сепак тоа е интимен, семеен чин.Но, откако почна попското пеење, сфатив дека не сумзгрешил. Барем го видов Јагнето.Макар и на фотографија.Насмеан од уво до уво, со неговите карактеристичниобрази и неодоливата шармерска фризура.Веднаш видов дека нешто не е во ред.Со фотографијата.На неа, забите на Јагнето светеа како билборд.Ни трага од патецот меѓу предните два заба.Веднаш ми текна на ноќта кога му го подаривме заботна Бошко мој. Да не го ставил и ја пополнил дупката?

За момент сакав да се насмеам, ама ми текна кај сум...Успеав да се воздржам.Се насмеав во себе.И тоа е можно.Колку сум глупав.

Page 45: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Тој што ја правел фотографијата на Јагнето за наспомен плочата имал потреба да го избегне патецотмеѓу забите. Тоа денес лесно се прави и тоа со убиецотна фотографскиот занает наречен фотошоп.Непријателот на грдотијата.Пријателот на неприродната убавина.Од ѕверот прави убавица...За жал на некои мои колешки ни тоа не им не помага.

Му кажав на Брато за моите сознанија, а тој без никојда го чуе, ме праша дали сум нормален.Каков фотошоп, какви заебанции. Јагнето решилконечно да си ги направи забите. И си ги направил.И пердето на окото што го мачеше и тоа го решил.Попот завршуваше.

“Нека му се простени на чедото божје Јагнето ситепрегрешенија, болни и неболни. Нека почива во мир.Вееечнааја паамјаааа...“

Вечнаја памја.

Што направи Јагнето?Бездушен чин или херојско дело?Што направи од него алкохолот?Себична кукавица или храбар човек?

Сиромавиот.Кој знае какво ѓаволско лудило го фатило.

Page 46: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Оти човек што сака предвреме да си замине од овојсвет, нема да става порцелански заби.

Ама тоа ти е животот.Горе-долу, лево-десно, напред-назад.Или-или.Или ќе го издржиш притисокот или нема.Или Барса или Реал...

Кога Јагнето стивна, јас бев во таканаречената фазана самопреслушување. И автоанализа.Почнав полека-полека да ги собирам на едно купчесите оние работи кои ме тиштеа.Колку повеќе собирав, толку повеќе се одземав.Од пиење.Знаев дека крајот е тука некаде. Крајот со алкохолот.

Или со животот.

Затоа, скришно од сите мои блиски почнав даконслултирам литература. Стручна. Сакав да видамшто точно му се случува на мојот организам.И имав што да видам.Луѓе мои.

Се обидував да се најдам себе си во некоја од тиестручни категоризации.И веднаш се пронајдов.И се препознав во сите понудени опции.

Page 47: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Стручниот труд што го проучував во тој момент севика “Типологија на алкохолизмот“.Дело на некој Јелинек.По презимето треба да е некој Словак.Или Чех. Или Словенец, сеедно.

Сите овие народи локаат од љубов.Затоа и му поверував на стручноста.

Тој ги дели алкохоличарите во следниве групи:АЛФА алкохоличар.

“Пие алкохол за да се чувствува посигурно во некоиконфликтни ситуации. За да го победи стравот.Но, се уште не губи критичност и контрола“.

Точно. Добро се сеќавам на моите професионалнипочетоци. И со театарот. И со алкохолот.Тие, по некое непишано правило секогаш одат заедно.Тие се во забранета врска.А забранетото овошје е најслатко, нели луѓе мои.Особено ако си млад. Како што бевме ние.

Ѓорче, Малин и јас...Тројцата мускетари во отворена борба за зачувување натезата која вели дека не можеш да бидеш добар глумецако не пиеш. Проблемот беше во фактот што на нашиотфакултет, односно “академија“, како што нагалено сија викавме ние, немаше бифе. Не постоеше.Имаше кафе или чај и тоа само со врски.Овие денешниве студенти по глума имаат.

Page 48: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

И тоа не бифе, туку цел ресторан.Лесно им е да станат големи глумци кога алкохолот име тука, пред носот, на дофат на нивниот џигер.

Па така ние, за да станеме што подобри глумци,моравме да почнувавме уште рано, рано.Пред првиот час.На само стотина метри од Академијата.Во бифето “Карпа“. Две коњачиња пред часот по глумате тераат да се чувствуваш како Лоренс Оливие.Доживуваш просветлување.На паузата помеѓу пладневните часови по Сценскиговор и Музика се враќавме таму на по уште две-трии така, се до попладневните часови по Историја наСветската драма кои редовно ги испуштавме.И тоа кај Поетот.Еден од најголемите авторитети во оваа област.Навистина бевме ѓубриња.Човекот не виде неколку пати за неколку години.Такви бевме, бесни.И размазени.Такво беше времето. Размазено.Имавме се што ни беше потребно.

Мечтаевме да станеме “нешто“.Дека ќе станеме “некој“ беше однапред јасно.И тогаш, а и денес кај нас е многу лесно да станеш“некој“. Финтата е да станеш “нешто“.Тоа “нешто“ беше нашата единствена цел.Да станеме Актери.

Page 49: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

И тројцата веќе знаевме што е тоа театар.Ѓорче и јас имавме слична приказна.Татко му беше актер. Еден од моите омилени.И Ѓорче уште како мал спиел по театарскитегардероби, чекајќи го тато. Како јас мама. И дедо.И тој, како и јас, веќе беше дефлориран. Ја изгубивменашата театарска невиност уште како копилиња.А Малин беше аматер глумец во својот град веќенеколку години. И тој ги имаше прележано театарскитесипаници. Башка и двајцата беа од истите краишта.Град до град.Малин е од Фенитаун.А Ѓорче е од Антигона сити.Во Винарскиот крај. И тие, како и јас ја имаме тааисконска, неодолива желба за алкохол.Значи, ги имаме двете најважни жички потребни заостварување на големиот сон.Талент за глума и желба за алкохол.Формулата е следна: талент + алкохол = успех.Океј. Така нека биде.

Првиот семестар на Академијата помина во исто темпо.Часови, бифе, часови, бифе...Жестоко на сцената, жестоко на масата...

Навечер, како по правило, одевме на претстава.Тогаш одењето во театар беше празник.А ние секоја ноќ бевме празнично расположени.За нас, студентите по глума влезот беше бесплатен.Влегувавме со студентскиот индекс.

Page 50: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

И конечно можевме во пракса да го видиме она што ниго пишуваше во учебниците по глума што ги немавме.Пракса имавме, ама ни недостасуваше теоријата.А теоријата од прва рака е онаа најдрагоцената.Таа се случува во Театарскиот клуб.И тоа беше најобично бифе, но нам многу повеќе нигодеше кога го викаа “клуб“. Бевме умрени да можемеда влеземе таму и да ги слушаме сите оние забавниразговори што глумците ги водат по претставата.За тоа како поминала претставата вечерта, кои грешкисе направени, што било добро, што треба да се поправиза следната изведба да биде уште подобра од оваа...Додека публиката го напушташе театарот, ние чекавмеда наиде некој познат од театарот, па да не внесе вобифето. Оти таму не можеше да влезе секој. А кога тоаќе ни успееше личевме на три сиромашни дечиња коина наградна игра добиле патување во Дизниленд.

Нашиот покоен професор по глума Волкашин Невски,дури ни забрануваше воопшто и да влегуваме таму, вотеатарското бифе, додека бевме на првата година.

“Таму ништо нема да научите. А глума најмалку“.

Прости ми професоре мој, ама јас токму таму, воКлубот, научив СÈ за глумата. Но и за алкохолот.Таков бев. Такви бевме.Таков сум сè уште.Сакам сè да пробам.Ако не пробам, ќе умрам.Тоа грев ли е?

Page 51: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

И така, ние студентите по глума рашивме да пробаме.Влеговме во оваа, АЛФА фаза на Јелинек гордо,достоинствено и со кренато чело.

Многу бргу сите тројца почнавме да статираме или даиграме помали улоги во тековниот репертоар.Со тоа и влезот во клубот ни беше отворен.

Ние практично и не излегувавме од таму.Цееееел ден.Тоа се четириесет и кусур квадрати на мојата боемскамладост. Најубавите спомени ми доаѓаат од тие петголеми маси за по 6 души, огромни крем чаршафи,со браон извезени апликации кои му пркосеа навремето. Над нив рачно изработени лустери во ситеможни бои. Едно шанкче 2+1. Двајца седат, еден стои.Со текот на времето ќе научиш кој седи на тие шанкстолици, кој стои на влезот во шанкот, што точно пијат,дали и колку се незгодни кога се под дејство...Односно, дејството е под нив.

На ѕидовите на клубот излепени плакати одтеатарските претстави, фотографии и...една гитара.Таа беше многу битен фактор.Мојата Шенген виза за официјален влез во клубот и делод неговото целовечерно сценарио.

После претставата, пак сме пред завеса, ама димна.Во Клубот беше толку зачадено што пушеа и тие штоне пушат. Фрчеа пијачки на сите страни.

Page 52: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Честитки за добрата изведба, многу релаксирани лицаи понекој букет од зацрвенет љубител на театаротнаменет за некоја од актерките.Актерките од театарскиот клуб.За мене тоа се се уште најубавите жени од мојот живот,кои беа во најубавите години од својот живот.Актерките од театарскиот клуб.Тоа се моите први љубови, тоа се моите први сериозниеротски фантазии. Некои од нив ги знаев од дете, беаколешки и пријателки на мајка ми, а со некои од ниввеќе имав играно на телевизија и филм.Но тоа беше кога бев дете, а сега сум еден млад, чисти потентен актер во надоаѓање. Како јамб во најава.Актерките од театарскиот клуб.За мене сексот со нив не беше проблем.Секс имав секој ден и тоа со сите нив...Само што за мене секс беше самиот факт дека седамсо нив на масата. А кога ќе почнеше разговорот затеатарот и кога тотално ќе му се препуштевме надејството на малиганите...е тоа беше хард-кор.Групњак.Луѓе мои.

Актерките од театарскиот Клуб и јас..

Раскошната Маја.Мистериозната Лела.Ориенталната Султана.Гласната Михаела.Единствената Стамена.

Page 53: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Беа дваесет години пред времето.Во време кога сите полнолетни женски хомосапиенсибеа ословувани со “другарке“, тие веќе беа дами.

Сигурен сум дека некои од нив кога ќе го прочитаатова мое искрено сведочење, слатко ќе се изнасмеат.Можеби ќе помислат дека претерувам.А ако го направат тоа, јас ќе им го кажам истото.Дека тие претеруваат.Знам сигурно дека нема да се налутат.Па тоа се префинети Госпоѓи.Актерките од театарскиот Клуб.

Раскошната Маја.Секс симболот на тоа време.Таа ме сакаше како син, а јас ја сакав како маж.Имавме Платонски инцест.Многу години подоцна имав шанса да и помогнам ворешавањето на еден многу деликатен проблем.Го решив за две минути.Бев многу горд на тоа.И сè уште сум.А таа пак, ми подари една книга. Поезија.Посветата од неа ми значеше повеќе од било којаадреналинска инјекција. Маја. Тоа е една од женитезаради кои сакам да го вратам времето наназад.

Мистериозната Лела.Обожуваше кучиња и театар.Комплетна актерка. Мултиталентирана.Со неа бевме вљубени.

Page 54: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Во мјузиклот. Триаголник. Таа, јас и мјузиклот.Никогаш сериозно не заигравме заедно.Таков театарски фанатик требаше да бидам и јас.Таа дама треба да се роди уште еднаш.

Ориенталната Султана.За нејзиниот четириесети роденден и подарив песна.Во клубот, пред сите, мојата гитара и јас и посветивмепригоден сонг. Јас бев посреќен од неа. Како мене дами беше роденден. Ден денес се радувам кога ќе јавидам, макар и на телевизија.

Гласната Михаела.Случајно бевме и комшии.Жена на мојот театарски гуру Спасо.Понекогаш, после долгите театарски ноќи ја испраќавдома. Како да ми е женска “за сериозно“.Ја имаше најубавата насмевка на планетава.Ми недостасуваа таа жена.И таа насмевка...

Единствената Стамена.Актерка од најсилен ков. Холивуд.Е, со неа спиевме заедно.Во една пијана ноќ, на еден пијан театарски фестивал,во една многу пијана соба.Спиевме до пладне.Таа на креветот, јас на подот.

Актерките од театарскиот Клуб и јас...Никогаш нема да ги заборавам.

Page 55: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Никогаш нема да заборавам ништо што беше дел од тааприказна. Односно приказните. Ги има 1001.Како во Шехерезада.

Театарскиот Клуб беше мојот дом, мојот ресторан,мојата училница, исповедалница, канцеларија...Тогаш, мојата среќа.Денес, мојата тага.Среќен што тука ги поминав најубавите младешкигодини, а тажен што тие си заминаа неповратно.“Твојте лисја горо, сестро, пак ќе ти се вратат,само мојта младост сестро, нема да се врати“.

И тука некаде завршува првиот тип алокохоличарина мојот нов приајтел, господинот Јелинек.Ѓорче, Малин и јас бевме вистински АЛФАалкохоличари. И супер АЛФА мажјаци истовремено.Доста беше АЛФА. Одиме на БЕТА.Ново ниво.

Сè што кажа господинот Јелинек, сè се исполни.Точно така.Браво, брате Јелинек.Одиме понатаму.

БЕТА алкохоличар:

“Пригоден пијаница. Неговата зависност е зависна одразноразни културо-социолошки моменти: прослави,свадби, родендени. Постојано бара повод за пиење“.

Page 56: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Луѓе мои.И ова е точно. Боли колку е точно.

Клубот отвораше во 8 наутро. Јас доаѓав меѓу првите.Пред мене таму беше само газдата.Кленот.Син на Народен херој. Бистата на татко му стоеше наеден од влезовите во градскиот парк. Беше школскидругар на мајка ми. Можеби затоа ме сакаше малкуповеќе од останатите. Секогаш кога влегував вонеговиот Клуб ќе ја кренеше главата, ќе ми сенасмееше со очите, ќе ги извадеше очилата со кои гочиташе весникот, стануваше и со благ наклон велеше:

“Аншанте, Шанзелизе...

Кленот беше цар.Тој, токму во тој период завршуваше со БЕТА фазатана Јелинек во која јас само што пристигнав.На Кленот веќе воопшто не му беа потребни тие“културо-социолошки“ збиднувања за да најде билокаков нов повод за пиење. Тој имаше друга теорија.Мора ли да биде годишнина, премиера, слава илибило што друго за да се напиеш добра капка?Тој велеше не.

И така, Кленот почна да пие заради убавиот ден, зарадивработувањето на комшиката, заради победата навторолигашот од Дебарското маало, пиеше за душана кленовите што ги фаќаа со Нешо, па пиеше заматурантите од некролозите на весниците...

Page 57: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Јас почнав да му се приклучувам.Сè почесто и почесто.Сè повеќе и похрабро.Решив повеќе да не губам драгоцено време во БЕТАфазата. Господинот Јелинек тука многу се заебал.Нема потреба од неа. Од БЕТА.Јас, како и Кленот решив да ја прерипам.

И така и така Ѓорче, Малин и јас нон-стоп бевме попремиери, промоции на книги, литературни читања,свечени ручеци, веридби, сунети, имендени...Немаше што ние да го бараме поводот за пиење.Поводот беше тука, меѓу нас.Плус тоа, кога сакавме да избегаме од сето тоа,упаѓавме во пегличката на Ѓорче и летнувавме накајнивните краишта. Прво кај него во Антигона сити,а после кај Малин во Фенитаун. А таму - фул програма.Сабајлето се шетавме како пауни, а за ручек напаѓавмекако орли. Тие денови секогаш бевме главна тема натрачарење во Винарскиот крај.

Тројцата амигоси.Изгледавме како колекција пролет-лето.Јас бев облечен “кежуал“, иако во тоа време не низнаев што точно значи тоа.Малин беше во својот “милитарен“ фазон.Секогаш во црно со главна назнака на изгланцанитевојнички чизми и големиот опасач, земени какосувенир од армиските денови.

Page 58: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

А Ѓорче...Ѓорче обично го носеше својот омилен комплет.Шизички чевли, светкави пантолони и тиркизно сако.Луѓето не гледаа под око.Сигурно им изгледавме како марсовци.Ама беа океј. Секој втор му беше комшија на Малин,а секој трет братучед на Ѓорче.

А тие пак, ни ги отворија сите свои порти.Тоа беа златните времиња од средината наосумдесетите, кога тој крај беше навистина богат.И духовно и на книшка.Се отвораа популарните “кафичи“.Исто како и во Скупи.Тие денови Ѓорче и Малин се однесуваа како да сепечалбари вратени од Кенгурија после двесет години.Ги почестија сите што ги сретнувавме.А и сите не почестија нас.

Во Винарскиот крај алкохолот е култ.И начин на живот.Сите прават вино и печат ракија.Тука е измислена и онаа славната:

“Во виното е вистината, а во ракијата е глупоста“.

Сè е во знакот на овие две божји измислици.И насекаде ги има.Во продавниците, рестораните, бифињата, кафичите,

Page 59: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

на пазарите, по дворовите, во винските подруми, натерасите, а најгенијално е тоа што скоро секој носешебинлак ракија или шише вино со себе.Или во ташната или во гепекот.Саем на алкохолот...

Секоја вечер, кога ќе испозатвореа сите “библиотеки“,одевме директно на “универзитетот“. На самиот патАнтигона сити – Фенитаун, од десната страна, долупокрај патот се наоѓаше едно место како од филмовитена Кустур Емирица. Нашата омилена “читална“.“Три багреми“.Тројцата амигоси во трите багреми. За секој по еден.

Луѓе мои.Тоа беше место од друго место и друго време.Шофери, пијандури, заглавени друштва, полицајци безуниформа, локални фраери, земјоделци, случајнитуристи како нас и...една Соња. Из Ниш.Сите беа вљубени во неа.Сите сакаа малку да и се качат.А таа уживаше во тоа.И на крајот сама одлучуваше кој ќе биде тој среќник.Чија штафета ќе ја носи. Како пионерка.Соња беше чудо.Истовремено пречекуваше и испраќаше гости,правеше скара, служеше пијачки, вареше сиктеркафиња за најповредените, а кога расположениетоќе достигнеше кулминација Соња го земашемикрофонот и правеше луда атмосфера.

Page 60: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Пееше лошо како Мадона, ама изгледаше многу секси.Исто како како Мадона.Беше единствена и незаменлива.Седум Соњи во една.Уан мен шоу.

Работно време на “багремите“ започнуваше точно наполноќ. Да, да, луѓе мои, на полноќ. Така беше.А завршуваше во шест сабајле.Таму или ништо не се случуваше или сè се случуваше.Или се досадувавме малку, или се забавувавме многу.Пиевме само вињак.

Некогаш Соња не дружеше цела вечер, некогаш сеправеше дека не не ни познаваше.Некогаш завршуваше со песна, некогаш со милиција.Ама секогаш, без исклучок, трите багреми не претвораанас, трите амигоси, во три... дрва.На излегување, после фајронтот, обично ќе им сеизмочавме на багремите.Секој амигос на по еден багрем...Ќе им го вратевме тоа што им го испивме, ама во многупосмрдлива форма.

Надвор сонце, селото проработило, сè се разработило.Шоферите седнуваа во своите “скании“ и продолжуваапо замислената маршрута, земјоделците седнуваа насвоите трактори и шибаа накај тие неколку хектариземја кои што ги поседуваа, а ние седнувавме вонашата временска машина, во “пегличката“ на Ѓорче.

Page 61: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Но тука ништо не беше завршено.Тогаш почнуваше она главното...Серенадите.До тогаш имав само чуено за нив.Е сега и ги видов и слушнав. И ги почувствував.А и активно учествував.

Серенадата е музичко-алкохолна дисциплина.Секогаш се игра на гостински терен.Правилото вели дека домаќините пред почетокот нанатпреварот мораат да спијат. А кога ќе бидатнападнати, не смеат да се бранат. И тогаш, нашиотгостински тим тргнува во акција. Напаѓа.Доаѓаме пред нивната порта во кое било време одзората и почнуваме со песната.Колку послабо пееме, толку се помали шансите да непуштат да влеземе внатре. А кога ќе го задоволименивниот префинет музички вкус, тие ни ја отвораатвратата. Понекогаш се случуваше да ја утнеме куќата,односно семејството. Сме пееле и свиреле пред туѓи,непознати врати за цел живот. Но тоа ни малку не гименувало работите. Домаќините отвораат секому штоизгледа добронамерно. Ја отвораат вратата.Ама истовремено и душата.И фрижидерот.И винскиот подрум. Со се бурињата.

Тогаш стартува второто полувреме.Се пие и јаде како тогаш да почнуваме.Како да е последно.Општо прекршување на еден од божјите гревови.

Page 62: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

“Неумереност во јадењето и пиењето...“

Серенадата е игра на испаѓање.Како кој излегува од играта, ја зазема својата позицијаво куќата. Едни на масата, други на терасата, трети воспалната, четврти во пушалната, пети во ебалната...Поседниот што е при чиста свест на масата е победник.Наградата е.......................................................................................................................................................................................................................................една чашка ракија.

Неколку пати ја имам освоено престижната награда.И бидете сигурни луѓе мои, таа последната,победничката ракија е сепак најслатка од сите.На крајот, домаќинот ти дава уште едно шише.За по пат.

Јас пак, обично тие трофеи од винарскиот крај секогашму ги носев на Кленот. Едноставно, бев сигурен декатој најмногу ќе му се израдува. А и неговиот желудник.Сакав да го гледам Кленот кога е среќен.Не дека не беше среќен човек, туку кога беше многусреќен, тој знаеше да го покаже тоа.

Кленот беше омилен меѓу актерите.Го обожуваа. А тој им враќаше со специјален однос.Ги ословуваше со “господа“, “дами“ и “уметници“.Клубот му беше сè што имаше.И морално и материјално.Тој уживаше во секој нареден ден.

Page 63: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Уживаше во секоја голтка. И што е најважно пиеше сè.Тоа беше газда. Го пиеше она што го пијеа и гостите.Немаше проблем. Понекогаш се случуваше на секоја одмасите да има по една различна пијачка.На една имаше дупла ракија, на другата пивце, натретата некое коњаче и на неговата “службена“ маса,секогаш гордо стоеше неговата пијачка.“Алјаска“.

Тоа беше негов изум.Пивска кригла наполнета со големи коцки мраз коипливаат во половина литар црно вино.Мразот крцка во топлото вино и испушта звуци коистрашно потсетуваат на лавина или глечер кој се крши.Алјаска.Кој и да пробаше, паѓаше во несвест од убаини.Сите го бараа рецептот.Јас дури малку и го усовршив.Одозгора ставав бибер. Или цимет.Алјаска и црн пипер.Фантазија.

Додека го пишувам ова, и го чувствувам вкусот.Да знаат жителите на Алјаска дека нивната пијачкание им ја пиеме, ќе допатуваат со првиот глечер.Кленот пиеше по дузина такви.На едно седнување.

Проблемот со Алјаската е во тоа што откако ќе испиешнеколку, зборот “седнување“ никако не можеш да гопретвориш во најобично “станување“.

Page 64: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Нема шанси.Мозокот не ги чувствува нозете.Нозете не соработуваат со мозокот.

Ти всушност и немаш мозок штом си испил неколкулитри од замрзнатата Алјаска.Ти работи само делчето од мозокот одговорно заговорот. Сè друго работи, ама на една свеќичка.Бавно размислуваш, а бргу зборуваш.Говорот ти станува побрз од мислата и не знаеш штозборуваш. Добиваш логореја. На алкохолна база.Алјаска.

Кленот беше инспирација и за Стефан.Најмладиот жив Академик.Тоа беше дружба.Кленот и Членот.Стефан дури и го цитира и во неколку од своителегендарни драми. Особено во “Висока верност“.Играа татко му на Ѓорче и мојот актерски идол Нешо.

Драмата зборува за вечниот судир на генерациите.За еден постар чичко кој излегува од затвор и кога севраќа дома налетува на неговиот внук кој му гопретворил станот во своја слободна зона.Затоа, старецот решава на својот внук да му го направисето она што нему му го правеле таму, во дупката.

За Стефан најдрагоцени беа прикаските на Кленот одтаму. Кога беше на “службен пат“.На “специјализација“.

Page 65: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

А беше заради една најобична глупост од младоста.Таму Кленот го загуби сонот. Неповратно.И затоа, доаѓаше пред сите.И пред вработените во театарот.Го пиеше првото кафе и ги средуваше книгите.Односно книгата. Тоест, тефтерот. Или рабушот.Таа книга вредеше колку сите книги што Кленот гипрочитал, заедно. Таму пишуваше сè.Кој, кога, каде и колку испил. Што јадел, колку чашискршил, дали ја шмекал келнерката, колку сето тоазадоволство ќе го чини и други важни податоци.Како досие.Е, секој први Кленот ги отвораше нашите досијеа изапочнуваше лустрација. Како кој земаше плата, такакако попче одеше кај папата. На отчет. И исплата.Секогаш кога му плаќав на Кленот, не сакав ни дагледам во тефтерот. Што ќе гледам.Рецки, рецки, рецки...Како да сме играле табланет.

Најмногу ги сакав утрата во театарот.Во Клубот мирисаше на тазе изветреана ракија која себори со тазе проветрениот воздух.И келнерките беа секогаш тазе.И со големо газе.Кленот ги менуваше како чорапи.Ќе објавеше оглас.Девојките се јавуваа.Кај Кленот се пријавуваа.И набргу се одјавуваа.

Page 66: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

После само неколку денови работа, Кленот ќе гопобараше од нив она што не е предмет на договорот.Повеќето многу пристојно го одбиваа непристојниотпредлог и фаќаа магла.Оние што остануваа повеќе од недела дена по сеизгледа паѓаа на шармот на неодоливиот Клен.Но тие беа малубројни.Тоа беа оние кои заради својата егзистенција, сепомирија со фактот дека ќе мораат да го трпат емКленот во сите негови алкохолни фази заедно, ем нас,педесетина актерки и актери од сите сорти.Намќори, климактерични, пицајзли, нахални, незгодни,досадни, скржави, мрднати, оставени, полудени,разочарани, безобразни, нереализирани и...пијани.Оди па разбери се.Башка девојките толку бргу ни се менуваа како нафилмска лента, што едноставно не успевавме да им гизапомниме имињата. Само што тој наш проблем ни оддалеку не беше голем како нивниот. Тие требаше дазапомнат сто имиња, на сите вработени во театарот.Доаѓаше до многу смешни ситуации.

Се сеќавам дека калапот најмногу го изеде МарјанБошков. Еден од моите фаворити во изборот “омиленлик во Клубот“. Актер, десетина години постар одмене, но со духот ми беше врсник. Тогаш беше во фазана брачно преиспитување, па имаше пробно возење водисциплината “РАЗВОД“. Дури бевме и цимери воедно станче на педесетина метри од театарот.Тоа беше и сè уште е многу духовит човек.Знаеше да заебава, ама знаеше и да прима заебанции

Page 67: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

на својот цех. Затоа и го сакав..Не се лутеше дури и за најапсурдната пцовка што ние,неговите колеги ја измисливме во негова чест.

“Да ти ја ебам сестрата...од Марјан Бошков.“

Еднаш, Кленот донесе нова кандидатка за титулата“келнерка во Клубот“. Ние помладите, бевме запиениуште од пробата. Цел божји ден. Пиевме до фајронтот.Тура па тура. Ура па ура.

Новото девојче истрча цел маратон од шанкот донашата маса и назад. Пред нас имаше најголемаконцетрација на алкохол во радиус од еден километар,вклучувајќи го тука и супермаркетот одспротива.Кандидатката делуваше избезумено.И изгубено.Кленот не гледаше од страна и само наслутуваше што иподготвуваме. Како ќе нарачавме нова рунда, така икажувавме на малечката кого да запише во тефтерот.А бидејќи таа знаеше само некои од нас, и тоа одтелевизија, а другите прв пат ги гледаше, моравме даи го кажаме и името што треба да го запише.Многу симптоматично тој ден беше тоа што сите шестдуши на масата се викаа Марјан Бошков.

“Кај кого да го запишам ова?“

Девојчето беше на работ на плачот.

“Кај Марјан Бошков“.

Page 68: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

“Бошков“.“Пиши Марјан“.“Се викам Марјан Бошков“.

Како во Џемс Бонд.

“Мај нејм из Бошков. Марјан Бошков“.

Вака-така, мојот цимер на први требаше да плати сумаеднаква на цената на најновиот телевизор. Со се видео.

Марјан беше фраер. Не се лутеше. Напротив.Се смееше цел ден.А кога ќе се засмееше, почнуваше да плаче и неможеше да си ги запре солзите.А јас божем му се правдав.

“Не испивме толку, жими тебе, ненормално девојче,не знаело што пишува. Прашај ги другите. Ама, јасзнам по себе. Не испив толку...“

Марјан финишираше.

“Знам, знам. Не пиеш ти многу. Голтката ти е голема...“

Луѓе мои.Во тоа време голтката ми беше навистина голема.Најголема.И не само мојата. Тоа беше во тренд.Да се биде таму каде што е алкохолот.

Page 69: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Или што би рекол господинот Јелинек:

“БЕТА алкохоличарите се пригодни пијаници, тиепостојано бараат повод за пиење“.

Браво, Јелинек брате.Морам да ти кажам дека уживав во оваа твоја БЕТА.Иако, признавам дека не беше лесно. За мене најважноод се беше фактот дека не ја изгубив присебноста,контролата и критичноста. Што би рекол ти.Сепак, потајно чувствував дека на БЕТА и доаѓа крајот.А крајот им дојде и на Тројцата амигоси.Малин се врати во својот Фенитаун.Работеше како актер.Се бореше против жабокречината која ја убивашеуметноста во малите места.Години подоцна стана и директор.И Ѓорче исто така.Иако бевме во истиот театар и игравме заедно вонеколку претстави, тој животот си го сфати сериозно.Оформи семејство.Години подоцна оформи уште едно.Па стана директор.

Јас останав во Клубот. И никогаш не станав директор.Јас сум ве-де управител само на мојата фирма наречена“Живот“, но таа веќе со години е под стечај.Останав во клубот за да бидам принципиелен.

Па нели нема добар глумец кој не пие?Нема.

Page 70: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

И сега да паднам на првата препрека?Не.

................................................................................................

“Кленче, дај уште една“

................................................................................................

Е па, брате мој Јелинек, дај да ја видиме ние таа твојафамозна и опасна ГАМА.

ГАМА алкохоличар:

“Желен за алкохол. Губи критичност и контрола.Станува психички зависен“.

Така е професоре. И желен и жеден.И некритичен и без контрола.И зависен.Гамата ми се случи во времето на моите најголемиуспеси во сферата на театарот.Играв скоро секоја вечер.Понекогаш и две претстави во денот.А и три.Како?Е па брате Јелинек вака.Од 12 часот детска престава, од 19.30 вечерна наголемата сцена и веднаш после неа Кабаре на малата.И понекоја пробичка помеѓу нив.Плус тоа веќе наголемо играв и вон театарот.

Page 71: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Снимавме цртани филмови од 7 часот наутро???Само тогаш имаше термин во државната телевизија.Со Дашо и Дедо Мраз. Понекогаш се случуваше да меземат на снимање директно од кафана или ноќен клуб.Веќе целиот бев цртан филм.

Ги позајмувавме гласовите на штурчиња, пчелички,страшила, кралеви, принцези, зелки, компири...

Јас бев ХИ-МЕН. Или си еден збор химен.Демак јунфер.Само што јас веќе тогаш не бев јунфер во многуработи. Јааас неее сууум Химеееееееееееееен...Некаде околу ручек, после пробата во театарот,со Дашо и Дедо Мраз, плус Коце и Ганчо, снимавмерадио драми и некои, за тоа време сосем нови проекти .Првите спот-реклами, образовни и забавни емисии,хумористични серии, филмски проекти...Беше забавно. И ужасно напорно.

Навечер, после претставите, со Дашо и Дедо Мраз,плус Коце и Ганчо, а и Кумот и Џоџо, одевме нанашите омилени “тезги“. Игравме скечови.На плажи, базени, дискотеки, диви шанкови, плоштади,кафичи, ресторани, кина, театри, домови на култура,ракометни игралишта, стадиони...

Вистински се страда на нашата естрада.

Работевме “турбо“.

Page 72: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Јас пиев “Инџекшн“.

Гамата на Јелинек ме обзема. Веќе немаше назад.Почнав да не се враќам дома, да спијам по гардеробите,зад сцената, кај некои од кандидатките дома...Почнав да ги лажам сите, вклучувајќи се и себе си.Почнав сè помалку да се интересирам за театарот.Почна да ми станува товар. И тоа тежок товар.Во театарот го почувствуваа тоа.Започна акцијата за спасување на повредените од подрушевините. Јас бев затрупан најмногу.Шеф на спасувачката експедиција беше мој човек.

Молецот.Една вечер, после претстава, во Клубот бешекалабалак. Немаше ич место и застанав во шанкот.Ем му помагав на Кленот, ем си боцкав пијачка.Тој беше страшно фрустриран затоа што и последнатадевојка која имаше нерви да го трпи и да аргатува занего, му избега пред скоро десет дена.А на новиот оглас ниедна не се јавува.

Молецот дојде до мене, ме стегна за раката, ми јазатресе до рамото како да сакаше да ме размрда,да ме раздрма, да ме освести...

“Ако продолжиш вака и понатаму, вака и ќе завршиш.Како келнер или шанкер“.

Ха, ха, ха...Штосовите на Молецот.

Page 73: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Кленот уште повеќе се изнервира што во најголематагужва некој му го деконцентрира помошникот.Го погледна Молецот, со кого инаку беа побратими иортаци и му го плесна неговото:

“Молец, ај не јади гомна“

Првиот напад на Молецот беше одбиен.Лесно. Куршумите му беа ќорци.Го познавав добро. Тој беше филмаџија.Филмаџија за пари. А театарџија од љубов.Генерација на Кленот. И на мајка ми.Многу солиден човек. И будала.Во тој момент си турив една и ја истурив во грлото.Молецот го фати тој дел од секундата и тогаш тргнаво втор, ама уште порешителен напад:

“Што ти е жедта...“

?????????????????

Ме фати нервоза.Го погледнав во очи и го прашав.

“Што ми е жедта?“

И тој го направи истото.

“Најдобра другарка“

Page 74: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Демек жедта ми била најдобра другарка.Вториов напад му беше поуспешен.Резултатот стана нерешен.Ќе се игра трет сет.

Молецот станува циничен, нешто не е во ред.Веќе ми стана јасна неговата улога.Дојден е да ми држи предавања.Само што искусен студент како мене нема да оди натие часови. Тоа се прикаски за бруцоши.А јас сум пред дипломирање.На факултетот “Живот“.Со можност за специјализација.Или докторат.Атмосферата во Клубот стануваше чудна.Имаше некои непознати сили во воздухот.Луѓето расоблечени, испомодрени во лицата,алкохолизираноста беше на тројка, свиреа старитедобри срцепарателни шансони на Кленот...

Тука беа и Актерките од Клубот.Во најдобро издание.Море шапки, море муштикли...Море машко мевце. Море младо.

Башка беше почеток на пролетта. Кленот ги отворилпрозорците и ни ги провоцира дишните патишта.

Во шеснаесетникот гужва пред голот цела ноќ,а резултатот се уште беше нула : нула.Потребна беше итна промена на стратегијата.

Page 75: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

А и на формацијата.Потребна беше напаѓачка формација.Што оди на победа.Таа вечер јас сакав да бидам центарфор.И голгетер.

Гитарата и јас...Кога сум расположен можам да пеам сè.Кога сум расположен и пијан, тогаш можам исто такада пеам сè. Или ништо. Или ич или брич.Многу пати сум ги воодушевил присутните.Многу пати сум се воодушевил од присутните.Односно, од нивното трпение. И тактичност.Гитарата и јас...

Таа вечер оваа двојка победи. Во сите категории.Свирење, пеење, вицови кажување, смеење.И пиење.Гитарата и јас испивме кило и кусур од мојата омиленапијачка на последната буква. А гитарата нели, не пие...

После страшно напорна претстава, толку алкохол занеколку часови делува како електрично столче.Како струен удар.Како цунами.Почна да ми се мати. Да ми се врти. Да ми се моча.Да ми се повраќа...

Молецот ме снимаше од шанкот.Чекаше погоден момент за да го изврши својотпоследен, фронтален напад.

Page 76: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Се скина првата жица од гитарата.Актерките од Клубот кокетно дофрлија:

“И што сега колега, нема повеќе песна?“

Да се скине жица од гитарата се случувало и порано,и тоа многу често, но тоа никогаш не било причинасвирката само заради тоа да застане.

Д шоу маст гоу он.Да ги разочарам Актерките од Клубот, тоа е како да сија ставам јамката околу вратот. Како да сум извршилнајголемо предавство. Нема теоретски шансони.Па тоа се моите женски за цел живот.

Инцидентот со жицата како да ме отрезни за малку.Ама само моментално. Отсвирев две-три од нашитеомилени сонгови со една жица помалку на гитарата.И неколку скинати жички во мозокот.

Кленот ни бапна нова тура. Дупла.

“Наздравје“

Кој кажа наздравје?Кој кажа на здравје да му ебам сè живо и диво што мумрда по куќи. До маче и куче.

Таа последна голтка вечерта ме уништи.Ме запусти. Црнина ме зави.

Page 77: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Молецот сè уште ми беше во кадар.Ми наздравуваше од далеку.Му го препознав цинизмот во очите и гестот, иако бевпред капитулација. Нагло станав.Тоа го правам секогаш кога чувствувам дека она штосака да излезе надвор од мојот стомак, ќе го направитоа во наредните неколку секунди.Кога резервоарот ќе се преполни, обично претечува.Изгоре млекото.Претече лончето.Ми се измешаа лончињата.

Како станав, така се фатив за кваката.Со брз и несигурен маневар, ја отворив врата, бргу сезавртев и излегов низ неа.Ходникот во театарот ми изгледаше уште потесен одона што навистина беше.Како ходникот од умирачката.Тунелот.Само што на крајот од тој тунел во кој влегува секојшто е на чекор до смртта има светлина.А на крајот од овој нашиов, театарскиов има...ве-це.

Тргнав да ги испразнам сите дупки.Да направам истовар.

Тие педесетина чекори до целта ми изгледаа далечникако Млечниот пат.Крајот на тунелот ќе биде и мој крај.

Page 78: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Или ќе ме лапне таа пригушена светлина, или ќе мелапне ве-це-то.

Јас сум за ова второто. Па таму и тргнав.Немав време за чекање.Ситуацијата беше крајно евентуална.Ќе завршам во смрдеа, евентуално во гомна.

На крајот од ходникот, од десната страна, на една одцрните фотелји седеше Зоко.Одметникот Зоко.Зоко беше закон.Него алкохолот го удираше на...самотија.Уживаше да не ужива додека другите уживаат.

Излегол да испуши една цигара на раат.

“Не ја отсвире мојата...“

Да знаеше Зоко колку ми е тешко во тој момент,сигурно ќе кажеше нешто попаметно.

“Ќе ти ја отсвирам Зоко, ќе ти ја отсвирам. Само првода се измочам. И да повратам.“

Влегов во зоната на ужасот.

Четирите најгнасни квадратни метри на мојата младост.Во тоа тоалетно катче немаше потреба да ставаш двапрста во устата за да ти се згади и да испровоцирашповраќање. Доволно беше длабоко да вдишеш.

Page 79: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

25 години подоцна напишав песна по која се викаи мојот последен албум “Диши длабоко“.Сигурно не сум мислел на ова дишење и вдишување.Но ова, иако изглеа штракнато, делува.

Брате Јелинек, треба да го помирисаш тоа.Ниедна од формула од твоите лаборатории не биможела да произведе таква вонвселенска смрдеа.Кога реата ме удри не само по носот, туку и по очите,почнав да повраќам уште пред да се наведнам заповраќање. Како во “Егзорцизам“.Само ѓаволот повраќа така подмолно.Без предупредување.Изгубив свест.Почувствував дека ги губам нозете.Како да имам лепра.Студена пот ми го заплиска вратот.Ги превртев очите и почнав да паѓам.Единствено што успеав да го направам беше еденмахинален потег. Само се задржав, за да гоамортизирам падот, на цевката која ги поврзувадупката за истовар и казанчето. Ја стегнав цевката содвете раце. Беше стара, искривена, смрдлива и соголеми капки вода на неа што паѓаат од казанчето.Образот ми беше залепен за таа гомнарска цевка, пакапките на неа ми дојдоа како освежување, иако оддното до врвот беше корозирана и прекриена со нештошто личеше на бигор.

Игор на бигор...

Page 80: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

................................................................................................

“Стани, отвори очи, алооо...ме слушаш?“

Ми беше топло.

“Стани бе копиљ, стани погледни ме, алоооо...“

Ништо.Црно.

“Алооооо...“

Само тоа ми одѕвонуваше во тимбата.

Ало, ало, ало, ало, ама никој не се јавува.Неможе да се воспостави врска.

Тогаш почувствував болка. Убаво ги отворив очите.Над мене го видов Молецот.Ме имаше фатено за косата и сериозно ми ја тресешеглавата. Јас бев паднат.Ја имав удрено раката.Страшно ме болеше.

Фацата на Молецот изгледаше како рекламен плакат занекој хорор филм.

“Стани бе копиљ, ееееј, не ми умирај тука...ме слушаш,

Page 81: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

ќе те убијам ако ми умреш сега...па, што ќе и кажам намајка ти...немој да ми умираш... немој жити се...“

Повторно ми се заврте.Во моментот кога пак се вратив таму од кај што дојдов,добив шлаканица што ќе ја паметат цел живот.Шлаканичиште.Молецот, со нагло движење, успеа некако да меисправи на нозете што никако не ми се исправаа...Со двете тупаници ме фати за ушите и ме подигна еднодваесет сантиметри од земјата.Молецот беше јак како бик.Старо скупско фраериште.

“Што правиш бе дете?“

Молецот пак ќе ми држи семестар.А јас не можам ни главата да си ја држам на рамењата.

“Сакаш да бидеш како Зоко? А? Тоа сакаш? Тоа?“

Ме тресеше силно.Како што се тресе дрвце од јаболче петровче.Тресеш, тресеш, а јаболчињата паѓаат на земја.Молецот ме тресеше како да сакаше да ми испаднатсите јаболчиња. И ми испаднаа...

Повратив уште еднаш и тоа врз новите мокасинки наМолецот. Тој почна да пцуе рафално.

Дали сакам да бидам како Зоко?

Page 82: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Какво е тоа прашање. Па, јас веќе сум како Зоко.А што му фали на Зоко?Што ми фали мене?

Освен што одвреме- навреме добивам ист ваков напад.Што ли е ова, брате Јелинек. Алкохолен инфаркт?

Молецот ме извади надвор, пред театарот.На свеж воздух.Џабе.Во вакви ситуации не помага ни боца со чист кислород.

Молецот беше на потег. Реши да го добие мечот.Само треба да го реализира пеналот.

“Слушај ме добро сега. Ако те видам уште еднаш воваква состојба, овде во театарот, ќе ти ја ебам мајката.“

Молецот беше ептен сериозен.

“Пиј ако сакаш, пиј колку што сакаш, умри од пиење,ако сакаш, ама на друго место. Неможам да те гледамваков. Ти веќе си станал како Зоко“

Молецот ја откри земјата што Колумбо никако немашепотреба да ја открива.

“Бегај дома, ајде, гитла...“

Веќе беше лут. И луд.

Page 83: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Сега да си одам дома?Во кое дома?Имам јас дома?Овде е моето дома.Веќе со недели спијам тука. Или во канцеларијата наКумот кој тогаш стана директор на театарот, или вомојата гардероба на две споени фотелји кои цела ноќподмолно се оддалечуваа една од друга.

“Не си одам дома. Нема теорија. Останувам овде.Ме чека друштвото во Клубот. Имам уште пијачка задопивање. Остави ме, бе...не-си-о-дам“

Се расправавме на влезот во театарот.Пред портирот. И пред Зоко.Кавга.Меѓу пијан будала и трезен будала.

“Како сакаш.“

Молецот се заврте и...си замина.Од пијаниот и будалиот бега.

Тргнав низ ходникот накај Клубот.И пак налетав на Зоко. Нему пак, му ја послужилемастиката во мала кригла за пиво. За да има залиха.

“Ќе ја напраиме мојана?“

Зоко не се откажуваше од музичката желба.

Page 84: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

“Ќе ја напраиме Зоко, ќе ја напраиме.“

Пред влезот во Клубот, застанав да се проверам на штоличам. Катастрофа. Изгледав како руски бездомник.Пијан, неспиен, наводенет, засмрден, исфлекан иповреден. И ментално и физички.Мозокот ме издаде.И раката сè повеќе ме болеше.

Влегов во Клубот.Актерките од Клубот беа во елемент.Моите нескротени горопаднички.Забавата продолжи како ништо да не ми се случило.Истоварот беше успешен.Ми се врати снагата, а и желбата за уште.Сега повторно правиме утовар. И повторно мојатаомилена пијачка на последната буква.И повторно неколку точки на една жица.И повторно аплауз.И повторно Актерките.

“Колега, кажи ни...што ќе се случи ако случајно сескине уште една жица на гитарата?

Какво прашање. Вакво несериозно прашање заслужуваапсолутно несериозен одговор.

“Ако се скине уште една, ќе ја скршам гитарата...“

???????????????????????????????????????????????????

Page 85: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Мојот несериозен одговор, всушност беше смртносериозен. Не поминаа ни две нови песни, пукна уштеедна жица. Така требало, така морало...

Застанав со свирењето.Публиката застана во стоп кадар.Се исправив како Химен. Ја фатив гитарата со дветераце како да е мечот на моќта и ја акнав најсилно штоможев од еден театарски плакат залепен за ѕидот.Гитарата се распарчи во милиони акорди.Летаа парчиња од лакирано дрво насекаде низ Клубот.

Една од Актерките офна силно.Парчиња од гитарата и се зариле под кожата.Едно во вратот, едно во бутот.На еден од гостите во челото. Како куршум.

Настана гробна тишина.Само Кленот имаше храброст да проговори.

“Ајде, готово...ништо...добро е...“

Готово, ништо, добро е.Ниту е готово, ниту е добро.Ова е страшно.

Ова не е алкохолен инфаркт.Ова е Делириум тременс.

Во Клубот влезе и Зоко.

Page 86: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

“Ја ебавте гитарата?“

Ја ебавме утката Зоко, и тоа на летање.

Кленот го расчисти клубот.Луѓето се разбегаа од инцидентот.Актерките исчезнаа. Можеби и ми се налутија.Можеби и требаше...Седнавме со Зоко на службената маса на Кленот.Во Клубот беше крш.Како да поминал руски тенк.

“Завршивме за вечерва или...?“

Или?Јас и Зоко бевме за или.

Кленот ни ја даде прошталната тура.Ја уништивме веднаш.Дури тогаш забележав дека Кленот бил камен.За Зоко и да не правиме муабет.

“Кај ќе спиеш ти?“

Зоко го имаше истиот проблем како мене.Не му се одеше дома.Имаше свое дома, како и јас, но не го сакаше.

Доме, доме, ебан доме.

Од Зоко научив дека не постои лошо место за спиење.

Page 87: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Кога одевме на турнеи со театарот, Зоко спиеше нафотелјите во хотелсите ходници, иако имаше соба.Зоко без проблем спиеше во фоајето на театарот или намалата сцена испружен меѓу декорот од претставите.На некој стилски кревет од 17 век.Со завеси и балдахинчиња.

“Ако не ти се оди дома, можеш да спиеш кај мене.Блиску сум, знаеш. Ќе се снајдеме некако...“

Мора да сум делувал бедно штом Зоко ми се сожали.Кленот беше толку многу врзан во јазикот, што самоклимаше со главата во знак на согласност за добриотпредлог на Зоко. Само уште да си отидеме.Време беше...Влеговме во кантата на Кленот.Јас на совозачкото седиште. Зоко на задното.И веднаш се испружи.Зоко е како камелеон. Веднаш се приспособува нановонастанатата ситуација.Сега па Кленот живна. На првите семафори, додека гочекавме зеленото светло, се заврте кон нас двајацата.

“Сакате да ве носам на едно место?“

Ураааааааааааа!!!Одиме на пијачка!!!

Само што се запали зеленото светло, на Кленотавтоматски му се запалија црвените сијалички.Со шкрипка го стартуваше старото железо.

Page 88: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Атмосферата живна.Одиме на “специјалното место“ на Кленот.Можев само да претпоставувам каква угостителскадупка ќе биде тоа. А што има тоа врска?Пичиме до крај.Па што?Пробата во театарот ми почнува дури за пет-шест часа.А баш ми се пие.Ама, курата среќа...

На првиот помал сообраќаен прекршок што Кленот гонаправи, ни се пушти дежурната полициска патрола.Не застанаа покрај едни контејнери.

“Добро утро.“

Џандарот си беше службен.Не ни погледна кој се транспортира во превознотосредство. Доволно за проценка на ситуацијата му бешеи прозорецот што Кленот му го отвори за подобракомуникација. Мирисаше на сите алкохоли одеднаш.

“Добро нека ти е утрото, дечко...“

Кленот беше уште поофицијален од него.Му ја пружи возачката и го праша:

“Има некој проблем?“

Џандарот си тераше по свое.

Page 89: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

“Излезете надвор од возилото.“

Кленот му се пушти.

“Кое возило? Оооооооо...ха, ха, ха. Каков комплиментза мојава крнтија. Не сум знаел дека возам возило...“

Џандарот не ни сфати дека Кленот се заебава.

“Од каде доаѓате?“

Кленот не го лажеше.

“Од претстава, од театар...“

Само што таа претстава заврши пред шест часа.

“Господине, мене ми се чини дека сте пијан.“

“Мене ми се чини дека не сте во право, господинеполицаец. Јас воопшто не сум пијан...јас сум труп.“

Зоко и јас почнавме да се смееме.

“Ќе мора да ве отстранам од сообраќајот. И да винаплатам казна. Три милиони.“

Полицаецот Миле почна да ја пишува казната.Кленот му се насмеа во лице и со полузатворени очиму ја изговори реченицата која ми остана врежана вомозокот за цел живот.

Page 90: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

“Три милиони??? Дечко, да имав јас три милиони, ќе сиседев во некоја биртија со другариве и ќе си пиев.“

Точно.Кој нормален станува од маса со пари во џебот?Исто како на рулет.

Џандарот се наведна за подобро да го види остатокотод екипажот. Ме позна мене. А и Зоко.Само се насмеа под мустак и вртеше лево-десно соглавата. И се загрижи за нашата понатамошна судбина.

“Знаете ли кај ќе одите?“

Знаеме брате, знаеме.Сега, после тебе, можеме да си одиме само дома.

Ни го еба ќефот.Кленот паркираше пред зградата на Зоко.Ме потсети дека сабајлето имам проба.

Се качивме кај Зоко дома.Тогаш дефинитивно ми стана јасно зошто не му седоаѓа тука. Иако имаше триесет и кусур години, Зокоживееше бетер од било кој студент од внатрешноста.Точно се гледа дека намерно го остава ѓубрето зад себе.Дека ужива во својата самонаметната “боемштина“.

Каков тип.

Page 91: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Извади некое полуиспиено шише недефинираналкохолен дериват. Наздравувавме со него.А потоа Зоко ми ја приреди таа чест и ми ја одиграмонодрамата “Лудиот“ на Гогољ. Тука, на неговатамаса, со засмрдени конзерви од некој месен нарезок,многу трошки леб и исушени кисели краставички.

Зоко ја знаеше монодрамата наизуст.Во секоја доба од денот и ноќта.Животна желба му беше да ја одигра пред вистинскапублика, на вистинска цена.Петнаесет години подоцна, желбата му се оствари.Неговиот подржувач, колега и другар, познатиот актери режисер Јован му ја изрежира, а Зоко ја одигра самоеднаш. Нему му беше битно да ја одигра. Еднаш мубеше сосема доволно. Билетите за таа прва и последнаизведба чинеа неверојатни сто окупаторски марки.Тоа беше прв пат во животот да не отидам на проба.Бев болен.Ме болеше курот за пробата.Брате Јелинек, ова е веќе тешка задача.Како да се издржи ударот на гамата.Оти оваа гамата ми ја еба мамата.После онаа камата.И таа ми ја еба мамата.На крајот судбината.Таа пак дамата, таа самата... ми ја еба мамата.

Гамата беше молскавична и разорна.Како хидрогенска бомба.

Page 92: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Во театарот пристигнав околу пладне.Пробата ја почнале без мене.А најверојатно и ќе ја завршат така.Без мене.Кленот седеше на својата маса.Не делуваше како човек кој отспал барем малку вопоследните неколку денови.Го прашав куртоазно.

“Кога дојде?“

Ме погледна низ спуштените очила.

“А кога си отидов?“

Кленот беше готов.Капут.Во ваква состојба, неговите очи неодоливо мепотсетуваат на oчите на мачорот Том.Онаа епизода кога многу му се спие, а не смее дазаспие, па става чкорчиња на очните капаци.Но, безуспешно.Желбата на капаците да се спуштат е далеку поголемаод моќта на издржливост на чкорчињата.

“Многу јадеа гомна од сабајле. Не им кажав дека теоставив кај Зоко. А кога сфатија дека нема шанси дасе појавиш на пробата, полудеа.“

Нарачав кафе.

Page 93: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

“А Молецот?“

Прашав каде е, бидејќи тој ја водеше пробата.Молецот ќе ми каже точно што се случило.

Кој јадел гомна и зошто?За една проба на која не дојдов?

А никој не ги спомнал илјадниците проби на кои сумдоаѓал уште пред да пристигнат хигиеничарките.Никој не ги спомнал триесетина претстави кои никогашнемаше да се одиграат ако јас не го прифатев тоа.Да заменам болен колега на сцената, во неговата улога,ама тоа да го дознаам на само дваесет минути предпочетокот на претставата.И сега проблем е пробата...

Ако. Така ми треба.А што очекував јас?Да ми биде сè дозволено само заради тоа што сумнајмлад меѓу нив и што сум омилен кај сите.Ама па си викам, ако не јадат гомна, што кур ќе праватпо цел божји ден. Глумци будали.

Тој ден сфатив дека не е сè така пинк.Ми преседна и кафето и сè.

“Кленче, дај една.“

“Не смеам.“

Page 94: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Пауза.

“Кленче и ти почна да ме дупиш, така?“

Ни од далеку не ми беше јасно што се случува овде.Во Клубот тогаш влезе Молецот. Не ме ни погледна.Само седна на шанкот.

“Те вика Директорот.“

Е сега ми преседна и пијачката.Тоа што ме вика Директорот, тоа е убаво.Тоа што морам да одам кај него, е тоа не е убаво.Не е убав муабетот што ќе го правиме, знам...Затоа што со Директорот сме кумови.Уште од нашите татковци и дедовци.Педесет годишно кумство.Директорот ми е кум, а Кумот Директор.И што има да се плашам.Ѕвездата оди кај Кумот.Како Френк Синатра кај Ал Капоне....

Средбата беше срдечна.Однапред знаев дека како и да се развива муабетот, ќеморам да молчам и да му верувам на Кумот.Тој е стручњак во оваа област.До пред неколку години и тој беше во гамата...

-----------------------------------------------------------------------

Пиеше бело вино. Уживаше кога ќе се напиеше.

Page 95: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

А и сите ние околу него.Беше толку симпатичен и забавен.Рецитираше, пееше, играше балет, довикуваше подруги маси, нарачуваше, пиеше, пиеше...и клапнуваше.Знаеше да заспие на масата.Понекогаш отспиваше добра партија, се будеше како дае рано наутро и...нарачуваше нова боца бело вино.Знаеше тотално да го изгуби компасот.А кога станувавме да си одиме, тој се опираше.Негодуваше.

“Можете да одите вие во три пички мајчини?“

Можеме Куме, можеме. Веќе сме таму.

Се сеќавам дека еднаш, ден пред Нова година, целатанаша тајфа настапуваше за тогаш најбогатата државнаенергетска компанија. Во нивниот хотел, во скупскатаиндустриската зона. Едвај стигнавме од маглата.Сè беше на ниво.Освен нас.

Кога заврши официјалната програма, јас имав и другадополнителна активност. Прекувремена работа.Морав да ја водам лотаријата која ја организирашедомаќинот. Ги читав броевите на нивните купони,а тие доаѓаа по своите торти, пакетчиња, печенипрасиња, свилени чорапи, отворачи за вино, чоколади,сребрени ланчиња, ланци и тракатанци...Тоа траеше со векови.

Page 96: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Додека среќниот добитник се обидуваше да се пробиемеѓу разулавената раја, поминуваше цела вечност.Па не слушнале добро, па го утнале бројот, па ги нема...Хаос.

За тоа време моите колеги веќе стартуваа со трката.Се зафатија сериозно за својата работа.Само јас морав да апстинирам.Жаба на суво, крека ли?

Кога конечно стигнав на нашиот “коњопој“, тие веќебеа во друга димензија. Особено Кумот.Луѓе мои.Предвремената прослава на Новата година, се претвориво најобична, селска пијанка.

Коце веднаш се закити со трофеј.Една огромна блондинка со прекрасни перформанси.Токму такви сакаше.Не го викавме бадијала “пичкарче“.Таа му влезе во кадар на Кумот, веднаш.Од тој момент, па натаму Кумот беше концентрирансамо на неа. Фиксиран.Колку повеќе Коце ги распостилаше својот шарм иумешност во додворувањето, толку повеќе Кумот сосвоите зајадливи и кретенски коментари му јауништуваше идилата. Кандидатката на Коце се смеешеод срце на неговиот дежурен репертоар на вицови.Кумот му се мешаше и во нив.Таман Коце да ја каже поентата на штосот, Кумот ќестанеше и на глас ќе кажеше:

Page 97: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

“Го знаеме вицот, го знаеме...“

После три-четири вакви испади, блондинката неможеше да издржи и му се пушти на Кумот:

“Е значи навистина, не го очекував ова од вас.Воопшто не ве замислував ваков. Сум ве гледала восите претстави во кои играте. До вечерва ве обожував,од вечерва ќе ве презирам. Мислам дека сте еденмногу безобразен и уште повеќе пијан човек.“

Настана штама на масата.Блондинката на Коце му го плесна на Кумот.Никој ништо не кажа.Никој не знаеше што воопшто се кажува во ваквиситуации. Сите се завртевме кон Кумот, во исчекувањена каков било одговор. Барем извинување.Но Кумот не би бил Кумот, ако не ја посоли последен.

“Се извинувам, длабоко ви се извинувам. А можете ливие да одите малку во три пички мајчини?“

Блондинката демонстративно стана, го погледна Коценаш и си ја прибра сребрената чантичка.Коце стана да се поздрави.Кога застана покрај неа онака низок, изгледаа какоголемо пиво од литар и пол и мала, конзерва пивце.Кумот иако многу натрескан го забележа тоа.И веднаш го искоментира.

Page 98: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

“Стани Коце...стани и ти...“

Коце веќе беше станат, ама покрај неа изгледаше какода не е. Ова беше уште понепријатно.Тогаш убавицата, со голема доза на самодоверба,му ги кажа прошталните два клучни збора на Кумот.

“Свињо една.“

И си замина...И од масата и од животот на Коце.Но, тој е самоуверен во своите пичкарски способности.Не може Кумот да му избрка толку женски, колку штоКоце пичкарчето може да шармира.

Фајронт.

Излеговме на паркингот. Дури си ги баравме колите,констатиравме дека дефинитивно Кумот не може дауправува со никакво средство, а камоли со превозно.

“Кај ти е колата?“

Кумот молчеше, што дури и кај пијаните луѓе е знак наодобрување. Само шараше со очите по паркингот.

“Не знам кај ми е...па тука ја оставив...“

Решивме тој проблем да го решаваме утре.Сепак, скришно го прашав.

Page 99: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

“А со неа ли дојде?“

Кумот размислуваше како на Милионерот.

“Не се сеќавам...а бе, кој ја ебе колата...“

Добро.Кој ја ебе колата...Коце и јас решивме да ја превземеме одговорноста занеговата судбина и да го однесеме дома, кај неговатанајголема и единствена љубов – Италијанката.

Колата ја најдовме, ама после Нова година.Пред Нова ја изгубивме, после празниците ја најдовме.Лани ја баравме, оваа година се појави...

Беше скоро три часот наутро кога транспортот наКумот заврши. Ама, само првата фаза.За втората не бевме сосема сигурни дека ќе ни успее.

И бевме потполно во право.Кога заѕвоневме на вратата, после неполна минута севиде дека некој ѕирка низ шпионката на вратата.Сигурни бевме дека тоа беше Италијанката.Неговата незаспана половина.Не ни ја ни отвори вратата.Сè ѝ станало јасно без да отвори.Видела сè...низ окцето.

“Кумо, ние сме...отвори.“

Page 100: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Кумата ме обожуваше. Ама таа ноќ не.Само и го слушнавме гласот.

“Да го вратите таму од кај што сте го земале.“

Е тоа е Италијанка.Трпи, трпи, не се истрпува...

А Кумот со замижени очи, ги рашири рацете и непрегрна. Колку да се потпира на нас. Главата му бешепадната на едната страна, нозете прекрстени.Потсетуваше на Исус распнат на крстот.

Стоевме пред вратата во ходникот и не знаевме што даправиме со пакетот. Кај да го оставиме.На Коце му текна.

“Да го носиме во театар. Ќе го ставиме да отспие кајнего во канцеларија, на фотелјите...“

Така и направивме.Утрото, пред да дојдат вработените во театарот,Кумот се разбудил, автоматски му се вклучил алармотво потсвеста, се јавил дома на Италијанката и ѝ кажалдека тој дефинитивно решил да го остави алкохолот.

“Остави, за да не бидеш оставен“.

Од тој ден не се напи ни капка.До ден денешен.Браво Куме!

Page 101: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

................................................................................................

Еве сме сега во истата таа канцеларија, на иститефотелји, но во сосема друга позиција.Тој директор, а јас вработен. Вработен што прави бељи.Себе си...најмногу.

“Што правиш бе Куме?“

Прашањето беше чиста збунка.Не знаев што да одговорам.Што правам во моментов, што правам инаку воживотот или што правам глупости?

“Ништо, добар...“

Кур добар.

Штом сум викнат на информативен разговор, не можеда биде добро. Само полошо.

“Куме, нема да те лажам. Колегите велат дека ептен сивлегол во форма. Дека не си паузирал ни еден ден. Ќемора да се воздржиш, инаку на глава ќе ми се качат...“

Кумот настапи како да ми е душман.А јас бев подготвен на секоја отстапка, освен на таа.

Page 102: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

“И не си само ти проблемот. Ова важи за сите. Ти сисамо поводот. Новинарите озборуваат, јадат гомна, ќенапишат некоја глупост...не ни треба тоа, те молам.“

“Добро Куме.“

Пак јас добро, а не е ич.

Излегов од кај него.Па...не болеше.

Лажам. Боли, ама отпосле.

И што сега?Да го менувам курсот?Да почнам да се кријам, тајно да пијам?

Па, јас сум горд алкохоличар.Пијам јавно и транспарентно.Театарот ми е живот.Животот ми е театар.

Клубот кој со години беше синоним за живост, сегаделуваше полумртво. Апатично и летаргично.Сите се под импресија од новите воспитно-поправнимерки на управата. Нема пиење пред и за време напробите. За претставите ич да не правиме муабет.Нов театарски поредок.

Претчувствуваш ли брате Јелинек дека сме печени затвојата следна и последна фаза?

Page 103: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

ДЕЛТА алкохоличар.

“Алкохоличар по навика. Тоа му станува професија.Психичките чинители немаат значење“.

Точно така.Професија алкохоличар.Стануваш од сабајле и пичиш на работа.Стануваш од работа и пичиш до сабајле.

Како да ја решиме оваа нерешлива загатка?Како да не пијам пред проба?Како да пробам без пиење?

Тајната ја знаеше само еден човек.Гроздан.Старо, искусно глумчиште кој знаеше да пие.Тој ни го кажа штосот.Откако ја воведоа вонредната состојба во Клубот,само тој успеваше да се напие.Како?Многу промислено. Во џебот си носеше мало стакленошишенце со ракија. Ние нагалено ги викаме внучиња.Демек, дедото секогаш си ги носи малите, слаткивнученца на дедо со себе.И така Гроздан ќе си нарачаше кафе, ќе запалешецигара и пред да ја отпие првата голтка, само ќе сипритуреше малку од внучето и...крај.

Ракија во кафето.

Page 104: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Генијално.Како мене не ми текнало.Каков патент.Изум на деценијата.Има само една маана.

Од три кафиња си ќутук.

Кленот беше страшно погоден од најновите мерки.Затоа и тој одлучи да направи ребаланс на буџетот.Реши да ни наплаќа и тоа веднаш.Нема чекање, нема први, нема рецки...

И Актерките од Клубот почнаа стриктно да сепридржуваат до новите измени во деловникот.До ова најсвежо прекројување на уставот.Сепак успеаа да им се прифати еден амандман.Тие ќе смеат да пијат, ама контролирано.

Тој ден, нарачуваа и пијеа само по “половинче“.Колку да ја излечат крастата.

“Кленче, дај едно половинче.“Фрштеа половинчиња цел ден.

На крајот на денот дојде Кленот. Во “наплата“.Актерките од клубот платија 48 половинчиња коњак.

Нема спас.

Page 105: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Тука некаде завршува романтичниот период вотеатарскиот Клуб. Романтизмот свечено умре.Работите се менуваа како што сакаа политичарите.Беше неподносливо. Од театар што не можеше да гипродава билетите нормално, затоа што се купуваа предвреме и под рака, станавме театар што не можеше да гипродава билетите затоа што никој не ги купуваше.Луѓето имаа попаметна работа од одењето во театар.Државата беше пред колапс.Театарот веќе колабиран.

Кога надвор беше жешко, во театарот беше бетер.Кога студеше, надвор беше потопло од внатре.А кога врнеше надвор, врнеше и внатре.Тотален крах.

Актерите си седеа дома, најдобрите режисери незаобиколуваа, новинарите не заборавија, критичаритене игнорираа, публиката не напушти...

Театарскиот Клуб полека, полека стана собиралиште наликови кои со театарот имаа врска само толку штоуспеале конечно да влезат во Клубот, местото кое довчера за нив беше забранета зона. Научна фантастика.А Кленот мораше да живее од нешто.

Не можев да го поднесам тоа.Не сакав да бидам дел од тоа колективно измачување.Сакав моето најомилено место да ми остане во споменикакви што заслужува.Време е за промени...

Page 106: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Драстични.Морам да се помирам со фактот дека животов е таков.Панта реи.Ем тече, ем се менува.

Ми треба ново место.Нова канцеларија, нов коњопој, нова исповедалница...Нов дом.Со старите навики...

Такво беше “Пијанисимо“.Кај мојата Школска.Подрум во една новокатница претворен во ексклузивенноќен клуб какви што никнуваа во тоа време.Денски тепавме пијачки на горниот шанк и паралелноги тепавме автоматите во коцкарницата до нас.Нон-стоп бевме приклучени на апарати.Како тешки пациенти.Коцкарницата и “Пијанисимо“ имаа заеднички тоалет.Од едното гнездо на порокот се влегуваше во другото.Навечер се префрлавме долу во ноќниот клуб.Имаше една просторија, под скалите, кај што бешешанкот. Во другата соба имаше две големи сепарињаи меѓу нив едно ново и нечепнато пијано.Мојата прва љубов, уште пред гитарата.

Пред самиот фајронт, знаев да седнам на него и данаправам мини концерт.Во “Пијанисимо“, на пијаното свирев најпијанисимо.

На публиката почнаа да и се допаѓаат тие мои мали,

Page 107: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

алкохолизирани сеанси што си ги правев за своја душаи за понекоја запалена обожавателка на музиката,добрата капка и сексот.

А и се допаѓаше и на “газдарицата“, како што ја викавјас, Школската моја, која всушност и впрочем бешеонаа заради која прв пат почувствував пеперутки востомачето. Учевме заедно од првото школско ѕвонче,од првиот час, седевме во истата, прва клупа уште одпрвото одделение. И еден на друг си бевме прва љубов.За нејзиниот осми роденден, со мајка ми бевме востоковната куќа и ѝ купивме прстенче.Сакав да ја овековечам мојата љубов кон неа и бевубеден дека сме створени еден за друг и дека сигурноќе се земеме кога ќе пораснеме големи.Ќешки да беше така.

Прстенчето беше спакувано во мало кутивче.Кога се вративме дома од шопингот, кутивчето гоставив во малку поголема кутија, па во кутија за чевли,па во огромна кутија од не знам што, ја завиткав вомногу светкава хартија и ѝ врзав долга, црвена машна.

Црвеното тогаш беше во мода.Кутрата газдарица.Кога на роденденот и го предавав подарокот таа збесна.Мамичето и се расплака дури го отвори.А и таа ќе се расплачеше кога сфати дека ќе треба да севложи многу труд за да се стигне до подарокот.Децата многу се смееа, а јас бев главниот фраер нажурката. Никогаш во животот не го повторив тоа.

Page 108: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Некои работи се прават само еднаш во животот.

Се сеќавам на нејзините очи тогаш, додека ги кинешехартиите и ги отвораше кутиите.Ококорени, блескави, среќни...

Такви ѝ беа и тогаш, такви ѝ се и денес.Такви и беа секогаш кога ќе се појавев на вратата во“Пијанисимо“. Се случуваше некогаш да ме нема понеколку дена, кога бев на пат со театарот или на некоеснимање надвор од Скупи. Тогаш, ќе ме видешеоднадвор дека влегувам, ќе ги ставеше рацете наколковите и како најстрога учителка ќе ме искараше.

“Кај си бе ти? Нормален ли си? Те нема три дена.Прашав во полиција - не знаат, се јавив во болница,таму не си, проверив во лудница, таму ми викаат декасе уште не си стигнал, ама те очекуваат. Наскоро...“

Оваа алузија и беше редовна кога сум јас во прашање.Колку што ми се радуваше на секое мое доаѓање, толкузнаеше да ми се лути што постојано со чашката во ракашетав од шанкот, преку тоалетот, до коцкарницата.И назад.Или од кај автоматите доаѓав на шанкот за да си земамнова, “свежа“ пијачка или од кај шанкот одев вокоцкарницата да однесам нови “свежи“ пари.И секогаш ми приговараше за тоа.

Page 109: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Таа е сигурно првата личност во животот што сериозносе занимаваше со мојот проблем и најдобронамерно миобрнуваше внимание на него. Па тоа и е работа.Да се расправа со алкоси...Јас се сложував со неа, ама до првото седнување напијаното. Таа тогаш уживаше и забораваше на сè.А најмногу уживав јас.Тоа не сакав никој жив да го забележи.Си го терав својот филм.

Додека свирев, иако и бев завртен со грбот напубликата, имав потполна контрола на тоа што точносе случува. Во “Пијанисимо“ насекаде имаше големиогледала. А и пред пијаното.Кога ќе се појавеше некоја жена, што беше мој, и самомој тип, можев од моето огледалото пред пијаното,преку огледалото на другиот крај на клубот, да госледам нејзиното движење и нејзините реакции и тоацела вечер. Понекогаш, кога мојата омилена пијачка напоследната буква ќе ја имаше повеќе во мојата крв,отколку самата крв, тогаш движењата на огледалата,лицата на луѓето, светлата во разни бои и воопштоцелата атмосфера ми изгледаше потполно иреална.Ма надреална.

Како во циркус. Собата на искривени огледала.Во тие критични ситуации, работата ја спасувашеПинки. Дечкото што работеше на шанкот.И беше омилен на “Школската“.Имаше многу интересен глас и голема желба да пее.Ќе го земеше микрофонот и правеше вистинско шоу.

Page 110: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Во тандем звучевме топ.И репертоарот ни беше сличен.Поубавиот дел на публиката свршуваше.Ако по нешто го паметам “Пијанисимо“, а го паметампо многу нешта, тогаш на прво место тоа се жените.

Скупските жени.

“Убавите жени на мојот народ“.

Така нив ги опеа големиот Коне Блажески.

Мене ме опчинија.Ме воодушевија.Ме подмладија.Па ме остареа.Ме уништија.Ме убија.

Тоа беше најпромискуитетниот период во моетосозревање. И не само мој.Луѓето конечно ја почувствуваа слободата што јазаслужија. И ја користеа на сите полиња.Најмногу во сексуална смисла.За сексот почнавме најотворено да разговараме.Особено жените.Скупските жени се единствени на светот.Тие први приоѓаат.Тие се додворуваат, тие предлагаат.Тие се главните...

Page 111: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

“Може да се запознаеме?“

Во секое време.

“Добар си?“

Во секое време.

“Ќе се напиеш нешто од мене?“

Во секое време.

“Може да ми ја отсвириш онаа твојата?“

Во секое време.

“Може да те бакнам?“

Во секое време.

“Ќе одиме кај тебе?“

Да, за нив во секое време.

Ниедна од нив не знеше да биде досадна.После едноноќната авантура, нивниот однос кон менебеше како да не сме имале однос.Какво ебевање, такво сеќавање?

Веројатно не.

Page 112: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Иако во тоа време, алкохолот одвреме-навреме почнасериозно да ми ја доведува машкоста во прашање.Се самоутешував со фактот дека тоа ми е од премор,дека сум претерал со пушењето.Во тоа време многу стана модерно да си под стрес.Сите божем беа под стрес. Па и јас...Да, тоа ми е од стресот.Ташаци.На сите причини сум помислувал само не на алкохолот.Намерно?

Намерно.

Многу од тие скупски жени беа нечии жени.И јас го знаев тоа.А што требаше да направам?Да им барам венчалница?Или било каков документ за нивниот брачен статус?По се изгледа нивниот статус во браковите не го бива.

Имаше и такви жени кои во афект, во кавга со својотдоживотен партнер, му ја признаваа авантурата.И повеќе не се појавуваа...А имаше и такви кои продолжуваа да доаѓаат со своитепонадркани половини на моите тогаш веќе официјалниполноќни свирки во “Пијанисимо“.Мртви ладни, уште и се поздравуваа со мене и мезапознаваа со либето. Некои делуваа толку вљубено восвоите сопрузи, што беше за неверување.

Page 113: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Е, токму во тоа време започна да кружи до тогашнајбесмислениот трач што го имав чуено за себе.Дека сум обратен. Дека сум буљаш, педерче,педериште, хомо, геј...дека сум педер.И сите најлоши имиња за моите пријатели педерите.Браво.Значи колку повеќе жени имаш, толку повеќе си педер.Ако.Сакам да сум такво педериште до крајот на овој живот.А и во наредниот...

Зошто да имаме само претходни животи?Ајде малку да гледаме и во иднината.

Приказната толку бргу се рашири низ Скупи што бешепросто неверојатно. Дури имаше и прецизна верзија занастанот. Во тој хотел, таа и таа вечер, јас сум бил кумна некоја свадба. И таму, за време на веселбата дошолмоментот кога јас како кум по протколот требало даодржам пригоден говор. Ме немало во салата, папочнале да ме бараат низ хотелот.И да ја скратам прикаската.На крајот ме нашле во невестинската соба со вагонотзад мене. Јас сум бил локомотивата, а младоженецотпрвиот вагон. Сме си играле “вовче“.Бре, бре, бре...Најперверзното во оваа пародија, беше тоа што и сеслучи на мајка ми. Еден ден на телефонот дома и сејавила некоја учителка од училиштето во кое учевме соШколската. И кажала на мајка ми дека и е многунепријатно што се јавува. Само сакала да провери дали

Page 114: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

е вистина тоа што се зборува, бидејќи нејзинитеученици многу ме обожуваат и не би сакала тие да серазочараат ако сето тоа што се зборува е вистина.Каква учителка.Идиотка, пар екселанс.Такви ли ни ги учат децата, луѓе мои?

Мајка ми не ни претпоставувала за што тука би можелода станува збор и најнормално ја прашала.

“Што дали е вистина, госпоѓо?“

“Па тоа, знаете, дали син ви е навистина..............педер.“

Мајка ми елегантно и го спуштила телефонот.

Глупоста нема граници.И вселената.Сè друго има.

Една вечер, на една многу романтична свирка на свеќи,прославувавме некоја награда што ја добив.Станав некаков “Актер на годината“.

Школската беше спонзор на забавата.Јас настапував во своја чест.Беше преубаво.Меѓу сите мои блиски во публиката, на сепарето левоод пијаното и од мене, седеше цело едно семејство.Таткото, мајката и ќерката...Фамилијарна посета на угостителски храм.

Page 115: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Баш шизички.Главата на семејството ми беше познат од некаде.Не можев да се сетам од каде.Не беше ни битно.

Забавата беше перфектна.Луѓето пијеа и пееја во моја чест.На крајот се вмеша и Пинки.Тоа беше кулминација.Почнавме со исполнување на желби и честитки.За тоа бевме мајстори.Нарачуваше и семејството, особено главата.Им направивме една, па уште една, па трета...

Па се префрливме малку и на другата страна, кај штобеше масата на Школската. А таа во елемент.Како таа да ја добила наградата.Ѝ се радуваше повеќе од мене.Статуетката стоеше пред неа.

“Ајде бе ти...свири нешто и за мене.“

Нејзината омилена.Пинки и јас таа песна ја имавме усовршено доперфекција, инаку ќе го јадевме стапот од газдарицата.Само што го почнавме уводот на нејзиниот најголемхит, од семејната маса почнаа да ми пристигнуваатнекакви неартикулирани довикувања.Веднаш сфатив дека Главата на семејството таа вечерго поправил својот личен рекорд во брзо опивање.Тоа не беше истиот човек од пред некој саат.

Page 116: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Сакото му беше соблечено, кошулата откопчана допапокот, одоздола му се гледаше белата, шоферскамаичка без ракави, а под неа тепихот на љубовта.Не престануваше да зборува.Малку со себе, малку со другите.

“Алооооо...еј...свири уште една за мене...алооо...“

Жена му и ќерка му веќе беа во фаза кога им станувашесе понепријатно и понепријатно. Ама, мораа да молчат.Тој не престнуваше.

“Ало музикант, ела бе...што се правиш курназ...“

И така ѝ ја уништи омилената песна на Школската.Тоа е голем грев. И може трагично да заврши за него.Школската му даде знак на пит-булот на вратата дареагира. А јас ѝ дадов знак дека нема потреба.Јас сам ќе реагирам. Барем јас знам со моите колеги,пијаните будали. Мачните душички.

Отидов до неговата маса, ѝм климнав на жените вознак на поздрав, седнав до него и го прашав.

“Кажи бе брате. Што е работава. Што ти треба?“

“Ништо ништо, извини...сакав само да те прашамнешто, ама сакам искрено да ми одговориш, важи?“

Му реков дека важи, притоа мислејќи дека ќе мемалтретира за нешто околу телевизијата...

Page 117: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Конечно си ја кажа маката.

“Ти брат, стварно ли си педер?“

Пинки, кој за секој случај дојде до масата на којаседевме, само го фати за кошулата, го стана од местотои го извади надвор на скалите. Јас тргнав по нив.Тука, уште еднаш го погледнав во неговите загубениочи и го замолив да ми го повтори прашањето.

“Извини, не те чув добро таму. Што ме праша?“

Главата на семејството не се откажуваше.

“Па тоа бе брат, што друго. Те прашав дали си педерчекако што зборат сите и дали го примаш одпозади.“

Луѓе мои.Тогаш едноставно ти се кине филмот.

“Да. Педер сум. Да не е забрането? А ти, ако толкусакаш да се увериш во тоа пушти ми ги жена ти и ќеркати малку кај мене дома и ќе ти потврдат.“

Во тој момент, неговите очи полудеа.Почнаа да се превртуваат со ненормална брзина.Како да ќе умре. Но не.Замавна накај мене со пијан бокс, а јас му направиведна пијана ескиважа. Се заниша на скалите и почна даја губи рамнотежата. Јас, за да му помогнам побргу дападне, му ја акнав една точно меѓу рогови.

Page 118: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Тој се истркала по скалите.Пинки свика.

“Не брате, немој ти...ти не смееш. Пушти ми го мене.“

Луѓе мои.Сè што се случуваше од тој момент па натаму мененеодоливо ме потсетуваше на вестерн филмовите.Пинки го фати уште еднаш и почна да го изнесуванадвор од ноќниот клуб.На излезот, вратата им ја отвори Пит-булот. Главата насемејството се закопуваше се повеќе и повеќе во гомна.Како во жив песок. Му се заврте на Пит-булот и безникаква причина му се пушти како за борба.

“А што сакаш бе ти, мајмун еден?“

Замавна кон него, а кога професионалицот му ја фатираката во лет, тој едноставно...го плукна во лице.Стана многу опасно.Пит-булот се искриви од запрепастување.Поарно да примеше машки удар, отколку ова.Го фати за косата, го извади надвор на тревникот и готепаше едно... четири минути.А кога јадеш добар ќотек и една минута многу е.Знам по себе.Ужас.

Жената и ќерката врескаа во очај.

Page 119: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

После таа една и единствена рунда, на Главата насемејството му беше потечена главата.Бумбар.Вцрвенет во лицето од ќотек.А семејството вцрвенето од срам.Семејство со таква глава, нема да трае уште долго.

Гужвата заврши.Забавата се расипа.Полицијата дојде.Ние дадовме изјави.Тој даде изјава во болница.

Џандарите останаа на по една.А ние си отидовме.Зедовме пијачки и се качивме горе кај Школската.Таа живееше над “Пијанисимо“. Во истиот влез.Седнавме кај неа во дневната. Нејзиниот сакан бешенокаутиран на двоседот. Вратен од пат. Децата спиеја.

Запаливме уште по една.И се напивме уште по неколку.Јас веќе бев готов.Адреналинот и алкохолот се опасна комбинација.Школската стана сериозно сериозна.“Како издржуваш вака не ми е јасно. Има ли крај ова?Знаеш колку те сакам. Мораш нешто да направиш.Најди си некое девојче, среди се, смири се, скраси се...“

Ја слушав внимателно. Знаев дека ми мисли добро.

Page 120: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

“Еве, глеј го овој мојов...двоседот е неговиот живот...се курчеше, се занесуваше, се правеше луд, бркашежени и пак си дојде на своето. Дојди си и ти на своето,те молам. Направи нешто на што ќе бидам горда...“

Стана за да си легне.И јас ќе спијам тука. Во дневната. Со Саканиот.Школската ме бакна по косата и го покри со уште едноќебе својот Сакан на двоседот.Не издржа да не искоментира.

“Види го, жити се...пет дена на пат, па пет дена спие...ако му е, си викам, така му треба, нека се мачи малкузатоа што се заебаваше со мене, а тој и покрај сето тоаживее сигурно три пати поквалитетно од мене. Слушај,знаеш дека не сакам ти солам памет. Знаеш дека тесакам како брат. Ти мора да живееш убаво. Ти гозаслужуваш тоа. И што ако ти кажам дека си супер,дека си најдобар, дека жените те сакаат. Па ти го знаештоа. Она што не го знаеш е како да ја искористишдарбата што ти ја дале твоите гени. И не се заебавај, ќете убијам. Лека ноќ.!“

Каква жена. Сум знаел јас во кого се заљубуваам уштена осум години. Мајката сум си ја тракал.Преспав кај Школската.Одосно, се обидував да спијам кај неа.

Нејзиниот Сакан спиеше како заклан, а јас во еднафина полудремка размислував за тоа што ми го кажаШколската. За сè беше во право. Алал да ѝ е.

Page 121: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Само се плашам дека сево ова нема да ми текнува когаќе се разбудам. Затоа решив да не спијам.А ако заспијам, уште веднаш треба да се потсетам себеси да не заборавам на тоа.

Среди се, смири се, скраси се...Среди се, смири се, скраси се...Среди се, смири се, скраси се...

И најди си некое девојче.Тоа беше најважното.Добро.

Утрото дојде пред и да помислам на него.Саканиот се разбуди. Не се имавме видено.Тој беше еден од првите фраери во градот.Со школската се од деца.

“Кај си бе, ѕвездо?“

“Еве ме мене за срцето да не ви вене...“

“Ха, ха, ха...“

Идиотски штос. Глупав. Така комунициравме. Целататаа генерација. Кој ќе каже побесмислена реченица.Саканиот беше супер.

“Ти си супер.“

Му дадов комплимент.

Page 122: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

“Треба уште да бидеш мен, за да станеш супермен...“

Ха, ха, ха, ха, ха, ха, ха, ха, ха, ха, ха, ха...Штосов е леле мајко.

“Многу си ненормален.“

И тој ми даде комплимент.Погледна во ѕидниот часовник, се штрекна и почнамногу-многу бргу да се облекува.

“Задоцнив да му ебам мајката..еј, одам на состанок, тишто ќе праиш, да не си у фрка...не си? Кај е онаа мојанабештија? Ти јадеше гомна за мене? А? Дека ова сумбил, дека она сум праел. А? Кај е? Спие? Да, да...многуработеше, па сеа спие...кај е таа што ми ја еба мајката?“

Одеднаш и двајцата се шокиравме.

“Еве ја таа што ти ја еба мајката. И што ќе ти го заебе иживотот. Тотално. Еве сум. Ти треба нешто.?“

Школската се појави како лошиот дух.Ќе падне ќотек.Само не се знае кој ќе го јадеееееее...

Што ти е љубов.Не можат ни да се видат, а не можат ни еден без друг.Откачена работа.На некои луѓе не им треба алкохол...

Page 123: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Ќе ја послушам школската.Среди се, смири се, скраси се...Како мантра.

Дома си дојдов после не знам колку време.Станот беше хорор. Секогаш кога станот ми е таков,помислувам на Зоко. Само неговото живеалиште епонесредено, понечисто и поосамено...а штом ми текнена Зоко, пред очите ми излегува Молецот.И неговите зборови.Дека ќе станам како Зоко.Еве.Тој сум.Кутриот Зоко.Тој беше единица мерка за...осаменост.

И пак, како и во приказната за Кумот со колата,беше ден пред Нова година. Луѓе мои, не сте ни свесникакви глупости можат да ви се случат на ден пред Новагодина и на самата Нова година. Какви работи може дави предизвикаат тие два дена. Тоа се опасни денови.Денови што треба да се забранат.Да се укинат со закон.

Да потпише и Претседателот.

“Се укинуваат 30 и 31 Декември и како датуми сеисфрлаат од сите комерцијални и верски календари“.

..............................................................................................

Page 124: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

На средината од деведесетите, на овој ден, во доцнитевечерни часови, негде пред заспивање, добив еднаспецијална задача од “Жена ми не сака блуз“.Сè беше запишано на еден лист хартија.Набавка за Нова година.Содржината на хартијата изгледаше како ливче заспортска. Кецови, двојки, три плусови...Комплетен кетеринг за шест души.Утре кај нас ќе ја чекаме Новата година.Ние двајца, Тино со неговата побалетска половина иМики со Меланија. Или Меланија со Мики.Не е сеедно...

Списокот беше долг. А долг ќе биде и редот утре восупермаркетот. Сите можни идиоти слични на нас ќеодат да купуваат храна за новогодишните празници.Ама последниот ден. Тоа ќе биде лудница.Ќе мора да направам стратегија како ќе го изведам тоа.Мајко моја, каква каскадерска задача добив.Ќе биде забавно.

Утредента, уште пред влезот на супермаркетот восопственост на бизнисмени од државата на која несакам ни името да и го кажам, сфатив дека сум билво право. Цел град беше тука.Колективна деформација.Успеав да се пробијам меѓу предновогодишната толпа.Точно знаев каде одам.На средината од објектот имаше мало шанкче за одмор.И рекреација.Нарачав.

Page 125: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Со шанкерот го коментиравме нашиот менталитет.Сè да се правело во последен час.Плаќање сметки, стигнување на работа, доаѓање нафакултет, одење на забар, купување за Нова година...

Бев во трилема.

А. Да се напијам нешто па да пазарам?Б. Да пазарам нешто па да се напијам?В. Да се напијам добро па после да му ја мислам?

Одговорот е под В.А јас сум веќе на Ш.Мојата омилена пијачка на последната буква.

Чашата се почесто се празнеше, а супермаркетотконстантно се полнеше. Некој ме фати за вратот.Тоа беше Професорот.Мојот стар пријател.Кај си, што си, што има ново...Седна да се напие една со мене.Јас веќе збутав неколку. Дизната ми се отвори.Сега сум “ајншприц“.

Почнаа да се појавуваат сè повеќе познати и помалкупознати лица. Сите еуфорични. Честитки, желби,гушкања, подароци, капи, конфети, курци, палци...Некои од нив застанаа да ни се придружат сопрофесорот. Секој поединечно викна по еднапредновогодишна тура. Ура за оваа тура!Урааааааааааа!!!

Page 126: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Одеднаш, еве ти го братучед ми Марфи.И неговите закони.Марфи е многу гнасен играч.Се појавува кога најмалку го очекуваш.Се појавува кога не треба.Односно, се појави телевизиска екипа која за вечернитевести на својата телевизија снима анкета и репортажаза предновогодишното расположение во градот.

“Која е Вашата Новогодишна порака до граѓаните?“

Ме фатија жив.

“На сите граѓани на нашата Бивша им пожелувам сèнајубаво и сите желби да Ви се остварат и да има мирво светот и храна за гладните и лекови за болните ипиење за жедните и.......................................наздравје.“

Звучев како Мис на Земјата што воопшто немашепотреба да се открива.Самоубиство.Целиот шанк ќе не има на телевизија.Мори мајко.

Професорот немаше намера да излезе од клишето напредновогодишниот речник.

“Кај ќе одиш за Нова година?“

Тогаш ми текна зошто воопшто дојдов тука.

Page 127: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Не знаев што да му кажам на професорот.На крајот му го кажав тоа што ни јас не го очекував.

“Врска немам. А ти?“

“Јас ќе одам на Бистрата планина. Со две пријателки.Имаме уплатено во “Бензинскиот хотел“. Ај со нас.“

Ај.

Е па, брате Јелинек, ова е врвот на твојата теорија заделта фазата. Ова е тотално лудило.Што ти е алкохолот...

Се исклучив од мобилната мрежа.Околу четири часот попладне тргнавме.Кога тргнавме беше полумрак.Кога стигнавме тотален мрак.

Професорот и пријателките си истераа прослава.Јас останав во собата и заспав. Ниту јас ја дочекавНовата година, ниту таа ме дочека мене.Не излегов од собата пет дена.Надвор имаше метар снег.

Пред Божик, Професорот и пријателките си заминаа.Јас останав уште една вечер таму.А утредента со првата шанса му ја дувнав конДревниот град, па малку во Фенитаун, па малку повеќево Тримерија, па Змијарникот и...не се сеќавам повеќе.

Page 128: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Наредните десет дена ми се најголемата црна дупка вомојата богата алкохоличарска кариера.Домаќините ме шетаа како мечка од село во село,од кафана во кафана, од пеачка на пеачка...Спиев во некави сомнителни мотели, на сепариња подискотеки, во магацини, кај непознати луѓе дома...

Никој во Скупи не знаеше кај сум.Не ми ни беше важно дали знаат.

Е па брате Јелинек и овој пат беше во право.Делта алкохоличарот е алкохоличар по професија.Нема веќе апатија, летаргија, депресија...Можеби има, но ти не ги чувствуваш.Го чувствуваш само алкохолот.И тоа сè помалку.На крајот не чувствуваш ама баш ништо.Или можеби чувствуваш.Ама не чувствуваш дека чувствуваш.

...........................................................................................

Дома се појавив после Стара Нова година.

За да бидам принципиелен до крај, претходно отидовдо супермаркетот на бизнисмените од државата на којане сакам ни името да и го спомнам.Наполнив две големи кеси со намирници.

“Жена ми не сака блуз“ не кажа ни збор.Само продолжи да си гледа филмче.

Page 129: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Некоја комедија.Од драми и беше преку главата.

Никој никого не праша ништо.Никој никого не нападна.Никој никогаш не го спомна тоа...

................................................................................................

Луѓе мои.

Пак е ден пред Нова година. 30 декември.Само сега сум во многу порелаксирана ситуација.Конечно се прибрав дома после инцидентот во“Пијанисимо“. Сам дома. Како во филмот.Само што мене не ме напаѓаат лошите, смешничичковци. А и да дојдат да ме ограбат, тешко дека ќенајдат нешто што некој друг веќе не ми го ограбил, паго оставил за нив. Јас сум промашена инвестиција вобандитските кругови. Не ме чепкаат.

Дома сум и решив да ја послушам Школската.И да ја следам нејзината мантра.

“Среди се, смири се, скраси се...“

Дефинитивно заборавив на сонот.Извадив смрзната ракија.Нема спиење.

И се јавив на Ања Маче.

Page 130: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Тоа беше една од најлудите девојки во тоа време.

“Па кај си бе љубов.?“

Јас и бев платонска љубов.Можеби таа некогаш и ме посакуваше повеќе одплатонски. Јас барем знам дека секогаш ја посакувавповеќе од платонски. Знаевме дека тоа е погрешно.Ја сметав за повеќе од пријателка. Така и ја третирав.

“Еве сум маченце.“

А баш беше мачка. Мачкиште.Беше манекенка, фото модел и кореограф.Правеше откачени ревии.И имаше на располагање еден чопор мачки.Од кротки мачиња до лавици.

“Каде утре?“

Ања Маче не е куртоазна. Сака да знае.

“На плоштад маченце. Ќе ја водам програмата.Селска културно-забавна програма за широкитеградски народни маси. Ќе дојдеш?“

Одговорот го знаев.

“Немам друга работа. Љубов, ние ќе бидеме кај мене.А после полноќ одиме во “Пијанисимо“. Ќе дојдеш?“

Page 131: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

“Дали ќе дојдам? Ме заебаваш? Мачко, моето завршувадо еден саатот. Тогаш почнуваат ората, гајдите, зурлитеи тапаните...јас сум слободен и ете ме. А ако смеам дазнам, кои сте тоа “Ние“? А? Мацо, немој да си митаква, мистериозна те молам.“

“Не бе љубов, од тебе ли ќе кријам...јас и Цуци.Еве сме баш кај мене, се договараме. “

Мајко моја.Бев полуден по таа Цуци.Беше една од најекспонираните манекенки тогаш.Ме шашардиса.Ама Ања Маче не ја даваше. Љубоморна кучка.Морав да ја прашам.

“Уште е со дечкото?“

“Аха...

Не можеше да зборува пред неа.

“Е, кажи и дека од утре повеќе не е со него. Има уште24 часа да го батали. Или ќе се убијам веќе. А и неа“

“Ти добар си?“

Ања Маче ми ја менува темата.

“Дај ми ја на телефон.“

Page 132: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Ања Маче ѓубрето.

“Важи, чао.“

Смрзната ракија веќе наголемо се одмрзнуваше вомојот желудник. Ме отрезни. Ми ги отвори очите.Тоа не е добро. Уште ќе ме тера на пиење.А вечерва имам проба за новогодишниот настап.Сепак, ќе мора да се спие.Иако, научно е докажано дека спиењето е изгубенодрагоцено време. А животот кус.

...............................................................................................

Кога станав од попладневната дремка, зажалив штовоопшто сум се родил. Како сета тежина на овој свет даја носам на своите снеможени плеќи. Веќе доцнев.Надалеку познатиот професионалец почна да сеоднесува како чист аматер. Ма, дилетант.

Едвај ја преживеав пробата.Жените од хорот ме побудалеа.

“Кажи ни за овој...глумецов со брадата, кажи го...Стварно ќе ја оставел жена му заради онаа, пеачката?“

Па друга.

“Чекај, чекај, а овие водителиве на она...како севикаше...стварно се степале пред некој ден?“

Page 133: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

На крајот диригентката.

“Татко ви добар? Ние сме генерација од Музичкатаакадемија во Белградскиот Пашалук.“

Добро.

“Може да се сликаме со Вас? Целиот хор?“

Ах, тоа пусто сликање. Да земав по една металнапаричка за секоја фотографија на која сум се сликалсо своите обожаватели, досега ќе бев тајкун...

Триесет и осум пензионерки и јас...Фотографија за историјата.Јас млад, згоден, неопходен...А тие...сите заедно имаат над 2000 години.Колку Исус.

..........................................................................................

Душата ми дојде на место кога си дојдов дома.Звучи чудно за мене, ама навистина така беше.

Главата уште ми бучеше од тетките.

Го изгаснав светлото, го пуштив телевизорот на тивкои решив да спијам. Утре е Нова година.Сабајлето морам да присуствувам на колективнатапосета на Домот за децата без родители.Ако ние не им отидеме на тие деца, никој не им оди.

Page 134: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

После тоа ќе одморам, па легнувам во када и вечертасум на плоштад, на централната прослава.

А потоа во “Пијанисимо“. Со Цуци.И Ања Маче.Подобро друштво за првите часови од Новата година,не можеш ни на сон да посакаш. Екстра.

На телевизија, по обичај немаше ништо.На сите три можни програми.Прва, втора и трета програма.

Нема подобар начин да заспиеш од третата програма надржавната телевизија. Како приспивна песна.Очите почнаа да ми играат во РЕМ фазата.Сиот замор од последните неколку денови гопочувствував токму тогаш. Бев скаменет од него.

На третата програма фатив некоја патеписнарепортажа. Пештери, рекички, цркви, манастири...И тогаш му се препуштив на ужасно здодевниот имонотон глас кој не водеше нас гледачите низ оваа новаавантура. Таман отпатував и јас со него во таарелаксирачка прошетка, некој заѕвони на вратата.

Го погледнав саатот.Скоро полноќ.Па која е оваа будала сега?Погледнав низ окцето.Не ми се веруваше.

Page 135: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Погодив дека е некоја будала.Само оваа не е некоја будала.Тоа е истата будала од вчера.

Главата на семејството што сакаше да биде фраер преджена му и ќерка му. Демек, гледајте сега како ќе гозаебавам педерот. Што ќе му направам.

Аха. Ама утре, од сабајле.

Мирисаше на алкохол и преку вратата.Му ја отворив.

“Што бараш ти овде?“

Очигледно беше дека не е дојден да се тепа, затоа штои вчера го проба истото, а последиците од тоа му беавидливи на неговот помодрено и избезумено лице.Очите му беа скоро затворени.Како на Кинез.

“Дали знаеш ти што ми направи?“

Пак јас виновен.

“Освен што ме провоцираше пред сите, а јас тенокаутирав заради тоа, на друго и не сакам да сесеќавам. Сам си го бараше бе, брате.“

“Знаеш ли дека заради тебе не можам дома да сиодам. Знаеш дека заради тебе жена ми ќе ме остави?“

Page 136: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Заради мене или заради себе, будало една?Мајко моја...

Се уште му бев лут за она вчера, иако тогаш најважноод се ми беше да си легнам што поскоро.

“А бе, човек. Не разбирам што кур сакаш ти од мене.Ај остави ме малку на мира, и оди си дома, те молам.“

Конечно и јас некого да го испратам дома.

Му ја затворив вратата пред скршениот нос ипотечената глава. И ја заклучив.За секој случај гледав низ окцето за да го видамнеговиот следен потег. Потегот му беше очајнички.

“Педер, ме слушаш? Ќе те убијам, ме слушаш ли бе...?“

Викаше низ ходникот.Е, не можев повеќе да издржам.

“Ќе ми се фатиш за штафетава.“

Тогаш збесна.Се залета едно три-четири метри од вратата, се затрчакако да ќе ја руши со нозете или ќе ја обива со рамото.На крајот следеше изненадување.Така затрчан и залетан ја удри вратата со главата.Главата на семејството, со потечената глава, удри соистата таа глава толку силно што во тој момент

Page 137: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

помислив дека ќе ја пробие бариерата исправена преднего наречена влезна врата.Башка од оние блиндираните, што бомба не ги бие.

Ебати тврдата глава.Ебати блиндираната глава.Ебати глупавата глава.

Падна на бетонот.Ја отворив вратата, божем да му помогнам.Вратата ми личеше на онаа од Петок 13-ти.Целата облеана во крв. Изгледаше грозно.Вистински хорор.Дојдов до несреќникот, се обидов да го подигнам, а тојво знак на благодарност ми се развика уште еднаш итоа со потполно неартикулиран крик.

“Пееееедееееер...“

Беше толку многу пијан што беше тажно.Не можеше ни да стане.Беше беден и беспомошен.И скршен.И гласен.

“Пеедер еедеен...“.Целиот влез стана и излезе по пиџами.Како кога има земјотрес.

Page 138: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Овој удар со главата на Главата на семејството вовлезот на мојот скромен дом, делуваше на моитенесреќни соседи како вистински земјотрес.Господ знае колку по Рихтеровата скала.На скалите во влезот одеднаш настана врвулица.Сите тетки, стрини, вујни и баби излегоа од становитепо своите ноќници. Ходникот изгледаше како моднаревија за пиџами и спални тоалети.

Циркус.Монти Пајтон гомна да јаде.

Многу ми беше непријатно од колегите соседи.Бев нов во нивниот влез и не сакав никакви проблеми.А ова беше проблемиште. Во ниедно време.Некој предложи да викнеме полиција.

“Немојте ве молам, вчера се расправавме со нив.“

Ги замолив да не ја правима “голема“.А поголема од оваа – здравје.

Уште еднаш го погледнав јадникот.Седнат на скалите, со рацете фатен за шипките одоградата, со наведната глава и плаче најтажно штоможете да замислите. Веќе беше наполно во аут.Во гол-аут.

Тогаш стана некако, се исправи на нозете што едвај годржеа и кога сите очекуваа нова експлозија, тој само сезаврте и без да прекине со плачењето си замина...

Page 139: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Шуќур.

Им се извинив на станарите, им пожелив лека ноќ,ги поканив утре на селската приредба и влегов дома.

Господе Боже, што се случи...

Еве жив доказ што се алкохолот може да направи одтебе. Еве сцена која потврдува дека кога си начукан,ништо не зависи од тебе. Сè е во рацете на алкохолот.И неговите малигани.

Ајде да спиеме.Никогаш така не сум му се радувал на креветот.Освен кога сум бил со некоја кандидатка на која сум исе радувал како детенце на лижавче.Како Оџа на бајрамската баклава.

Само што почувствував комплетно опуштање наорганизмот, спокојство во душата, мир во собата,во влезот и зградата, од надвор се слушна:

“Пееедеееееер.“

И пак.

“Пееедееерчеее.“

Нема крај ова.Нема спас од ова.Нема резон ова.

Page 140: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Решив ништо да не преземам.Ќе заспијам, па макар тој викал до идната година.

............................................................................................

Утредента бев нов. Кукурек.Што ти значи сон. Не дека нешто сонував, ама доволное што низ магла го замислував кутриот човек како наминус неколку седи на клупата и се дере.

“Пееедееер...ќе видиш ти...ќе видиш кој сум јас...“

Видов брате, видов.Поарно да не видев.

..............................................................................................

Станав рано за да стасам на време кај дечињата воДомот. Само тие знаат да ми се израдуваат така.Им ги поделив пакетчињата, ги натерав да си замислатпо една желба и им ветив дека ако бидат добри воНовата година, таа сигурно ќе им се исполни.Така ме лажеа и мене кога бев на нивни години.Јас им верував.Овие несреќни дечиња знаеа дека тоа е само фраза.Нешто што секогаш им се кажува на овој ден.Нешто што никогаш не им се исполнува после овој ден.

Потоа, отидов до дома да ја земам гардеробата со којавечерта ќе настапувам и ѝ ја однесов на Школскатада ми ја испегла. Еби ја Нова година.

Page 141: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Сакам вечерва да бидам згоден.Само за Цуци.

“Уште да те пеглам. Да не сакаш и да те дојам?“

Школската е уау.Жена и пол.

И додека таа ме средуваше за вечерта, јас почнав да сесредувам за вечерта. До вечерта.

Џабе таа пеглаше.Јас прописно се испеглав во домашна атмосфера, содомашна ракија од татко му на нејзиниот Сакан.За инает на оваа стара, грда, тешка, неподнослива инеповторливо несреќна година.

Со триста маки се довлечкав до плоштадот.

Беше студено како во разладна комора.Луѓето дојдени на прославата беа скоцкани одтаа неприродно ладна, Сибирска атмосфера.Се движеа многу чудно. Лево-десно, како пингвини.И не бираа средства за да се стоплат.

Ние, учесниците во програмата бевме малкупопривилегирани од нив. За влакно.

Прво, имавме греана ракија.Тоа е најдобриот лек за вакви ситуации.Лек што ги победува сите температури на овој свет.

Page 142: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Второ, бевме збутани во една импровизирана барака,специјално подигната за нас, како гардероба и место започинка, седнати покрај едно мало ќумбенце на дрва,стрпливо чекајќи го својот ред по сценариото...

И така...Влези-излези.Излези-влези.Како нас, денешниве пушачи.Надвор-внатре.Внатре-надвор.

Јас најмногу од сите.Морав да го најавувам секого поединечно, па дури ионие најанонимните пејачки и квази пејачи.

Влези-излези.Од минус десет на плус триесет. И обратно.

Мислев само на “Пијанисимо“.И на Цуци.

И одеднаш, токму во моментот кога завршив сонајавата на говорот на скупскиот Градоначалник,нешто ме заслепе во таа темна и опасна ноќ.Лајт-шоу во мозокот.Трпки по рацете.Инсекти во стомакот.Оловни шипки на нозете.Болка во ноктите.Крах.

Page 143: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

И...се струполив покрај ќумбето.

Старата година ми наплати за сите гревови направенивремето на нејзиото владеење, а и за сите оние штоимав намера да ги направам во наредната година,нејзината прва и единствена наследничка.

................................................................................................

Не се сеќавам кој ме донесе до болницата.Се сеќавам само на тоа дека таму беше преполно одалкохолизирани деца, издрогирани тинејџери ивозрасни кои сакале малку да се подмладат, ама сезаебале. И тоа гадно.

Екагето ми изгледаше како запис на тектонскопореметување во сеизмолошка опсерваторија.Притисокот милион со милион.Ми шибнаа во газот сè што ми следуваше.

“Морате да полежите малку на креветов, инаку имашанса повторно да паднете, да колабирате...“

Си реков, а бе сестро една медицинска, ти дали синормална што зборуваш? Мене Цуци ме чека.

А неа ја чекаше цел еден баталјон непослушни,возрасни дечишта, кои за оваа ноќ одлучија да сеоднесуваат како кучиња пуштени од ланец.А не ми беше добро.

Page 144: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Ја послушав сестрата и решив да ги одлежам своитенепланирани триесетина минути.Лежев како мумија.Погледнав низ прозорецот во дворот на болницата.Одеднаш темницата се престори во силна светлина.На небото експлодираше првата ракета од огнометотна плоштадот.Новата година ни кажа хелоу!Со среќа нека ни е!

“Ви пожелувам се најубаво. Од срце. Многу здравје,успех во работата и среќа во животот. Само ве моламда останете во креветот додека инјекцијата потполноне ви ја стабилизира состојбата ...“

Сестрата нејзина медицинска.Ем ми честита Среќна Нова, ем пак ми држи лекција..

“Среќна нека Ви е и Вам, сестро. Само...сакав да вепрашам нешто. Кој ме донесе тука? Има ли некој тамуво ходникот да ме чека. Некој од екипата?“

“Нема, жалам. Госпоѓата си замина.“

Опааа...имало и госпоѓа.Господинот го донела госпоѓа.Која и да била, алал да и е.Ме оставила како мајка која родила непланирано дете иго фрлила пред прагот на некоја куќа.

Сестрата ми понуди колаче.

Page 145: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

“Земете шеќер. Ќе ве подигне.“

Сестро моја медицинска. Мене може да ме подигнесамо мојата пијачка, во моето “Пијанисимо“.И мојата Цуци, што сè уште не е моја.

Кога сестрата ја напушти собата, прво и единственошто ми текна е...да бегам. Да фаќам џаде. Фитил.Така и направив.

Избегав низ единствениот прозорец во собата.Во тој момент мојот единствен прозорец кон светот.

Надвор сè беше исто како и лани.А дошла Новата година.Та големи јајца.

Додека се обидував да сопрам некое такси предболницата, застанав покрај еден стар чичко којпродаваше врели костени, семки, сусам, леблебија,сончоглед и...зашеќерени јаболчиња.Старецот изгледаше несреќно.Како да не знаеше дека е Нова година.Кој знае што мака имаше.Решив да го расположам.Ќе му направам малку промет.Му ги купив сите зашеќерени јаболчиња од тезгата.Од несреќен стана пресреќен.Не му се веруваше.За сите мои блиски во “Пијанисимо“имам по еденпригоден подарок.

Page 146: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Јаболче на стапче. Зашеќерено.Скупски специјалитет на куќата.Двете најубави ги сочував за Ања Маче.И Цуци.Две јаболчиња со шеќерчиња за моите шеќерчиња.

Во “Пијанисимо“ беше апсолутно “Фортисимо“.Ања Маче со Цуци, а Цуци без дечкото.Нова година, нови правила.Поздравувањето, честитањето и бакнувањето со Цуцибеше чист секс. И повеќе од тоа.

Баш им се израдуваа на шеќерните јаболчиња.Мене никој не ми се израдува. Освен Школската.Заедно со неа, скришно ја гледавме Цуци како го лижешекерот околу јаболкото. Тоа го правеше толку слаткои секси што за прв пат во животот посакав да сум еднообично, зашеќерено јаболче петровче.

“Оваа ли е таа?“

Школската правеше рутинска проверка.

“Таа е.“

Одговорив потврдно, во исчекување на нејзиниотстручен коментар. Школската не се мислеше многу.

“Може. Носи.“

Таа ноќ ќе ја запаметам засекогаш.

Page 147: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Заради Цуци ќе умрев за малку.Па што.Ако треба, за Цуци...пак би се родил.

................................................................................................

................................................................................................

Новата година навистина ми донесе убави работи.Просто да не поверуваш.Многу нови ангажмани, ново, поубаво станче на уштепоубаво место и...ми ја донесе Цуци.

Мајко моја, колку бев полуден по таа девојка.Дури и признав и на мајка ми, лично.

Цуци и јас. И Ања Маче како баланс.Од самиот почетокот излегувавме во тројка.Лажам.До самиот крај излегувавме во тројка.Како патрола.Јас бев началникот на патронажната смена, а мојатаЦуци и Ања Маче беа две приправнички на обука.

Секоја вечер се појавуваа со нови крпчиња од увоз,со ексцентрични фризури, високи штикли и нормално,неизбежните чипкасти црни чорапи.Изгледаа како да имаат по два метра и кусур.Бевме најсекси тројка на скупскиот ноќен живот.Иако, рака на срце, морам да признаам дека јассериозно го расипував просекот.

Page 148: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Патролиравме по скупските клубови и дискотеки,Лудувавме низ чаршијата, лумпувавме во паркот,Со посебна назнака на “Пијанисимо“Во тројка “настапувавме“ во ЦМЦ.Јас свирев, а тие присусутвуваа.

Ми беше лудо и незаборавно.И напорно.Тоа требаше да се издржи.

Сево ова и плус не застанував со работа.Театар, телевизија, радио, естрада...

Ања Маче, Цуци и јас постојано бевме заедно.Трите прасенца.Ние за среќа, немавме волк во приказната.Ние имавме дрги, поопасни животни во нашитеживотни приказни.

Мене Цуци ми беше женска, иако не ни беше свесна.Многу ми беше драга.Дали јас и бев драг на Цуци,тоа подоцна ќе ви го кажам.

Различно си ја покажувавме љубовта.Ако тоа воопшто беше тоа.Јас најотворено, таа најсрамежливо што може.Љубов.Некои луѓе премногу често си дозволуваат да ја ставаатљубовта во секоја реченица. Понекогаш и без врска.

Page 149: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Ќе ја спомнат љубовта во некој контекст кој воопштоне е соодветен и мислат дека со тоа завршиле работа.Грешка, луѓе мои.Љубовта не е збор за во прости реченици.Љубовта е простопроширена.

Ако го чита ова, Цуци сигурно ќе се препознае.Ни денес не е свесна колку нејзината појава, не какофизикус, оти тој не е спорен, туку како исцелител,позитивно влијаеше на мојата лабилна личност.

Решив да се откачам од апаратите за коцкање.Со години бев приклучен на нив. Наместо да меодржуваат во живот, ми го ебаа животот.Ама сега почнав да дишам и не ми требаат апарати.Мојот апарат против сите апарати беше Цуци.Цуци ми ги замени сите четири дами од шпилот.Башка ни една од нив не е поубава од неа.Цуци несакајќи ме натера да намалам со алкохолот.Драстично.Не ми треба повеќе опивање.Мене Цуци ме опива со самото нејзино постоење.Пиев само невечер, откако ќе ги завршев сите обврски.И тоа беше голем успех.Конечно се прибрав дома.Нема повеќе лутање и талкање низ градот, спиење нанеидентификувани простори, дружење со вонземјани...

Намалив со сè, освен со љубовта кон Цуци.Е, тука дадов гас. До даска. Луѓе мои.

Page 150: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Не знаете колку многу време ми требаше да соберамхраброст и да ја бакнам. Мислам, филмски...

Цуци или мислеше дека сум обратен или не знам што...

Првиот филмски бакнеж со Цуци го имаше истиотефект како и мојот прв филмски бакнеж во животот.Тие неколку секунди не се забораваат, нели?

Знаевме да се љубиме со часови.Како гимназијалци.Од прва година.Се гушкавме како децата бегалци кога ќе се сретнатпосле дваесет и повеќе години. Вратот на Цуци бешеизработен од најфина свила. Мирисаше на секс.Цуци беше толку многу секси што зборот “секс“ бешепрвата и единствена асоцијација за неа.Кај сите дечки во Скупи.

Јас не бев еден од нив.Мислам бев, како не сум бил, само не така како нив.Јас воопшто не размислував за тоа како ќе ја однесамЦуци во кревет и како ќе водиме љубов.Не ми беше битно што побргу да го направиме тоа.Туку колку побавно да дојдеме до тоа.

Мислев дека сексот ќе расипе сè.Не заради тоа што јас бев лош љубовник, туку зарадитоа што можеше да се случи желбата и страста за Цуциодеднаш да исчезнат. И никогаш да не се вратат...А тоа би била катастрофа.

Page 151: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Тоа што требаше да биде најголемо задоволство,одеднаш стана проблем. Голем, ама сладок.

Тогаш, дојдоа моите пет минути.И во театарот и кај Цуци.Ја добив главната улога во новата претстава на мојоттеатар. “Кому му припаѓаш“. Од Наско Сашев.Однапред се знаеше дека ќе биде хит.Тоа беше вистинска пресвртница за мене. Конечно даги убедам неверните томовци кои имаа длабок сомнежво моите театарски квалитети. Јас во ова видов шансадефинитивно да им покажам и докажам дека пораснав.Театарски пораснав.Толку многу ѝ се посветив на мојата улога што и послепробите од сабајле јас продолжував да се однесувам солуѓето како да се ликови од претставата. Тоа го правевне затоа што сум луд, ни заради тоа што се фолирамдека тотално сум “влегол во улогата“ како што велатактерите, туку од најобична од забава. Од ташак.На Ања Маче и ги кажував репликите кои вопретставата требаше да и ги кажувам на мајка ми,а Цуци нормално, ми беше спаринг партнер во ситељубовни сцени. И така сè до премиерата.

Цел град дојде таа вечер.Можеби најубавата дотогаш во мојот живот.

Тотален успех.Публиката полуде.

Во првиот чин умреа од смеење, а во вториот од солзи.

Page 152: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Колективно плачење.Како во Ерусалем, на ѕидот.Плачеа сите. Од гардероберките до Претседателот.

Аплаузот беше најдолгиот оргазам кој сум годоживеал. Не престануваше ни по премиерата.Оргазмот, не аплаузот.

Дојдоа Цуци и Ања Маче.Изгледаа како од црвениот оскаровски тепих.Авиони.

Ми донесоа бронзен Буда!?Ден денес, не можам да им ја сфатам пораката штосакаа да ми ја пратат со тоа. Но не е ни битно.Будата е во седечка положба, со дебело мешенце.Ако мислеле на тоа, тогаш океј.Нека им биде.Важно и двете беа воодушевени.Цуци прв пат ме гледаше во театар.Беше многу возбудена.А и јас заради тоа.

Тргнавме на коктелот.На влезот во салата Ања Маче направи еден сосеманеочекуван потег. Се заврте кон Цуци и мене и рече:

“Ќе бегам јас. Будата ќе го земам со мене, за да не випречи. Уживајте во успехот.“

Ми намигна под око како само таа што знаеше. Срцка.

Page 153: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Сакаше да не остави сами. Да уживаме еден во друг.Со Цуци влеговме внатре.Кога ја видоа, моите колеги веднаш почнаа со своитетрадиционални гомнарски финти што ти ги праватсекогаш кога ќе донесеш нова женска во театарот..

“А бе луѓе, не ви мириса на риба?“

“И тоа на добра риба.“

“Ајкула бачко, ајкула“

И други такви кретенизми.

Сто пати зажалив што ја донесов.

................................................................................................

Пролетта нападна како вирус.Вирусот што го шири скупската пролет е веројатноединствениот здрав вирус во медицината.

Градот изгледа како сликовница.Сите бои во еден град.Унајтед колорс.

Сè расцутува.

Девојките ги облекуваат своите тесни маички.На голо.

Page 154: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

А под нив брадавичките им набрекнале како пупки.Ги извадиле своите мини сукњичиња од бункерите итолку безобразно се шетаат по улиците облечени така,што ти доаѓа да ги собереш сите на едно место и убавода ги исплескаш по газињата затоа што се немирни.Многу немирни.

И тие...и газињата.

Во мое време, Скупските девојки напаѓаа во групи.Како Амазонки.Се држат за рацете и така кокетно се смеат што гинадгласуваат и брмчењето на распаднатите авобуси,татнежот на банкротираните фабрики и сиот онојнеразговетен и монотон жагор кој го создаваатилјадниците приказни што кружат тој ден низ градот.Некои од нив беа за Цуци и за мене.

Во тоа време во мојот град има најмногу сообраќајнинезгоди. Скупските девојки се виновни за тоа.Им ја киднапираат концентрацијата на возачите инастанува хаос. Ланчани судари. Скршени излози.Скопските девојки треба кривично да се гонат.Да се казнат што го загрозуваат јавниот ред и мир.

Цуци е една од најбараните за линчување.Кога се шетавме низ градот, таа на своите високипотпетици отскокнуваше од околината и одеше двапати посигурно од мене во моите стари и скороискинати “старки“.

Page 155: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Имаше бел накит на своите раце, жабарска чантичка,свилена шамија и мачкасти очила за сонце.

И зошто луѓе мои, секогаш кога ми е толку убаво,помислувам на алкохол? Демек од среќа?Не ми е доволно ова?Некои луѓе пијат кога им е тешко.И мене ми се пие кога ми е тешко.Ама и кога ми е убаво.Како со Цуци.

Еден Април, Јули ни дојде малку на гости и не почестисо своите надалеку познати производи од асортиманот“жешко не се трпи“, “спарно не се дише“ и “страшно“.

Со Цуци седнавме во една убава и предвреме отвореналетна бавча и уживавме сами покрај Вардарот.Газдата не пречека Холивудски.

“Оној глумецон со онаа манекенката“.

Не почести од прва.Цуци ги истовари од себе сите додатни елементи одсвојата гардероба. И тоа на масата.Сламената шапка, чантата, шамијата, па дури и своитемачкасти очила за сонце. Без проблем.Цуци не е риба што ги крие своите очи.Тоа го прават другите риби.Другите риби не смеат да ги извадат своите кокошкиниочила за сонце. Имаат кеси под очите.

Page 156: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Цуци нема ништо под очите.И тоа без шминка.Другите риби имаат сешто под очите.И тоа со шминка.

Уживавме.

Цуци ме држеше за рака.А јас со другата ја штипкав по образите.Имаше најубави на светот.Градска идила.

И мора нешто да се расипе.Марфи се појави.А со него се појавија и една плејада ликови како одскриена камера. Со намера.

Прво газдата ни се закачи со молба неговата ќерка даседне на нашата маса. Па таа малку го извади комплетшопингот, па Цуци и помагаше со своите стручнимодни совети, па јас и газдата и преминавме на нештоконкретно. Со многу мраз.Па се појави една новинарка...Една новинарка некако се издржува.Ама неколку новинарки не.

Па се појавија уште неколку новинарки.

Па просјачиња, па три за сто...хаос.Елементарна непогода.Ем е жешко, ем тие ти го прават уште пожешко.

Page 157: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

И плус алкохолот...Газдата викна уште една тура.

Цуци ме погледна остро без своите очила.Договорот беше дека пијам само навечер.Јас и одговорив со еден далечински бакнеж.

Ама ѓаолот е педер во душата.

Такво брзинско опивање заслужува повик ворепрезентацијата. За на Олимпијадата.

Келнерот дотрча со апаратот.Ех, да го имавме тогаш “фејсбуко“...Фотки, фотки фотки...Пијани, разбушавени, разлигавени...

Новинарките се расцерекаа, ќерката на газдата гоистури кафето, газдата порачуваше уште...

И за да биде се комплет, гомнарот Марфи ми го пратии своето последно пролетно изненадување.

На летната бавча се појави и една моја бивша...Со која ги немавме расчистено имотно-правнитеодноси. Таа со месеци ме прогонуваше низ градот за дами соопшти дека всушност јас сум му билошки таткона детето што таа го носи како кенгурче во својатабилошка торба. Ама пред да ме најде да ми соопшти,таа веќе му имаше соопштено на целиот град.Градот ми соопшти мене.

Page 158: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

А не сум ја видел повеќе од двапати.А сум ја онадувал еднаш.А еднаш, ко ниеднаш, нели?Ама не во мојот случај.Кај мене е “еднаш ама вреднаш“.

Мајката на “наводно моето дете“ седна без да праша.Каква сцена.

Што можев да направам?Да нападнам трудна жена?

Таа беше многу гласна и неподносливо безобразна.И вулгарна.Цуци збесна.Обравчињата и се зацрвенеа на деветка.

Станав, ја бапнав последната пијачка на екс.

“Одиме.“

Ја потегнав за раката како најголемо сељачиште.Цуци ме погледна како никогаш до тогаш.Не и се веруваше.Само што таа не знае дека тоа не сум јас.Тоа е алкохолот.Цуци стана и тргна кон излезот. Јас по неа.

“Каде ќе одиш?“

Page 159: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Праша мајката на “наводно моето дете“?

“Јас кај сакам а ти оди лечи се, пичка ли ти мајчина.“

Луѓе мои.Едвај стигнавме до колата.Цуци напред, јас по неа.

“Застани.“

Цуци застана, се заврте кон мене како во лош филм.

“Не можам. Ова е премногу за мене.“

“Извини, те молам...“

Не знаев што да и кажам.Тогаш, за прв пат и кажав дека ја сакам.

“Доста бе, будало една.“

Влеговме во колата.

“Кај да возам?“

“Кај сакаш. Само вози. Имам нешто да ти кажам.“

Цуци ќе ме проси. Сто насто.Излеговме на булеварот.

“Добив стипендија. Одам на подолго.

Page 160: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Штама.

Е па, брате Јелинек, толку трае пролетта во мојот град.Таман ќе расути, одеднаш сè почнува да се суши.

“Кога тргнуваш?“

“Задутре“

“Убаво.“

Тоа беше сè што ми текна. Убаво.Па и убаво е што мојата Цуци ќе ја види Земјата штонемаше потреба да се открива. И ќе научи нешто.Не е убаво што вака дознавам.

Ја однесов дома.Излезе од колата без збор, а јас останав без зборови.

И се јавив на Ања Маче.Да и покукам малку.Да и кажам колку ја сакам другарка ѝ.

“Маченце, ти си ненормален.“

Вечерта се дотепав.Ања Маче ми правеше друштво.Цуци уште незамината, јас остарев.

Утредента се разбудив многу доцна.Главата ќе ми експлодираше.

Page 161: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Не ми беше до ништо.А се случи ептен нешто.

На вратата се појави Цуци.Излезена од дома по тренерки и патичиња.Влезе во дневната.

“Да не е глупаво што дојдов вака?“

Од љубов и кажав.

“Ти си глупава.“

Седна на троседот.

“Дојдов да се поздравиме.“

Луѓе мои.Тоа се оние моменти во животот кога знаеш дека тојсо кого седиш во моментот го гледаш за последен пат.Се гушнавме силно.Почнавме нежно да се бакнуваме.И тогаш, го направивме тоа што го одложувавме сонедели. Со месеци. Со милениуми.

Водевме љубов.Односно се обидовме во тоа.Односно јас се обидов.Тоа беше токму она од кое се плашев.Сета љубов, желба, страст и жед за Цуци се споија.Во едно.

Page 162: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Крајот на прикаската се случи уште пред да почне.

Госпоѓицата Ерекција и го отстапи местото на далекупоискусната расипувачка на убави моменти, старата иподла Госпоѓа Предвремена Ејакулација.

Марфи, еби си мајката...

Крајот делото го гнаси...

Толку ни беше непријатно и на двајцата, што незнаевме како да се однесуваме. Особено јас.Цуци само ми ја разбушави фризурата.

“Многу ми е жал. Чувај се. Одам.“

И си замина...

Знам сигурно дека не ја повредив.Таа мене многу.За неа бев подготвен да оставам сè.И да земам сè...што животот ми го нуди.

Ќе ја чекам.За Цуци бев подготвен и на целибат.Ќе ја чекам како мене што ме чекаа од војска.Се викаше Атина.И раскинав со писмо.Фраер.А таа беше супер.Денес има три деца.

Page 163: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Сè уште се насмевнувам кога некој ќе ми ја спомне.Атина.Вистинското име и е еден сосема друг град во државатана која не сакам ни името да и го спомнам.А Цуци е во земјата што немаше потреба да се открива.Живот.

Утредента се јави Дебелиот.Да сме правеле претстава.На сета збрка што ја имавме, уште тоа ни требаше.Нова претстава.Истата екипа која и онака секој ден е заедно.И башка обезбедена е добра паричка од спонзори..Ќе сме пробале кога ќе сме имале време.Значи никогаш.

Коце, Ганчо, Кумот, Џоџо и Дедо мраз.Плус чичко Куплунг.И јас.Така се случи “Оркестарот“.Дебелиот го викна Наско Сашев.Тој тогаш беше во подем.Неговите први два драмски текста што Дебелиот гипостави во театарот, ќе станат големи хитови.За “Кому му припаѓаш“ се бараше билет повеќе.За “Шприцер“ исто така.А мојата пијана маленкост ги играше главните улоги.

И така, Наско направи драматизација, јас ги направивсонговите, а моите колеги направија ршум.Беа најсекси женски оркестар на планетава земја.

Page 164: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Само јас си останав машко ѓубре. До крај.

Орекестарот беше погодок во центарот на метата.Популарноста на претставава растеше од ден во ноќ.Во некои градови игравме како кино “Напредок“.Од седум, девет и единаесет навечер.

Златно време.

Проблемот беше во тоа што дејствието на претставатасе случуваше, замислете каде?Во кафеана.Кога свири оркестарот, свири и пее.Ама кога одмора, тогаш трачари, се кара и пие.Истo како во реалниот живот.

Е, тоа ме скина.Наместо сок од јаболка или обична вода кои се ставаатво чашите на сцената за да изгледаат како вистинскиалкохол, јас ставав замислете, вистински алкохол.Сега имав друг проблем.Морав да пијам и за време на претставите.Цуци ја нема, договорот не важи...

Значи нон-стоп бев на алкохол.Освен кога спиев.Мислам, и тогаш бев на алкохол само што тој спороиспаруваше. Имав лошо согорување.Почнав да се гушам во спорогоречки дим.Почнав да живеам во магла...

Page 165: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Ефтини хотели, заборавени клучеви, ситни лаги, жениод сите врсти и подврсти, кавги, бламажи, скандали,расипани пријателства, обновени непријателства,правдања, правдања, правдања...

Деведесетите на сите ни донесоа независност.

Мене зависност.

Сите работевме како аргати. Само што јас плус и пиев.Како најмлад во екипата, немав морално право да себунам што немаме ни еден скапан ден одмор.Ама затоа ги замолив нив да на се бунат заради мојатастрасна врска со алкохолот.Во тие малку часови што ни преостануваа, играв комар.Па свирев.Или свирев, па играв комар.

Почнаа проблемите.На сите страни.

Цуци ја нема...Не се ни јавува.А не беше таков договорот.Требаше да се јави и да ми го каже бројот.За да можам јас да ја барам.Во најлошо време ми го правеше ова.Имав работа преку глава и секој слободен моментседев дома и чекав.

Поминаа две недели а Цуци никако не се јавуваше.

Page 166: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Ах, земјо проклета, земјо далечна, земјо што немашепотреба да те откриваат. Да ти се запусти куќата.

На Ања Маче сто пати и се јавив. Ја натерав да гипраша нејзините и да им го побара телефонот.Мене, нормално ми беше глупаво. Затоа што, уштепонормално, нејзините не смееја да знаат за нашатаврска која за нив би била тотално без врска.

“И се јавив на мајка и. Божем не знае. Јас лично,мислам дека ме лаже. Мислам дека е заради тебе.Знае дека сме блиски. И да го знае, нема да го даде.“

Ања Маче не ми звучеше уверливо.

“Да не ме дупиш?“

Не верував во тоа.

“Тебе маченце?“

Вечерта излеговме со Ања Маче.Бев многу тажен.Алкохолот ми помогна. Да бидам уште потажен.

Ања Маче преспа кај мене.Само онака.Другарски.Кој знае кај ли е денес?Како добро би ми дошла сега. Со овој ум.

Page 167: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Пак почнав многу да пијам.Бев повреден. И лут.

Летото ја отвори сезоната во градот.А градот ја отвори сезоната во паркот.Една вечер ми се јави Зајакот. Прво ме опцу три пати,а после тоа ме викна на информативен разговор.Ќе отвора летна дискотека. “Кубана“.Во паркот.Ми ја кажа идејата за тоа што треба да направимепред да се отвори дискотеката.

Се најдовме таму. Дојде и третиот компањон.Жипе.Уште еден љубител на алкохолните раствори.

Зајакот и Жипе се шемата во Скупи.Они палат, они гасат.Што и да се отвореше во нивна режија, беше шема.Зајакот и Жипе.Дечките наречени “20 проценти“.Од угостителското катче што го менаџираат.

Денес секој има свое.

Прво ми го покажаа просторот. Беше огромно.Мајсторите работеа на случајот.Потоа испивме кило од нашата омилена пијачка напоследната буква. И го смисливме планот.

Ќе направиме бенд. Тоа тогаш беше во тренд.

Page 168: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Ќе се вика “Кубана“. По дискотеката.

Отидовме кај мене.Се допингувавме како што ни доликува, јас ја направивпесната, Зајакот го довори студиото за снимање, Жипесе погрижи за соодветна количина од нашата омиленапијачка на последната буква.И голема црна кеса за ѓубре полна со мраз.Премалку за сите 7 (и со букви – седум) шишиња однашата пијачка што ги испивме на снимањето.Токму неа и ја посветивме песната.Кога заврши снимањето, заврши и пијачката.Песната веднаш стана хит, пијачката е на пат да бидехит, “Кубана“ веќе беше хит, а ние тројца не сме нибиле ништо друго освен хит. На летото.

“Кубана“ беше одличен проект.Полн погодок.

А мојата потрага по Цуци тотално промашување.Дефинитивно никој не сакаше да ми го даде бројот.Јас не им се лутев на луѓето. Ги разбирав.Ама, не ги оправдував.

Мене ме интересира зошто Цуци не ми се јавува?Мора да има некоја причина.Решив да откријам.Очигледно е дека еден месец е доволно време да сепосомневаш во желбата на твојот партнер воопштода комуницира со тебе. Штом е така, јас решив дадознаам зошто е тоа така.

Page 169: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Не ми треба ничија помош. Сам ќе ја најдам.

Отидов во официјалната читална на земјата којанемаше потреба да се открива. Луѓето беа мошнељубезни. Ми го дадоа телефонскиот именик на ситерегистрирани универзитети во “Јуесејот“.

Седнав дома и почнав да вртам.По азбучен ред.За првите пет букви од абецедата потрошив три дена.И многу пари.

Зајакот и Жипе доаѓаа неколку пати за да проверат дане сум умрен случајно. Им раскажав што правам.

“Значи, отсекогаш си бил фраер...“

Ова беше комплимент од Зајакот.Извади кеса со ново шише од нашата пијачка.И кеса со мраз.Му се насмеав во знак на благодарност.

“Фраер, ама селски...“

Жипе се загрцна од смеење.

“Ај да пиеме, заеби ги овие глупости.“

“Морам да ја најдам, брате. За инает.“

Продолжив со потрагата.

Page 170: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

И по којзнае кој пат во тие неколку денови го вртамследниот број од списокот. И секаде истата процедура.Прво прашуваш дали е тоа тој универзитет што гобараш, па се претставуваш, па кажуваш кого бараш,па те ставаат на чекање, па чекаш, па ти кажуваат декатакво име не постои, па уште еднаш да проверат, па пакте ставаат малку да почекаш...А таксиметарот чука.

Зајакот и Жипе умираа од смеење заради мојотофицијален англиски. Не толку заради изговорот, тукузаради тоа што се трудев да бидам и малку повеќе фин.Ептен им беше интересно.После десетина мои безуспешни обиди и тие посакаа дапробаат малку. Зајакот се претставуваше како професорво потрага по својата талентирана студентка, а Жипекако студент од Татарија, нејзин бивш дечко...Е тогаш, на сета мака и јас слатко се изнасмеав.Кога идиотите конечно завршија со своето иживување,јас решив да ја продолжам играта до крај.Ќе ја барам до последниот број.

Конечно, после скоро четири дена ја пронајдов...На некој универзитет, во некоја Факингфорнија.Кога го изговорив името на Цуци, телефонистката нацентралата ме стави на чекање, но само после неколкусекунди...ете го гласот што толку несебично се трудамда го слушнам тие денови.

“Даааааа?“

Page 171: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Цуци сигурно мислеше дека е некој друг.

“Цуци?“

Таа знаеше дека сум јас, само не и се веруваше.

“Мал е светов Цуци моја. Ќе мора да ја сменишпланетата ако сакаш да избегаш од мене...“

Цуци не кажа ништо.Само дека и е многу драго што ме слуша.Во што лично не верував.Тој ден не верував веќе во ништо.

Избегав надвор.Право во “Кубана“.Таму некако полесно ги пребродувам ваквите моменти.

Зајакот и Жипе беа во елемент.Дискотеката беше полна како на аџилак.Решив да се удавам во алкохол.Така и направив. И се направив ракета.Земја-воздух.

Низ гужвата, на шанкот се појавија две познати лица.Школската и Пинки. Дојдени од “Пијанисимо“.Таму тапа. Лето е.Школската блескаше.И Пинки покрај неа.

“Кај си бе ти, гомно едно. Кај ти е Цуци?“

Page 172: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Што да и одговорам?

“Еве го гомното. Цуци е отсутна. Неоправдано.“

“Што е? Пак ја засра нешто?“

Што има да и објаснувам.Кој засрал, зошто засрал.Што е битно тоа?

“Кај сте бе вие двајца?“

“Еве бе.“

Тие двајца вечерта беа под облаците.Целата дискотека беше под облаците.

Зајакот и Жипе беа....................................над облаците.

Денес се сè уште таму некаде.Веднаш ми се разлева насмевка на лицето кога ќе сепотсетам што се сме направиле заедно, какви невиденилудории сме смислувале, колку сме биле ненормални иконечно колку сме испиле од нашата омилена пијачкана последната буква. Секој по седум шлепери.Три по седум – дваесет и еден.Блек џек.

А Школската е на истото место.И главна дома. Прекрасно го контролира животот.

Page 173: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Посебно на другите околу неа.Само кој да ја слуша...

Пинки во меѓувреме почна сериозно да пее..Не за да живее од тоа. Но, понекогаш и живее.

Сега некои помлади од нас ги пеат нашите песни.

Денес се гледаме само на семафори.Тој во убава кола, со детето внатре.Јас со такси. И со таксист внатре.

Е па, брате мој Јелинек, тоа е тоа.

Ако во Театарскиот клуб дипломирав и тоа сонајвисоки оценки, а во “Пијанисимо“ магистрирав,ми остана само уште да докторирам.Докторската дисертација решив да ја бранам во ЦМЦ.

Таа ќе биде на тема “Како да пиеш без да се опиваш?“

ЦМЦ беше култното место во градот.

Главни виновници беа двајца фраери.Очко и Имењакот.Очко беше дете на скупскиот асфалт. Дете во душата.Дете во фантазирањето. А постар од сите нас.Кај него, во неговиот претходен и мошне успешенугостителски експеримент, почнав официјално данастапувам со својата гитара. Беше откачено.Очко и го врати сјајот на чаршијата.

Page 174: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Таа стана најголемиот ноќен клуб на овие простори.Без ограничувања, без работно време.Сега, тој и Имењакот смислиле нова шема.

ЦМЦ.

Имењакот и беше дечко на една од моите најголемиљубови во животот. Сања.Па јас малку го мразев заради тоа.Па она раскина со него додека тој беше во војска.Заради мене.Па тогаш тој ме мразеше малку...

Минус и минус прават плус, нели?

ЦМЦ беше нешто сосема ново.На влезот не пречекуваше Марија Антоанета.Животната сопатничка на Имењакот.Атракција во движење.

Првата врата од десната страна беше ВИП сепаре.Можеби првото официјално кај нас.Со огромна, црна, кожна гарнитура...Од левата страна најубавиот шанк што го паметам.Шанк што слушнал и видел многу нешта.А некои и ги почувствувал.На него се пиеше, се спиеше, на него се фаќаа женски,се раскинуваше со женските, на него се играше чочек,на него се договараа бизниси, се смислуваа трачеви,на него правевме апсолутно се.На него живеевме.

Page 175: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Главната просторија беше местото на престиж.Тука мораше да се резервира.Тука беше малата сценичка на која настапувавме.До неа стар клавир што глумеше шанк.На ѕидовите, покрај уметничките слики и театарските ифилмски плакати, висеа триста разни тракатанци...Една голема туба на која Очко понекогаш дуваше.Дајриња, навивачки труби, една прастара гитара исите можни инструменти и квази инструменти на коиние во екстазите знаевме да тропаме и да дуваме.

Тука и се оженив.

Јас имав свое редовно шоу пред преполниот ЦМЦ,а таа вечерта имаше свој перформанс на шанкот.Танцуваше три пати повеќе од тоа што јас го свирев.Се сеќавам дека ја викнав дежурната на мојот реон даја прашам за танчерката на шанкот. Ми ја претстави.И кажав да ми ја донесе после свирка во сепарето.Таа ноќ беше многу лудо во ЦМЦ.

И нашата прва средба беше исто толку луда.После настапот, додека се средував во сепарето,одеднаш се појави Таа. Седна до мене со тоа косата.и ми го постави прашањето кое најмалку го очекував.

“Ти...стварно си педер?“

Ајде, нека е аирлија.

Page 176: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

“Сакаш да пробаш?“

Не се мислеше многу.

“Не фала.“

.........................................................................................

Кога се оженив со неа, сите зборуваа за мојата свадба.Тоа всушност и не беше вистинска свадба.Тое беше чин што го направив под дејство на алкохол,ама никогаш не се покајав заради тоа. Напротив.Гомнарите што ми завидуваа дека сум среќен сеобложувале на тоа колку ќе трае бракот.Имало разни типувања. Од две недели до шест месеци.

А траеше скоро 15 години.Мене ми беше убаво.И во скоковите и во падовите.Работата беше во тоа што јас неа ја изневерував уштеод првиот ден. И тоа со ист партнер.Бев во геј врска.Со алкохолот.

“Што му текна па на овој сега да се жени.“

Оди па разбери ги луѓето.Кога си самец, те прашуваат кога ќе се жениш.А кога ќе се ожениш, те прашуваат зошто си се оженил.Кога тие се женеле на 19 години, тоа било во ред.Кога јас се женам на триесет, малку сум луд.

Page 177: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Тоа беше една пеколна година.Не во метеоролошка смисла.Туку во животна бесмисла.

Млада жена што сака да се забавува, нови претставишто треба да се одиграат, стари песни што треба да сеотсвират, студија за снимање, тезги на естрадата...

Тука некаде е крајот на реалното.А тука некаде е и мојот крај...

Алкохолот, без подршка од никого, потполно сам,ме предизвика на последен, одлучувачки двобој.Јас ја прифатив фрлената ракавица.Ја откопав закопаната воена секира.Ја прекинав нашата љубов.Таа се претвори во омраза.Омразата во отворен фронт.Проблемот беше во тоа што јас веќе не можев даиспијам од мојата омилена пијачка на последнатабуква, онолку колку што ќе произведат.Веќе за сите беше очигледно дека имам проблем.Прв пат во животот моите сериозно се загрижија.Прво мислеле дека тоа ми се детски болести коисигурно ќе ги прележам што побргу.Потоа сфатија дека тоа што ми се случува со мозокот иорганизмот, воопшто не е заебанција.Се сеќавам дека татко ми кој цел живот чува стариисечоци од весниците, ми даде некаков напис од некојспецијализиран весник кој зборуваше за алкохолизмот.Демек, стручна литература.

Page 178: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

А во него прочитав нешто неверојатно.Таму дознав кои се најзагрозените професии напланетава. Професии кои имаат најголеми шанси дастанат робови на најраспространетата болест напланетата земја - алкохолизмот.И замислете, луѓе мои, вака пишува:

“Келнери, шанкери, вработени во продавниците заалкохол, работници во фабриките за алкохол, писателии..............................................................................глумци.“

Таква ми била среќата. Предодредена.

Пишува за религиските и етничките фактори, за тоадека и Евреите и браќата Муслимани пијат далекупомалку од нас Христијаните.На крајот се разбира, написот зборува и за можебиглавниот фактор во целата приказна – билошкиот.Има една позната генетичка теорија која алкохолизмотго третира како наследна болест. И тоа е можно.

Инаку, што се однесува до моите родители тиенавистина не беа дел од ваква приказна.Никогаш во животот. Иако беа уметници.Татко ми кога ќе се напиеше две чаши црвено вино,почнуваше да игра балет и ја правеше својата надалекупозната “епруветка“. Ние децата се збиравме околунего и седнувавме во круг. Тоа всушност требаше дапретставува балетска “пируета“, но кога тој јаизведуваше не личеше на ништо друго освен на обичнаепрувета. Умиравме од смеење.

Page 179: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Мајка ми сум ја видел пијана само еднаш.И тоа по грешка.

Вечерта имавме претстава.Прв и последен пат, таа и јас игравме заедно вотеатарска претстава. Имавме споредни улоги, но важни.Всушност, не постојат големи и мали улоги.Туку мали и големи улоги.

Јас дојдов околу ручек време кај моите да ги видам.Татко ми беше на некое снимање.Мајка ми ја затекнав во дневната соба, во својоткарактеристичен ритуал. Кафенце, две цигари одеднаши шалче околу половината. И плус облог на образот.

“Што ти е?“

Ја прашав затоа што не ми изгледаше добро.Таа ја тргна крпата полна со мраз од лицето.Беше отечена од едната страна. Скоро деформирана.

“Па што правиме вечер за претставата? Ај да не сезаебаваме. Облечи се, одиме на забар.“

Аха, на забар...

“Каков забар бе, седи тука. Ќе ми помине. Еве гледај,од мразот веќе малку ми се спушти отокот. Гледаш?Само што многу боли, ќе морам да се напијам нешто.“

Page 180: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

“Стави си ракија на забот.“

Кој за што, бабата за питата...

Како што татко ми постојано ми ги нагласува штетнитепоследици од алкохолот, така јас секогаш застанувамво одбрана на мојот компањон алкохолот и на татко миму ги кажувам и неговите позитивни страни.

Освен за пиење, алкохолот има повеќекратна употреба.

Тој е одличен за дезинфекција на устата, како лосион запосле бричење, за чистење флеки од секакви тврдиповршини, за триење на градите кога си болен, какоантисептик за на раните, како анестетик при леснихирушки зафати и како аналгетик. При забоболка.

Мајка ми го послуша мојот надрилекарски совет изаедно со шишето ракија отиде да си легне во спалната.Таа сцена е неповторлива.Да ја гледаш мајка ти како си легнува со алкохолот.

Мораше да одмори за вечерта.

Кај мене тоа секогаш успевало...Напиј се, држи, исплукај...Напиј се, држи, исплукај...Местото ќе се здрви и поминува.Мајка ми, без да знам, не се придржувала точно дозададената формула за решавање на мојата дијагнозаи упатството за употреба на лекот што и го препишав.

Page 181: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

И така, наместо:Напиј се, држи, исплукај...Таа правела:Напиј се, држи, голтни...Ја мрзело да станува за да плукне.Напиј се, држи, голтни...Убаво и дошло.Напиј се, држи, голтни...И на крајот местото кај што беше забот што ја мачеше,според моите предвидувања тотално се здрвило.

Ама и мајка ми.Здрвена до даска.

Кога тргнав да ја будам за да одиме на претстава, таабеше толку многу расположена и насмеана што немашепотреба да одиме на никаква претстава во театар.Ние имавме наш “театар в куќи“.

Беше “ќутук“ пијана. И смешна.

Жената мораше да испие три кила кафе за да може да итекне за што се работи во претставата што ја играме.

Мајка ми, забот и ракијата.Звучи како приказна од браќата Грим.

Мајка ми ја победи болката. Се за уметноста.

Page 182: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Кога сме кај билошките фактори во исечокот одвесниците на татко ми, ќе мора да ги побарам воподалечното второ колено пред мене.Едниот дедо умрел од алкохолот.Бил генијалец.Уште на десетина години, локалниот бег го ангажиралдедо ми мој да му свири примче на некој многу големПаша во Империјата. Го однеле дури Константинопол.Подоцна станал даскал, па депортирано лице какопротивник на Кралството и “отаџбината“, па малку наробија, па неповторлив математичар, па на крајот ете,малку и алкохоличар. Нека му е лесна земјата.

Другиот дедо умре со алкохолот.Него сигурно му е лесна земјата.Проживеа еден живот што вредеше за неколку...Живот за урнек, за паметење, за љубоморење...Дедо ми 5-ре.Откако му ставија “апаратчиња“ на срцето, како штоги викаше тој тие мали справички, му забранија да пие.Па потоа тој се избори да му забранат малку помалку.И ги убеди да му дозволат да пие по една чаша вино.Тоа било здраво, нели?

Но, и тоа изгледа му беше малку.На скоро деведесет години...Правеше секакви финти, смислуваше мал милионначини како, незабележан од баба ми да се напие.Ќе седневме да ручаме ние двајцата.Баба ми дежурна во кујната.

Page 183: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Ќе се најадевме убаво од нејзините специјалитети итогаш почнуваше неговото шоу.

“Женооооу, дај вино.“

Додека чекавме, тој ми намигнуваше.Демек, “ќе видиш сега што ќе и направам“.Баба ми ќе ни донесеше по една чаша црвено вино.Јас тогаш не пиев веќе неколку години.

“Нели ти не пиеш?“

Не ме прашуваше, туку констатираше.Баба ми знаеше сè.

“Вино може, жено. Виното е лек. Еве гледаш, мене миго препишаа докторите...и многу ми е подобро.“

Штом баба ми ќе се вратеше во кујната, Дедо ми 5-реќе ја бапнеше во две голтки чашата вино што стоешепред него и тоа со онаа рака што малку помалку му сетресеше од Паркинсовата болест.Ќе ја вратеше празната чаша на масата, ќе ја исправешеглавата и очите ќе му се насолзеа така ококорени.Исто како јас со моето прво пиво.

Дедо ми 5-ре не се откажуваше од ништо.Уживаше во тие свои последни денови.И најважното...Пред да се врати баба ми од кујната, тој ќе ми годадеше познатиот знак со веѓата, кој значеше да ги

Page 184: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

заменам чашите. Мојата непипната да ја ставам преднего, а неговата, празната пред ја земав пред себе.Кога ќе го направев тоа, Дедо ми 5-ре повторностапуваше на сцена. А за тоа му немаше рамен.

“Женоооу...“

Баба ми е побрза од звукот.Се телепортираше во трпезаријата.

“Дај те молам, стави му уште една чаша. Ни наздравјене ми направи. Кај брзаш бе ти? Ах бе, деца, деца...“

Каков манипулатор.И пак ми намигнува.Баба ми носи нова тура.Тој, чашата на екс, главата нагоре, очите насолзени иококорени и...........................................знакот со веѓата.

И пак јас.Замена на чашите.Пред мене празната, пред него полната.

“Женоооу...“

И пак баба ми носи.А вампирот заебава...

“Е значи, ич не знаеш да уживаш. Виното е за уживање,не е за силување. Детеееее...“

Page 185: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Каков демагог.Откако тоа ќе го повторевме неколку пати, резултатотбеше еден нула за нас двајцата. Јас не вкусив одвиното, а Дедо ми 5-ре испи четири. Или пет.

Колку и да се, за здравје нека се.И за до крајот да се одигра претставата, ќе чекаше ибаба ми конечно да седне до нас за да може дапоентира во моја штета, за своја корист.

“Многу пиеш, дете.“

Цар.И не беше далеку од вистината.

Таа есен беше пресудна.И ми изрече пресуда.Таа гласеше:

Или нормален живот или алкохол.Или светлина или мрак.Или здравје или тешка болест.Или Реал или Барса.

Го напуштив мојот Театар.Мојата прва љубов.Од каприц.

Моите улоги ги играа некои други.На моето место во Клубот седеа некои трети.А ме оговараа некои сосема десети...

Page 186: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Останаа само убавите спомени од мојот Театар.Од таму отидов на улица.Од улицата ме викнаа во Националниот театар...Трансфер. Баш како од Реал во Барса.И требаше да бидам среќен. А на бев.

................................................................................................

14 Ноември, деведесет и некоја...

Од небото паѓаа дожд, снег и кал...Заедно.Боро и јас излегуваме од касиното.Заедно.

Крвта полна со алкохол.Главата полна со броеви.Душата полна со јадови.Џебовите празни.

Изгубивме срамно голема сума.

Неговиот заменик директор осум пати во текот наноќта му носеше пари во касиното. Луѓе мои.Толку кеш низ четири раце во рок од 24 часа, немаввидено во мојот таканаречен живот.

Боро беше газда.И мераклија за пороци.

Page 187: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Имаше огромна приватизирана фирма со стотинавработени. Имаше сто и педесет кила на вагата.И милионче на сметка во алпските банки.Барем така тој кажуваше.А јас му верував.Боро имаше три мобилни телефони кога ние, обичнитесмртници немавме ниеден.Боро даваше спонзорства за културата повеќе однадлежното Министерство.А не ни доаѓаше на премиерите.Беше страшно зафатен човек.И тој работеше три професии одеднаш.Како и јас.Ние двајцата си имавме свои успешни кариери восвојата професија и плус бевме професионалникомарџии и најпрофесионални алкохоличари.Работата беше во тоа дали и колку ќе издржиме совакво темпо. Со трошоци на сите страни.Потрошувачката ни беше поголема од побарувачката.

Тоа е единственото утро во мојот живот кога Боронемаше повеќа пари од мене.Имавме потполно исто.Ич.Боро беше многу пијан. И нервозен.Играше цел ден и цела ноќ. Изгуби многу пари.Јас моите неколку илјадарки ги спичкав дури дада кажеш “оториноларингологија“.И до сабајлето му правев друштво на Боро.Беше забавно и напнато, ама нерентабилно.Чиста була.

Page 188: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Многу пари.Банкрот. Фалименто. Стечај.

Стоевме под тремот на влезот од касиното, скриени оддождот и снегот заедно. Односно од она што паѓаше однебото, заедно со калта. Тоа нешто нема име.Ни снег, ни неснег.И грмеше на секои две минути.

Стигна шоферот на Боро.

“Кај ќе одиш ти, кај да те оставиме?“

Омилен скупски одговор на ова прашање е...

“Кај еден човек, на едно место, за една работа“.Ама јас му реков дека нема потреба, дека ќе тргнампешки, дека тука блиску живеам...

“Тогаш, бегај дома.“

Не разбирам, зошто секогаш кога е најгусто, сите мепраќаат дома. По дифолт.Па, луѓе мои.Кога е најгусто, мене ми е најубаво.Дома, па дома, па дома.

Јас упорно бегам од дома, а луѓето три пати поупорноме враќаат таму. Заврши моето дома.Моето дома е сега тука.

Page 189: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

На улица, на овој паркинг, под ова одвратно, посивено,гнасно и гласно скупско небо.

Боро и шоферот отидоа во нови работни победи.А јас...Јас тргнав кај еден човек, на едно место, за една работа.Ако го најдам. А ако го најдам, сум нашол и пари..Тоа е Џукелата...Него смеев да го малтретирам и во вакво доба.

Никогаш ми се нема налутено.Никогаш го немам заебано.Секогаш океј.

Џукелата ми беше најсигурен.Тој човек никогаш не ме одбил во вакви ситуации.Ама, со него јас секогаш си го одржував зборот.Иако беше даван во тешки, алкохолизирани состојби.Тој како да уживаше кога го малтретирам.И никогаш не ми побара камата.

Тоа утро јас, прегазен од алкохол, нервоза и истоштенод негативен адреналин, одев накај куќата на Џукелатаиако бев свесен дека во тој момент веќе му должамнешто ситно. А за враќање имам фора уште две недели.Ама, ситуацијата е критична и вон контрола.

Браво, брате Јелинек.Точно како што велиш ти.Гама алкохоличарот губи и критичност и контрола.И станува психички зависен.

Page 190: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Мал проблем беше само тоа што сево ова се случувашево најраните утрински часови. Седум саат.Да не е малку рано.

Ама Џукелата токму затоа е Џукела.Лае како џукела.Јаде како џукела.И спие како...две џукели.Секогаш на готовс.

А кога ќе ја разбудиш џукелата, лае неконтролирано.Џукелата другар ми, исто.Само што знам јас со кучиња.Еве Бошко мој може да ви потврди.

Колку повеќе лае, толку повеќе му се умилкуваш.И на крајот, џукелата преде. Како мачка.

Така ќе биде и овојпат. Гарантирам.

Луѓе мои. Во вакви моменти алкохолот навистина какода си игра курташак со луѓето. Се заебава.Колку повеќе веруваш во тоа што го мислиш, толкуповеќе не веруваш во тоа што ќе го кажеш.

Заѕвонев на вратата.Додека чекав некој да ми отвори, седнав на масичкатасо мушама преполна со кичести цветови и горазгледував дворот на Џукелата. Беше ужасно студено.

Page 191: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Во дворот еден џип покриен со церада, стара, прастараклацкалка со дебели јажиња позиционирана меѓу двецреши и огромен бакарен казан за варење ракија.Поминаа неколку минути, а никој не реагираше наѕвончето. Се обидов пак.Овојпат малку поуспешно.Вратата ми ја отвори жена му.

“Добро утро, домаќинке.“

Жената не знаеше што попрво да направи.

“А, ти си...добро утро.“

Ми подари една срамежлива насмевка. Со едната ракасе поздрави со мене, а со другата си ја поправашеутринската фризура како да е пред огледало.

“Да не ве разбудив?“

“Нееее...какво будење...станати сме ние.“

“Абе невесто, од авион се гледа дека сега стануваш.Тој волот што ти грчи во креветот се слуша од улица.Не биди многу фина и тури ми од она во казанот.Цел двор ви труе на ракија, ме провоцира.“

Домаќинката се насмеа.

“Сакаш?“

Page 192: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

“Само болен се прашува.“

Домаќинката со светлосна брзина ми донесе прибор заалкохолизирање. Шише и чаша. Како во старитешпагети-вестерн филмови на мајсторот Серџо Леоне.И тргна по работа.

“Само да ги пуштам кучињата.“

Домаќинката појде зад куќата за да ги ослободиѕверовите. Уште на првата голтка, во дворот серастрчаа два црни монструма од кучиња.Иако беа расни, личеа на џукели.Го имаа попримено “џукелизмот“ од газдата.

Џукелата чува џукели.И прави ракија.И одлична му е.

Се појави низ прозорецот.Нападнав без предупредуцање.

“Што ќутиш бе ти дека правиш ваква ракија, а?

Имаше на себе најсмешни пиџами на светот.Снег бели, со црни латинични букви во сите големинии фонтови. Изгледаше како таблата кај очниот лекар.Онаа на која ти проверуваат колку добро ги гледашбуквите и симболите напишани на неа.Бела, со црни букви.

Page 193: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

“Глеј да е за арно, ова што ме будиш вака рано.“

Џукелата е всушност нежно маченце.Со големо срце. И голема глава.И многу малку мозок во неа.

Седна на масичката со мене.Изгледаше исто како и јас.Разбушавен во фризурчето, неспиен, подуен вообразите, со недефинирани, закрвавени очи.

“Колку?“

Тоа го сакам кај Џукелата. Сè му е јасно.

Или пак јас сум толку проѕирен?

Да, јас сум толку проѕирен.И глупав. И пијан.

Па, за што би можел да го будам во ниедно време?

Или за умрен.Или за.................................................................пари.

“Што колку?“

Се правам мрднат.

“Колку ми требаат?“

Page 194: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Прашав, божем не разбирам.

“Не тоа. Колку изгуби, стоко?“

“Малку“

Џукелата се издиша значајно.

“Малку малку или многу малку?“

Џукелата е и филозоф. Од хоби.

И тој си тури една ракија.

“Немам пари.“

Брате Јелинек, ова се мозочни состојби кои може да тиги предизвика само најефтино платениот убиец...Алкохолот.Ниту една симфонија, ниту едно филмско сценарио,ниту еден роман, скулптура или масло на платно неможе да го опише тоа што го чувствуваш кога си вовакви ебани ситуации со помрачена свест..

“Како бе немаш пари, не ме заебавај...“

Уште почнав и да го карам. Да му се лутам.

“Џукело, не ме дупи, те молам. Ми требаат пет илјади.Ќе ти ги вратам заедно со другите. За две недели.Знаеш дека никогаш не сум те заебал. Така ли е?“

Page 195: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

“Така е.“

Призна џукелата една.

“Така ли е?“

Уште еднаш, за да бидам сигурен дека е така.А и тој.

“Знам дека е така бе будало, ама немам, разбираш ли,Од кај ми пет илјади, луд ли си, немам...нееемаааам...“

Овој дел што следува не сакав ни да го пишувам.А вие, луѓе мои, не сакате да го прочитате.

“Дај ми да им се вратам, ќе ги дигнам во воздух.“

Демек ќе сум го испразнел касиното.А само пред малку време тоа ме испразни мене.До коска.Џукелската ракија ме погоди во мозокот.Како последен истрел во главата.

Кога фашистите стрелале осуденик, никогаш не билососем сигурно дека ќе умре од тие неколку куршуми.Но, сигурно умирал од оној последниот, кога ес-есзаповедникот на стрелачкиот вод му приоѓал одблиску,на само чекор од него за да го застрела со пиштолот.Да го докусури.Да го овери...

Page 196: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Последната џукелска ракија ја испив на екс.И баш ме овердокусури.Домаќинката донесе и мезе.Џукелите почнаа да се врткаат околу масата.Сакав да го погалам едното од нив.Ја пружив раката, а тоа...најладнокрвно ме касна.Ама за ногата.Ме заболе до срце.Свикав од болка.Домаќинката врисна.Џукелите почнаа крвнички да лаат.

Џукелата лаеше по нив.Уцвикаа од него и киднаа...

Левата ногата ми отече за минута.Ама ме болеше таквото...Имам јас тетанус во себе. Алкохолен.

Ги разбудивме и децата.Станав да се поздравам со нив.Таков пијан и несмасен станав, ама се сопнав однекаков идиотски кабел, се занишав како топола најужномакедонски ветер и...паднав.Се испружив на бекатонските плочки како мувазалепена за комарникот.Се исправив како ништо да не било.

Ситуацијата ќе беше комична, само ако не бешетрагична. Се смеев, а ми се плачеше.Децата се расплакаа, а родителите се скинаа од смеење.

Page 197: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Сè се испомеша.

Главата ми бучеше.Рацете почнаа да ми се тресат.Нозете неконтролирано.Ладна пот од челото...Џукелата забележа дека јас всушност не сум арен.

“Зошто не си одиш дома?“

Еве го и него.И Џукелата е ист како и другите. Нон-стоп за тоа ебанои посрано дона. Па, до кога бе луѓе мои?Тогаш полудев пред сите.

“Доста бе ти со тоа дома. Пушти ме да живеам.Ако даваш пари, дај, а ако не даваш... тогаш еби се,и ти и парите што ги немаш. Педер еден.“

Ова беше мојот автограм потпишан на смртна пресуда.Џукелата збесна.Уште само пена на устата што не му се појави.

“Сакаш сега да ти ја скршам главата. А?“

Домаќинката си ја знаеше џукелата.

“Немој злато, те молам...“

Џукелата стана, отиде до ходничето, зема еднифармерки од закачалката и почна енергично да претура

Page 198: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

по џебовите. Беше толку лут, а јас толку многу пијан,што мене ми изгледаше како да ќе извади нож илипиштол и конечно ќе ми ги скрати маките.На крајот, го извади новчаникот, зема една домашнаилјадарка и ми ја пружи.

“Еве ти за такси и цигари. А сега...губи се за да не ти гоебам сестричето. Пичко една...“

Луѓе мои.Се почувствував како најсмрденото гомно.Она гомно од кое и другите гомна бегаат.Ова се оние моменти заради кои вреди да не се живее.Не се ни поздравивме.Децата одамна избегаа, домаќинката се скри во кујната,а Џукелата не сакаше да ме види. Ниту тој, а нитунеговите џукели кои не престанаа да р’жат на мене.Само ми ја отвори портата...и ја затвори зад мене.Без збор.Тогаш почнав гласно да и зборувам на врататазатворена пред мојот нос, за тој да ме чуе.

“Брате извини...не знам што ми стана. Фала ти многу.Не ми се лути, Џукело. За никаде сум, брат. Ееееееј!Џукелоооо...Ма слушаш ли? Ќе бидам во пицеријата...“

Таква беше приказната...Јас безобразно му побарав малку многу, а тој пакуште побезобразно се одлучи да ми даде малку малку.Џукелата е една најобична....................................џукела.

Page 199: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

................................................................................................

Дента кога се оженив Џукелата се појави во ресторанотво кој се собравме после потпишувањето на пресудниотдокумент во матично. Беше пресреќен што сум се“смирил“ и по тој повод........ ми го прости долгот.Како свадбен подарок.Ама само за младоженецот.

................................................................................................

Откај Џукелата излегов како помочан.Пицеријата е само на два семафора од Џукелата.На половина пат, на пешачкиот премин, застанав...Пред очите ми се измешаа црвеното и зеленото,одењето и стоењето, чекањето и брзањето...Мозокот ми трокираше.Зуењето во ушите стануваше неподносливо.Студена пот ми го заплиска вратот, почнав да се вртамоколу себе како дервиш и...само почувствував ненадеени многу болен удар во колкот...Летнав едно три метри во далечина.

Почнав да тонам...Готово е.Мислев дека е крај.Вака ли изгледа тоа?Ништо не чувствуваш, слушаш нешто друго, гледашнешто трето, зборуваш сосема десетто...Нешто ми стана влажно над колената.

Page 200: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Во прв момент помислив дека сум се измочал во гаќи.

“Крв, му тече крв...“

Пискав женски глас беше првото што го чув.Црвена фризура и ист таков кармин на едно бело лицепокриено со многу шминка, беше првото што го видов.

“Повреден си?“

Колку повеќе сум повреден толку станувам повреден.Тоа беше една оригинална скупска госпоѓа.Ендемски вид.Исти такви секојдневно сретнуваме по маалскитеулички, банките, продавниците и пазариштата.

“Избега копилето...“

Типчето со моторот што ме дигнал во воздух напешачки премин ја продолжил својата трка.Не се ни завртел да види на што гомно нагазнал.Само се изгубил низ уличките.

“Да викнеме полиција?“

Теткичката не се откажуваше.

“Не треба госпоѓо, добар сум.“

Станав да се видам на што личам. Што ќе гледам.Изгледав како спасен рудар од метанска експлозија.

Page 201: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Како колатерална штета.

Луѓето насобрани околу мене беа задоволни од шоуто.Недостасуваше само еден добар аплауз.Ама луѓе како луѓе.

“Има луѓе, нелуѓе и скупјани.“

Како пристигна полицијата, така се разбегаа.Како и моторџијата.Луѓе нелуѓе.Барем ќе имаат што да раскажуваат овие денови.И месеци. И години.И животи.

Остана само црвенокосата теткичка.Да ми држи среќа.И ми стана портпарол. Таа разговараше со полицаецот,таа објаснуваше што конкретно се случи...како адвокат.На полицаецот му кажав дека сакам само да си одам.Немам намера никого да пријавувам, да гонам...

Можам јас да се гонам малку.Во три пички мајчини.

Полицаецот виде дека не сум во ред.

“Да одиме до амбулантата, а?

Му кажав дека нема потреба.И немаше потреба.

Page 202: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Џандарот го сфати филмот.

Луѓе мои, да не сум ве чул отсега па натаму да стекажале нешто лошо за џандарите. Сè му беше јасно.

Тргнав кон пицеријата.Тие стотина метри до таму едвај ги изодев.Левата нога касната, десната удрена...Изгледав како Брус Вилис пред крај на филмот.

Уште ова го немав доживеано.Рано сабајле кога градот живнува, јас ќе умрев малку.

Што е ова?Кој го смисли ова?

Господ, за кого не сум баш сигурен дека постои,Марфи, за кого сум сигурен или...судбината?

Кој и да е, ич не е фер.

Изгледа дека сепак е судбината.Овој пат ја претера.Ова ли е тој живот за кој мајка ми ме учи дека е еден идека треба да му се радувам секој божји ден?

Не ќе да е ова.

Баш би можел животот малку да ме остави на мира.Нека преземе нешто.Или тој или јас, вака повеќе не може.

Page 203: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Или што би рекол Брато.

“Јас сум многу задоволен од животот, брате мој.Ама и животот треба да биде малку повеќе задоволенод мене. Многу му имам дадено на животот...е сегадојде времето и тој малку да ми врати“

...............................................................................................

Сепак е крв.

Коленото ми се гледаше преку фармерките.Го имав одрано како мене што ме одраа ноќта.Тие што сакав да ги дигнам во воздух.А јас летав во воздух. Како партал.

Значи не бил ни Господ, нека ми прости Господ,ни братучед ми Марфи, ни курвата судбина.Тоа беа тие.Тркалата, автоматите, картите, курвите, пијачките...Преку кур им е од мене.Решиле да ме егзекутираат.

Добро.

Во пицеријата се пиеше првото кафе.

“Добро утро, легендо.“

Page 204: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Момчето од шанкот.

“Утро.“

Толку имав сила. А башка и не е добро. Утрото.

Во истиот момент кога шанкерот го изговори тоа,сфати дека му се обраќа на тотално погрешен човек.Оти од легендата немаше ни мало л.

Изгледав и како Брус и како Вилис.Заедно.

“Што се пие овде?“

“Кафенце пиеме. Може и за Вас?“

“Може и за нас.“

Седнав во ќошот покрај печката, во едно сепаренце.Над мене глава огромна глава од елен капиталец.Со рогови. Едно пет-шеснаесет.

Или така ми се чинеше?

Си ги проверував раните, гребаниците, повредите...Им беше потребна итна дезинфекција.

“Дај ми една пијачка дур стигне кафето.“

Стар, излитен боемски фазон.

Page 205: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Пијачката ја порачуваш веднаш после кафето.Дури се свари, дури фати кајмаче, дури ти го сервираат,пијачката е веќе пред тебе. И секогаш успева.

“И водичка?“

Шанкерчето е профи.

“Вода пијам, ама апче кога пијам.“

Уште еден ретро штос.

Карираните чаршафи тазе испрани. Мирисаат на убаво.Утринска програма на радио.Дефинитивно сум трезен.Па ова било супер.Сакаш ли да се отрезниш моментално, рипај предпрвиот мотор што ти доаѓа во пресрет.

Ако си ептен начукан го имаш на располагањекомплетниот возен парк на престолнината.Можеш да бираш.Автобуси, камиони, комбиња, леки коли, таксиња...Само нека е за арно...

На третата пијачка, во пицеријата влезе Џукелата.

Немаше полошо време од ова за да се појави.Значи ме чул кога му викав преку портата.Или маалските дежурни новинари му кажале за скечот.Сеедно.

Page 206: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

“Па може ли да си толку будала?“

Седна во сепарето.

“Ништо не направив брате. Ме акна еден идиот сомотор...добар сум. Малку коленото ми е потечено.“

“Дај да видам.“

Ви реков ли луѓе мои дака Џукелата е нежно маченце.Му ја покажав ногата.Не изгледаше баш добро.Ама не ме ни болеше.Колку повеќе да боли од оваа болка?

“Те носам дома.“

Го застрелав со поглед.

“Добро, добро...извини. Ќе седам со тебе.“

“Извини ти брате, за оној упад кај тебе.“

Ми се придружи со пијачката, ја соблече јакната и сенамести на масата како да ќе се буткаме на рака.

“Што праиме со тебе?“

“Што и да правиш, ќе згрешиш брате. Башка сè е веќенаправено. Гледаш дека сум безнадежен случај...не, не

Page 207: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

се заебавам. Сериозно така мислам. И мене не ми сеживее вака, ама еби му ја мајката...на животот.“

Џукелата ја скамени фацата. Го разбирам.Луѓето се многу ретко искрени кон него.Ретко некој му се исповеда.Ова е нова играчка за него.Денес тој е рамото за плачење.Во ова “Време за плачење“.Тогаш, мојот најголем хит.

............................................................................................

Две години претходно, на фестивалот во Змијарникот,го освоив второто место од публиката.Наградата му ја подарив на Претседателот на Бившатаи тоа во директен пренос на државната телевизија,која во тоа време не му беше баш многу наклонета.

Тој седеше во седмиот ред со својата бабичка.Никој од гледачите покрај малите екрани, немаше поимдека Таткото на нацијата е тука.Ниедна од камерите ни еднаш не се заврте кон него.Не го регистрираа. Го ставија на игнор.

Многу се изнервирав што беа такви.Што кур мешаат политика и музика?А не се разбираат ни во едното ни во другото.

Зад сцената прв дојде да ми честита Џаки.Менаџерот на столетието.

Page 208: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Без него ништо.Го смисливме планот.

Во моментот кога ми ја доделуваа наградата, јас точнопроценив како да го изведам тоа што го договоривме.За време на аплаузот концентрирано ја фиксиравметата. Седмиот ред и Претстедателот.

На крајот на аплаузот, вон протоколот, останав насцената и ѝ се обратив на публиката иако знаев дека тојдел од големата сцена воопшто не е озвучен. Затоазборував многу погласно за да можат сите да ме чујат.

“Оваа награда која ми е многу драга, решив вечервада му ја подарам на Претседателот на Републиката...“

Аплауз на квадрат.

И скандал истовремено..Скокнав од сцената во гледалиштето и енергичнотргнав кон мистер президент. И првата дама.

Како што ги направив првите два чекора, така одпрвите седишта на секој ред стануваше по еден човек итргнуваше кон мене со јасна намера да ме оневозможиво обидот за очигледен атентат на претседателот.Тогаш укапирав дека тоа му е војската.Членовите на обезбедувањето биле меѓу публиката.Божем на фестивал.

Page 209: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Е па луѓе мои, јас обичен глумец, што од курташак пеена поп ферстивали, прилично разгоропаден во душатаод наградата што ја доби, добро загреан во мозокот одракијата, без никаков план, со само еден соучесник итоа Џаки, успеав да го пробијам надалеку прочуенотообезбедувањето на претстедателот.

Првиот атентат на Претседателот успеа.За моја среќа.

Вториот, вистински атентат на Претседаделот не успеа.За негова среќа.

Третиот атентат на неговиот наследник успеа.За наша несреќа.

“Повелете претседателе.“

Му ја плеснав наградата во рацете.

“Ама неее, твоја си е...“

“Ќе ми биде чест.“

Ова беше доживување и за него.Убаво е кога во животот ќе сфатиш дека луѓето теценат и почитуваат. И тоа во твојот роден град.

Вечерта се видовме на коктелот.Обезбедувањето ми честиташе на успехот.Првата дама ми честиташе на наградата.

Page 210: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

А Претседателот ми рече:

“Ќе си ја ставам на телевизорот. Да ме потсетува наовој ден. Ти благодарам уште еднаш.“

После фестивалот се јадеше гомна на големо.Левите ми викаа дека сум полтрон што се гребе иупикува. Десните ми ја ебаа мајката.Раскажуваа дека сум бил мортус пијан.

Како можам да се сеќавам на сите овие детали ако сумбил толку пијан. Да, точно е, пиевме цела ноќ.Иако тоа кај мене не значеше многу.Скоро ич.

Па добив награда, да му ебам мајката.Некои газот би го дале за неа.Некои за таква награда би влегле во сите кревети.Во секој случај никогаш не се покајав заради тоа.Немам зошто.Сакав само да бидам добро воспитан.Воспитаноста е демоде?

................................................................................................

“Јаден си??“

Џукелата пак ми се појави ви кадарот.

“Ни сум јаден, ни сум гладен...“

Page 211: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

“Мораш нешто, било што да јадеш.“

“А ти мораш ли да јадеш само гомна?“

Џукелата е роден гомнојадец.Тоа не се учи, тоа е ген.Шанкерчето веќе не не ни прашуваше.Само носеше.

“Што ќе правиш?“

Џукелата почнува сериозен муабет.

“Не знам брате. Денес ќе одлучам што ќе правам.Знам само дека нема да издржам вака уште многу.“

Џукелата ја спушташе топката.

“Ајде, ајде...па ти никогаш не си се предавал, па нелиси мачка со девет животи. Колку имаш потрошенодосега? Нема врска, колку и да се, ти остануваат уштенеколку, сигурен сум. Ајде бе брате, не се заебавај.“

И тогаш пукнав тотално.Пред Џукелата и заинтересираниот персонал.Се расплакав како никогаш.Не можев да ги задржам солзите.“Солзи сами капат, прости ми...“Машко, а искрено плачење.

Што е? И искреноста е демоде? Аут?

Page 212: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Глупости.И ние мажите сме човечки суштества.Плачеме кога треба. Ако треба.

Некои жени велат дека мажите биле многу секси когаплачат. Значи јас лично, многу ретко сум секси.И многу секси сум ретко.

Тој 14 Ноември беше роден за пресврт.Два во кец.А пресвртот секогаш е со висок коефициент.Кога на полувреме тимот губи со еден разлика,потребен му е комплетен пресврт за да победи.Проблемот кај мене е тоа што мојот тим веќе губисо два разлика на полувремето.Ќе треба многу да се помачам.Или ќе се помочам.

Џукелата мораше да оди по децата.Ми остави уште некоја банка за да го платам цехот којвеќе го премашуваше буџетот што претходно ми гододели неговата џукелска влада. Авансно плаќање.

Двете повредени нозе дури сега почнаа вистински даме болат. Анестезијата од алкохолот е немоќна.Организмот е снемоштен.После сево ова и слон би капитулирал.

................................................................................................

Page 213: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Кога решив да платам, беше три наутро.Газдата седеше со мене до самиот крај.На крајот го замолив да ми викне такси.

Платив две еспреса, еден сендвич и бесрамно многуод мојата омилена пијачка на последната буква.

Излегов на скупската доцна есен да го чекам таксито.И толку.Толку се сеќавам.Сум паднал скоро на истото место каде што пред едноноќодение ме акна кретенот со моторот.Таксистот уште на доаѓање видел дека гравитацијатаме победува и додека излегол од колата и се стрчал зада ми помогне, јас веќе сум ја бакнал мајката земја.

Се разбудив на задното седиште.Никогаш нема да ги заборавам неговите заби, здивоткој му излегуваше од устата и гласот кој трепереше.

“Еј, мајсторе, добар си?“

Овојпат сум ја повредил главата.Тотална штета.

“Еве ја болницата, за минута сме таму.“

“Вакви говеда како мене примаат само на едно место.“

Смешно е што кажав тоа, а страшно е што таксистотведнаш сфати за каде му зборувам. Не сакаше да чуе.

Page 214: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

“Ааа не...јас таму не те возам, не се заебавај со мене.“

“Океј, тогаш вози ме во театар.“

Не знам зошто отидов во театарот.Убиецот секогаш се враќа на местото на злосторството.Жртвата никогаш не се враќа таму.Во мојот случај, очигледно не е така.Му реков на таксистот да почека.Направив едно здравоживо со портирот.Се јавив дома од театарскиот телефон.“Жена ми не сака блуз“ беше вознемирена, нормално.И кажав што имам намера да правам.

“Ако. Браво, штом така си одлучил...навивам за тебе.Реши си го тоа. И јави ми се од таму кога ќе стигнеш.“

Не сум сигурем дали тоа што ми го кажа беше добро.Или добро беше што воопшто и кажав.На портирот му реков дека не ме видел, па застанав наголемото театраско огледало јас да се видам убаво.Што марка сум.

Луѓе мои.

Како да сум преживеал цунами.

Морав да се подготвам за таму.Таму не смеам вака да се појавам.

Page 215: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Таксито ме однесе докај Дарио.Дете на кое многу му верував.Дете што мене ми веруваше.Талентиран музичар, композитор и аранжер.

Кога прв и последен пат избега од дома, дојде право кајмене. Остана еден месец. За тоа време на неговиотсајзер го сработивме мојот прв албум “Грејтист хитс“.

Дарио, кој обично станува осум часа подоцна, меприми дома со голема доза на збунетост и загриженост.Набрзина му објаснив зошто дојдов.И каде ќе одам.Дарио ми даде нови руби.Се истуширав набрзина, ги санирав раните колку штосе можеше, па домаќинот ми направи кафе.И додека ја облекував позајмената гардероба, Дарио мусе јави на еден познат доктор од оваа сфера, куќенпријател на неговото семејство, чисто да го праша штоточно треба да правам и како треба да го изведам ова.Психијатарот се сложи да ме прими веднаш.

Разговорот во неговата канцеларија се на се траеше неповеќе од десетина минути.Јасно ми беше дека на човекот сè му е јасно.Затоа и ми беше полесно.Немаше потреба да зборувам завиткано и во шифри.

Тој внимателно ме ислуша, од тоа живее човекот...И за да ме спаси од бирократските лавиринти, минапиша упат за специјалистички преглед, што

Page 216: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

во превод значеше дека имам ваучер за престој вомедицинскиот хотел со ниедна ѕвезда, надвор одсмрдливиот град, во институцијата што ги имапотполно истите иницијали како и Брижит Бардо.

А презимето на госпоѓица Брижит неодоливо мепотсетува на името на приградската населба вокоја се наоѓа ова невидено осмо светско чудо.Оваа туристичка дестинација И атракција.

И така, со упатот си го фатив патот.Имав билет во еден правец.Враќањето не беше потврдено.

Е па брате Јелинек...

Упатот фактички беше и официјалниот документ замојата Докторска дисертација.

Ми беше чест што се дружевме...

............................................................................................

15 Ноември, илјада деветстотини деведесет и некојаалкохоличарска година. По Пијандурскиот календар.

Се пријавив на портирницата.Исто како во војска.Доаѓаш првиот ден во касарната, го покажувашдокументот кој глуми повик за служење во армијата

Page 217: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

и те примаат како што треба. По протокол.Прво туширање, па гардероба, па преглед, па кревет...

Во болницата се се дознава за минута.Бетер од маалските шушкања.

Ме прими дежурниот персонал.Не знаеја како да реагираат.Прво разговарав со сменоводителот.Еден млад, згоден скупски доктор.Сон на секоја кандидатка за мажење.

Ме изгледа, ме ислуша и ме испипка.Ми прегледа се по список.Од мозокот па се до џигерот.

Резултатите на сите течности што им ги дадов беапозитивни и апсолутно поразувачки.Позитивно поразувачки?

Крвта ми била како на болен од анемија, а урината какона седумдесет и пет годишен старец.Сперма не ми побараа, ама и подобро.Ќе се збунат кога ќе видат дека мене одамна ми сеизумрени опавчињата на сперматозоидите.Оние што нон-стоп мрдаат. И прават деца.

“На време си дошол. Не ти е добра состојбата.“

Ај, аирлија нека е.

Page 218: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Сменоводителот ми додели една од медицинскитесестри, која токму на тој прв ден требаше да биде мојоттуристички водич. Се викаше Гога.Беше бегалка од Третата Балканска војна.За почеток ме прошета во бараката која ќе ми биде доми во која ќе го користам полниот пансион.

Низ ходникот се простираа неколку врати.Како одиш кон крајот на тунелот, така ситуацијата е сепострашна и пострашна. Зад секоја врата по десетинаприказни од кои почнува веднаш да ти игра нешто вожелудникот. Изгубени, побледени и беспомошни лицана моите драги колеги алкоси, неуспешно избришаниграфити по ѕидовите што личат на затворски а не наболнички и една неподнослива леснотија на смрдеата...Последната врата низ ходникот е за последната фаза.Кревети со ремени за закопчување и заклучување нанемирните и еден голем француски кревет, опкруженсо јажиња. На тој кревет се ставаат колегите кои зарадипоследиците од пиењето, а и од непиењето, стануваатагресивни и опасни по живот. Го викаа “кафезот“.

“Имаш цигара?“

Едно старо, симпатично чиченце кое изгледаше какочовек кој е дојден некому во посета, а не како пациент.

Сестрата Гога не запозна.

“Ова е Михалјо.“

Page 219: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Му ја пружив кутијата цигари за да си земе една.Тој, без збор ми ја зеде целата кутија.Царина.

Подоцна ме пушташе без виза.

Цигарата тука е престиж, луксуз, последна желба...Сите бараат цигари..

Ме сместија во интерното одделение. Три кревети вопосебна просторија која е поврзана со канцеларијата надежурниот лекар со едно големо стакло како во радио.Од тука персоналот има контрола на се што им сеслучува на пациентите кои се во тешка состојба.А такви тука беа скоро сите.

Мојот кревет беше веднаш до стаклото. Вториот креветбеше празен, а на третиот спиеше Алексо.Со отворена уста од која излегуваше звук кој страшнопотсетуваше на оној што се слуша при колење на ситендобиток, а всушност беше најобично грчење.

Но, Алексо беше многу болен.Не требаше да си кој знае каков доктор за да му јаоткриеш дијагнозата од прва.А таа гласи: многу болен човек...Стомакот му беше неприродно подуен, потечен и низсобата се ширеше одвратен мирис.

Влезе сестра Гога.Сестрите тука беа како браќа.

Page 220: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Денес е обратно.Многу браќа станаа сестри.

Ја прашав за смрдеата и стомакот на Алексо.Таа, низ шепот ми ја раскажа приказната.

“Знам, нема спас. Таква е болеста. Има цироза.Поселедна фаза. Страшно. Знае дека ќе умре, ама незнае дека тоа ќе се случи многу бргу. Ајде легни,мораш да ги отспиеш сите инекции кои ги прими“

Првата ноќ имав толку многу аналгетици во мене штозаспав пред и да помислам на сонот.

Утредента ми се случи вистинско изненадување.Заедно со дежурната екипа која поминуваше во визита,се појави и Професорот Кимовски.Па јас потполно заборавив на него.Па тој работи тука.

Тој е еден средовечен скупски господин какви што гиимаше неговата генерација. И многу океј. Примариус.На Академијата предаваше “Психологија на театарот“.

Почека да останеме сами за момент.

“Нема да го коментирам твоето доаѓање овде. Тоа етвоја желба и имаш право на неа. Јас те прашувам самодали си ти сигурен дека ова место може да ти помогнеповеќе отколку што ти самиот можеш да си помогнеш?

Page 221: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Сè е до главата. Многу малку е до џигерот.“

“Да, професоре...“

“Инаку, добро се чувствуваш?“

“Да, да...ненормално нормално се чувствувам.Иако оваа терапија ме отепа. Како мумија сум“

“Така мора. Ти си барем навикнат да бидеш мумија.“

Ова требаше да биде воспитен виц на Професорот.

“Кога ќе се видиме професоре? Сакам да ве видам.“

Професорот знаеше дека ми должи муабет.А и јас нему.

“Е па тогаш, утре те чекам кај мене во канцеларија.Имам час со твоите помлади колеги од факултетот.Дојди, ќе биде биде забавно. И за нив и за тебе.Те чекам во единаесет.“

Професорот ме викна како нагледно средство.Ако. Ќе и помогнам и јас малку на медицината.Таа мене, јас неа.Добар бизнис.

Втората ноќ веќе не можев да спијам. Средствата засмирување како да ме раздразнија уште повеќе.Излегов на цигара.

Page 222: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Михалјо ме чекаше на наплатната рампа.Ми наплати две цигари.Ноќна тарифа.

Клиниката спиеше во апсолутна тишина.Одвреме-навреме ќе се чуеше некој чуден звук којдоаѓаше од непознат извор. Но и најприродниот шум наовој свет звучи поразлично на овие неколку хектари.Добива некаков морбиден призвук.Грозно...

Кога се вратив во собата Алексо беше разбуден.Ама бадијала. Беше неспособен за комуникација.Очите му беа широко отворени.Му се слушаше само дишењето.И по некој мал лелек. Како притаен крик.Стомакот му беше двапати поотечен од вчера.А смрдеше едно десет пати повеќе.Му пријдов како да се знаеме сто години.А прв пат комуницираме.Јас знам се за него, а тој ништо за мене.

“Ти треба нешто, Алексо?“

Алексо едвај ја помрдна долната вилица.И почна да ми шепоти.

“Бооолиии...“

Знам дека те боли, бе брате.Мене ме болеше само што го гледам.

Page 223: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

А како би можел јас да му помогнам?

Ми текна.Тропнав на големото стакло.Дотрча Гога. Јас го викнав докторот.

Алексо беше готов.Стомакот му беше пред ерупција.Во стручниte книги прочитав дека на некои потешкислучаи од овој на Алексо, подуениот стомак можетолку силно да експлодира што може да го распарчителото на пациентот. На парчиња.

Алексо почувствува дека околу него се крева благапаника која му кажуваше дека нешто не е во ред.Се вознемири многу.Ме фати за раката и ме држеше како за среќа.Ми ја пренесе комплетната болка што ја чувствувашево тој момент, кутриот. Изгледа како да знаеше отинеговиот истоштен организам полека се откажува.Тогаш ме стегна најсилно што можеше.Почна да плаче.Сценава ме потсети на еден филм со Ричард Драјфус,кој после тешка сообраќајка ќе остане врзан заинвалидска количка што за него ќе е рамно на смрт.

“Зошто ме осудивте на живот?“

Тогаш ќе почне неговата борба со судот во која ќе сеобиде да се избори за еутаназија. И успева во тоа.Алексо сигурно не го гледал тој филм во кино.

Page 224: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Но го гледаше во живо.И играше во него.

Таа ноќ не спиев заради Алексо.Докторот рече дека и да ја проживее оваа ноќ, тоа ќе мубиде последната. Решив што подолго да останам буден.Сакав да му правам друштво на Алексо во неговотопоследно преспивање на овој заебан свет.На другиот барем ќе може да спие без проблем.

И без болка...

Сабајлето, Алексо се уште не се даваше.Јас, по претходно направениот договор, отидов кајпрофесорот Кимовски на час со студентите по глума.Намерно дојдов малку подоцна кога часот беше веќепочнат, за да ги изненадам младите колеги кои врсканемаа што воопшто се случило со мене.

Тропнав на вратата и влегов внатре.Во болничка гардероба со бело-сини линии и возадолжителните влечки, изгледав како да сум вокостим од некоја нискобуџетна тетарска претстава.

“Седни.“

Професорот Кимовски беше официјален.Студентите по глума останаа без зборови. Убеден сумдека беа убедени дека ова е некоја тешка заебанција.

“Како си мајсторе?“

Page 225: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

И Шиле беше меѓу нив. Син му на Егеецот.Нему барем му се познати овие работи. Иако татко мудо последен момент жестоко одбиваше да има каквабило комуникација со медицински персонал.

Јас барем сам се пријавив...

“Како сум? Како што гледате.“

Се поздравив со сите.И со Професорот. Тој само ми шепна настрана.

“Ми ги донесоа резултатите. Ти си бил за бесење...Мора да разговараме сериозно. Остани после часот.“

Е, ова не чини.Кога некој од професорите во гимназија ќе ти каже даостанеш после часовите, тогаш нешто не е во ред.Поточно ништо не е во ред.

Студентите уште беа во шок.

“И...по кој повод тука?“

Рики беше најхрабар од сите.

“На снимање колега, на снимање...“

“А што ќе снимате?“

Page 226: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Тоа беше Елица.Денес е топ глумица.Само еднаш игравме заедно.За пари.Лар пур пар.

“Е па вака, колеги. Професорот Кимовски ќе го режирапроектот, јас ќе ја играм главната улога. А ќе снимамесè што можеме. Прво стомакот, па цревата, џигерот,желудникот, па бубрезите, простатата и.........срцето.“

Сите се насмеаа на овој глупав штос.А јас сакав да го направам уште поглупав.

“И главата. Неа за малку ќе ја заборавев. Главава моја.Таа е можеби и најголемиот виновник за ова што ми сеслучува. Е токму неа ќе ја снимаме колеги, од инает.Главата и она што го имам внатре. Или го немам.“Од глаата си патиме“, нели колеги?“

“Така нека се вика и филмот.“

Професорот поентираше.Рики го доби одговорот што не го очекуваше.Се насмеа слатко.После ќе станеме другари, а тој Директор.Дежа ви. Стоти пат.

“Колеги, да почнеме со часот. Денес ќе разговараме занајмодерната болест на денешницата - алкохолизмот.Тоа е најчестата појава во вашата стресна професија.

Page 227: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

За таа цел ви донесов еден класичен примерок од оваагрупа на зависници. Вашиот драг, постар колега.“

Следуваше аплауз.

Јас станав, се поклонив и како на првиот состанок во“Друштвото на алкохоличарите“, исправен предреалноста и колегите алкоси, признав...

“Здраво, јас сум Игор. И јас сум алкохоличар“

Толпата поздравува.

“Хелооооу Ииигооор.“

Сите се смеевме. И Професорот.

“Доста колеги, доста...“

Пак настана тишина.

“Неговите резултати од вчера, што јас ги видов дуриденес, не му претскажуваат добро утре.“

Опааа, професоре. Па така кажи.Што има да разговараме после часовите?

“Епа, ајде драг пациенту, почни...“

И тогаш, признав се.Од А до Т.

Page 228: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

За АлкохолоТ.

Кај него нема Ш. Кога ќе дојдеш на Ш, тогаш е крај.На Ш беше и мојата омилена пијачка.Штета што нема да ја пијам повеќе.Или помалку.

Елица запишуваше.Рики слушаше.А Шиле спиеше...

Потоа кормилото на ова интересено патување гопрезеде капетанот, професорот Кимовски, лично.За историјата на алкохолизмот, за причините коидоведуваат до последиците, за генските фактори...За тоа како алкохолизмот доведува до занемарувањена семејните обврски, до потполна негрижа за децата.Најлош случај е кога двајцата родители се алкоси.

Професорот ни раскажа една тажна приказна за неговидвајца бивши пациенти. Бивши не затоа што повеќе насе пациенти, туку бивши затоа што повеќе не се живи.

Млад брачен пар алкохоличари, со две мали дечиња.Што се морале да истрпат тие две невини душички.Од физичко малтретирање до сексуално злоставување.

Елица не можеше да издржи.

“Е на таквите јас лично би им пресудила...“

Page 229: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

“И јас колешке, ама не одлучуваме ние, во тоа и епроблемот. Ама тоа не е се...Замислете, родителите“под наводници“ не сакале никој да не им го пореметинепреченото одвивање на нивните пијандурски сеанси,па ги опивале децата за да можат да си пијат на раат.“

“И?“

Сите прашавме во хор.

“И ништо. Помалото срценце почина после неколкумесеци. Божем од пневмонија. Поголемото го земадржавата да се грижи за него. Колку што може.Сега е во специјална установа“

Штама.Тажно, нека си ебе мајката.

“А родителите?“

Рики прв сакаше да дознае.

“Трагедија. Заедно се фрлија од мост. Ама не во река.Туку на земја. Ја промашиле водата. Таа умрела наместо, а тој се уште бил жив кога помошта дошла.Едвај го спасија. Беше во кома со месеци...умре лани...“

Страшно.И за сè е виновен алкохолот.

Page 230: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

“Колеги, запомнете. Една третина од браковите сераспаѓаат поради алкохолизмот. Еве, и вашиот овдеприсутен колега, кој нецели две години е во брак,веќе е потенцијален кандидат за влез во таа третина..“

Часот стануваше сè поинтересен.

Алокохолизмот, кажа професорот, скоро секогашдоведува до осиромашување на семејството.И емоционално и материјално.Немоќта да се излезе од безизлезноста им дава налуѓето зависници од алкохол некава чудна и лажна моќ.И натприродна сила.И силна агресија.И агресивна природа.Тогаш, на сцената настапува тортурата во домот.Измачување во кујната, диктатура во спалната.Настапува семејно насилство. Она за кое денес сеправат скапи рекламни кампањи, се организираатдебатни емисии на телевизиите, стручни предавања...Она за кое денес сите зборуваат, ама завиткано.Во ракавици. И треба да се зборува ва ракавици.Ракавици, ама за бокс. Од тие најдебелите, сомаксимален број на унци во нивните перформанси.

Никој жив не сака да признае дека тоа што го гледа одстрана, навистина се случува пред неговите очи.А камо ли да принае дека тоа се случува кај него дома.Нема шанси.

И од срам и од страв.

Page 231: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Стотици, содржински различни сцени и скандали штодопираат до ушите на сите заинтересирани комшии..И јас бев едно време таков комшија.

Не дека сум сеирџија по природа, а сум, туку зарадитоа што сакав-нејќев морав сето тоа да го слушам, апонекогаш, несакајќи морав и да го гледам.

Им раскажав на присутните студенти за моите комшииод зградата во која живеев сам. Со себе.Во другиот влез, исто така на последниот кат живеешесемејство дојдено од провинцијата, кое ненадејнодобило стан во престолнината, по некаков клуч.Во тоа време се се правеше по клуч.И под клуч.

Мојата и нивната спална соба ги делеше само еден ѕид.Преку него се слушаше и најобично кивање.Ги слушав децата како си играат, како се бркаат пособата и се смеат, како пуштаат гласна музика и пеатзаедно со своите музички идоли.Ама, сето тоа кога тато не е дома.Кога ќе дојде кучкиниот син од работа, се слушашесамо гробна тишина, која одвреме-навреме ќе јапрекинеше зборот што беше единствен во неговиотсмрден и алкохолизиран речник.

“Курво.““Курво курвосана.““Курво над курвите.“

Page 232: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

А најкурвинската работа што таа кутра жена ќе јанаправеше, беше едно срамежливо “добро утро“,упатено кому било кој ќе се појавеше на соседнитетераси, додека таа го пружаше тазе испраниот веш.Луѓе мои.

Насилството не се само шлаканиците и боксовите,клоците и давењето, гребењето и кинењето, плукањетои кршењето, туку и секојдневното викање. пцуење,навредување, психичко малтретирање...Буквално, ја третираше како слуга...И уживаше во тоа.Толку многу што никој друг околу него не уживаше.На сите им се повраќаше од него.

Богат беше неговиот арсенал на неиздржливи, болни иперверзни алкохолизарани хирови.

Соседите од другиот влез кои беа поблиску од мене долицето на настанот, кажуваа дека неколку пати послеголеми кавги, ја оставал домаќинката во ходникот преднивната влезна врата.Кутрата, бидејќи била свесна дека не смее да побарапомош од соседите на нивниот кат, ќе си седнела начергичето за бришење чевли, ќе се стуткала за да сестопли и така како хипнотизирана останувала доутрото, кога шерифот тргнува на работа.А тој, во точно одредено време ја отклучувал вратата ина излегување ќе ја шутнел уште еднаш со ногата послабините. За ум.Со часови ја слушав таа жена како плаче...

Page 233: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Алкохолот дефинитивно безмилосно негативно делувана општата популациска политика, што значи декаквалитетно го намалува наталитетот.Истовремено, го зголемува морталитетот...

Елица ме праша.

“Има жени, таму...кај што си ти?

Професорот не пропушти да и одговори наместо мене.

“Има, како нема. Иако многу помалку од мажите.Мажите четири пати повеќе стануваат зависници“

На Елица и олесна.

Елица апсолутно сè си запиша во тефтерчето.Рики апсолутно сè си запомни во меморијата.Шиле апсолутно се отспа.

Професорот објави пауза.Излеговме надвор на по една цигара.Ги запознав со Михајло.Им направи колективен рекет.

“Колку време ќе седиш овде?“

Шиле сакаше да знае кога “излегувам“.

“Само што дојдов, брате. Не знам точно ни самиот.Ќе останам колку што е потребно.“

Page 234: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

“Да кажеме ли во театар дека сме те виделе тука?“

“Ме боли курот дали ќе кажете.“

“Многу си будала.“

Рики ме пофали.

Да, будала сум.И признавам дека сум.За разлика од другите овде кои никако не признаваат.Како во затворите.Никој не е виновен.Така и овде.Никој, ама баш никој не е луд.Или барем полуден. Од алкохол.Како мене.

Се вративме на часот.Професорот продолжи да ни раскажува за Корсаковиотсиндром и за многу други опасни и подли психички идегенеративни облици на пореметување на мозокотшто многу често завршуваат со губење на здравиотразум, тотална амнезија или бескрајна апатија.

“Добро професоре, се лечат ли овие работи?“

Шиле праша, иако знаеше. По татко му.

Професорот Кимовски го чекаше ова прашање на волеј.

Page 235: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Објасни дека секое од овие пореметувања има својпосебен начин на третирање. Но, во принцип сите тиеначини се базираат на групни психо терапии, семејнитерапии и едукација. Ама така пишувало во книгите.Во стварноста се е поинаку.

Не постојат точно напишани правила за поправка нанајсовршената машина измислена од Господ, човекот.Особено за оние најтешките облици.Она од кое нема бегање.

Професорот не запозна со брачниот пар Ѓаволи кои севечната ноќна мора на алкохоличарите.

Мисис Депресија и мистер Делириум тременс.Кога се дружиш со господинот, многу лесно можеш даво ситуација да убиеш некого.А кога си со госпоѓата, можеш да се убиеш само себе.Баш фино.Секако си ебаната страна...

Кога седнавме за да продолжиме со вториот дел одчасот, професорот се јави по телефон во командата.

“Пушти ми го Киро кај мене во канцеларија...“

Изгледа дека ќе имаме уште еден гостин на часот.

“Сега ќе видите класичен примерок на човек што самошто го преживеа својот трет Делириум тременс. Сакамда видите што се случило со овој пациент. Однесувајте

Page 236: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

се нормално и прашувајте го што сакате, само без наглидвижења и повишени тонови, ве молам. Киро вчераима направено една беља во собата, знае дека е виновени има шанси да се однесува многу чудно...“

Киро влезе.Тоа беше едно кутро, обелено чиченце кое делувашетолку стуткано, што имаш чувство дека секој моментќе се повлече внатре, во својата лушпа. Гревче.Седна на неговото резервирано столче.

“Здраво Киро, стар пријателе...како си?“

Климна со главата како да е добро, а од авион сегледаше дека кај тој човек ама баш ништо не е добро.Професорот започна со анализата.

“Киро, те викнав малку да ни помогнеш. Ова се моиидни колеги, доктори. Сакаат да знаат се за тоа што тисе случуваше во последните неколку недели.“

Киро не кажа ништо. Само ги изгледа моите помладиколеги глумци, што денес глумеа доктори, и тоа одглавата до петиците. Посебно се задржа на Елица.Не затоа што таа беше единственото женско чедо вособата, туку затоа што од нејзината егзотична убавинаим го одземаше здивот и на многу попрефригани ипоприбрани хомосапиенси од несреќниот Киро.А тој, откако заврши со визуелното легитимирање наприсутните, се задржа малку и кај мене.Киро мора да замижи за да те види. Оти не носи очила.

Page 237: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Тој те гледа тебе и светот низ своите замислени очила.

“Ти си тој новиот?“

Добрите вести лошо се шират.

Му потврдив со главата и му се насмеав.Киро не ми потврди со главата.И не ми се насмеа.

“Ајде Киро, раскажи ни сега, што тоа точно се случиловчера во твојата спална, пред да заспиете?“

Киро молчеше неколку секунди, ги прекрсти рацете,а потоа почна, така седејќи на неговото столче, да годвижи телото напред-назад и тоа во правилен ритам.Почна да ја пее својата мантра.

“Киро е лош, Киро е лош, Киро е лош...“

Настана една непријатна тишина.Само Професорот точно знаеше што се случува.

“Зошто е лош Киро? Што направи Киро?“

Одеднаш, Киро застана со совојата кореографија.Не изгледа сите уште еднаш и...почна.

“Значи докторе. Јас, Киро, вчера...пред да си легнемему реков на Мутавиот...го знаете Мутавиот, нели...иму реков на Мутавиот да го изгасне светлото Мутавиот.

Page 238: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

И он...Мутавиот...не го изгазсна...и јас му реков...пичкали ти мајчина...на Мутавиот, а тој ме удри со влечката.И после кога Мутавиот заспа, јас, Киро, дојдов докреветот на Мутавиот и го............................измочав.“

Професорот ја започна втората фаза.

“Пак не ми е јасно Киро, кој кому што му направил.Кој е мочкото, а кој измочаниот?“

Киро влезе во конфронтација.

“Вака докторе. Значи вчера...пред легнување му рековна Мутавиот да го изгасне светлото...и тој не сакаше даго изгасне...и јас му реков пичка ли ти мајчина, па тојме удри со влечката Мутавиот и на крај јас дојдов тамукај креветот на Мутавиот и...го измочав Мутавиот...“

Киро ја кажа потполно истата приказна од пред двеминути, само во малку покуса драматуршка форма.Ние се погледнавме меѓу себе.

Професорот завршуваше.

“А зошто Мутавиот те удри со влечката?“

Киро не размислуваше.

“Е па, дека јас му реков пичка ли ти мајчина, зошто него гасиш светлото...па тој ме удри со влечката и послена креветот го измочав...“

Page 239: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Неверојатно. Киро ја раскажа таа глупава случка самово една реченица. И секогаш завршуваше со поентата.

“Го измочав“.

Од оваа приказна на Киро мене ми се примоча.Вистински.Како мало учениче кренав два прста и го замоливПрофесорот да ме пушти да се измочкам.

Кога се вратив на часот, Киро се уште го возеше истиоткруг. Последната верзија што ја чувме беше:

“Мутав, светлото... пичка ли ти мајчина...што ме мавашсо влечката...и го измочав.“

Мутав, светло, пичка, влечка, мочка...

Професорот го постави последното прашање.

“Значи, Киро?“

Киро пак почна со кореографијата “напред-назад“.

“Го измочав...Киро е лош, Киро е лош. Киро е лош...“

И тоа беше крај на неговиот перформанс.И на нашиот час. Бесмислено беше за Професорот дани објаснува понатаму. Сè видовме. Сè чувме.

“Ајде колеги, да се поздравиме со Киро...“

Page 240: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Рики како претседател на класот, ги повика ситеприсутни во салата, да го наградиме присутниот Киросо еден аплауз за неговиот перформанс.Сите станавме и почнавме да аплаудираме.Канцеларијата на Професорот беше доволно мала, зааплаузот на пет души да звучи како скандирањето напубликата на дербито Реал - Барса.Барем во ушите и свеста на Киро.Тој само се вкочани, почна да ја менува географијата насвоето исплашено лице...се вцрви во челото и почна дасе гуши, да бара помош, се фати со рацете за вратоткако да сака да се самозадави...почна видно да губирамнотежа. Притрчавме да му помогнеме...

И тогаш Киро почна да плаче најмашки што може.Се тресеше како лист пред да ја напушти гранката.Болничарот дотрча.Го зема Киро под свое.Го тргна настрана и го смируваше.

Никој од нас врска немаше што е работава.Што му се случи на Киро?

Се поздравив со младите колеги.Се договоривме набргу да се видиме на некое друго,поадекватно место.

Ова беше час и за мене.Час по оној живот што сум го заборавил.Нормален живот.

Page 241: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Професорот доаѓа на работа, студентите одат напредавања, сонцето заоѓа, а понекогаш и изгрева...

Јас и Киро немаше потреба да се поздравуваме.Кога се враќавме накај нашите апартмани со поглед надругата страна од животот, болничарот го пушти наслобода очигледно безопасниот Киро, кој застана ионака, полуилегално, скоро низ шепот ми рече:

“Ти си тој новиот, така?“

“Јас сум Киро, јас сум.“

Тој ми ја пружи раката како сега да се запознаваме.

“Јас сум Киро, јас сум...не ти. Киро е лош.“

Брате мој, не си ти лош.Туку тој гомнарот во тебе.Ѓаолот.

Одеднаш, се појави нов член на нашето друштво.Ние за волкот, а Мутавиот пред врата.Го погледнав болничарот, како да сакав да го прашамдали има шанса да се случи некаква кавга.Тој само спокојно ги склопи очите, кои како да микажаа дека се е под контрола.Киро и Мутавиот најпрвин се гледаа како на двобој.Потоа се побрзо и побрзо се движеа еден кон друг.

Page 242: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

И кога требаше да се случи инцидент, тие двајца сегушнаа толку силно што Киро кој беше два патипонизок од Мутавиот, ќе настрадаше за малку.

Кога заврши оваа мелодрама од која навистина тинавираат солзи на очите и кога Киро и Мутавиот онакапрегрнати тргнаа накај својата соба, забележав декасините пиџами на Киро драстично потемнеле вофизиолошкиот дел од телото.Изгледа дека аплаузот што му го дадовме после часотделувал на него комплетно контрапродуктивно.И ние глумците се подмочуваме кога ќе го слушнемегромогласниот аплауз упатен од публиката за добратаизведба. Ама, ние од среќа.А Киро од страв.

Кога се вратив во собата, сите бели мантили од нашиотпавилјон, беа околу креветот на Алексо.Без збор, седнав на својот кревет и се обидував дафатам некој детал од драмата што се случува околунеговиот кревет. Меѓу раздвижените мантили, успеавнекако да го видам Алексо. Поточно неговиот стомак,кој се повеќе и повеќе добиваше карактеристики наопасна темпирана бомба која може во секој момент дасе активира и да направи лом во собата.Алексо не ги испушташе неговите карактеристичнизвуци и шумови. Се слушаше само гласот на докторот.

“Влечи, влечи...побргу, Ќе ни отиде човекот...“

Тогаш го видов најстрашното нешто.

Page 243: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Еден огромен шприц, кој докторот му го забодуваше наАлексо во стомакот, вадеше некаква течност составенаод сите можни, одвратни бои и потоа го исфрлаше восината кофа покрај креветот.Луѓе мои.

Смрдеата во собата беше нов светски рекорд.Сестра Гога се заврте накај мене и ми даде знак дамолчам. Докторот ги даваше последните инструкции.И одеднаш...

“Алексо...Алексо, слушаш? Пулсот, кај му е пулсот?Дајте инекција сестро, бргу...ќе ни отиде човекот...“

Инекција...

И отиде човекот.

Тука пред моите очи, на неколку метри од мојот кревет.И на илјадници километри од реалноста…

Алексо си замина...

Сестра Гога ми пријде.

“Излези малку надвор, на воздух...“

Ја послушав. Толку ми стана лошо, што навистина мибеше потребен чист воздух. И една цигара на него.

Page 244: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Само што излегов во паркчето, од возбуда, рацете инозете почнаа толку силно да ми се тресат штопомислив дека ќе ми се откачат од телото.

И додека се врткав наоколу како мува без глава,налетав на Михајло. Тој, како и секогаш…Насмеан до уши, нон-стоп му се пуши.

“Имаш цигара?“

Морав да му соопштам.

“Алексо умре...“

“Кој Алексо? Алексо...наш Алексо?“

Михајло не ја тргна насмевката од лицето, ама тоа незначеше дека не му е жал. Тој само така ја покажувашесвојата претходно научена добродушност. Извади еденнедопушено пикавче и ми го даде како да е трофеј.

“Земи, за душа на Алексо...“

Михајло пушти срце. Честеше една половина цигара.Прв и последен пат.

Останав сам во интерното одделение.

................................................................................................

Page 245: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Следните неколку дена беа пеколни.Професорот ми кажа дека ако навистина имам проблемсо алкохолот, тогаш тој ќе почне да се манифестира вопрвите десетина дена. И точно така беше.

Почнаа да ме прогонуваат потполно истите симптомина првата апстиненцијална криза. Некаде на осмиот,деветтиот ден потполно престанав да ги чувствувамнозете. Едноставно не ме слушаа.Не можев ни да станам од креветот.Сестра Гога веднаш го забележа тоа.

“Имаме проблем?“

“Имаме Гога, имаме. Ми се моча, ми се плаче, ама неможам да станам. Нема шанси. Како да немам нозе.“

Гога се насмеа.

“Што ќе ти се нозете. Гледај ти дали тоа другото гочувствуваш. Тоа е битното. Се додека го чувствуваштоа што ти е меѓу нозете, нема зима за тебе.“

Ми ја донесе гуската. Божем, да се измочам во неа.Ма, да ти се мочам во гуската, за инает не мочам вонеа. И признав на сестра Гога.

“Срам ми е...не можам.“

“Па кажи бе, будалче.“

Page 246: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Гога го реши проблемот за милисекунда.Викна засилување. Нејзината дежурна колешка.Мери. Тешка категорија.

Ме станаа од креветот и како партал ме подигнаа секојаод по една страна. Се чувствував лесен како пердув, аза нив сигурно сум бил тежок како слон.Ме влечкаа така низ ходникот, а мене нозете ми севлечкаа по подот, цревата да ми се влечкаат...Стигнавме до местото за истовар.Е сега доаѓа она, најнепријатното.

Доаѓаме до дупката која треба да ја залијам со својатаалкохолизирано-аналгетизирана урина.Сестрите ме наместија во идеална позиција.Ме придржуваа одзади за да не паднам и притоа гизавртеа главите за да не гледаат. А и што има да видат?

Го пронајдов цревцето и почнав да поливам...Прв пат во животот мочав во придружба на две дами.И многу ми беше слатко.Тоа се првите симптоми на староста.Кога мочањето ти е послатко од ебењето.

Деновите поминуваа побавно од најбавното.Првите кризи завршија.Нозете повторно се пуштија во употреба.Можев дури и да шетам низ кругот.Почнав да излегувам на тамошното корзо.

Page 247: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Тоа беше едно бесконечно вртење во круг околуболничката продавница која истовремено беше и мензаи кантина и катче за слободни активности.Шах, домино, табланет...

Алкохолот се разбира беше забранет за сите.Освен за докторите и останатиот персонал.

Трагедијата е во тоа што штитениците на овојздравствен дом имаа смислено најперверзни финти задистрибуција на алкохолот во своите соби.Но, тоа никогаш не би им успеало без соучесници.А најперверзно од се е фактот што сите тие илегалниактивности ги правеа нивните најблиски.Оди сега па фати им го крајот.Ем ги пратиле на лечење, ем им праќаат алкохол.

Тетрапак сок од било што, претходно добро обработен,од него со шприц извадено безалкохолното сокче и соистиот шприц вбризган е алкохол по желба.Ракија во термос која треба да глуми чај.Црвено вино во шише кое глуми сок од боровинки.

Страшно е тоа што сето ова успеваше да поминенезабележано од докторите. За никој да не знае.А сите знаеа.

Јас веќе се навикнав и на куќниот ред и мир, на нискататемпература неприродна за болница, на скинатитепиџами врзани со ластик, на храната, а и на депресијаташто почна да ме освојува бавно и подмолно. И болно...

Page 248: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

“Жена ми не сака блуз“ дојде само еднаш.И доста и беше.А и мене.Еднаш ко ниеднаш.Една ко ниедна.

Се навикнав и на постојаните испади на моите колегиалкоси од последната врата. Ќе слушнев викање,пцуење, тропање...и веднаш истрчував во ходникот зада видам малку сеир, а и да помогнам колку штоможам, ако можам. А не можев многу.Сепак, некои од тие несреќници ме препознаваа.Некои ми ја знаеа фацата од телевизија, а пак некои мепознаваа од нивните халуцинации во кои јас одвременавреме веројатно сум им се појавувал.Белите глувчиња, розовите слончиња и јас...

Дојдоа и некои од моите колеги од театарот.Не им беше пријатно, ќе поседеа куртоазно и ќе сизаминеа во неповрат. Не по врат. По шија.

Најмногу ме израдува Евреинот.Вечерта кога дојде ме затекна во докторскатаканцеларија како гледам телевизија со најслаткатасестра во смената. Вале. Изгледаше топ дури и во онабело мантилче од задолжителната униформа под коепрскаа нејзините прекрасни и прегласни облини.Уживав да седам со неа и да си раскажуваме приказни.Е, таа вечер кога јас имав во план да и предложам наВале да си играме малку доктори и кога таа за прв пат

Page 249: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

тотално се опушти, упадна Евреинот со некаква големаи исто толку глупава чоколада. Се стаписа кога не видетака залегнати во троседот пред телевизорот.Кога Вале стана да му понуди кафе на гостинот и отидеда го направи во малата импровизирана кујничка воќошот, зад завестата, Евреинот ми даваше ишарети востилот: “ ах тииии, швалериште едно скапано“...

Вале како вистинска домаќинка, го послужи кафето.Дури извади и некакви грицки.Евреинот беше презадволен. Ова беше бесплатно.Гратис. Гага.Првите зборови на првороденото чедо на Евреинот беа:ГА-ГА.Син на тато.

И тогаш Евреинот почна да и раскажува на Вале замене, за тоа колку сум океј...и будала истовремено.Ми правеше бесплатен маркетинг. Реклами. Епепе.Вале слатко се изнасмеа.

Тогаш, вратата на докторската соба се отвори со еденнајстрашен тресок што можете да си го замислите.Прво што видовме беше една нога која прва влезе вопросторијата. Потоа, несмасно по неа влезе и остатокотод телото на падобранецот што ни ја расипа забавата.Вале срипа.Во собата влезе еден од најопасните пациенти чијасостојба од ден на ден стануваше се поалрмантна.Го викаа Трактористот.

Page 250: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Веројатно тоа и го работел пред да ја смени својатапрофесија во пијаница.Беше апсолутно дезориентиран во времето и просторот.Рацете му беа крвави, а во едната од нив држешеоловна шипка веројатно откорната од своето лежиште.

“Кај е?“

Ја праша Вале и погледна кон Евреинот и мене.Вале сиромашката врска немаше кого бара манијакот.

“Каааај еее...?“

Почна да вика како јас што викам на квизовите.Вале беше искусна во вакви ситуации. Обучена.

“Тука е душо, тука е.“

Вале беше душа.Многу сакам жени што не се плашат од мажите вокакво било издание.

“Каде тука?“

Трактористот не се откажуваше, бараше низ собата,иако и тој кутриот поим немаше кого воопшто бара.И дали таа што ја бара воопшто постои.

Вале мораше да лаже до крај.

“Тука е, сега ќе дојде...“

Page 251: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

“Не е тука? Е па...сега...ќе ве убијам.“

Луѓе мои.Кога ќе го чуете ова на филм, нешто ќе се случи.А кога ќе ви го кажат во живо, веќе се случува.

Тргна накај мене. Бев потполно кул. Не му ни трепнав.Евреинот трепкаше без да сака.Трактористот ми пријде, ја впери кон мене шипката икога го очекував очигледното...само ми рече:

“Ти си добар.“

Првата препрека ја прескокнавме.Сега доаѓаше втората, потешката. Еврејската.Нашиот зомби му се заврте на Евреинот.Тогаш морав да се замешам.

“И он е добар.“

Сега јас го рекламирав Евреинот.Тајсон го прифати мојот амандман.

“А ти мори?“

Сега и Вале беше во опасност.

“Она е најдобра. Она е супер.“

Page 252: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

И во моментот кога сите очекувавме ѓаолот во негоконечно да излезе и во него да влезе некој од ангелите,влезе Болничарот Доне.

“Што правиш бе ти, ѓубре едно?“

Тоа ич не беше ангелски од негова страна.Ѓубрето немаше каде.Ја фрли шипката настрана, не погледна уште еднашнас, неговите потенцијални жртви и тргна кон излезот.Болничарот Доне прво ни намигна, а потоа ја доиграулогата на лошиот чичко до крај.

“Ќе видиш што ќе те снајде за ова што го направи.Стоко една. Марш назад во својот кревет. За минута ќедојдам да проверам дали спиеш. Бриши од тука мајмунеден, што ме гледаш...нешто не ти е јасно??“

Трактористот не можеше да издржи повеќе.Замавна со едната закрвавена рака и со бокс толкусилно ја удри вратата што раката му се заглави внатре.Таа дупка на вратата сигурно е уште таму.

Уф, колку беше заебано.Евреинот не можеше да се прибере.Изгледаше како да го исфрлиле од веш машина.Го потапкав по рамото.

“Ти си добар...“

Почнав да се смеам.

Page 253: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Дефинитивно Евреинот се посра од страв.

“Добар си?“

Сега сериозно го прашав.

“Не.“

Еврејско не. Скржаво. Не му се ни изговараше.Си отиде моментално. Цар.И ден денес не пропушта прилика да каже дека мезатекнал со сестрата во инкриминирачка поза и декапосле тоа ќе го јадел стапот на најбизарен начин.Секогаш кога го кажува тоа, се смееме до бесвест.

После петнаесет дена проведени во Бардо клиниката,со помош на луѓето од персоналот, ги посетив и научивскоро се за сите останати објекти во болницата.Вале ме прошета прво низ женските одделенија.

Луѓе мои.Не знаеш дали да се плашиш од тие жени, дали да тие жал за нив, дали да комуницираш нормално и даливоопшто да реагираш на нивните мистериозни погледии неумесни дофрлања. Пцовката е како добар ден.На сите тие психијатриски одделенија живеат многу одмоите поранешни колешки алкохоличарки кои со билетво еден правец отпатувале во Зоната на самракот.Страшно.

Page 254: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Се сеќавам на една одвратна, дождлива ноќ во којаполицијата пристигна во кругот со две комбиња.Михајло дотрча до мојата соба.

“Сакаш да ти покажам нешто?“

Само тој знаеше така насмеан, искрено да ме насмее.

“Сакам.“

“Дај една цигара.“

Нема спас.

Истрчавме на корзото, во центарот на кругот.Во таа темнина што одвреме-навреме ја осветлувашеротациското светло на полицијата, видовме двајцаод внатрешните органи како ставаат во комбето еденчовек кој апсолутно никој не го познаваше.Не ни пациент, ни доктор.Туку бил на посета во женското одделение.Ама не дошол кај некоја позната жена, туку кај повеќенепознати жени. Дошол за секс гомнарот.Еден од дежурните болничари таа ноќ, по претходендоговор со кретенов, сакал да глуми макро.И решил да му ги продава мачните душички коиверојатно не се ни свесни што им се случувало...За едно смрдливо пиво во кантината.

Ебан животот.Како на филм.

Page 255: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Ми текна на Џесика Ланг во “Френсис Фармер“.Филм за животот на една многу проблематичнаглумица од педесетите години на минатиот век, којазаради проблеми со пиењето, неколку пати ќе оди надетоксикација и тотално симнување од алкохол.И кога ќе сфати дека не може повеќе да го издржи тојпритисок, ќе сака се да остави зад себе и конечно дапочне со нормален живот.Но така не мисли и нејзината болно амбициозна,нереализирана и мрдната мајка.Френсис бега од дома неколку пати, но секогашполицијата ја враќа дома, а мајка и за казна веднаш јапрепраќаше назад во менталната институција.Во една од последните сцени во филмот кога ФренсисФармер се наоѓа во најодвратната подрумска лудницана светот, слична на онаа во која завршува Салиеризаради Амадеус, доаѓаат двајца морнари кои за ситнипари што му ги даваат на стражарот, ќе можат дауживаат во остатоците на познатата Френсис.

“Сакате да ебете филмска ѕвезда.?“

Кој не сака.

Нашиве душички не беа филмски ѕвезди.Но, исто како и Френсис и тие беа емотивни жени.И тие беа луѓе. Што беа третирани како животни.

“Ебачот“ го однесоа со комбето. Сигурно ќе го носатна перење на неговиот изопачен и опасен мозок.

Page 256: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Јас лично би му го исекол петлето сосе јајцата итака комплет би му ги тутнал во устата.Да се задуши од сопствениот кур.Да изврши самоебанство.Авто-харикири-фелацио.

Утредента се зборуваше дека неговиот ортак експресное избркан од работа. Е па, него не би го бркал од работани под разно, луѓе мои..би го оставил тука.Тука му е местото. Ама зад железните врати.И би му ги пуштал Михајло, Трактористот и Мутавиотда му прават реденка. Цел ден.

Човек свиња.И тие имаат повеќе мозок од него.

Веќе поминаа три недели од мојот пакет аранжман.Ситуацијата ми се подобруваше, ама бавно.Терапијата си го правеше своето.Бев потполно мирен.

Затоа решив да не го губам времето тука на депресија икукање, туку да се обидам нешто и да научам од ова.

Еден ден се договоривме со Болничарот Доне да мепрошета во најмрачните ќелии во болницата.Тоа беше прошетка по ивицата на патеката на смртта.Машкото одделение.Мајко моја.

Page 257: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Среќа што тогаш курвата Европа не ја болеше газот занас и не ни праќаше студени полулуѓе да не искараат засосотојбата во нашите болници. Како денес.Па да видеа како изгледа лудница во нашата лудница.

Болничарот Доне ме предупреди за правилата наоднесување кога ќе влеземе внатре.

“Ништо не им зборувај, само слушај ме мене...“

Мирисаше на моч. И сперма.Таму онанираат до бесвест.Немаат луѓето што друго да прават.

Искривени лица, дефокусирани погледи и одвратнатишина што ја разбива по некој мистериозен звук за којне знаеш ни од каде доаѓа, ни кој го произведува...Штитениците се наредија како на смотра.Доне беше Генералот, јас аѓутантот.Тргнавме во контрола.

Првиот во редот беше облечен во зеленкасто женскокапутче кое му беше сто броја помало.Но, тој го носеше толку убедливо како да е дел од него.Како да му е од раѓање.

Другиот, на нозете, наместо чевли носеше жолти кесикако за во самопослуга.Болничарот Доне реагираше.

“Кај ти се тебе влечките?“

Page 258: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Човекот со кесите беше прецизен.

“Во на мајка ти пичката...“

Тишина.Доне остана мирен како Буда.

“Убаво.“

Третиот во редот ја имаше наведнато главата во еднапотполно неприродна положба и како да имаше намераникогаш повеќе во животот да не ја подигне.Доне му се обрати.

“Еј, Цаки...ај дигни ја главата, те молам...“

Цаки се правеше глув.

“Цааакиии.“

Доне само малку го повиши тонот. Цаки ја подигнаглавата што требаше да претставува глава.Луѓе мои...Таа глава претходната ноќ најверојатно има истрпенотолку многу удари со сè и сешто и вистинско чудо е тоашто Цаки сè уште ја има на своите рамења.Едното око му беше затворено, другото отворено.Ама и расцветано.Белката станала црвена.А црнката во окото побелела...

Page 259: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Усните и непцата му беа подуени.По вратот имаше гребаници.

“Паднав.“

Стара финта.Ептен беше очигледно е дека на Цаки му е страв да гокаже извршителот на делото. Доне чекаше брз одговорна поставеното прашање што точно му се случило и којод овде присутните му го направил тоа..Цаки на прашањето запраша.

“Кога ќе дојде жена ми?“

Два-тројца од крајот на редот слатко се изнасмеаа.

“Вчера ќе дојде, вчера...“

И повторно идиотско смеење.

“Кога ќе дојде?“

Цаки сакаше да знае. Доне му помогна.

“Ќе и се јавам, ќе дојде деновиве сигурно.“

И повторно крајот на редот.

“Ќе дојде, ќе дојде...на курово лето...“

Page 260: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

И тогаш, малиот Цаки со големи чекори тргна конгомнарите од крајот на редот што не го оставаа намира. Тргна како да ќе ги изеде со заби.За две секунди настана гужва како во селска кафана.

И додека Доне се бореше како лав со разулавенататолпа, јас успеав да го тргнам Цаки од опасната зона.

А тој, онака во супер-афект, се обидуваше да сеизмолкне од мојот зафат и кога тоа му успеа, ми сезаврте и ми го кажа најнеочекуваното нешто.

“Кој си бе ти, да ти ја ебам мајката?“

И ми ја закачи неговата болна во мојата луда глава.Паднав како покосен.

Ебати болеста, ебати.Ти му даваш рака, тој тебе глава.Во глава.

Упаднаа и другите болничари што беа на смена.За една минута сите беа вратени во своите резиденции.Од некаде се појави и сестра Гога.Се погрижи за мојата повреда на вилицата.Пет дена ме болеше.

“Што се случи?“

Гога ме праша мене, а јас го прашав Доне.

Page 261: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

“Ништо, стара приказна. Жена му на Цаки гонапуштила уште пред десет години. Со се децата.Цаки не може да се помири со тоа. Нон-стоп јаспомнува, а кретените уште понон-стоп го заебаваат...“

Гомнари.

“Ајде да си одиме.“

Сестра Гога секогаш има добри идеи.

Доста беше од моите часови по психологија.Решив веднаш да престанам да се занимавам содругите. Да си се вратам јас полека на себе си.Затоа сум тука.

Кога се вративме пред нашата барака, сестра Гога микажа дека денес единствена точка на дневниот ред ние подобрувањето на хигиената во живеалиштето.

“Мораме да извадиме сè од собите, тука на тревникот.За еден час ќе дојдат од службата за дезинфекција.И она другото...дезинсекција. Со дератизација.Откако ќе испрскаат, ќе мора да причекаме неколкучасови за да се вратиме внатре. Ајде оди, собери си гисите работи од шкафчето и врати се...“

Дезинфекција во Декември.Како Мајски оперски вечери во Ноември.Како Струшки вечери на поезијата во Скупи.

Page 262: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Не беше сезона на лебарки. Иако ги имаше.Ама, овие декемвриските беа различни од нашите милии секогаш лошодојдени скупски лебарки.Овие беа некакви мутанти.Лебарки со примеси на скакулци и шкорпии.Чудовишта.

А глувците беа посебна приказна.Не зборувам за малите, ситни глувчиња како Џери.Тие се дури и мили.Можеш да ги храниш и да се спријателиш со нив.Зборувам за оние другите. За глувците монструми.Со еден таков имав средба од трет вид.Една ноќ во ходникот, одејќи накај клозетот.Ми се појави од никаде. Беше голем колку Бошко мој.Стаорец со перформанси на мравојад.Старец стаорец.Се гледавме очи во очи едно триесетина секунди.Потоа, му го направив тоа што обично му го правев наБошко мој. Ќе плеснам со рацете и ќе му речам:

“Кај си бе ти, педерче едно скупско?“

Како плеснав со рацете, така тој исчезна.Педерче.Скупско.

Извадивме сè од бараката.Се распославме на тревникот како на пикник.Како за Први мај.Како на кампување.

Page 263: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Како после ноќен скупски земјотрес.Сите излегуваат надвор по пиџами и со по некоепарталче земено во паника и набрзина.

Од бараката остана да се изнесе само уште еден кревет.И човекот што лежи во него.Чичко Димче.Скоро 25 години е во оваа болница.Десетина години не ја напуштил бараката дури и занајобична прошетка. А последните неколку воопштоне излегол од собата. Креветот беше неговата планета.Чичко Димче го транспортиравме многу внимателно.Како кршлива роба.Поточно, тој одамна беше расипана роба.Имаше седум-осум тешки дијагнози.Сè започнало со алкохол, а завршило со лудило.

Кога му го позициониравме креветот во нашиот камп,го покривме со неколку ќебиња за да не настине.Иако беше Декември, сонцето не поздравуваше.Како да излезе во чест на чичко Димче.Па, не се виделе со години.Старецот го почувствува неговото старо пријателчесонцето на своите измачени брчки и длабоко вдиша одсвежиот зимски воздух.

“Ооооооооооф...“

Само толку кажа.На лицето му се случи револуција.

Page 264: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Очите како да му се избистрија, образите за час му сезаруменија, лицето како да му се подмлади и на него сепојави една дотогаш невидена насмевка.Како да исчезна сета болка што ова кутро чиченце јаносело со години. Со децении.

Тоа ќе и се случи неколку години подоцна и на мојатапокојна мајка која додека беше во најголематапретсмртна агонија, за прв пат и дадоа морфиум.Така мораше. Нејзиното дотогаш згрчено лицеодеднаш, после само некоја минутка, се разлеа во еднамала, срамежлива, но благопријатна насмевка.Насмевка што на тоа мило лице ја победи онааздодевна и неподнослива болка.

Мислам дека никогаш не сум ја видел толку убава...

Во собите се вративме дури попладнето, кога сестемни. Скупи во Декември го гаси светлото уште во 5.Внатре уште мирисаше на тие силни хемикалии.Ама ние, гордите алкоси имавме толку многу хемија вонас, што тој опорен мирис ни беше како дезодоранс.

Вечерта расположението во нашето алкохолноодделение беше на највисоко ниво. Сè беше свежо,проветрено, дезинфицирано и подновено.

Тазе исфарбани радијатори, светнати прозорци,испрана постелнина во креветите, свежо цвеќе вовазните и нова миризлива гардероба.Сите изпозаспаа како бебиња.

Page 265: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Тоа беше мојата прва пријатна и мирна ноќ.

Сабајлето ме разбуди гласот на Гога. Го слушнав прекувратата од ходникот. Разговараа со убавата Вале.

“Не е можно.“

Пак ли нешто што не е можно?Кога ќе се случи нешто можно, предвидливо инормално. Ова навистина никој не го очекуваше.

Чичко Димче си заминал...Синоќа заспал во новите руби, на новата белапостелнина со мирис на омекнувач, во чист кревет...И задоволен си заминал...

Како да чекаше само да се поздрави со сонцето, да говиди уште еднаш и да тргне на долгиот пат...

Луѓе мои, плачев како да ми умрел некој најмил.Посебно потресени беа некои од главните доктори.Тие го познаваа чичко Димче скоро 20 години.Откако се тука, како млади стажанти и волонтери, па седо денес, тие се грижеле за него. Им беше како член насемејството. Од секој роденден, слава, свадба, тие муноселе по некое парче торта, кифлички со руска салата,сармички во лозов лист или домашна пита.Едноставно чичко Димче им бил омилен...

Но, не и на неговите најблиски, ако воопшто можаттака да се наречат тие што го заборавиле.

Page 266: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Вале рече дека откако работи тука, никој никогаш нему дошол на посета. А тоа се осум години.

Еј, луѓе мои.

Сестра Гога три дена ги вртеше сите телефони законтакт кои беа оставени во неговото медицинскодосие, во случај на итна потреба.Поитно од ова има ли?Умре човекот.

Кој знае дали тие телефони воопшто и постојат.Сепак, Гога најде едно име од списокот.Некоја негова внука.Таа ја прими жалната вест и рече дека ќе дојдат за некојден да го земат и да си го испратат како што доликува.

Никој не се јави недела дена.Го закопаа на државен трошок.На државно земјиште.Со државна бесчувствителност.

Зошто сè овде ми асоцира на смрт?

Знам дека тоа сите не чека.Ама не вака, како чичко Димче...Ова ни на душман не би му го пожелел.

Прв пат посакав да си одам. Дома.Побарав прием кај Професорот Кимовски.Му ја кажав болката.

Page 267: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

“Подобро да си одам оти овде стварно ќе полудам.“

Тој ми предложи да останам уште викендов за да минаправат нови испитувања. Да видат дали и колку ми ешокиран џигерот од витамините и инфузиите што миги даваа во овие дваесетина дена.

Не можев веќе.Ова е премногу смрт на толку малку квадратни метри.Доста ми е од смртта.Си го сакам својот посран живот назад!Разговаравме и за тоа што ќе правам кога ќе конечно идефинитивно ќе го напуштам ова незаборавно здание.

“Ако имаш можност оди некаде надвор. Треба малку даизбегаш од оваа тукашна шема која те стави во шема итоа многу опасно. Ти си добар дечко. Талентиран.Ќе успееш без разлика на сè. Верувам во тебе.“

Сега немаше потреба да му се заблагодарувам напрофесорот за овој комплимент. Ќе го направам тоатогаш кога ќе знам дека бил во право.Мажите денес многу ретко им даваат комплименти намажите. Да, да. Се плашат дека би можеле да бидатпогрешно протолкувани. Во сексуална смисла.

Браво, професоре мој.Да избегам некаде?Некаде надвор?Па, за тоа сум цар.

Page 268: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Веќе имам и план во главата.

Некој тропна на вратата кај Професорот.

“Слободно.“

Влезе еден мој колега. Се препознаваме по синитепиџамчиња на учкур. Тоа беше Венко. Од кај мене.Млад, висок човек, триесет и нешто години, со убавоисчешлана црна коса, големи сини очи, со перфектносредени мустаци и чиста испеглана гардероба.

“Докторе, јас дојдов...како што ми рековте... да седоговориме за утре...да ме пуштите на свадба...кајсестра ми, ви текнува, нели?“

“Да, да...Венко, не сум заборавил. Седни.“

Професорот ми даде знак дека можам да останам акосакам. Како да сакаше да ми каже дека оваа работа имене ќе ме интересира.

“Значи Венко, вака. Ќе одиш на свадбата на сестра тисамо под услов ако ни дозволиш уште денес да тиставиме Тетидис. Ако не, тогаш нема да можам да тепуштам. Јасно ко ден, нели?“

“Ама, мора ли докторе? Ви реков дека нема шанса да сенапијам ракија. Или било што друго. Нема теорија.Само без тоа одвратно апче, ве молам докторе.“

Page 269: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Професорот си ја знаеше работата. Затоа е Професор.

“Нема што повеќе да се расправаме. Денес е петок.Свадбата е во сабота. Денес Тетидис, утре свадба.“

Венко размислуваше уште малку.

“Дообро, ваажи...“

Професорот го крена телефонот.

“Сестро, ќе дојде Венко сега...за Тетидис терапија...да,да...кај мене е...да...како што се договоривме. И утреможе да го пуштите на викенд. Ајде, здраво.“

Венко климна со главата во знак на благодарност.

“Слободен си. Те чека сестра Гога. И утре памет воглавата. Знаеш што може да ти се случи ако се напиешнешто? Да не те потсетувам. Ајде бегај сега и немој даси ме разочарал. И поздрави ја сестра ти...“

Искрено, мене Венко воопшто не ми изгледаше какопациент. Како болен од било што.

“Не знаеш каков беше кога дојде. Безнадежен случај.Тука е скоро цела година. Сега прв пат ќе оди дома...“

Го прашав Професорот зошто Венко има толку големуплав од тие апчиња што треба да ги прими?

Page 270: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

“Тие апчиња ќе мора и ти да ги примиш...“

Извади една книга од неговата витрина и ми ја даде.

“Морам на состанок во Министерството. Тука се типишува. Ти само треба да одлучиш на кој начин ќе гипримаш. Без нив не те пуштам дома. Дури ни тебе.“

Побрзав во собата да ја разгледам книгата.Побарав информации за тој фамозен Тетидис.И убаво си пишува.Тетидис е најпознатиот Дисулфирам.Дисулфирамот е медикамент кој во голема мерка гоблокира разградувањето на испиениот алкохолот наниво на ацеталдехид. Тој не го лечи алкохолизмот.Само помага во одржувањето на апстиненцијата.Ако случајно се напиеш алкохол настапува црвенило накожата, гушење, тахикардија, главоболка, мачнина иповраќање, пад на притисокот, а во 1 : 1о.ооо случаикога пациентот ќе го прекрши правилото, настапуватаканаречената Тетидис или Антабус психоза од којапонекогаш тешко се излегува. Понекогаш и никогаш.Реакцијата на организмот кога ќе се испомешааталкохолот и Дисулфирамот Тетидис, може за неколкучасови да те фрли дури и во кома...А после тоа можат да настапат и смртни компликации.

Е, затоа се дава Тетидисот.За да не дојдеш во ситуација дури ни да помислиш наалкохолот, а камоли да се напиеш од него.Да ти е страв кафе да се напиеш.

Page 271: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Страв вари грав.

Постојат два начина на земање на Дисулфирамот.

Орален, како обично аспиринче или витаминче,иако таблетите се големи како коњски апови.Другиот начин е оној заради кој Венко се бунеше.Таблетата се монтира под кожата, во висина на папокоти си ја носиш со себе како тродимензионална тетоважанад стомакот. Со текот на времето таблетата серазложува низ крвта и секогаш те држи на “готовс“.Овој вториот начин е многу поефикасен, но и поопасен.Во случај кога пациентот ќе го занемари упатството заупотреба. Кога ич не му е гајле што ќе се случи со него.

Мене ми остана уште само да се одлучам за која одовие две варијанти ќе се одлучам.Јас сум сепак за првата.Не сум толку луд да рескирам со втората...

Утредента отидов на последните испитувања.Како што се договоривме со Професорот.Потоа отидов кај него да му ја вратам книгата.Му кажав дека сè ми е јасно.

Сабота.Венко ќе мора машки да ја издржи долгоочекуванатасвадба на сестра му, колку и да паѓа во искушение,а јас ќе морам да го издржам уште овој скапан викендбез да запаѓам во какви било црни мисли и сценарија.

Page 272: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Ама Марфи пак ме најде, мамето мамино негово...

Професорот ми нарача кафенце.Ги чекавме резултатите и гледавме телевизија.Одеше некоја глупава емисија за земјоделците која низемјоделците не ја гледаат. Од што беше глупава.

И тогаш, шок.Програмата се прекина и екранот одеднаш станапотполно црн. И неподвижен. И нем.

Професорот се поднамести во столчето.

“Што е ова?“

На црниот екран со големи букви се појави:

Ин мемориам.

Некој умрел.

“Е. Професоре, сега ќе видиме кој се спасил.“

Тој се насмеа на мојата алузија за глупавиот живот.

И тогаш, на телевизискиот екран се појавив јас...Лично и персонално.Во тегет сако, со големи диоптерски очила, како читамкнига во едно купе. Возот шиба по пругата, свиритраорна музика, а врз неа се слуша мојот глас...

Page 273: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

А долу на екранот, се уште пишува Ин мемориам.

Се погледнавме со Професорот.Јас ги препознав кадрите од телевизорот.Тоа е сцена од документарно-играниот филм, кој госнимив една година порано и во кој ја толкував улогатана таткото на нашиот модерен јазик и убедливонајголемиот поет што го дала оваа мала грутка земја.Коне Блажески.

Требаше да поминат цели пет минути, што е рамно навечност кога е во прашање телевизијата, за режисеротконечно да го напише неговото име на екранот.

Ин мемориам – Коне Блажески.

Тогаш здивнав.Не е добро што умрел таткото на мојот јазик.А добро е што не сум умрел јас.

Луѓе мои.Морници ме полазија.Си ја видов сопствената смрт на телевизија.А ја виде и целата држава.

Националната телевизија се надмина себе си.Жив ме закопа...Па, на кој дебил му текна да го пушти ова?

На некои луѓе не им треба алкохол.

Page 274: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Доволно е што се живи за да можат и трезни данаправат ваква глупост, каква што никогаш не бинаправил ниеден од моите ценети колги алкоси.

Прво што ми падна на ум беше под итно да се јавам намоите. Мајка ми, која во ова време од денот не мрднуваод пред телевизорот, го има видено ова срање и веќе епрашање на време кога ќе приумре и таа.И во право бев.

Прво, не можев да ја добијам десетина минути.Нон-стоп беше зафатено.Кога ја добив, таа веќе наголемо плачеше.

“Ееееј, ти си? Добар ли си? Гледаше ли телевизија?Па, овие се ненормални. Душата низ нос ми излезе.Илјада луѓе ми се јавија...сите се извадиле од памет.Како може да се толку глупави? Ќе полудам. Не сесвесни каков стрес ми направија.“

Мајка ми.Болуваше од хроничен стрес.Беше зависна од него.Кога сè беше во ред, таа како да бараше повод за стрес.Од тоа и се разболе.

“Мамо, не се секирај, те молам. Кој ги ебе идиотите.Заборави на ова сега. Имам една добра вест за тебе.Задутре излегувам од тука. Доста беше.“

И навистина, доста беше.

Page 275: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Дојдов, видов...се заебав.Уште и ме умреа пред време.Цел живот, животов се заебава со мене.Сега малку и смртта почна да ме дупи.Да ми се појавува во мутирани облици.Да ми се вртка околу мене.Да ме нервира.

На враќање во собата, на влезот во бараката, гиобавував царинските формалности со началникотМихајло. Една цигара за царина, другата за мито...И корупција.

“Ич не влегувај внатре.“

Ем платив царина, ем да не влегувам.Ама тоа Михајло ми го кажа...за мое добро.

“Што е па сега?“

На влезот од собата, пред затворената врата стоешесестра Гога. Како стражар. Бодигард.

“Влези кај нас, во докторската соба. Можеш да сипуштиш телевизија. Не сакам да го видиш ова. А и ти.“

Влегов во докторската соба.Телевизорот немав намера да го палам.Освен својата смрт, друго и нема што да видам.Погледнав низ големото стакло преку кое се гледаше сешто се случуваче во мојата соба.

Page 276: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Тоа беше нова цимерка.Жена во своите четириесети години.Со црни, распуштени коси кои се гледаше дека билегрижливо негувани. Сега беа замрсени и нечешлани.

Беше седната на креветот и не мрдаше.Гледаше во празно.По изразот на нејзините очи бев сигурен дека таа иакосо отворени очи, не гледа подалеку од носот.

Лево од неа стоеше висок маж.Делуваше мошне загрижено и нервозно.Ја држеше за раката. Можеше да се претпостави декатоа е нејзиниот сопруг. Можеше исто така да сепретпостави дека тоа е љубов меѓу нив.

Така барем мене ми изгледаше.Или сакав така да изгледа.

Каква ли мака имаше оваа жена?

Имаше боја на лицето каква што дотогаш не бев видел.Главата не и беше на рамењата, туку висната над нив.Тогаш, почна да прави движења со телото како да ика.Откако го повтори тоа движење неколку пати, почна даповраќа...така седејќи. Очите се уште и беа ширумотворени. Како да не беше свесна дека само што гоисфрли од себе тоа што ја мачеше. Ама не било така.

Во собата влезе сестра Вале.

Page 277: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

“Будала жена...ќе се убивам за таков кретен...“

Вале беше прилично потресена.И понудив цигара за да се смири.Го повлече првиот дим.

“Ќе умре многу бргу. Не е ни свесна што ја чека.Испила половина шише солна киселина. Ја фатиле вопоследен момент, ама изгледа дека е џабе.“

“Што вика мажот и? Маж ли и е оној?“

“Да, да...А што да вика? Мислам дека тоа го направилазаради него. Мене ми личи на идиот што ја измачувалсо години...и таа не можела да издржи повеќе.“

Типот за кого разговаравме, одеднаш го смени своетооднесување. Од мирен сопруг кој грижливо ја држешераката на својата агонична сопруга, се престори во диваѕверка. Почна да мафта со рацете и да му вика нешто накутриот докторот. Со Вале не можевме ништо да чуемепреку дебелото стакло. Таа веднаш отрча таму да мупомогне на докторот во одбрана од насилникот.А јас тргнав да ја бранам неа. Ако има потреба...А имаше.

Марфи, нема спас од тебе.

Влеговме со Вале на бојното поле.Човекот веќе беше вон себе. Од викање.А докторот беше во себе. Од страв.

Page 278: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

“Само ако ви умре...и вас ќе ве пратам по неа...сите...“

Прво што ми падна на памет беше Доне.Суперболничарот Доне.

За среќа, беше веднаш на влезот. Пушеа со Михајло.

“Доне, проблем...“

Доне му ја предаде цигарата на Михајло како штафета.Тука нема фрлање цигари.

Супер Доне влета во собата како виор.Гомнарот веќе ја имаше пуштено раката на својатасопруга која сега беспомошно лежеше на креветот, нозатоа пак ја држеше раката на докторот и тоа на еденмногу каубојски начин. Свиткана од зад грб.

Доне го онеспособи со светлосна брзина.Го држеше цврсто за лактите и му кажа во очи:

“Ќе се смириш? Или да те смирам?“

Доне шампион.

Насилникот одлучи да се смири.Ама, само привидно.Неговите очи кажуваа дека тој само што почнал.Тој беше за тука. А не жена му.

Page 279: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

“Јас ви кажав. Само ако умре, сите ќе ве убијам…“

Доне истрча по помош.Вале и јас стоевме како на приредба.Докторот веќе пет минути збор не кажа.Сега мораше. Типов отворено се закакнуваше.Во еден миг, од докторот излета сиот стрес што овојморон му го приреди таа ноќ. И почна да му вика.

“Не дозволувам да ми се заканувате во мојата болница.Ова нема да го трпам. Ако кажете уште само еден збор,ќе викнам полиција.“

Нема заебанција со докторот.Ама ни со дебилот.Како на лош филм, ја брцна раката во внатрешниот џебод палтото и извади едно “нешто“.Го покажа во наш правец.

“Јас сум полиција…“

Опаааа…

Не можев да издржам.

“И сега? Да паднеме во несвест? Или што?“

Ми излета, што да правам.

Фраерот ме гледаше избезумено.

Page 280: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

“Тебе те праша некој нешто?“

Докторот пак се јави.

“Излезете од тука, веднаш…“

Немаше потреба да го моли. Дојде Доне со свитата.Го фатија идиотот под рацете.Тој се опираше.И не сопираше.Едвај го изнесоа надвор.

Вале седна на мојот кревет и почна хистерично даплаче. И таа пукна тотално. Не и е лесно ни неа.Воопшто, не им е лесно на сите вработени тука.Секој ден стрес, секој ден опасност…Работат со кршлива роба која секој момент може дасе распарчи во илјада ситни делови.Може да им се растури нивниот мозочен мозаик.

“Кај е маж ми?“

Кутрата жена се разбуди.Или ние ја разбудивме, сеедно.Изгледаше потполно изгубено, а сепак прашуваше занего. Го бараше својот душман.

Докторот ја смируваше.И објасни дека сопругот сега ќе дојде.

“Викнете го веднаш, сакам да го видам…“

Page 281: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Истрчав низ вратата.За малку ќе се судрев со него во ходникот.Доне веќе го имаше под контрола.Го истренирал како куче.Ова смееш, ова не смееш, фуј, седи, лежи, стани…И како да е некој сосема друг човек, го праша Доне.

“Може да останам вечерва тука?“

На крајот, и покрај неговиот неподнослив безобразлуки невидената ароганција, Докторот се согласи да мудозволи да остане покрај својата несреќна робинка.Тој седна на едно столче покрај нејзиниот кревет иповторно ја фати за нејзината полужива рака.Си помислив “добро е, се смири работава, човековсепак е…човек“. Онаа гужва од пред малку била самомомент на слабост. Тој сепак ја сака. Па, жена му е.Мајка на неговите деца.

Ама, гадно се заебав…

Ги гледав низ полумракот кој владееше во собата.Додека таа му шепотеше нешто неразбирливо и полека,полека почнуваше да губи секаков допир со реалноста,тој и ја фати брадата и почна да и ја тресе лево-десно,онака како што насилниците уживаат да го прават тоа.

Кутрата жена.

Page 282: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Ем во агонија од отровот што тече низ нејзината крв иоргани, па се испомешал со силните хемикалии што иги ставија за да ја оправат, ем во опасен страв деканејзиниот мил ќе и направи нешто, онака беспомошна.

Не сакав ни да гледам ни да слушам.Се покрив преку главата.Се правев дека спијам.

“Само ако ми умреш…“

Овој е ненормален.Не само што сака таа да живее само за него, туку не идава ни да си умре само за себе.

“Само ако ми умреш, децата ќе ти ги оставам на улица.Ич не ми е гајле за нив. И така и така не сум сигурендека се мои. Ништо не ти е, ајде…станувај да си одиме.Ме слушаш ли, мори?“

Господе боже, каков лудак.

Немав намера да го слушам уште тој хорор-муабет.Демонстративно станав, ја земав перницата и тргнав водокторската соба. Таа ноќ, ни на крај памет не ми бешеда останам во таа просторија.Со жена што умира, а треба да е жива и со тип што епожив од сите нас, а би требало да умре што поскоро.Уште лани.

“Каде бе ти?“

Page 283: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Е тогаш решив да му го плеснам. Во двете уши.

“Одам да какам. Ми се присра од твоето присуство.“

Лајнарот стана, се исправи колку што беше голем,веројатно физички да се пресмета со мене, па после мусветна дека ќе го избркаат оној момент кога повторноќе направи нешто непромислено, па…се откажа.

“Ќе те најдам, педер еден. Мал е градот. А башка знамкај се движиш. Ќе се видиме таму, надвор.“

Не се посомневав во тоа.Полицијата секогаш знае сè.

“Јас ќе си одам надвор секако. И тоа уште задутре.А тебе топло ти препорачувам да си останеш овде.Ем убаво ќе се грижат за тебе, ем има шанса бргу даоздравиш. Ти си за тука.“

Ја лупнав вратата со сета сила.А тој викаше како низ мегафон.

“Ќе ми платиш, гомно едно...“

Ќе ми се фатиш за Стојко мој.Кретен еден.

Ноќта преспав на службениот кревет.Ќе издржам уште две ноќи, па и на кур да ме носат.

Page 284: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Ова место дефинитивно не е за мене, иако воопшто небеше лоша идејата што одлучив да дојдам тука.Бев лик од “Летот на кукавичкото гнездо“.

Кој не полуди тука, тој не е нормален…

Сабајлето ме разбуди првата смена. Веднаш јапроверија мојата нова цимерка и нејзината состојба.Состојбата на цимерот што и глумеше маж,не можеа да ја проверат од проста причина што тојиспарил. Исчезнал. И поарно.Барем жената ќе биде мирна. Додека е жива. Ако бидежива. Сега беше ни жива, ни мртва. Женско зомби…

Се собра персоналот.Кафе, мафе, цигара, муабет…Зошто сум преспал тука, што белји правеше кретенот,како се однесуваше жената…Им кажав што и зборуваше.Како ја понижуваше.Тие беа толку навикнати на сето тоа, што мојаваприкаска за нив беше цртан филм.

Сестра Гога извади пита што ја донела од дома.Каснавме, се посмеавме и толку.Толку од пријатното утринско трачаерење.

Слушнавме страшен крик од мојата соба.Звучеше морбидно.Изгледа дека новата цимерка повторно е во реалноста,таму каде што болката повеќе боли.

Page 285: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Докторот истрча, сестрите по него.Жената веќе воопшто не изгледаше добро.Толку беше деформирана од болка, што личеше нанекоја братучетка на Адамсови.Викаше како ранета ѕверка.Викаше директно од нејзината затруена утроба.

И повторно обиди за спасување, инекции, инфузии…

Таа упорно си ги бараше децата.Конечно ја смирија.Докторот се јави по телефон во државната болница.Му објаснуваше на некој колега дека имаме пациенткакоја што не е за во оваа болница и дека под итно морада ја примат на нивното “гастро“ одделение…

Инаку овде нема да не дружи уште долго.

Одговорот од таму беше прост.

“Нема место.“

За оваа кутра жена никаде нема место.Веројатно горе, на небото ќе се смилуваат.Конечно, лекарставата ја победија и таа повторнозамина таму каде што болката помалку боли.Во бесознание…

Тој мој последен ден во клиниката “Бардо“, наместо дами биде најубавиот, беше можеби и најтрауматичниотод сите претходни денови.

Page 286: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Денови ли се денови, алкохоличарски маки големи…

Почнав да се пакувам.Немав кој знае што да спакувам, но самиот чин мипретставуваше задоволство. Конечно си одам од тука.

Добро што дојдов, уште поубаво што си одам.

Последните резултати од моите течности беа супер.Како на бебенце.

Излегов во кругот на последна прошетка.Снегот што напаѓал ноќта ги задушил сите звуци.Се слушаше само крцкањето на белата површина подмоите чекори. Воздухот сечеше како нож.Бев на корзото, па во мензата…

Дотрча и Михајло.Последен пат му платив царина.Пушевме на снегот.Михајло чекаше посета. Недела е.Неговите секогаш доаѓаат во недела.Ама, секоја престапна недела.

Стоевме пред капијата.Луѓето влегуваа со кеси, кутии, пакети и разни другипотрепштини, а излегуваа со празни раце.Само еден Господ знае колку алкохол денес ќе сепрошверцува низ капијата. Цел шлепер.

Page 287: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Дојдоа роднините на Михајло.Маж и жена во средни години.Помислив дека му се некои внуци или барем сватови,оти не изгледаа баш заинтересирано за другар ми.Типот нон-стоп гледаше во саатот, а женската сеобидуваше да биде комуникативна. Стоевме на влезот.Не ни помислуваа да влеземе внатре.Единственото што им беше интересно во целата посетабеше моето присуство таму. Јас ли сум, не ли сум?Скриена камера ли е, нели е?Добро, си помислив, колку и да се далечни роднинисепак дојдоа. Пет минути – пет минути.Направиле чест, изгубиле време, потрошиле некојапаричка за понадицата што му ја донесоа и...дошле.

Не поседовме ни десет минути.Станаа, се поздравија и...си заминаа.

Му помогнав на Михајло околу кесите што му гидонесоа. Тој пак, пребаруваше по нив.Вадеше портокали, лимони, чоколатца, ѓевреци...

“Пак не ми донеле цигари, ѓубриња едни...“

Михајло е непоправлив.Морав да го прашам.

“Пријателе, кои ти се овие?“

Михајло одговори автоматски.

Page 288: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

“Син ми и ќерка ми...“

Еј животе, пробисвету еден...

И додека полека се влечкавме по снегот накај нашатарезиденција, покрај нас се довлечка болничкото комбе.Она комбе за кои сите што не биле тука раскажуваатприказни. Те жолто било, те сиво било.Комбе ко комбе. Раскантано и зарибано.Едвај се движеше низ напаѓаниот снег.Кога застана, од него истрчаа двајца болничари кои небеа од нашите и ги отворија задните порти на тенкот.Од него излегоа тројца. Една постара жена, едентинејџер и меѓу нив како привезок – наш Венко.Венко свадбарот.Венко деверот.Венко Тетидисот.

Не личеше на себе.

Она што го читав во книгата на професорот, сегаимав ретка прилика да го видам и со своите очи.Нозете му се движеа како на затворениците што гитранспортираат во друг затвор, па им ги врзуваатнозете со ланци и катанци. Еден негов чекор бешееднаков на должината на еден негов чевел.Како да имаше железни нозе.Очите му беа застаклени, закрвавени и залутани.Изгубени во времето, а камо ли во просторот.Од неговата свадбарска фризура не останало ништо.А легендарните мустаци му личеа на мрсули.

Page 289: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Лицето му беше заруменето како да го извадиле одфурна. Како да заспал во солариум.Дишеше како астматичар, а звучеше како гајда.Со еден морничав и монотон глас ни кажа:

“На сила ме натераа, на сила...на сакав јас...“

Не распознаваше никого.Веднаш се сетив на последните зборови што докторКимовски му ги кажа во канцеларијата.“Знаеш што може да ти се случи ако се напиеш?“

Венко знаеше, ама не сакаше да знае...Нема спас...

Избегав во собата.

Цимерката седеше на креветот и лупеше банана.

“Здраво...“

Ја поздравив, иако бев сигурен дека не се сеќава намене. Си легнав во креветот.Моето здраво на неа не делуваше воопшто здраво.Едвај успеа да ме праша.

“Ти тука спиеш?“

Грицкаше од бананата како врапче.

“Да, само синоќа не...“

Page 290: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Не сакав да и објаснувам што се се случи синоќа.Не сакав да дознае за нејзиниот луд маж и неговатанеиздржлива самобендисаност и безобразие.Уште шокови не ѝ беа потребни.И така и така беше за жалење.

Едвај голтна еден залак од бананата и пак легна.Не поминаа ни три минути, повторно се исправи воседечка положба и ги исповрати тие дваесет грамабанани што ги изеде. И се онесвести.Стрчав по сестра Гога.

“Ти и даде банана?“

“Не, не...имаше во кесата, изгледа мажот и ги донел...“

Гомнарот дефинитивно сакал да ја убие.

И донел банани, божем настината е.А таа кутрата освен течности и инфузии друго не смеени да помисли. А ни тоа не и помага, толку е отруена.Од таков морон и мозокот може да ти затруе.

Докторите се собраа на конзилиум.И пак побараа помош од другите болници.И пак безуспешно.Ситуацијата стануваше критична.Жената веќе немаше пулс, притисокот и се губеше, амислам дека и се изгуби и волјата за живот.

Page 291: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Го бараа кретенот на телефон. Ништо.

Тогаш за прв пат ги видов докторите беспомошни.Жената не ни претпоставуваше дека е готова.Се однесуваше како да е на забар.И дека е под анестезија.

Некаде попладне, пред да се стемни, конечно се појавии несреќникот. Беше пијан како земја.И пак проблеми.Ја натера да стане од креветот, ја шеташе низ ходникот,ја малтретираше умствено и на крајот почна да и гооблекува мантилот. За да си одат дома.

“Облекувај се бргу да не ти ја ебам мајката... и праводома. Имаш деца за чување, ручек за готвење, имашвеш за перење...гуско една...ќе видиш ти дома...“

Сирота жена. Едвај се облече.Изгледаше како да не може да стигне ни до вратата.

“Лошо ми е...“

Со триста маки го изговори тоа.Знаеше дека пред него не смее да и биде лошо.А тој, како да го чекаше тоа.

“Дооомааааа!!!“

Тогаш јас попиздев.

Page 292: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

“Какво црно дома бе, имбецилу еден, остави ја женатана мира, па нели гледаш дека може да умре...“

Тргна накај мене како фурија.Ме бутна накај ѕидот.Жената уште повеќе се возбуди.Викаше како да ја колат.

“Дооостааааа...неееее...немојте...“

Дотрчаа сите. Настана општа гужва. Не се знаеше којкого напаѓа, кој кого брани. Гога ме извади надвор.

“Бегај, тргни се...што се мешаш?“

“Па не знаеш ти што и правеше, сестро. Ненормален е.Сака да ја умре што поскоро. Башка е мортус пијан.“

Ме тргнаа на страна.

Доста ми е.И од оваа болница, и од лудаците што доаѓаат вопосета тука, а се полуди од своите блиски.Доста ми е од сè што научив овде.Од се што видов и чув, од се што почувствував.Доста ми е од таа проклета соба во чие рекламно лого еврежана самата смрт. Доста ми е од смртта.Доста ми е од сето ова што го режира алкохолот.Јас повеќе не играм во неговата ебана претстава.

Седнав до докторската соба.

Page 293: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Го гледав лудакот низ стаклото и си помислив како бибило добро тој да умре наместо неа.Ама, не испадна така.

Не поминаа ни два часа, жената излезе од своетобезболно бесознание, за последен пат се исправи накреветот и така седејќи направи гримаса како да ќекаже нешто многу важно. Тогаш, го направи и онанејзино движење како да ќе ика, се затресе со градитенеколку пати и...исплука од себе нешто многу црно.Црно како зло.

Гледав низ стаклото и не ми се веруваше.Влезе Гога. Беше многу возбудена.

“Отиде жената...“

Во иститот тој момент, шутракот што до тогаш сеправеше диктатор легна до неа, ѝ ја гушна главата иниз еден гласен, ултраприроден плач, ја кажа прватанормална работа откако дојде тука.

“Не ми умирај, те молам...“

Умрена е таа, брате.Таа веќе е излезена од тунелот и сега ужива...

Гога седеше на фотелјата и гледаше во празно.

“Што беше тоа црното што го исплука?“

Page 294: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Прашав заради тоа што дотогаш не бев видел таквонешто, а и за да ја разбијам непријатната тишина којасе распосла низ собата.

“Џигерот.“

Луѓе мои.Си го повратила џигерот.Како да сакала да го исплука.Како да сакала ѓаволот да излезе од неа.Да го избрка.

Автоегзорцизам.

“Нема да можам да преспијам таму.“

Гога не кажа ништо.Сè уште гледаше во празно.И како конечно да го виде.Празното.

Преспав во гардеробата на една ниска, долга клупичка,обвиткан во јакните на медицинскиот персонал.

Утредента, исто како и на доаѓање, само по обратниотредослед. Се раздолжив како во војска. Па отидов кајПрофесорот Кимовски на последен разговор.

“Готово?“

“Готово.“

Page 295: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Одговорив махинално, иако не знаев што му значи тоа“готово“ на професорот. Важно дека е готово.

“Да знаеш дека си ми бил еден од најдисциплиранитепациенти од твојата врста. И пријатно сум изненаден,право да ти кажам. Сам си дојде, виде сè што требаше,виде до кај можеш да стигнеш. Е, сега врати се тамукаде што беше. И покажи им на сите. Верувам во тебе.Ти кажав, ти си дечко со ѕвезда.“

Професорот ми пушта водичка.

“Прво ќе ги пиеш овие.“

Го извади Тетидисот на маса.Картите се на масата.

“Овие не те лечат. Ама можат да те натераат сам да гонаправиш тоа. Пиј ги секој ден додека не си сигурендека е доволно. Кога ќе помине извесно време, можешда си ја задоволиш желбата со една чаша домашно црновино. Или една од твојата омилена пијачка“

“Да знаев така Професоре мој немаше да бидам тука.“

Се гушнавме со Професорот.Како другари.Се поздравував со сите.Докторот, Гога, Доне, Вале...Михајло плачеше како мало дете.

Page 296: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

“Па пак да ни дојдеш.“

Да не даде Господ, Михајло.Само тебе нека те чува.

.....................................................................................

Ама, сепак пак дојдов.После две години.Овојпат, за убава работа.Ме поканија да ја отворам Олимпијадата.Душевни болници од регионот.Фудбал, одбојка, шах, борење, трчање...Шампионската лига на психијатриските случаи.Циркус.

Толку многу ми беше пријатно. И интересно.Се чувствував гордо што можам и јас да направамнешто корисно за државата.Иако таа ама баш ништо не направила за мене.Кенеди бил во право кога го кажал тоа.

Јас, како стар штитеник кој се рехабилитирал исе социјализирал, лично ја отворив Олимпијадатаи одржав пригоден поздравен говор.На една оригинална соцреалистичка говорница.Со црвен плиш.

Михајло се уште беше тука.

Page 297: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Само што неговата дисциплина се уште не е применаво Олимпијската програма.

Маратонско пушење.

Си заминав од таму со едно стоплено чувство околусрцето. Сето тоа таму сега ми е толку далечно.И толку блиско истовремено.

Секогаш ќе се сеќавам на него по убаво.Иако многу малку убаво имаше таму.

Но мене не ми пречеа ниту вошките на Михајло, нитуодвратниот здив на Киро, прдењето на Венко, дерењетона Трактористот, ниту пак, да не ни даде Господ, мипречеа пицајзлите на Мутавиот.

Животот не е само ова што го живееме ние.Има уште еден живот. Уште пострашен од овој нашиов.

Е, таков еден почнав да живеам тогаш.Еден обичен, од овие нашиве најдосадни животи.Удави.

Морам да се пофалам дека навистина бев ревносен сопиењето на лекарставата што ми ги препишаа.Особено со Тетидисот.

Го пиев секој ден.И секој ден бев свесен дека тој е во мене и дека ме чекакако полна пушка да направам само една грешка.

Page 298: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Тој тогаш ќе тргне во страшна противофанзива.И ќе ми го ебе мамичето.

И еден ден престанав.Професорот беше во право.Немав веќе потреба од него и бев сигурен дека нематеоретски шанси да паднам во искушение.

Така и беше.Професорот е секогаш во право.Затоа, го послушав и вторит негов совет.

Жена ми не сака блуз и јас заминавме на неколкумесеци на прошетка низ старата курва европска.Малку кај нејзините во Бохемија, малку кај сестра ми.На убавиот син Дунав.

Кога се вратив, навистина беше друго.Доживеав тотална преродба.Во еден чекор.

Почнав да работам. Многу да работам.Почнав да заработувам. Многу да заработувам.

Почнав и да се дрогирам.Малку и срамежливо на почетокот.Многу и бесрамно на крајот.

Таков сум.

И што?

Page 299: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Едниот порок мора да се замени со друг.А на другиот порок, за да не биде сам, му носиш иуште едно другарче. Третиот порок.Комарот.

Мислев дека е само до алкохолот.Ама не било.

Не е ни важно.Поарно трезен голтар, отколку пијан голтар.

И така седум години.Седум години кои за мене лично не беа интересни николку петнаесет минути во клиниката “Бардо“.Но беа болни како дваесет години внатре.

Некој изгледа скршил огледало пред седум години.

Почнаа првите големи проблеми.Луѓе, пари, работа, комар, пари, луѓе, работа, комар...Таман ќе заработев добро, одев да си ја пробам среќата.Во една вечер го губев тоа што сум го заработил сотриста маки. Авансно го губев и наредното што мибеше во план да го работам. Волшебен круг.

Ѓаолски.

Во една неполна година ги испратив на небото и дедоми 5-ре и мајка ми. Дедо ми замина бучно и со помпа,

Page 300: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

онака како што живееше, а мајка ми не напушти тивкои скоро незабележително.

Најапсурдно од сè е тоа што и покрај сите овие фркимене ми се случуваа најубавите неколку години вомојата кариера. Кога денес ги гледам старитетелевизиски снимки од тоа време, сфаќам дека јастогаш не сум имал време да уживам во сето тоа.

Направивме р’шум со “Џандарскиот квиз“.Ја полудевме нацијата.Па потоа Бингото.Е, тоа беше масовна хистерија.Околу мене само коли, пари и убави жени...А јас од тоа ништо...Лижев шеќер преку џам.

Затоа засакав блуз.Се вљубив во него како запалена тинејџерка.Патував со бендот и пишував блузерски сказни.Имав големи концерти.

И сето тоа без алкохол...

Од заебанција, со моите најблиски, секогаш гопрославувавме 15 Ноември. Денот кога престанав дапијам и заминав во “Хотел Бардо“.

И секогаш исто.

Ќе излезевме во некоја дупка.

Page 301: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Сите ќе се направеа дупки.Јас ги разнесував по дома, такви никакви, разнежени,заспани, расплакани, возбудени, разочарани и пијани.Секој со својата приказна.

А и јас направен лом.Ама од кафиња...

Пиев помеѓу 15 и 20 еспреса дневно.Исто толку и минерални води. Малечки.Таков сум бе, што да правам.Кога е бал, нека е бал.Кога ебал, нека ебал.

Седум години така.

На 15 Ноември, во име на моето непиење, тие сеонесвестуваа од алкохол. А јас ги гледав и се прашувавдали е можно дека и јас сум изгледал така кога сум билдобро нацицан. Ако сум изгледал така, тогаш сум јанаправил најумната работа на светот што сум гобаталил алкохолот и неговите подли намери.

Е, токму на седмата годишнина од непиењето сфативдека нема потреба никој да крши никакво огледало зада ја доживеам седумгодишната несреќа што ми следи.Огледалото си го скршив своерачно.

На првата, традиционална здравица која секој пат јакажував јас, по седми пат го потенцирав истото.

Page 302: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

“Алкохолот е за луѓе, не е за говеда...“

Алкохолот е всушност за луѓе кои стануваат говеда.Ако го пијат неумерено.Ако се обидат да му се спротивстават.Да се натпреваруваат со него.Ја губат трката уште пред стартот.

Таа година прославата ја правевме кај мене дома.Беше многу забавно. Тино, во свој стил, имитирашееден од тогаш популарните политичари кој слабостоеше со мајчиниот јазик. Тоа го правеше толку многуверодостојно што просто не ни се веруваше.

И на крајот, зборувајќи од ликот на промашениотполитичар, реши и тој да ми наздрави.

“Честитам брате, што успеа да издржиш сите овиегодини. Со тоа покажа дека си карактер. До душагомно карактер, ама сепак карактер.“

Следуваше смеење и аплауз.Тогаш и јас станав, па од ликот на еден друг политичар,вечен опозиционер на овој што Тино го имитира, сеобидов да одговорам соодветно.

“Брате Тино, карактерот е како законот. Законот имамилион дупки во него кои можеш да ги пронајдеш и даго скршиш кога и да посакаш. Башка и самиот знаешколку е слатко да се прекршуваат правилата...“

Page 303: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Никој од присутните не сфати за што зборувам.Што ми е намерата.

“Сега дами и господа ќе ви покажам колку е слатко дасе крши законот, тоест карактерот.“

Отидов до фрижидерот, земав една голема и скорозамрзната лименка скупско пиво и...ја акнав за секунда.

После седум години, тоа пиво беше најслатата голткашто сум ја почувствувал во животот. А ефектите од неабеа скоро исти како и оние кои се појавија откако гоиспив првото пиво од првата приказна во прирачников.

Зошто го направив тоа, ни ден денес не ми е јасно.

Можеби од инает.Како што не пиев од инает.Од инает на оние што гракаа дека нема да издржам безалкохол подолго од едно преспивање. За инает на ониекои се згрозуваа од мојот начин на пиење, а при тоапиеја тајно. Дома. Од шишиња скриени во шкафчиња.

Тоа пиво го раскажував со денови.После една недела се напив уште едно.Следната недела две, па секој ден по едно, па дведневно, па три на седнување, па четири на станување ...Се откорнав од мочање.Велат тоа било добро за бубрезите.Да, ама не е добро за главата.Луѓе мои, запомнете.

Page 304: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Не постои полошо пијанство од она пивското.А божем пивото бил чист витамин бе.А бе, витаминот бе ич не делува како витамин, бе.Туку како камшик.Бич.

Откако неколку пати во еден месец се овердозирав собе витамин, една вечер му се бапнав на комшијата наТино. На партија плејстејшн.Разговаравме за моите најнови луди експерименти сојачменовиот сок. Ми каже дека сум будала што си јамачам душичката. Бадијала е.

“Знаеш дека е крај ако се вратиш на старо. Кој кур пасега ти текна на ова? Ако продолжиш, нема да можешда се вратиш. Те знам што гомно си.“

Е ова добро го кажа.И двајцата знаеме за другиот што гомно е.Така е полесно.

“Па гледаш дека немам никаков проблем со пивото.Како сокче ми е. Не ме ни удира...“

Тино ме погледна со своите шарени очи.

“Е па не те удира. Знае дека веќе си удрен...“

“Одам по пиво.“

Се симнав до супермаркетот.

Page 305: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Барајки го пивото, налетав на...мојата нова пијачка.Веднаш знаев дека тоа ќе биде турбо љубов.Љубов на прва голтка.

Розе вино.Шишето стоеше толку срамежливо помеѓу другитевина, што нависитина ми падна жал.Ќе си го приберам дома.Се вратив кај Тино.

“Е па брате, јас си ја најдов новата пијачка...“

“Е па ај честито нека ти е“

Ми текна на “алјаската“ на Кленот.

“Имаш мраз?“

Тино тргна накај фрижидерот.

“Да ти го опнам в газ.“

Си направив “алјаска“ со розе вино.

Оооооооооооооооооооооооооооо...

“Знаеш што е ова што го пиеш?“

Тино ќе ме учи.

Page 306: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

“Кога прават вино секогаш останува еден дел од негозалепен за внатрешниот дел од бурето. И оди јабана.Како колатерална штета. Ти пиеш колатерална штета.“

Тино ми го расипува ќефот.

“Ти си колатерална штета.“

И така со денови.

Почнав толку бргу да ги празнам “алјаските“, штофризот во фрижидерот едноставно не можеше дапостигне. Не сакаше да соработува.Почнав да пијам “алјаска“ без мраз.Како жена без цицки.Како без кур на свадба.

Толеранцијата на розовиот алкохол од страна на мојотисчистен и заздравен организам стана зачудувачкивисока. Скоро невозможна.Се случуваше да испијам и по пет шишиња од тааколатерална штета во една вечер. Демек розе вино,слаб алкохол, не е како другите вина, башка здраво е...Здраво било.

Е па во тој случај јас, во тие неколку месеци, бевапсолутно најздравиот човек на светот.

А розе вино плус забранети супстанции?Па тое ти е што да ти кажувам.Лебдиш.

Page 307: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Левитираш.Триесет сантиметри од површината на мајката земја.

И одеднаш паѓаш од тие фамозни триесет сантиметри,а последиците од падот се исти како да си се спичкалод Емпајр стејт билдинг или како ли се пишува тоа.

А утрата после розе вино се посебни.Како забавена снимка си.Главата ти е тапан.И смрдиш брате мој, за десет души.Не постои на светот таква грижа на совест што биможела да го испере чувството на вина после тоа вино.

Една вечер не можев да си дојдам дома откај Тино.Немав снага од станот број 22да стасам до станот 23.И затоа останав во станот 22.До сабајлето.

Од станот 23 ме побарале од кога сум заспал, па Тинокажал поарно да ме остават. За да нема бељи.

Утредента рано излегов од кај Тино.Не се ни јавив во 23.Ја започнав својата традиционална утринска прошеткапо скупските сообраќајници. Главата ќе ми пукнеше.Нешто ми кажуваше дека со мене не е се во ред.Возев бесцелно и размислував за вртлогот во кој одзаебанција повторно упаднав. После седум години.

Веќе поминаа два месеца од почетокот на мојот нов

Page 308: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

и невозможен експеримент, а јас се чувствував каконикогаш да не сум го оставил алкохолот.

Како сето тоа да не ми случило.Никогаш и никаде.

Ми остана да ја донесам и таа последна одлука.Ќе продолжам да го правам ова или не.И ако воопшто продолжам да го правам, дали ќе имамсила да го издржам. Желба имам, тоа е сигурно.

Застанав во супермаркетот на бизнисмените од земјатана која не сакам ни името да и го спомнам.Влегов внатре и моментално се упатив кај мојотнајдобар пријател меѓу рафтовите.Оној со жестоки алкохолни пијалаци.Изборот беше наместен...Со дебели врски, победи шишето со мојата омиленапијачка на последната буква. Ја замолив касиерката дами го спакува во онаа шарена и светкава хартија.Божем ќе го носам некаде за подарок.Демек не е за мене.

Се извозев до брдото над градот.Застанав на паркингот, ја изгаснав машината, ја дигнаврачната кочница, го пуштив локалното радио и гоотворив шишето со волшебниот напиток.

Погледот на градот беше фантастичен.

Скупи никогаш не ми изгледал толку убав.

Page 309: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Секогаш сум им завидувал на луѓето што живеат воовој дел од смрдливиот град. Ако ништо друго, имаатпоглед кој вреди милион долари. Скупи на дланка.

После првите неколку голтки мојот роден град миизгледаше како да е најубавиот на светот.Тогаш знаев дека Тино беше во право.Сега веќе нема враќање.

Кога дојдов до средината на шишето, сфатив декаБез причина сум и раскинувал на мојата омиленапијачка на последната буква. Сето тоа било бадијала.Тоа била толку силна и неповторлива врска, што бевубеден дека седумте години што не разделија ниоддалеку не се доволни за да ја убијат нашата љубов.

Погледот на градот навистина беше единствен.Погледот во минатото ми беше од некаде познат.Погледот во иднината беше тотално неизвесен.

Кога ја испив и последната голтка, знаев дека тоа едефинитивниот почеток на крајот.

Другото е историја што моментално ја пишувам.

................................................................................................

................................................................................................

...............................................................................................

Десет години подоцна, на само стотина метри од тоа

Page 310: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

место на злосторство, на самиот крај на таа долга издодевна зима, седам на терасата која го има истиотпоглед на мојот град како и оној од пред десет години.Ако не и поубав.

Хотел “Турен А“.

Земјата на Галските петли фрлила една своја мала амапрепознатлива точка и на ова наше тло заборавено одГоспод. Пансион и семејна куќа истовремено.На гости сум кај луѓето на кои им завидував оној денкога повторно бликна љубовта меѓу мене и алкохолот.А не ги ни познавав.

Ама животов навистина е тркало.После точно едно десетлетие, пак ме фрли овде.Го молев времето да тече малку побргу ако е можно.Чекав телефонски повик со позитивен одговор налуѓето од мојата нова телевизија.Првата буква, првиот број.

Чекањето имаше шанси да потрае, па за секој случајси резервирав соба. Со истиот оној поглед.И така и така немав каде да одам.

Башка во меѓувреме и се разведов.Работата беше “сè или Бошко“.Таа доби сè.А јас го добив Бошко мој.А Бошко за мене беше сè.Само што моментално немаме покрив над главата.

Page 311: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Сите оние станови во кои како кираџија живеев во овиепоследни неколку години, ги губев после само неколкумесеци. Од разноразни и безобразни причини.Некогаш ќе налетав на незгоден газда.Некогаш газдите налетуваа на незгоден Игор.И така...

Штом ќе останев бескуќник, им се јавував на моитерезервни станодавци. Моите алтернативни домови.Прво кај Малиот.Малиот е мој колега актер со кого заедно игравме вопретставата посветена на мојот Дедо 5-ре.Не поврзуваат слични работи: театарот, фудбалот инашата нескротлива страст кон обложувањето.Со душа го чекаме денот кога ќе ни се исполни нашатанеостварена желба. Да ги “дигнеме во воздух“.

Има само една маана.Многу често се вљубува повторно во бившите девојки.Кога ќе го видам во љубов со некоја која му билаженска пред осум години, имам чувство како времетода застанало во место. Панта реи, само времето не.Сè тече, само Малиот не се менува.

Малиот живее сам. И нема никаков проблем даостанувам кај него колку што е потребно.Само што сега има нова љубов која не му е бивша.Таа е жив доказ дека манекенскиот коефициент наинтелигенција е многу многу повисок од оној закој се шпекулира во јавноста.

Page 312: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Анабела.Оваа негова нова голема љубов тешко дека некогаш ќему биде бивша. Така барем мене ми личи.Кога знам дека Малиот е договорен со малата, вечертада си гледаат филмче, јас се трудам да испарам.Понекогаш и тројцата си гледаме филмче.Јас им доаѓам како социјален работник од Бирото запробен брак. Тогаш сфаќам дека е срамота што им горасипувам “филмчето“ и шибам...

Кај Мајсторчето.Во студио. Во неговиот “Креативен центар“.Таму е неговиот свет. И во музиката што ја создава.И во задоволствата што си ги дозволува.Од таму излегува само за да ги види своите.Најмногу децата.

Кај него седев неколку пати по неколку недели.Таква беше ситуацијата.

Студиото беше во долниот дел на огромна куќа, сопрекрасен двор. Бошко мој уживаше таму.А и јас, во такво друштво.Супер опремено студио, со гитари, удиралки,клавијатури и со гарнитура од две фотелји, телевизори плејстејшн во дневниот престој. Е токму тој дневенпрестој, мене ми беше и дневен и ноќен.

Тука, со Мајсторчето напишавме неколку добри песниза неговата продукција и уште толку за мојот албум.

Page 313: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Зимата беше неиздржлива. До душа јас излегувавнадвор само за да го измочкам Бошко мој. Кога луѓетоне гледаа од страна, навистина не знаеа кој кого шета.Јас Бошко мој или тој мене.Околу ручек доаѓаше Мајсторчето орен за работа.Ќе седнеше на миксетата и штракаше по неа некаде допред полноќ. Тогаш, со бенигна гимнастика, ќе станешеда ја проветри пушницата што сме ја созадале, па ќеизвадеше некоја домашна ракија, малку туршиичка...Потоа долго ќе разговаравме.Малку за музиката, малку за музиката.Некаде после полноќ се појавуваа нашите пријателки,двете најпознати ноќни птици во градот.Дотка и Пејачката.И секогаш потполно истите филмови. Пејачката или сифатила нов дечко, или раскинала со сегашниот или сесмирила со некогашниот. Ах љубов, љубов...Дотка, за да си направи ќеф, ни го расипува ќефот.

“Пак ли тоа ракииштата бе, лелееееее...“

Дотка идиотка.

Доаѓаа да се видиме, да се подружиме малку за да небидам сам и конечно малку да мрзнеме заедно.Дотка ќе извадеше од нејзините ракиишта од ситеврсти треви, па се забавуваме така.Дотка надрилекарката.

Кога стана неиздржливо студено, еден ден Мајсторчетосе изнервира и купи електрично парно. На рати.

Page 314: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Па донесе греалка. Во кеш.Мислам дека таа зима потрошивме струја колку зацелата населба. Луѓе мои.Сè е тоа рокенрол.Односно блуз.Живот.

Таман дојде пролетта и малку од малку се стопли,Мајсторчето мораше да ја откаже куќата.Ќе бара ново место за новото студио.Овој центар не беше доволно креативен.И така...

Сега живеам во хотел.Во Скупи.Јас сум турист во сопствениот град. Турист што немашто да посети, види, фотографира и почувствува.Турист што чека да му заврши аранжманот.

Седам со газдата. Млад скупски фраер и бизнисмен.Боге Јуниор.

Боге Сениор си заминал тивко пред некое време.Сето она што тој го создавал со децении и што гоинвестирал во последните години, им го оставил насвоите најблиски. Е сега, неговиот наследник сето тоаќе го продолжи. Во негова чест. И спомен.

Тука сум веќе скоро еден лист од календарот.Имаше сешто.Стресови, драми, закани, уцени...

Page 315: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

И гитари, и седенки, и ракии и сè.

Со Боге Јуниор седиме на терасата со најубавиотпоглед, гордо сме се извишиле над градскиот смог ипиеме по една источна, ама со посебен повод.Денес конечно го потпишав договорот со мојата нователевизија. Првата буква, првиот број.Почнувам со работа наредната недела.Животот навистина бил тркало. Нема спас ни од него,мајката да му ја ебам тркалеста. Тркалото ме донесескоро до дното, тркалото ќе ме врати на самиот врв.За тоа време ќе ми најдат и стан.

“Еве сега ќе се средиш. Завршија глупостите. “

Завршија или се уште не се почнати?

“Само уште да се решиш од алкохолот. Многу е тоа,брате. Те гледам секој ден и не ми се верува, Ти знаешли дека кога дојде тука, мене само што ми стигнаа 20литри домашна ракија од источната страна на моитекорени и дека ова шише што го пиеме е последното?“

Боге Јуниор ми мисли добро.Инаку зошто воопшто ми го кажува ова?И што е најстрашно, во право е.

Десет години алкохолот ми беше поважен од сè.Побитен од воздухот што наводно го дишев.Посладок од храната што божем ја јадев.

Page 316: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Јас, кој цел живот изгледав десет години помлад од онашто навистина сум, сега изгледав исто десет годинипомлад, ама од дедо ми 5-ре пред да умре.Мочката повторно ми смрди како на тешко болен, акрвта доби перформанси како на геријатријски случај.Простата ми е изабена како надворешна гума, џигеротсериозно начнат, бубрезите почнаа да ме опоменуваат,желудникот партал, тенот како на Ким Ил Сунг когасе разболе, забите предвремено си заминаа во пензија,здивот нужник, подбрадок и образи како кај Павароти,газови број 13 и цицки на кои ми завидуваа сите моихостеси заедно. Големи црни подочници како кај лошонашминкани кловнови, ми висеа под апатичните очикако знамиња спуштени на половина копје...Стомакот подуен како на Алексо со неговата цироза.Од него не можев да си го видам алатот ни на мочање.Само за тоа и ми служеше во овој период. Инакутотално ја заборавив неговата вистинска употребнавредност. Заборавив на сексот како институција.Иако велат дека тоа не се заборава.Како возење велосипед било.А лажат.

Не сум заборавил јас на сексот.Сексот заборавил на мене.

Најголемиот хит што го имав направено на почетокотна деведесеттите, заедно со Зајакот и Жипе, односно соатракцијата “Кубана“, всушност и беше посветен нанашата омилена обоена пијачка на последната буква одбушавата алкохолна азбука. Приказната потекнува од

Page 317: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

времето на алкохолната револуција од почетокот надеведесетите години од минатиот век. Паралелно сонеа се одвиваше и сексуалната контрареволуција.И демек, после преголема консумација на таа волшебнанапивка, едно утро се будиш покрај неидентификуванженски хомосапиенс на кој ни името не му го знаеш.И во тоа име продолжуваш да пиеш.Првата била за дегустација, втората за концентрација,третата за циркулација, четвртата за инспирација,петата пред спиење за броење овци, а шестата биладиректно за клиниката “Бардо“. Вци.

Во таа песна никогаш не ја спомнав онаа последната.А последната била за импотенција.Тоа е она кога не ти се дига................................моралот.И ништо не може да ти го дигне.Моралот.

Тоа што си импотентен не значи дека сум умрен.Во последно време јас ептен многу спијам со жени.И тоа до сабајле.И тие спијат.

Значи, сè она што алкохолот веќе ми го направи бешеод естетската или од здравствената природа.Друга природа и не познавам. Ја сакам природата какозбор, ама само во географска смисла. Познат сум по тоашто сум ја шетал нашата природа. И општество.И уживам во тоа.

Page 318: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Тоа не важи и за другите. Еве на пример, кога последенпат се видовме со Брато во Гратчето над градчето, мупредложив да одиме малку да прошетаме во природата.

“Што кур бараме во природа?“

Брато се изјасни, а јас му дообјаснував.

“Па да прошетаме, да ја видиме природата...“

Е тогаш призна.

“А бе брате, право да ти кажам, ич не ме боли газот заприродата. Што кур ќе правам во природа? Што има давидам таму, а? Природата кога дошла да ме види мене,како сум, што правам, да ме праша што има ново...“

Има право Брато.Брато секогаш е во право.Дури и тогаш кога не е.

И Боге Јуниор е во право.Се обиде да биде конкретен.

“Слушај ме добро. Имам еден добар пријател...доктор.Да те однесам утре кај него...никој нема да не види.Ќе влеземе одзади. Типот е стручњак за тоа.“

Типот бил стручњак.

“А бе, од мене поголем стручњак има ли?“

Page 319: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Да се разбереме. Не викам јас дека алкохолот невлијаел на мене. Влијаел и тоа охохооо...Сè е работа на тренинг. Другото е талент.Како и во театарот.Еден процент талент и деведесет и девет процентиработа. И во бифето и на сцената.Јас се залагав сериозно и на двете полиња.И издржував така со години.

Академикот Стефан еднаш, во едно интервју задокументарен филм што го снимаа за мене, по поводсоборувањето на Гинисовиот рекорд во непрекинатоводење на радио емисија, изјави меѓу другото дека јаспо се изгледа сум изграден од некој посебен материјал.Нешто како авионски челик.

Е сега дојде време кога челикот почна да се омекнува.Како се калеше челикот, тој така се топеше.А тоа го познаваше и оној кој што не ме познаваше.

Боге Јуниор ме запозна добро за овие неколку недели,па затоа и си дозволи да ми се стави на располагање ида се обиде да ми помогне. Се обиде по втор пат.

“Да му се јавам на докторот?“

“Брате, џабе ќе се гледам со него кога точно знам штоќе ми каже. Дека ќе морам веднаш да престанам сопиењето, дека треба да намалам со пушењето, деканајдобро би било кога би ги заборавил калоричните

Page 320: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

јадења, да им кажам пријатно на солта, лутите пиперки,зачините и слатките. И што ќе ми остане? Само едно.Јажето околу вратот и...“

Боге Јуниор ме гледаше загрижено.

“Заврши?“

Не се откажува. Се обиде уште еднаш. Трет пат.Трета мајка.

“А може ли вака да направиме? Еве нема да одиме кајнего во ординација. За да не те гледаат луѓето, па дајадат трици по болници. Ќе му се јавам и ќе го замоламда дојде тука. Океј? Ништо страшно. Ќе си седнете натерасата и ќе поразговарате. Само толку.“

Боге Јуниор разговара со мене како со син му Бобо.

Моето молчење значеше неволно да.Младиот скупски бизнисмен влезе во улогата намедицински советник на таканаречениот шоумен.И отиде да се телефонираат со докторот.Со најдобри намери.Со такви плочки е поплочен патот до пеколот.А пеколот ми е резервиран уште одамна.

Се врати за време од една ракија..

“Ќе дојде овде утре во 12. И те поздравува.“

Page 321: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

“Благодарам.“

“Еби се.“

Е ова беше искрено од Боге Јуниор.А и моето “благодарам“. Само што јас не бев сосемасигурен кому му беше упатена оваа благодарницаа.Со пофалница.На докторот што ме поздравува или на Боге Јуниор занеговото несебично залагање за итен почеток на мојатарехабилитација. Нека биде и за двајцата.

“Дај сега една дупла.“

Тргна кон шанкот да ми ја исполни желбата, притоамрморејќи како Инспекторот Мамли.

“Ненормален човек.“

До крајот на денот ми исполни уште десетина таквижелби. И сите беа дупли.

Утрото се ми беше дупло. Два телевизора во собата,два пати поголема главоболка, два пати потешкамачнина во стомакот и два Игора во огледалото.Застанав пиштол гол пред него.Голиот човек во два примерока.Изгледав многу полошо отколку на оние фотографииод мојот претходен литературен обид.Целиот бев потечен и подуен.

Page 322: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Опнав два отрезнувачки туша и се облеков во новируби како да ќе одам на преглед. Па и одам на преглед.Ама ментален.

Докторот ќе дојде за половина час.

Ја пиев првата ракија која многу лесно може да биде ипоследна во мојот виртуелен живот.Сè зависи од докторот, неговиот настап и мојот разум.

Боге Јуниор се врати од градот.

“Седи тука и не мрдај. Сега ќе дојде...“

Алал да му е на докторот.Само за да направи чест и да ми покаже колку мепочитува ќе дојде лично и персонално да се видимеи малку да поразговараме за мојот проблем.

Ова ме потсети на мојот другар Карлито.Пред две години, во Градчето над градчето, случајносе видовме после долго време. Беше многу расположен.Скоро еуфоричен. Ме покани на утрешното отворањена неговиот нов проект. Рибник покрај автопатот.Во“Рајскиот двор“.Отворањето беше незаборавно. Со убави гости.Од тазе ослободени политички затвореници донајвисоки свештени лица викнати да попеат малку вочест и за среќа и бериќет на “Рајскиот двор“.А попеав и јас малку. Со бендот на “Браќата“.Го грабнав микрофонот како да е последен на светот.

Page 323: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Направивме журка за паметење. Карлито бешепрезадоволен. Кога циркусот заврши, седнавме на уштепо една пред одење. Му соопштив дека заминувам.

“Срце мое, не сакам да чујам. Спиј си тука, уживкај си.Исто како дома да си.“

А така ли?

Останав цели 44 дена.

Карлито прво беше “Скарфејс“.После стана Карлито.Во меѓувреме беше малку на усовршување, односно наспецијализација, стана татко на службен пат, човек подсенка, едноставно беше оправдано отсутен...Чесно си го отслужи тоа што си го заслужи.Исто како и Ал Пачино. Односно Карлито.Реши да го заврти листот. Да почне одново.

Од една најобична нива покрај регионалниот пат,направи место како од бајките. Вистински рај.Две езерца, рибник, ресторан и апартмани горе накатот. Попладнето, пред свеченото отворање, ми гипокажа сите работи што ги направил. Ме праша далиима нешто што ми недостасува. Веднаш му кажав.

“Пијано“.

Ме погледна, го зема телефонот и се јави.

Page 324: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

За помалку од еден час пристигна комбе.И донесе пијано.

Карлито така ги решава проблемите.Проблемот кај луѓето што работат таму е во тоа што несмее да има проблем. Другар ми е професионалец.Сè мора да е врвно. И под конец.Апартманите му се жива перверзија.Со ексклузивен мебел и бањи како од филмовите.Карлито нема џакузи.Тој има олимписки базен во апартманот.

Тоа лето главна финта беше рекламниот слоган што муго смислив на Карлито за неговиот “Рај“.

“Ние не одиме во градот. Градот доаѓа кај нас.“

Ова денес испадна исто.

“Ние не одиме во болница, докторите доаѓаат кај нас.“

Домашна посета.

Следбеникот на Хипократовата заклетва се појави воточно во минута. Носеше црна кожна чанта какофизиотерапевтите кои истрчуваат на теренот за да мупомогнат на фудбалерот кој завива од болка.

Боге Јуниор не запозна. Ни ја покажа нашата локацијана терасата која што ја имаше одредено за ординација.

Page 325: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Седнавме на терасата со најубавиот поглед.Бевме потполно сами. Ние двајцата и градот пред нас.Докторот предложи да го игнорираме тој поглед штоодзема здив и да се фокусираме на погледот кон моетоалкохоличарско минато кое одзема и здравје и живот.Не требаше многу да се трудам да му ја раскажувам ида му ја објаснувам здравствената состојба.Мојата дијагноза и беше позната на целата држава.

Муабетот беше отворен, искрен и другарски.Докторот бргу сфати дека ова ќе биде само обиченинформативен разговор и ништо повеќе. Затоа реши дами ги постави оние вообичаени прашања што им гипоставува на сите мои колеги алкоси во неволја.Колку пијам, што пијам, дали јадам, што јадам, дали меболи џигерот, колку ме боли, дали ми отекува...Меѓу прашањата имаше и незгодни, скоро непријатни.Дали и како ми мириса мочката, каква боја ми еизметот, дали ми се дига машкоста...

Разговорот заврши пред да почне.И на двајцата сè ни беше јасно.На докторот му беше јасно дека нема шанси да им јапонудам својата крв и мочката на анализа, а камоли даседнам на апаратот што може да ѕирне во стомакоткако кај трудниците и да го одреди полот на плодот инеговото комплетно развивање. Што има да види.Кај мене нема плод, туку има тракторска гума.

Page 326: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Му се заблагодарив на добриот доктор за времето штого истроши на мене. Се договоривме да се видиме занеколку денови во неговата ординација и таму да гозавршиме муабетот и да започнеме со лекувањето.Докторот добро знаеше дека ниту јас ќе се појавам занеколку денови, ниту тој воопшто ќе добие шанса да сеобиде да ме излечи. Јас тоа го знаев уште пред него.Се поздравивме и се испративме. Боге Јуниор бешепрезадоволен од фактот дека ме натера барем дапоразговарам со овластено лице.

“Се договоривте?“

Сакаше сè да знае.

“Да бе, во среда...дај сега една ракија.“

На Боге Јуниор му пукна филмот.

“Ти стварно имаш проблем...“

И што правиме сега?Имам проблем, добро утро.Како нема да имам проблем кога тоа што го правев воовие последни десетина години беше апсолутен атакна нервниот систем. И на џигерот истовремено.

Ни еден ден без алкохол.Ни еден ден без многу алкохол.А цигарите ми беа олимписка дисциплина.

Page 327: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Секој ден ја подобрував олимписката норма.

Единствената позитивна работа беше таа што успевавда се воздржувам од пиење кога имам снимање.Тоа се уште успевав да го контролирам.Пијан на снимање - не.Со алкохол во себе - да, но оние кои што добро мепознаваат уште подобро знаат дека можам да испијамнавистина многу. Рекордни количини. И тоа воопштода не ми се познава. Па така, анализирав некои моиинтервјуа на телевизија во кои добро се сеќавам декасум бил под дејство. Делуваат сосема нормално.Дури понекогаш сум и духовит.За промена.

Проблемот со мојата самоконтрола заживува кога имамјавен настап, тезга, концерт... или свирка.Или жива свирка (како да постои мртва), што многучесто љубат да кажат некои наши новокомпонирании предвреме истрошени естрадни ѕвезди.

Тогаш се појавува ѕверот.Мојот нероден брат близнак.

Е тогаш луѓе мои, започнува вистински масакр.Мојата омилена пијачка на последната буква е вобезизлезна агонија. И прети истребување. Раселувањево нови краишта. Во мојот стомак.И плус исфрлање рано наутро во некој ендек.Или во шолја. Клозетска.

Page 328: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Мојата агенда е ваква:

Пет-шест пред свирка.Шест-седум за време на свирка.Седум-осум после свирка.Па во хотел.Сам. Или не. Сеедно.

Сабјлето, значи неколку часови подоцна, првата ракија.

Подобра од оргазам.Втората ракија, оргазам.Третата ракија, полоша од оргазам.Четвртата – полоша од сите лоши оргазми на овој свет.

Ама, нема предавање. Не можат тие да произведаттолку ракија, колку што јас можам да испијам.

Понекогаш во животот многу боли кога сакаш дарасчистиш со нешто што ти е неиздржлив товар, амаедноставно не можеш. Не знаеш како.И како за инает, според некое непишано правило му сеспротивставуваш на она невозможното.Започнува шаховска партија помеѓу тебе и алкохолот.Поумниот победува.А поглупавиот пие.

И пиеш, не престануваш.И мислиш победуваш, ама...Телото ти се предава, но не и твојот најголемнепријател. А тоа си самиот ти...

Page 329: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Ќе успеам ли некогаш да се победам себе си?

Утрото после концертот, уште на појадокот сфаќашдека луѓето се уште ни кафе не нарачале, а ти си веќеќор пијан. Дамла. Летва. Дрво. Дупка. Даска. Ќутук.

Па возиме во друг град, па во наредниот...

Јас легнувам на задното седиште, Бошко мој меѓунозете, а зад воланот седи еден многу познат лик.Светски славниот цртан јунак Шрек. Лично.Ама оживеан. Реинкарниран во шофер.Стотчето.Да сакаш да го измислиш таков, не можеш.Стотчето е приказна за себе. И за сите други.А уметничкото име го доби заради неговата идиотсканавика да става кредит во мобилниот и тоа само по стоденари. Неговото омилено “стотче“. И секогаш кога ќедојдеме до финансиски средства, јас му давам по нештоза добро извршената работа. Притоа, секој пат мунагласувам да си стави и кредит, бидејќи од секогашбил и ќе биде кредитно неспособен. Везден. До гроба.

“Ќе ставам...стотче“.

А кога утредента ќе го побарам и кога нема да миодговори, му пуштам порака за да ми се јави.Е, откако нема да ми се јави, јас повторно го барам.Тогаш, на моето прашање зошто не ми заврте, тој велидека немал кредит. И кога пред да попиздам, убаво ќе

Page 330: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

го потсетам дека вчера се договоривме да си ставикредит, тој најладнокрвно ми одговара:

“Е па, ставив бе...стотче.“

Стотче за Стотчето е многу кредит.Ако го троши за еден ден.

Е тој, Стотчето знае сè за мене.Кога ми е малку, кога ми е доста, колку ми се пие,што ми се пие, дали ми се пие, дали ми се спие...За скоро три години поминати со мене, дибек да бешеќе научеше. Јас сум барем лесен за проучување.За дефинирање.Често разговаравме на таа тема. Алкохол.И уште почесто на глас го поставуваме прашањето.Што сум јас?Пијаница, пијандура, пијаничиште, локач, џиткач,пробисвет, алкос или обичен терминатор на алкохол?

Инаку Стотчето е виновен за мојата нова љубов.Село Лепче.Местенце кротко како заспано бебче.Тоа е местото од каде што потекнуваат неговитекорени и тоа со генерации. Таму сè уште се наоѓаи неговата семејна куќа. На два ката.

Долниот кат го викаме “инфективно“.Тука спиеме јас и мајка му на Стотчето, мојатанајвозрасна другарка во животот. Баба Маца.

Page 331: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Таа е жив сведок на она што ние го учевме по историја.Не затоа што е стара, туку затоа што е искусна.Поминала сè и сешто.

Горниот кат е “интерно“. Таму спијат Стотчетои сите други членови на семејството кое е толкумногубројно, што за да ги запомниш кој е кој и кој накој што точно му паѓа, треба тајно да си ги запишувашнивните имиња и навечер да си го повторувашматеријалот за случајно да не ги заборавиш.Во последните три години тука го поминував скоросекој слободен момент надвор од смрдливиот град.

Таму се чувствувам библиски мирен.

Лепче се протега на идеална надморска височина,со прекрасни дворови и градини, над селото гордо сеизвишил манастир стар точно 10 столетија, со чесни,кротки луѓе, заебанти, мајтапџии и...неверојатна ракија.

Тука ја прават за свој ќеф.

Секоја што е под 50 степени им ја препорачуваат наоние ликови што не се разбираат во ракија.Најдобрите реколти ги чуваат за специјалните гости.Како мене.

Луѓе мои.

Таму се опивав по три пати на ден.

Page 332: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Лепчани стануваат во 5.Едни одат на нива, други по дрва, трети на тутун...Останатите на ракија.Кај нас, во “инфективно“, доаѓаат овие последните.

И додека Бошко мој си ја празни бешиката во дворот,јас си го полнам желудникот на терасата.После првите четири-пет ракии, твојот стомак почнувада се тресе од гладни турбуленции.Тогаш Баба Маца го прави специјалитетот на куќата.Пржени лепчиња.Ракијата на гладно боли како нож во стомакот.Ама болат само првите неколку. После е рај.И таман ќе стигнеш до рајските порти, лепчињата наБаба Маца те заспиваат како бебенце, уште во девет.Спијам до пладне.Па станувам со зевање и протегање како да ми е првпат дента. Со мало бучење во главата.Ама продолжувам со исто темпо.

Мавам уште неколку од нога, па се упатувам правово “Куќата“, модерната меана горе над селото.Со величествен поглед на архитектонскиот убавец стар1000 години, изграден од Царот на ослепените војници.Само што на секој стоти од неговите војници муоставале по едно око, за да може да ги води овиедругите. Е тука, некаде околу ручек, ние не гледавмени на едно око. Двете се скоро затворени.Од таа пуста ракија...Се враќам кај Баба Маца во “заразното“ одделение веќедебело инфициран од алкохолните испарувања..

Page 333: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

И пак, поптолно исто како и пладнето. Се онесвестувампред телевизорот, се покривам преку глава и заспивам.Од ново.А вечерта околу девет, кога селото затвора ипрестанува со работа, се будам свеж.Како марула во Декември.Е дури тогаш тргнувам во живот.Или смрт?

Ова е опис на само еден ден проведен во Лепче.Само една епизода во драмската серија под наслов“Самоубиство во најава“.

Таму докторирав по втор пат.Уште еднаш ја одбранив одамна одбранетата тема.Таму за прв пат почувствував дека ми доаѓа крајот.Дека нема заебанција.Дека ќе се умира. Бргу и неквалитетно.

Кило ракија на ден.Како ви звучи, луѓе мои?Нормално?

Да земеш да истураш по едно кило ракија секој ден нарадијаторот, сигурно нешто ќе му се случи.На радијаторот.Бојата ќе му се излупи, гвинтовите ќе му попуштат, паќе почне да тече, па паркетот ќе се подуе, па после кајкомшиите одоздола ќе прокапе, па ете нови проблеми,па загрижени комшии, па куќни совети.Пак беља.

Page 334: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Инаку и Стотчето многу сака да се напие понекогаш.И завршува исто секогаш. Катастрофално.А две пива му се доста. Третото е премногу.Ракија никако.Ракијата му делува како керозин. Ќе полета.

А утредента додека тој умира, ние наебуваме.Офка како да се пораѓа, па после гувее како леунка.Тогаш, нашето “инфективно“ станува амбуланта.Мерење притисок, масажа на главата, ладни облоги...

“Зошто не си умрев лани?“

Неговата прочуена реплика.Стотче, Стотче, Стотчеее...

Тој не ми се лути што го викам така.Ама сепак, за инает, мене ме вика “старо“. Демек дедо.Тој се лути кога другите го викаат така.Особено Другарот Ќ.Неговата потсвест. Неговото второ јас.Другарот Ќ. е вечна тема на сплетките на Стотчето, којужива во тоа да му го загорчува животот. Од ништо.Последниот пат го претера. Неговите иживувања врзимето, ликот, делото и телото на Другарот Ќ доживеаакулминација. Стотчето беше зацицан од сабајлесо ракија и пиво. Ја чистеше воздушната пушка.Го викаше Другарот Ќ. Кој работеше нешто во дворототспротива да дојде на ракија, ама овој го одби.Еднаш, двапати, петпати...

Page 335: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

“Ќе дојдеш ли маченце?“

Стотчето сака да го полуди.Ама и Другарот Ќ. е мачкан со сите масла.

“Мачки да те изедат, пичка ли ти сестрина.“

И тогаш, Стотчето стана, се протегна значајно, ја земавоздушната пушка, нанишани и...Го погоди директно дебелото месо. Сачмата до коска.Од еден во друг двор.И тоа дрво пијан.Трезен сигурно ќе го промашеше.После истрелот, го слушнавме само Другарот Ќ.Викна како да го дефлорираат и падна покосен натревникот. Тогаш стана и полуде. Тоа беше викање,заканување, болница, полиција, држ, не давај...Му пукнаа сите филмови во режија на Стотчето.

“Да даде Господ, догодина ова време, една година да тидаваме, лајно едно, за душа ти пиеме, ич да не плачеме,вицови да кажуваме и на гробот да ти се измочаме...“

И отиде и во болница и во полиција заедно.

Стотчето се качи горе во инфенктивно да ја отспиеракијата. Ќе трае тоа до утре. Најмалку.

После еден час Другарот Ќ. се врати од својатаболничко-полициска операција. Влезе во дворот

Page 336: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

очигледно кривејќи со едната нога која му беше возавои до колкот. И пријде на Баба Маца.

“Кај е тоа гомното?“

Баба Маца не го ни погледна.

“Спие. Ти добар си?“

“Не сум...не. Ќе го тужам, ќе види...“

Баба Маца продолжи со плетењето.Знаеше дека Другарот Ќ. никогаш нема да го направитаква глупост. Само грака.

И откако Ќ. виде дека нема партнер за кавга, тргна конизлезот онака повреден, па се заврте после два чекора.Направи смирена фаца и низ огромна воздишка и јакажа најбесмислената и најнепригодната реченици завакви апсурдни ситуации. Бисер за паметење.

“Види Мацо, ти знаеш колку јас тебе те почитувам, тесакам како мајка, тука сум постојано за било што и дати треба и затоа слушни го ова што ќе ти го речам.Кажи и на онаа стока пијана горе, дека кога ќе стане одспиење............ мамичето мамино ќе му го ебам. В газ.“

И бидејќи не беше свесен каква историска глупосткажа, дека само што и кажа на Баба Маца дека иманамера да општи со неа, тој само одважно се заврте,притоа заборавајќи дека е тешко повреден во газот,

Page 337: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

па почна да криви со смешно болни гримаси на лицето.И уште мафташе со прстот од едната дигната рака вознак на предупредување и закана...“

Во тој момент слушнав чуден звук.Погледнав нагоре кон терасата и имав што да видам.Стотчето, само по гаќи, со збрчкана глава од спиењекое беше прекинато на еден брутален начин одграчењето на повредениот Другар Ќ.

“А бе ти улав ли си, каков ли си. Што се дереш, бе?“

Другарот Ќ. се стаписа, ама сепак проговоре.

“Копиле, ќе ми платиш за ова и тоа со камата...“

Стотчето се заврте на терасата како да ќе земе цигараили нешто слично. Ова не беше ни слично.Ја зеде воздушната пушката.

“Е сега ја ебав тетка ти Краснодарка.“

Нанишани и пак пукна по Другарот Ќ...Овојпат промаши. Тоа е тоа.Со алкохол право во газот, а вака мамурен не.Без разлика што Стотчето промаши, Другарот Ќвикаше како да е погоден. Трчаше накај дома.

Го немаше три дена.

Page 338: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Се појави едно утро кога беше сигурен дека идиототспие горе и влезе во “интерното“ одделение. Ни кажадека дошол на кафе и за да не види мене и Баба Маца.

“За вас сум дојден. За копилето не сакам ни да чујам.Смрден еден. Ни на гроб не му одам.“

Другарот Ќ. знае дека Стотчето не арен.Па не е луд за да не види дека овој е луд.На скалата на лудилото од 1 до 100, Стотчето е таму кајшто и заслужува. На 100-тка.Доследен си е на прекарот.

И секогаш кога лудакот ќе направи некоја глупост, јасна Баба Маца и ја кажувам истата приказна.Дека ова не е нејзино дете. Ова е некое што и гоподметнале во болницата уште првиот ден по раѓањето.Нејзиниот вистински син најверојатно се наоѓа нанекое сосема друго место. И сигурно е некое стабилно,скромно и прибрано момче. Овој нашиов е ѕвер.Особено кога е раздразнет од алкохол.

Во суштина, луѓето се најсовршените животни.На трезно, секогаш се трудат да одат напред.Да научат нешто ново, да почувствуваат нешто друго,да видат и чујат досега невидени и нечуени нешта.

Тука, во Лепче, за прв пат почнав во некакви стари,неупотребени тефтери да ги запишувам моитеразмислувања за поврзаноста на животинското што гоносиме во себе си и алкохолот, и како сево ова ни се

Page 339: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

манифестира и рефлектира во алкохолизирана состојба,иако ни на крај памет не ми беше да пишувам книга, акамо ли дека таа ќе биде една прозна ода посветена намојот најверен пријател, алкохолот. Искуствата што гистекнав во деновите и ноќите пробдеани по секаквиугостителски дупки, театарски бифиња и шанкови, менатераа да почнам да ги овековечувам смешно-тажнитестории и да ги чувам, за секој случај.Е сега е тој случај.Лепезата на ликови што поминаа низ моите алкохолниреминисценции, беше навистина импресивна.Возбудливо различни профили на луѓе.Од клошари до универзитетски професори.И сите, буквално сите се реинкарнираа во секаквиможни животински варијации.Полудуваат анималните инстинкти.Алкохолот не бира.Како вирус е.

Во Лепче ги напишав моите први неколку редови коистанаа дел од овој прирачник. Направив моја поделба,по фази, за животинското однесување на луѓето кога сена алкохол. Прости ми, брате Јелинек. Ова што гонапишав сигурно нема да влезе во ниеден стручен трудпосветен на алкохолизмот, но доволно е читателот самда се препознае себе си или некој свој близок и сето тоапозитивно да влијае на неговата психа.

................................................................................................

“Анималните фази на алкохолизмот“

Page 340: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Прва фаза.

“ПЕТЕЛ“

Сте забележале ли луѓе мои, како петелот го колвесемето во дворот? Му приоѓа решително, ќе го земезрното со клунот и со една посебна техника, за самоеден дел од секундата, како на екс го џитка во гушата.Потоа зема уште едно, па уште едно...После третото зрно, почнува да се “петели“ низ дворот.Значи, откако добро ќе се наколва, на петелот почнувапочнува да му се дига петлето. И многу му се колве.Некоја кокошка.

Така и луѓето, луѓе мои.Штом се напијат три, веднаш стануваат петлиња.Се вртат во круг, трчаат како да се муви без главии кукурикаат со зарипнато гласче, смешно мафтајќи сорацете како петлите што се кочоперат со своите крилја.

Или по скупски, петлите многу сакаат да се курчат.

Така, еден петел еднаш му се курчеше на Бошко мој.Бевме поканети на гости на некоја селска слава соградски луѓе, во фантастичен амбиент, сместени воцентарот на една прекрасна борова шума.Ракиишта, салатишта, скаришта...

Бошко мој тогаш беше во најубавите години.И за секс и за тепачка.

Page 341: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

“Си го видел ти мојот петел?“

Газда Клапчо бапна три и почна да се курчи.Да се петели со својот петел.

“Сакаш да го видиш мојот петел?“

Ова прашање заслужуваше одговор.

“Е сега, да сум некоја скупска женска, би можела да тија зашлапам една, заради овој твој безобразен предлог.“

Сите се насмеаа на овој мој феминистички виц.

“Не, не..сериозен сум. Сакаш да го запознаеш Коки?“

Петелот му се вика Коки. Е, ќе се убијам.

“Коки е шампион. 350 борби без пораз.“

Газда Клапчо стана како петел и отиде по петелот.За неполна минута се врати со едно шарено чудовиштево рацете. Тоа беше еден прекрасен примерок на нашдомашен, рурален петел. Седеше во рацете на својотдобротвор гордо и со исправена глава на чиј врв, какознаме се вееше неговата прекрасна, црвена капчунка.Вртеше со главата лево-десно како забрзана снимка.Како тој да бапнал три ракии, а не газдата.Му излета од рацете на стопанот и се расртча низдворот. Неговите несредени движења, страшните звуци

Page 342: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

кои ги произведуваше шлапајќи со крилјата ипискавиот глас што го испушташе, внесоа вистинскинемир во нашите редови. Особено кај Бошко мој.Кога го виде Коки, почна да р’жи на десетка.Сакаше да ми се излизга од рацете како тазе фатенапастрмка. Го спуштив на тревата.Коки против Боки.Се гледаа како на двобој.Коки беше два пати поголем од Бошко мој.Бошко мој два пати понервозен од него.Сè се случи за миг. Тргнаа еден кон друг. Тоа штоследуваше во наредните дваесет секунди личеше и наборба на петли и на борба на кучиња истовремено.Само што овде не се знаеше кој е кучето, а кој петелот.

Жените врискаа, мажите се смееа.

Едвај ги раздвоивме.Газда Клапчо го однесе Коки во непознат правец.Ги пребројувавме жртвите.Коки останал посиромашен за неколку пердуви, аБошко мој побогат за еден нов трофеј.Модринка на окото. Односно во окото.Целото му се зацрвене во рок од една минута.Бошко мој се тресеше од бес. Гледаше во правецот вокој замина Коки и зар’жи заканувачки. Го разбрав.Му кажа на Коки.

“Ќе видиш ти, копиле едно. Око за око, заб за заб.“

Журката заврши доцна во ноќта кога застуде.

Page 343: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Убаво си поминавме. Имаше убави моми на журкатакои беа расположени за дружба на сите нивоа.Ама џабе.Бошко мој гризна 3 од 5 жени што ми пријдоа.Бошко мој, мојот бодигард.

Откако сите се разотидоа, газда Клапчо ми ја покажасобата во која ќе преспијам. Утредента имав настап насосема другиот крај од земјава. Морав рано да тргнам.Се договоривме дека заедно ќе пиеме кафе пред тоа.

Утрината се разбудив многу порано отколку што бешепотребно. Односно Бошко мој ме разбуди.Лаеше. Тоа беа неговите знаци, неговиот јазик што јасго разбирав. Како доктор Дулитл.Лаеше по три пати. На периоди од по десет секунди.

Го разбрав.Бошко мој по еднаш лае наутро за да каже дека е живи истовремено да провери дали и сопственикот е меѓуживите исто така.Два пати значи мочкање.Три пати значи исто како и два пати плус какање.Ова беше три пати. Сериозен аларм.

Луѓе мои. Кучево ќе проговори.Секој момент. И од септември во прво одделение.Нека учи детето.Знаењето е сила, знаењето е ноќ.

Му ја отворив вратата за да се олесни.

Page 344: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

И се вратив во креветот. На доспивање.

После десетина минути Бошко мој се врати, дотрча вособата и со пантерски скок се качи на креветот.Седна како сфинга, со здрвен врат и дигнати уши.Од ноздрвата му висеше еден црвен пердув.И уште еден бел заглавен меѓу предните заби.Пердуви од Коки.Бошко мој го шмркнал Коки како кока.

Боки против Коки.Око за око, пердув за заб.

Бошко мој му ја пренесе на Коки својата животнафилозофија. Трите Бошкови заповеди.

1. Немој да се петелиш.2. Немој да се курчиш.3. Немој.

Истрчав во дворот и имав што да видам.На само неколку чекори од влезот, лежеше шампионот.Со свиткано вратче.Тоа беше неговата последна, 351-ва борба.Го замотав во еден голем картон и го камуфлирав соотпадоците од кантата. Нека му е лесно...ѓубрето.

Се спакувавме како за узбуна, тивко и скришновлеговме во нашето зелено превозно средство.Му ја дувнавме со Бошко мој уште пред да речеш Коки.

Page 345: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Фазата “Петел“ јас лично почнав да ја прескокнувамуште како млад. Иако на младите тоа некако им стои.Трагично е кога повозрасни луѓе се петелат.Особено жените. Со тоа што жените воопшто не знаатда се петелат, од проста причина што се кокошки.Или што би рекле моите Јужномакедонци за пијанитежени - заледени кокошки. Бројлерки. Луѓе мои, дализнаете кои се двете најлоши работи на овој свет?Топло пиво и пијана жена.

“Радувај се куре на пијно пиче“.

................................................................................................

Втора фаза.

“МАЈМУН“

Луѓе мои.Колку пати сте виделе мајмун во живо?Ниеднаш?Или еднаш.Во зоолошка. Или во циркус.Така?Е, не е така.Сте виделе Вие многу мајмуни во живо, само што несте ни биле свесни дека се тука, покрај вас.Доаѓаат како свесни и трезни хомосапиенси и со самомалку алкохол во себе, преку претходно наведената“петелска“ фаза, полека-полека стануваат мајмуни.Од сите врсти и подврсти.

Page 346: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Орангутани, шимпанзи, капуцинери, горили...Разни луѓе, разни мајмуни.

Инаку нашите предци по Дарвин се навистина еднипрекрасни суштества. Кога тие се обидуваат да сеоднесуваат како луѓе, тоа е навистина забавно.А кога ние луѓето ќе почнеме да се однесуваме каконив, тоа е веќе малку тажно. Ама така ти е тоа.Ние луѓето како да сме родени за мајмунски работи.Особено кога се наоѓаме во оваа моја втора фаза.

Во неа, најпрвин ти правиш мајмун самиот од себе,а малку подоцна се обидуваш да ги помајмунчиш идругите присутни околу тебе.Така јас еднаш, се обидов да бидам помајмун одмајмунот. На басмар, сакав басма да му продадам.Мајмуните ич не сакаат кога ги правиш мајмуни.Го сфаќаат тоа многу лично.Мајмунот исто така не сака да го споредуваат со луѓетоа камо ли да признае дека од него е настанат модерниотчовек. Човекот пак, не признава дека понекогаш емајмун, иако потекнува од него.Кој човек ќе признае дека е мајмун?Кој пијан признава дека е пијан?

Никогаш нема да заборавам една реклама што јаснимав пред многу години. Требаше да биде за некаквисреќки, новата игра на Лотаријата за која работев.Мораше да се сними набрзина и затоа се одеше налесна и ефтина варијанта. Генијалците од рекламнатаагенција смислија дека тоа најдобро би било да го

Page 347: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

изрекламираме јас и еден мајмун. Поточно мајмунче.Со црвено газенце.Во тоа време низ градот мошне популарен беше еденнаш предок од мајмунската сорта, со уметничко имеЏиџи, сопственост на познат локален фотограф, кој гошеташе своето мало, влакнесто и брадесто чудовиштениз фреквентните места по улиците и трговскитецентри и за една симпатична сума ги фотографирашељубопитните минувачи, особено нивните деца сосвоето егзотично милениче.Ние решивме од него да направиме ѕвезда.Се договоривме со фотографот да снимаме преднеговиот локал за да може Џиџи да се чувствувапријатно и сигурно. На своја територија.Екипата пристигна на време.Фотографот и Џиџи доцнеа.Ѕвездите доаѓаат последни, нели луѓе мои?

Јас си седнав во кафетеријата што беше залепена дофотографскиот дуќан. И додека ме шминкаа за да гипокријат трагите од претходната ноќ, јас тргнав да синаправам нови, уште посвежи траги. Си нарачав еднатројна пијачка на последната буква и почнавме да седоговаравме со режисерот за рекламата.Членовите на екипата ја местеа техниката, а човекот одЛотаријата истури една вреќа среќки на тревата.Имаше сигурно преку десет илјади такви.Направи едно купче од нив.Идејата беше мајмунот и јас да седнеме на брдото одсреќки и да ги отвораме една по една. Моите среќки се

Page 348: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

разбира ќе бидат недобитни, а една од неговите ќе му јадонесе главната премија на колегата Џиџи.Една лимузина од соништата.Во тој момент, на крајот на рекламата, Џиџи требашеда рипа од среќа како мајмун. Затоа и е ангажиран.

Конечно се појавија и ѕвездите.Фотографот и мојот колега. Газдата не запозна.Џиџи не ме ебаваше ни под разно. Ама тоа нема врска.Ние сме професионалци. Па знаете ли луѓе мои, колкупати во животот сум морал да работам со луѓе со коиобострано не сме се поднесувале, па никому ништо.

Почнавме со снимањето.Тоа што го договаравме со режисерот немаше шанса дасе оствари. Џиџи едноставно не сакаше да соработува.Дали стана љубоморен на мене кога сфати дека јасимам поголема улога во рекламата од него не знам,но никако не сакаше да го послуша газдата и да гиследи неговите инструкции. Сè правеше обратно.Наместо да отвора од среќките кои беа пред него, тојупорно ми ги земаше моите уште пред јас да гиотворам. Тоа исто така беше многу смешно, ама јазагубивме поентата на рекламата. Поминаа скоро двачаса од снимањето, а ние не бевме ни блиску до целта.Тогаш, решив да ги преземам работите во своите раце.Како што во театарот лошите режисери им покажуваатна добрите глумци како да го направат тоа и тоа, така ијас пробав да го едуцирам Џиџи во глумењето.Седнав врз купот среќки и почнав да ги отворам.

Page 349: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

После секоја отворена среќка, му покажував како да серадува. Па рипав врз нив, пливав по нив, нуркав во нив,ги фрлав високо во воздухот и при тоа испуштав крицина воодушевување кои беа некаква мешавина одчовечка и мајмунска ономатопеја.Луѓето од кафетеријата и од околните дуќанчињагледаа сеир. И имаа што да видат.А Џиџи ме гледаше бело и незаинтересирано.Почна да си ги чеша јајцата и да зева.Овој мајмун имаше тертип како магаре.Инаетливо, а не глупаво.Фотографот беше разочаран од својот пулен. Му бешесериозно лут што го изруга пред толку народ.На крајот, кога стана јасно дека Џиџи нема шанси самда ги отвора среќките и после тоа да рипа од радост,решивме да прекинеме со снимањето и утре намонтажата да смислиме што ќе правиме со снимениотматеријал. Екипата си замина полузадоволна.Јас останав со фотографот и човекот од Лотаријата.И Џиџи.Опнавме уште по неколку.Фотографот веднаш ми предложи бизнис.Јас, тој и Џиџи.Сликање по школи, панаѓури, луна паркови...И додека ние разговаравме, Џиџи седеше со нас намасата и внимателно го слушаше разговорот.Божем разбира.Одвреме-навреме ќе ја земеше чашата пиво од својотстопан, па ќе испиеше една убава голтка.

Page 350: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Такво чудо прв пат видов во животот. Додека пиеше, јадржеше чашата како да е шишенце со цуцла и мижешесо очите како бебенце кога го дојат.Се гледаше дека е искусен пијаница.Умревме од смеење.

И после неколку такви бебешки голтки, Џиџи рипна одмасата и се стрча кон купот среќки кои сè уште стоеана тревата. Тогаш, на наше огромно запрепастување,почна да го прави она што не го правеше кога требаше.Туку сега, кога екипата си замина.Сето она што јас му го покажав го направи три патиподобро од мене. Сум бил добар учител.А ученикот секогаш на крајот излегува подобар одсвојот учител, нели луѓе мои?Да ја имавме камерата тогаш, тоа ќе беше незаборавнареклама која ќе продадеше многу такви среќки.

Фотографот го гледаше своето мезимче како лудува идури тогаш се изнервира и тоа здраво.

“Не сега бе, пичка ти мајчина...“

Џиџи користеше пиво како допинг.

Пијаните мајмуни се смешни до солзи.Пијаните луѓе се тажни до солзи.Сите заедно седиме во алкохолниот кафез на животот иим правиме циркуси на оние што не гледаат.

Page 351: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Мајмуните што излегуваат од нас кога сме заробени одалкохолот се и смешни и тажни истовремено.Знаат и да гризнат понекогаш. И да удрат. Да викаат.Пцуењето се подразбира.Знаат и да плукнат.И физички и умствено.Мајмуните во нас имаат растурени фризури,размачкани шминки, носат раскопчани кошули ииспотени маици, зад нив остануваат скршени чаши,кавги со недолжни келнери, прават мајмунски гримасина лицето, уште помајмунски движења на телото ииспуштаат тарзански звуци како од џунглата...

Од мајмуни настанавме, како мајмуни завршуваме...Животот е тркало.

Во гаќи мочаш и на една и на 81 година..............................................................................................

Трета фаза

“СВИЊА“

Свињата е едно од најстарите суштества на планетава.Десетици милиони години.Поумна е од сите животни заедно и од половиначовечки род. А ние ја користиме во погрдна смисла.И за јадење.Свинското во исхраната е како францускот коњак вопиењето. Се јаде во посебни прилики.Како што добрата ракија се пие во ретки пригоди.

Page 352: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

А добрата ракија е како добра жена. Може да тезбудали, да те поремети, да те измори, да те уништи.Таква имаше другар ми Карлито.Единаесетгодишна.Таа ракија беше чудо. Сите што ја дегустираа, кажаадека такво нешто немаат пробано.Имаше скоро црвена боја, нијанса на некој стар коњак,мирис на бадемово дрво и вкус што се памети.И откако ќе ја испиеш првата голтка, ја чувствувашкако ти се симнува накај желудникот и почнува да тиго загрева целиот стомак, а трпки ти шетаат по кожата.На крајот, во устата ти останува само оној неповторлившмек на бурето во кое е чувана и негувана.

Во тие 44 дена кои ги проведов кај него, во неговиот“Рајски двор“, видов што сè алкохолот може да мунаправи на човекот за само неколку часови.И како од петел, преку мајмун, стануваш најобичнасвиња. И арно рекле старите - “свињо пијана“.

Таа ракија им ја рекламирав на сите оние што за првпат доаѓаа во “Рајот“. И лично ги послужував.Како дилер на дрога што прво ги навлекува младитемуштерии, а подоцна тоа добро им го наплаќа.

Еден ден, во “Рајот“ дојдоа многу грешници.Дури и отповеќе.На паркингот беа паркирани само ѕверови автомобили,а на терасата паркирани нивните ѕверови сопственици.Меѓу нив и еден божји човек. Едно попче.Карлито инсистираше да го запознаам.

Page 353: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

На пропатување е низ нашата “рајска епархија“.Пред да си оди сакал да ме запознае.Тоа беше еден од оние божји слуги на кои им едозволено да се женат, да имаат деца и сè друго.

Освен тенката и фино негувана брадичка, ништодруго на него не беше попско.Брадичката и дебелиот пријатен глас.Беше облечен во цивилка. Панталони и кошула.Како да работи во пошта.Попската униформа ја оставил во багажникот.с“Многу ми е драго што те запознавам.“

“И мене, попче.“

Седнав на неговата маса со својата полна чаша од тааубиствената ракија на другар ми Карлито.

“Само минутка да те видам. Одамна чекам прилика дате запознаам. Морам дома. Ме чека семејството.“

Разговаравме десетина минути. За сè и сешто.Попчето сакаше во неколку прашања и одговори даму го раскажам целиот свој живот. Не оди тоа така.

“Попче, ќе биде ли грев ако овој неверник и грешникте понуди со една домашна, единаесетгодишна жолта?“

“Не, чедо божје, нема да е грев. Ама само една и амин.Колку да наздравиме. Оти брзам.“

Page 354: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

И тука почнува приказната.Попчето и јас...Тоа требаше да се снима.

Првата голтка на Попчето беше ужасно срамежлива.После втората, образите му се вцрвенија како ученичекое задоцнило на часот. А по последната голтка од тааедната и единствената ракија што имаше намера да јаиспие, Попчето направи итна промена на Божјиот план.Итно нарача уште една тура.

“Да не е грев, попче?“

“Не е чедо божје, не е...“

Го зеде мобилниот и почна да врти.Изгледа ќе се јавува дома, на Попадиката.

За комуникација са Господ не ти треба оператор.Ти треба само вербата во него.Како кредит.

А за комуникација со жената, ти требаат мадиња.Попчето изгледа дека ги имаше.И кажа на својата Божја сопатничка каде е, што е исо кого е. Муабетот траеше не повеќе од една минута.Ја информираше дека ќе поседи со мене уште малку икај е, да е, ќе си дојде дома.

Page 355: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

“Попче, не сум ти јас баш некоја гаранција за кајПопадиката. Згреши што и кажа дека си со мене.“

Попчето се насмеа шеретски.Стигна ново бокалче од ракијата.Овој пат Попчето го фати ритамот. Бокалчето гоиспразнивме додека да ја кажеш „Оче наш“.И прв пат јавно ја пофали единаесетгодишната.

Ги терам ли луѓето на пиење?Изгледа дека одговорот е да.За време на следните две бокалчиња, Попчето почна дами се отвора. Душевно. Ми ја раскажуваше својатаживотна приказна. Како во исповедалница. Го извадипаричникот и ми покажуваше фотографии од неговитедве синчиња. Не пропушти прилика да ме искара замоето недолично однесување кон Божјите правила изакони кои велат дека основната причина заради којапостоиме е всушност создавањето нов живот.

Дојде Карлито.

“Срце мое, убаво ли ти е со попчето?“

Истовремено ми намигнуваше со едното око, давајќими ишарет да дојдам на неговата маса и да го оставамБожјиот човек сам да си продолжи по Божјиот пат.На нашата маса ме чекаше една кандидатка зацелодневна дружба. Со посебна назнака на ноќта.

Page 356: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Во тој момент на нашето друштво му се приклучија идвајца Божји пријатели на Попчето. Тоа беше одличнашанса за мене да заминам. Ама тешко. И пак исто.Одново запознавање со новдојдените Божји чеда,одново бокалче со ракија и истите прикаски...

Попчето нарача риба.

“Еден Божји крап, ве молам. И вино. Литар со литар.“

Попчето ќе врти на вино.Од ракија на вино.Што би рекле старите:

“Се откажал од цицката на мајка му, се фатил за куротна татко му.“

После првата чаша шприцер, на Попчето му текна.Пак и се јави на Попадиката. Овој пат со многупонеразбирлив јазик и дикција од првот пат.Само што сега изгледа дека Попадиката му списка наДомаќинот. Поминаа скоро три часа од моментот когаи кажа дека ќе си дојде бргу. Го држеше мобилниотзалепен за увото, слушаше и молчеше.Најверојатно дека Попадиката рафално пукаше.Кутрото попче мрдаше со главата нагоре-надолу и насекои десетина секунди викаше “добро, добро...“.Конечно кажа цела реченица.

“Да, да...тука е. Уште сме заедно.“

Page 357: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

И ми го подаде мобилниот. Со насмевка ми даде знакоти знае дека знам што треба да правам. И знаев.И ги кажав на Попадиката тие неколку стари и веќезаборавени штосови со кои обично ги вадам другаритево вакви инкриминирачки ситуации.Таа се насмеа кисело, а јас и ветив дека Леси бргу ќе севрати дома. Само што таа не ни претпоставуваше деканејзиниот Леси веќе е трансформиран во некоја малкупокрволочна раса. Нарачуваше уште вино.Во меѓувреме стигна и Божјиот крап. Попчето не го нипипна. Башка веќе и заборави на него. А најмногузаборави на себе и на тоа што тој претставува. И кого.Беше оптеретен со Божјата задача од мене да направипристојно Божјо дете. Му реков дека малку е доцна затакви спортови. И дека тоа тешко дека ќе ми помогне.Самиот Господ да ми е цимер, нема да може.

Почна да се стемнува. Карлито повторно дојде да меспаси од часот по Теологија. Ама часот никако незавршуваше. Како да бев на дополнителна настава.Попчето веќе беше забеган во друга димензија.Почна да силува со нарачките.Почна да силува со муабетите.Почна да малтретира.Имав доволно време и простор да го анализирам.На пријателите не им даде збор да кажат. Мене мидозволуваше да прозборам само тогаш кога морав даодговорам на некои од неговите прашања кои стануваасè пожешки и потешки. Дури и за мене.

Page 358: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Некаде после шест часа од нашето запознавање,повторно се јави Попадиката. Мобилниот ѕвонешебезмилосно. Попчето овој пат не ни сакаше да се јави.Само ми даде знак јас да го направам тоа.Како да сум му Министер за одбрана.И кажав дека моментално не е тука. Туку таму кадешто и царот и Господ одат пеш. Таа не ми ни одговори.Само ја прекина врската.

“Многу ти е лута, попче...“

Попчето само ме погледна со своите закрвавени Божјиочи и одмавна и со раката и со главата истовремено.

“Ќе и помине до утре. Како на кутре.“

Ахааааа...Попчето почна да ме разочарува. И да ме нервира.Колку што нему му беше пријатно во мое друштво,толку пак мене ми стануваше се понепријатно ипонепријатно со него.Карлито веќе ми мафташе со рацете од неговата масакако аеродромски работник.

И тогаш Попчето, Божјиот слуга и следбеник, ми гопостави прашањето заради кое зажалив што воопштоседнав на неговата маса.

“А жени, има ли жени?“

Page 359: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

И уште тропкаше со испружениот среден прст помасата, притоа подигнувајќи ја едната веѓа, исто онакакако што го прават тоа најголемите шмекери.

Попчето се интересира за жени?Не бев потполно сигурен дали ме прашува за мене илиза себе. Не сакав ни да помислам дека е ова второво.Оти Попчето може да јаде црвен картон.Од главниот судија.Господ.

“Да не е грев, попче?“

Тој знаеше дека ова што го кажа е грев, само алкохолотне му дозволуваше да го признае тоа.

“Како што е Господ никој не е.“

Инаку јас не верувам во него.Во севишниот и семожниот.Луѓето ми викаат - “почни да веруваш“.Како бе така, да почнам да верувам?Верник не се станува со притискање копче.

А знам за религијата, библијата, црквата, обичаитеи традицијата многу повеќе од оние што на своитевлакнести или бујни гради ставиле златни крстовипоголеми и од оној на Господинот Господин.

Е, истите тие секојдневно лажат, понекогаш крадат,

Page 360: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

најчесто не го љубат ближниот свој, туку некоидалечни, знаат скришно да претераат со храната ипиењето, копнеат по туѓото и...умираат од завист.Понекои, понекогаш, понекого ќе запукаат со шамари.Или со куршуми...Како кој.

За добра свиња нема лоша помија.Пијаните свињи смрдат како творови, ждригаат каконилски коњи и прдат до смрт.Повраќаат кај што ќе стигнат.Обележуваат територија како кучиња.Е кога ќе им се случи тоа, преминуваат во следнатафаза од мојата поделба.

Четврта фаза.

“БУВ“

Сте забележале ли луѓе мои, колку живот има во бувот?На скала од 1 до 10, бувот е некаде на двојка.

Ноќе лумпува, а дење не мрднува.Како восочна фигура.

Така и ние, пијаниците...Не сите.Ние, ветераните бувови...ние сме контра.Дење лумпуваме, а ноќе не мрдаме.

Инаку бувот има најнечујно летање од сите птици.

Page 361: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Одлетува без да го слушнеш.Така и јас, кога сум во оваа БУВ фаза многу често знамтака нечујно да одлетам ако ситуацијата е кнап.Дури сум станал мајстор за тоа. Да ме снема без никојда забележи. Да испарам. Да исчезнам. Да му ја летнам.Онака бувовски.За да можам да седнам некаде на раат и да кулирам.Како був. Со ококорени очи.Бувот трепка еднаш во минута.Ако трепне повеќе од еднаш – заспива веднаш.Исто и луѓето што стануваат бувови.

За бувот најмногу научив од Баки.Со него се дружиме секогаш кога одам горе вокоријата, на езерото, кај Брато на гости.Над Градчето над градчето има селце.А над селцето има селце. Со една куќа. Среде шумата.Тоа е царството на Баки.

Баки не пие. Он е еден од оние на кои навистина не мутреба алкохол. Тој е опиен од животот.Ги обожува и луѓето и животните. Повеќе животните.Има и свој миленик.Чува був. Комуницира со него.Што ќе комуницираш. Був ко був.

Велат дека газдите со текот не времето почнуваат даличат на своите кучиња. Баки нема куче. Има був.Затоа почнал да заличува на був. Знае така некогаш дасе загледа во една точка и да ѕвери во празно.И да ужива во моментот.

Page 362: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Баки знае да го сака животот. На еден посебен начин.За разлика од мене.Јас го сакам на еден чуден начин.

Најпознатиот човек-був што го познавав беше еденстар господин од осумдесетите години од минатиотмилениум. Тоа беше чичко Варошки. Театарски човек.Драматург и писател. И критичар.Интелектуалец пар екселанс.Половина од вицовите за пијаниците се вистинскислучки и анегдоти од неговиот боемски живот.Бисер до бисер.Луѓе мои.Кога ќе дојдеше натрескан во театарскиот Клуб,Кленот смислуваше илјада начини да се отараси однего. Варошки сепак беше авторитет, па затоа газдатаимаше почит кон него и контрола врз себе.Место за него секогаш мораше да има. Од почит конгодините, искуството и харизмата што ја имаше.Инаку Варошки во тоа време се опиваше од три ракии.И со букви – три.А кога ќе испиеше три изгледаше како да испил 33.Е тогаш Кленот мртов-ладен во чашките за ракија муставаше обична вода. Чешмарка.Ама тоа не менуваше апсолутно ништо. Варошки ќе јаземеше божемната ракија, ќе ја опнеше на екс, како бувќе ја затресеше главата лево-десно неколку пати и ќе гонаправеше оној познат израз на лицето кој се јавувакако фацијален грч секогаш кога човек ќе проба некојажестока пијачка. Почнуваше да се мурти, ги спушташевеѓите, ги подигнуваше образите кои скоро му ги

Page 363: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

затвораа очите и понекогаш испушташе и некаквавоздишка која звучеше како р’жење...Демек јака е ракијата...

Историска е неговата реченица изговорена во неговиотстан, во неговата дневна соба, на неговата фотелја...После дводневна седенка кај него, со неколку другипријатели боеми. Стари и искусни скупски бувови.Го гушнал тој што му бил најблиску и му рекол:

“Носи ме дома.“

А дома е.

Евергрин во неговата боемска биографија е приказнатасо увото. И се прераскажува со генерации.Од уво на уво.

Една ноќ во Клубот, некаде на преминот од фазатаСвиња во фазата Був, Варошки имаше жолчнарасправија со еден неидентификуван алкохолизиранобјект кој воопшто и не седеше на неговата маса.

И во целата таа аудио-визуелна збрка исполнета сомнозинство од физиономии како во филмовите наТарантино, поткрепени од мистериозните звуци нанекој здодевен шлагер од репертоарот на Кленот, сеслушаше само една неразбирлива бучава произведенаод еуфоричните муабети што се правеа по масите.Претставата само што заврши и вечерта не беше нипочната. Ама не за сите. За оние што имаа претстава,

Page 364: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

вечерта што претстоеше требаше да биде круна наубавиот ден и успешната изведба на сцената.За некои вечерта беше одамна завршена. Особено заедна група високи интелектуалци која беше запиенатрет ден. Театарскиот Клуб им беше последна станица.Меѓу нив седеше и тој. Варошки. Во тој момент бешелидер на табелата на пијанството во целиот објект.Жестоко се расправаше со колега од соседната маса.А кога Варошки беше под гас, јазикот со кој зборувашеличеше на оние од Далечниот исток. Ние што долго гопознававме Варошки, тој јазик му го разбиравме.А тој кутриот, беше црвен како патлиџан во лицето,очите му беа пред фајронт, седеше на столчетоисправен како був на гранка и беше ненормалнорасположен за кавга. Нервозата му беше евидентна.

“Не ме нервирај, детеее...џабе ме нервираш..сакаш даме изнервираш, ама не можеш да ме изнервираш...“

А полудуваше.Башка и човекот кому му се обраќаше, беше тоталнонезаинтересиран за конфликт. Најмалку со Варошки.Тоа уште повеќе го полудуваше овој нашиов, којважеше за многу незгоден играч кога е на алкохол.

“Не ме нервирај...ќе дојдам таму и ќе видиш ти кој сумјас...знаеш ли ти дека јас сум бил командос во војската?Командос...разбираш? Ќе дојдам таму и...“

Па застана. И се подзамисли. Што да му направи?Метата на Варошки конечно се заврте.

Page 365: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Се гледаа како бувови.

“Ќе дојдам таму...и ќе ти го гризнам тоа увото.“

Не се знаеше на кое уво мисли. И двете му беа големи.

“Увото...разбра? Ќе-ти-го-гриз-нам!“

Човекот стана. Имаше растегната насмевка на лицето.И Варошки стана. И ситуацијата стана. Напната.Станаа и другарите. Двајца го држеа. Мислиш Рамбо.Ама пијан Рамбо.

“Е сега дојдов таму...и ти го гризнав увото...“

Тргна енергично накај целта влечејќи ги зад себедвајцата стражари што го држеа за рацете. Ама за да муго гризне увото не му требаат раце. Туку заби. А забитему беа слободни. Почна да штрака со вештачкитевилици како месар кога ги остри големите ножеви.И како знак за јуриш, надмоќно извика:

“Увотоооооооо...“

????????????????????????????????????????????????????

“Варошки...Господине Варошки...“

Тоа беше Кленот. Сакаше да ја запре оваа одамнавидена, стара приказна во која секогаш на крајотглавниот лик наебува. Варошки наебува.

Page 366: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

“Ве молам, вратете се на своето место...“

И уште ги спои дланките како за молитва. За да мукаже на Варошки колку го моли. И истовремено гомоли Господ да го спаси писателот од не-хепиенд.Варошки успеа некако да се заврти кон Кленот.Му требаа неколку секунди добро да го фокусира сосвојот неисправен телескоп. Скоро и да мижеше.Но сепак успеа да му намигне на Кленот со едното око.Демек “не се плаши, не го тепам“.И повторно се врати во првобитната ситуација.И сега му требаше малку време за да се сети за штовсушност тука стануваше збор. Само го погледнаобвинетиот, малтретираниот и сигурно без причинанавредуваниот соперник од неговата фантазија и му гопостави сега веќе историското прашање:

“Кого бе ти, ѓубре низаедно, ќе го гризнеш за уво?“

??????????????????????????????????????????????????????

Во тој момент чичко Варошки го прими најсилнотодесно кроше што сум го видел во живо. Се струполи наземјата како покосен и акна со главата од подот.Притрчавме да му помогнеме на ранетиот. А тој, онакавон себе, со главата на ламинатските плочки, со лицетотри пати поцрвено од пред неколку секунди, само кажа:

“Видовте што му направив?“

Page 367: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Видовме чичко Варош, видовме...

Кленот успеа некако да го седне на службената маса.Му ја бришеше крвта од носот со една салфетка и сеобидуваше малку да му држи предавања.Кленот ќе го оправа Бувот.

“Господине Варошки, Ве предупредив...мислам декане ви личи на годините да се доведувате во ваквиглупави ситуации. Знаете колку Ве почитувам...“

Чичко Варош само го испружи јазикот и прозборе сосвојот неразбирлив, бувовски јазик.

“Т’ф, т’ф, т’ф, т’ф...“

Што во превод би значело “туф, туф, туф, туф...“

И ја запеа “Болен ми лежи Миле Поп Јорданов...“

Денес ги нема и тројцата.Миле Поп Јорданов одамна.Варошки многу подоцна.А Кленот малку подоцна од многу подоцна.Варошки умре од алкохол, а Кленот за алкохол.Ми недостасуваат. И двајцата. До морници.

............................................................................................

Page 368: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Петта фаза

МИСЛИТЕЛ

Полуседечка положба.Главата ти е во една од дланките.Како на Аристотел.Обично се случува наутро, после будењето, но не морасекогаш да е правило. Нели?Што мислите Вие луѓе мои, дали и што точно мислимислителот во вакви ситуации? Што најконкретномислиш ти, читателу мој скап? Кога главата ти е тапан,а секој произведен звук од било што на тебе делувакако рачката од истиот тапан.Па најомилен хит во тој момент ти е:

“Што мислеше, што мислеше кога се онадеше?“

Што си мисли пијаницата после пијанството?

Не мисли на ништо.И мисли на сè.Некои од нас само изгледаат како мислители.А некои навистина стануваат тоа.Филозофи.

Најпознатите што ги познавав, беа многу познати.Двајца расни актери. Гоше и Ангел.Тогаш веќе пензионери. Но со дух на бруцоши одАкадемијата. Беа доајени на нашиот театар. И филм.

Page 369: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Филм беше самото седење со нив и правење глупавимуабети од утро до фајронт. Фајронтот беше и врвот нанивните штотуку изговорени мисли кои звучеа какогенијални афоризми од некој многу умен ум.

“Не пијам повеќе. А ни помалку.“

Знаеа милион мали финти за помош на актерот вонепредвидени ситуации. На пример, кога доаѓаш напретстава, а гласот ти е зарипнат или тотално загубен,па нема теоретски шанси регуларно да ја одиграшпретставата, го практикуваш штосот на чичко Гоше.Замрзнато пиво. Го пиеш најбргу што можеш.Делува откачено, ама важно делува...Студеното пиво ги штима расштиманите гласни жици ипосле само десетина минути почнуваш да зборувашсосема нормално. И тоа чудо трае токму толку колкушто трае и претставата. Штом завесата се спушти,гласот ти се враќа во претходната заебана состојба.Но, работата е завршена.

Или пак кога ти е затнат носот, е тогаш стапува насцена финтата на Ангел. Шмркање ракија.Истураш една чашка жолта во дланката, јаприближуваш до носот и...вшмркуваш. Ракијата ти гипрочистува сите канали. Го одзатнува и она што ниеден доктор на светот не може. Боли, нека си ебемајката, ама помага. Само да не ти прејде во навика.Кога ќе ја шмркнеш ракијата, таа те удира директно вомозоците. И во малиот и во големиот.

Page 370: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Децава што денес шмркаат триста и педесет глупостиво прав и тоа во сите бои, не ни знаат дека ние смешмркале уште пред тие да се родат. Ама ракија.За здравје.

Гоше и Ангел секогаш седеа заедно. Пиеја заедно.Кога претсанаа да играат во театарот, ги викаа нателевизија или на филм. И пак заедно. Во пакет.Дури и тогаш кога ќе беа скарани од било кои причини,повторно седеа заедно. Никој не смееше да им сепридружи на масата додека тие двајца не го решатнивниот проблем. Комуницираа преку Кленот.

“Кленче, дај му една на говедово до мене од неговатапијачка и една за мене од мојата...“

Другиот ја прифаќа играта.

“Кленче, кажи му благодарам на тој коњ и да дадеГоспод таа што ја пие последна да му биде.“

Па ги пружаат чашките за да направат наздравје, амабез да се гледаат во очи. Го тераа филмот до крај.

“Наздравје, гомно едно...“

“Здравје да имаш, педеру стар...“

И така. До судниот час.

Page 371: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Кога умре Гоше, Ангел се пеплоса. Не толку заради тоашто знаеше дека тоа наскоро и него го чека, туку затоашто изгуби другар што му беше повеќе од брат.Дента кога беше закажан погребот, Ангел беше прв вотеатарот. Седеше на нивната заедничка маса, нарачапијачка за себе, ама и за Гоше. Навистина беше жалнои срцепарателно да се гледа чичко Ангел како тагува.Ќе се напиеше малку од ракијата, па погледнувашедесно од себе накај празното столче и полната чаша.Половина од својата доза ја сипаше во грлото, а другатаполовина ја истураше на подот, за душа на побратимот.

И ние се собравме во театарот уште рано сабајле.Според некои непишани правила во театарот, кога ќеумре некој актер, се избираат четири мажи-актери одпомладите генерации кои ги извршуваат сите обврскиоколу мртовецот. И еден актер од постарата генерацијакако раководител на проектот. За смртта на Гоше, таачест ја имавме Манас, Џоџо, Ѓорче и јас.И Ѕунги кој веќе закопал многу од своите колеги, какоцеремонијал мајстор. Управата знаеше кого даангажира за погребот да биде што позабавен.И не згреши во кастингот.Јас бев ангажиран како најмлад, а Џоџо и Ѓорче каконајстрашливи кога се во прашање погреби и умрени.И Манас како најстабилен од сите нас.

Опнавме по неколку во Клубот.Во чест на умрениот, а и за разбивање на тремата.Првата задача ни беше навистине тешка.

Page 372: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Требаше да одиме во болницата и да го подготвименашиот најстар колега за неговото последно патување.Од дома ни го дадоа неговиот најубав костум, за да гооблечеме чичко Гоше свечено и достоинствено, како ишто му доликува на еден господин, актер и боем.Пред влезот на мртовечницата не чекаше дежурниотмедицински брат. Едно типче кое личеше на сумоборач, со гардероба која секој момент ќе прснеше однеговото сало. Уште при поздравувањето, за време нанеговото неразговетно претставување, можеше сосигурност да се потврди дека беше мртов пијан во 10часот наутро. Не можеше ни името да си го каже.

Само што влеговме во мртовечницата, на Ѓорче мустана лошо и пожолте за неполни десет секунди, а пакЏоџо само се вкочани во место и стана...глувонем.Јас решив машки да го поднесам тоа и се трудев дане покажував никакви знаци на нервоза.Манас пак, беше ладен како шприцер. Профи.

“Го избричивте?“

По договор тоа требаше да го направи болницата.А болницата го имаше само овој егзекутор на смена.

“Тасма.“

Реши да ни ги покаже резултатите од својот пијан труд.Го отвори фрижидерот во кој лежеше чичко Гоше.Тоа беше прв пат да видам умрен човек во живо.

Page 373: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Нашиот најстар колега, лежеше спокојно како Ленинво својот мавзолеј. Беше облечен во небо сини пиџами.Неговите познати бели коси имаа попримено некаквасребрена нијанса, а неговото секогаш вцрвенето лицебеше апсолутно жолто. Пожолто од него беше самолицето на Ѓорче. Ако поразмислам малку подоброЃорче беше најжолт во собата, вклучувајќи не и нас,а и сите други несреќници што лежеа во фрижидерите.

Ѓорче изгледаше како да ќе приумре тука, вомртовечницата. Вистинско место за умирање, нели?

Манас ми пријде и ми шепна:

“А бе овие го искасапиле, пичка ли им мајчина...“

Го загледав чичко Гоше од поблиску. Дежурниот месаршто го бричел, тоа го направил како со шмиргла.Како да бричел жив душман, а не умрен актер.

“Шминкерите во театар ќе го средат.“

Манас беше во право.Нашите шминкери не средувале и тогаш кога сме билеживи мртовци, па што останува со мртов мртовец.

Го облековме чичко Гоше како матурант.Во ходникот не чекаа луѓето од погребалното соковчегот. Го сместивме чичко во неговиот вечен дом,го однесовме сандакот до мртовечката кола и севративме во театарот. Таму веќе сите беа дојдени.

Page 374: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Последната претстава на чичко Гоше можеше да почне.

Според театарската традиција посмртните останки беаизложени во фоајето, а Ѕунги ги одредувашечетворките кои ја држеа последната почесна стражалево и десно од ковчегот на Гоше.

Се сеќавам добро дека неколку минути пред да почнекомеморативната седница која требаше да се одржи натеатарската сцена, во театарот снема струја.Ние помладите тоа го сфативме како знак од чичкоГоше кој цел живот ги мразеше и презираше тиеглупави говоранции и траорни сцени кои се случуваасекогаш кога ќе умреше некој актер.

“Кога ќе умре човек, еби го...“

Така викаше.Така мислеше тој. Така почнав и јас да мислам.До ден денешен.

Големите боеми си одат без помпа.Ама не пропуштаат прилика уште еднаш, за последенпат да се заебаваат со нас живите.

Струјата се врати од паузата за ужина.Комеморацијата помина онака...комеморативно.Црното такси-караван чекаше пред театарот.Остана уште последната почесна стража која требашеда ја одржиме ние четворицата одредени од управата.

Page 375: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Според однапред договорената шема, Ѓорче и Џоџо беанапред, а јас и Манас одзади. Џоџо точно пред мене.И тогаш Ѕунги со главата ни даде знак.Сите четворица се наведнавме да го фатиме сандакот зарачките. И тогаш, во таа апсолутна тишина, се слушна:

“Кррррррррррр...“

Прво помислив дека Џоџо прднал од напор. Но веднашсфатив дека сум грешка. Онака наведнат, погледнавпред себе. Во кадар ми беше само големиот задник наЏоџо и огромната дупка која му се распарала напантоланите низ која срамежливо ѕиркаа белите гаќи.Сите четворица стражари се исправивме истовремено.Мислев дека сум единствениот што го видел ова.Камо среќа да беше така. Но, кога погледнав накајМанас сфатив дека и тој го видел тоа. Со свои очи.Затоа, истите тие негови очи беа затворени.Јасно му беше дека ако ги отвори и ме погледне, ќепрснеме од смеење и двајцата. Како што ни сеслучуваше многу пати на сцената. Тогаш, го збрчкалицето и направи најтажна, погребална фаца, адекватназа вакви прилики. Тргнавме со ковчегот накај излезот.По традиција, големите актери од театарот се испраќаатсо громогласен аплауз. Последниот во нивната кариера.И единствениот кој што не можат да го чујат.Секој пат ме напаѓале морници од тој аплауз. И овојбеше еден таков. Морбидно спонтан. Од срце.И трогателен. Освен за Манас и мене. За нас бешетрауматичен. Имавме две препреки пред нас.

Page 376: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Првата беше како да не се раскикотиме од киксот наЏоџо, а втората како воопшто да престанеме да гогледаме него и неговите снег гаќички. Го изнесовмечичко Гоше од театарот и го сместивме во гавранскотовозило за неговата последна релација. Тие последнипедесет метри беа неиздржливи. Со Манас веќе неможевме да издржиме. Додека хистерично секикотевме во себе, го тресевме сандакот толку силношто едно време помислив дека капакот ќе се отвори.Мислам дека да се случеше такво нешто, Ѓорче ќеполудеше, а Џоџо ќе се расплачеше. А тој, во црноодело кое му било точно пред сто години, изгледашеневеројатно стуткано. Беше испотен како да излеголод финска сауна. Одеше како на штикли.Го држеше газот стиснат до болка и одвреме-навремеќе ја покриеше дупката со едната рака.Како стрејт тип по грешка влезен во геј-бар.Или што би рекол чичко Гоше:

“Како некој давајгаз си.“

Бев скоро сигурен дека стариот и мудар актер ги видебелите гаќи на Џоџо и дека уште еднаш умре.Овојпат од смеење. Така и ја замислуваше својата смрт.

“Кога ќе ме закопувате, сакам добро да се натрескате ида си играте мајтап. И со мене и со смртта.“

Решивме да му ја исполниме оваа желба.Така, тој погреб стана посебна приказна.Истовремено бескрајно тажен и црно-смешен.

Page 377: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Ако еден погреб воопшто може да биде тоа.Откако го изложивме чичко Гоше во една од дветекапели, почна последното поздравување на неговитеблиски, пријатели, подржувачи и почитувачи.Ние четворицата седевме на клупите и пушевме.Со нас го зедовме и чичко Ангел, кој веќе беше добронацицан од неколкуте последни ракии кои всушност мубеа и првите без неговиот пајташ. Беше скршен.Носеше со себе едно шише мастика и една кутијацигари за својот побратим. Имаше убава идеја.Да му ги остави во ковчегот. За на оној свет.

Е, ние во тоа видовме шанса да го испочитуваметестаментот на чичко Гоше. И да се заебаваме.

Поворката во капелата веќе беше при крај. Останаасамо уште неколку вљубеници во ликот и делото начичко Гоше кои се поздравуваа со него за последен пат.И ние со наш чичко Ангел на опашката од колоната.Веќе не можеше ни да седи сам ни да оди сам.Беше пијан и стар.Подобро да бидеш пијан или стар?

Јас во тоа време бев “пијан“, а денес сум стар“.

Да се вратам на погребот.Додека го смирувавме чичко Ангел од тресењето нарацете и од солзите што неконтролирано му течеа, водругата капела до нас, тргнуваше уште една колона.

Умираат луѓето, не се заебаваат, луѓе мои.

Page 378: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Оваа поворка беше во чест на една стара бабичка,инаку денешна сопатничка на нашиот мил и никогашнепрежален колега Гоше до портите на Свети Петар.Ни светна идиотска идеја. И ден денес не знам зошто гонаправивме тоа. А беше забавно до коска.Го зедовме чичко Ангел под мишки и тргнавме конкапелата. Ама, кон оваа другата. Кај бабичката.Бевме убедени дека Ангел нема воопшто да забележи.Тој сиромавиот ништо не можеше да забележи.Од жал и од многу ракија. И бевме во право.Застанавме во редот и полека, но сигурно напредувавмекон целта. Кога влеговме внатре во капелата,роднините и пријателите на бабичката не гледаа сопрашалници околу себе. Стигнавме до ковчегот во којлежеше починатата. Чичко Ангел го пуштивме прв.Едвај се движеше. Застана до ковчегот на бабичката.Погледна накај неа. И таман кога помисливме дека тојќе ни ја открие измамата и тука некаде ќе заврши оваанаша младо-луда и непромислена заебанција, само гиостави шишето мастика и цигарите до бабичката ипочна да тажи потажно од најтажното.

“Гоошеее...браатеее...држ сеее...“

Присутните во капелата изгледаа како да виделе дух.А ние ќе се онесвестевме од напорот да се прибереме зада не умреме од смеење. Каков црн апсурд.Чичко Ангел преку бабичката му кажа на Гоше да седржи. Ама не кажа точно за што да се држи. Знам штосигурно би му одговорил чичко Гоше да е во можност.

Page 379: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

“За мандалово...“

Човекот кој цел живот играше попови, и во театароти на филмот, тогаш кажа една ретко позната фраза иапсолутна вистина која баш беше некако...библиска.

“Не е човек кој не умре...“

Не е битно што умрел човекот.Битно е каде ќе му оди душата.А душата на чичко Ангел веќе беше многу изморена.И тажна без својот побратим.Се обиде малку да проживее без него, ама не му успеа.Па му се приклучи. Тивко. Скоро нечујно.Со мала комеморација, скромен погреб, некролог однајблиските и колегите во весниците и три минути напоследните вести. Целиот живот вреди три минути.

Актерот е мртов, да живее актерот!

Заминаа двајца од најголемите бардови на вистинскатабоемштина. Боемштината не е начин на пиење, тукуначин на живот. Слични се со блузот. Затоа и ги сакам.

Актерите боеми во својата сценска кариера стануваатсе што ќе посакаат. Цареви и слуги, професори иклошари, херои и кукавици, добри и зли...Актерите пијаници стануваат она што ќе го посакаалкохолот. Петлиња, мајмуни, свињи и бувови...Сите пијаници не се боеми.

Page 380: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Како што и сите боеми не се пијаници.Има дури и такви боеми што не пијат.

................................................................................................

Инаку во оваа моја студија постои и еден многуинтересен момент. Кај некои колеги сите овие фази сеслучуваат во едно запивање. Од вечерта до утрото.Кај некои тие фази се раздолжуваат низ целиот живот.

Најтрагично кај мене е тоа што кога почнав пак дапијам, немаше потреба повторно да поминувам низсите фази на мојот стар другар, господинот Јелинек.Веќе сум шетал низ нив. И што ќе правам пак таму?Како кај компјутерските игри. Кога еднаш ќе стасаш дочетвртото ниво, ич не ти е забавно да се враќаш пак напочетокот. Те интересира само тоа како да стигнеш докрајот на играта и да победиш, нели луѓе мои?

И еве ме денес во ситуација кога не знам ни во којафаза сум, ни во кое од животните се претворам.Животните во кои јас се претворам се генетскикомбинации на анималното во мене. Мутанти.Петел што јаде банани како мајмун.Мајмун со крилја од петел и уши од свиња.Свиња што ги имитира луѓето и сака да лета како був.Був што сонува да биде петел.Був мислител.Був филозоф.

Page 381: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Иако најискрено, во овој период немав време ни дамислам, ни да филозофирам. Беше страшно.Бев ангажиран како коњ за теглење.Барем да бев коњ за приплод.Тоа што ми се случуваше требаше да се издржи.Првата буква, првиот број и јас почнавме со работа.Веднаш стартувавме со интензивни снимања на мојотнов заштитен знак. “Тркалезниот квиз“.Со Наца. Мојата вечна телевизиска партнерка.Во Лепче ја викаат “Мерцедес“. “А“ класа.Паралелно почнаа и блузерските патувања и концертисо моите секогаш расположени, поднапиени и никогашнепрежалени “Скупски федери“. Мојот бенд.И како расипан шлаг на таа невкусна торта, морав да сесправувам и со моите должничко-доверителски односи.Луѓето фирми на кои мојата фирма им должеше.Кои постојано притискаа. Без усул. Сите до еден.

И Жан и Клод и Ван и Дам.

А имав работа преку глава.Преку мојата веќе потечена, набабрена и деформиранаглава која личеше на распаднат школски глобус.Целиот бев подуен. Стомакот ми беше како да сум воседмиот месец на благосоловената состојба, а градитекако само да сум се породила. Односно сум се породил.Во животот имам водено безброј разноразни избори наубавина и можам со сигурност да ви потврдам декамногу ретко се случуваше некоја од кандидатките даима такви гради како моите. Тројка.Наца ми е понекогаш љубоморна на нив.

Page 382: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

На снимање, на паузата помеѓу два квиза, додека сепресоблекуваме во гардеробата за новата емисија, таакокетно ќе ми дофрли преку огледалото:

“Оооооо...колега, честитам!“

Каков комплимент за моите гради. Ми годи.Јас и онака се чувствувам како жена. До душа, еднаразочарана, измамена, незадоволена и напуштена жена.А во последно време почнувам и да личам на некојасредовечна, климактерична и запуштена теткичка соголеми гради, уште поголем стомак и најголеми газови.

Ете тоа ти го прави алкохолот.Прво ти го пиеш него, потоа тој те пие тебе.Прво те дуе, после те суши.А може и обратно.А и не мора.Или те дуе па суши, или те суши па дуе.Или, или...Или ќе живеам 100 и кусур години или ќе умрам вонајтешки маки. Само Господ наводно знаел кога треба.Како рековме?

Или, или...тоа е животот.

Или Реал или Барса.

Тука некаде, во тој период, ја напуштив Тур е на.Луѓето од Првата буква, првиот број ми дадоа стан.Конечно се прибрав дома. Ако јас воопшто имам дома.

Page 383: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Не бев нешто посебно импресиониран од станчето,кое на прв поглед и не беше толку лошо. Повеќе беввоодушевен од соседството. Долу, точно под мојататераса, се наоѓаше мојата нова база.Новата канцеларија.Кај Бате Диме.Најдобар џигер во градот.Едно од оние места каде што се чувствувам свој.На своето. Меѓу своите.Се дружам на иста маса и со јавни обвинители и сосоцијални случаи. Со таксисти, професори, денгубџии,случајни туристи, со добри сопрузи и лоши швалери...И сите ги води една иста мисла. Ракијата на Бате Диме.Ретко кој од нив доаѓа за џигерот. Или на ќебапчиња.Ќебапчињата доаѓаат сами. На крајот.И така...

Наутро, веднаш по изгрејсонцето, онака разбушавен инедоспан, излегував на терасата за да проверам далиденот започнал и кај Бате Диме.Дали е отворена вратата, дали се изнесени столчињата,дали се наместени чадорите, дали скарата е распалена...И право долу. На коњопој. А таму веќе на големозапочнал симпозиумот на тема “Ден на дрвото“, иакотој ден заврши пред неколку месеци. Што има врска?

“Оооооо...добро утро, мајсторе. Ние малку си играмеден на дрвото. Ќе ни се приклучиш?“

Во чест на денот на дрвото, ќе се направиме дрва.Ние пијаниците само тоа и го знаеме.

Page 384: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Да пиеме. И го признаваме тоа. А тоа е барем човечки.Кога се знае дека се знае.

Има случаи кога се знае дека не се знае.И тоа ми е океј. Фер е и кон себе и кон другите.

Најстрашно е кога не се знае дека не се знае.

Таму, кај Бате Диме го испеков занаетот.Немаше потреба повторно да бидам чирак. Или калфа.Тоа би било ептен перверзно.Јас одамна сум мајстор на својот занает.

Професорите докторираат.Мајсторот може само да мајсторира.Е па, јас кај него мајсторирав.

И наместо да ми се случи нов почеток, ми се случиуште еден почеток на крајот. Крај со однапредодредени и лесно предвидливи последици.Со неславен и тажен крај.

Еден ден, кога скупското лето ја презема работата восвои раце, заседаваше Управниот одбор на објектот.Дегустиравме нов, штотуку пристигнат контингент надомашна жолта од непознато географско потекло.

“Не е битно од кај е ракијата, битно е кај ќе заврши.“

Бате Диме е секогаш во право кога се работи за ракија.

Page 385: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Управниот одбор бргу донесе стручни заклучоци заквалитетот на домашната, за нејзиниот вкус, за бојата,за мирисот на оригиналното буре во кое е чувана и гокоментиравме венецот што ракијата го создава дури икога е во обична чаша, што навистина ретко се случува.

И одеднаш, во целата таа наша опчинетост и опиеностод ремек делото што течеше низ нашите жили, некој гопопушти тонот на телевизорот до даска.По грешка, ама во вистинско време.На Националната телевизија, во рамките на утринскатапрограма стартуваше една од многуте кампањи со коине бомбардираше државата во последно време.Оваа беше врв.

“Алкохолот не ти е пријател“.

Следуваше огромно негодување од публиката.Свирежи и пцовки. Како кон потплатен фудбалскисудија кој не свири очигледен пенал за твојот тим.Алкохолот божем, не ни бил другар. Жива глупост.На некои од тоа друштво алкохолот не само што имбеше пријател, туку им беше единствениот.

Штом алкохолот не ни е пријател, аналогно следувазаклучокот дека не ни е ништо друго освен непријател.А непријателот треба да се уништи.Да се сотре. До дното. Од корен.

Дегустацијата се претвори во отворена битка.Битката за овој ден беше однапред загубена.

Page 386: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Ама изгубена битка никако не значи и изгубена војна.

Друштвото дегустатори почна полека да се проретчува.И утре има ден. Затоа и јас решив да тргнам накај дома.

“Уаааа...дезертер!!!“

Колегите борци од четата беа разочарани.Им го покажав средниот прст во знак на довидување.И добро што избегав. Ракијата на Бате Диме делувашена мене како топ. Ме катапултираше. Се почувствувавкако човек-ѓуле од некој циркус. Шибав накај дома.

Тогаш се појави Марфи. За сите овие години колку штосе дружиме, прв пат настапи како позитивен лик.Како Министер за ментално отрезнување.

Отидов да купам цигари. И весници.Дома си направив едно големо кафе.Си свиткав гооолема цигара.И како некој искусен член на Пензионерскиот дом,седнав најсериозно да ги разлистувам весницитеилезени на тој ден кој полека привршуваше.Кај нас се случува да читаш некој весник од минатиотмесец и воопшто да не забележиш разлика.Но, ова беше еден од оние глупави додатоци водневните весници кои ретко кој ги чита.Обично завршуваат во канатата за ѓубре истиот денкога излегуваат. Овој беше на тема здравје.

Page 387: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Веројатно понесени од новата владина антикампања заанти антиалкохоличари, го објавиле и овој напис.

Тоа беше еден прашалник што се употребувал вопроцесот на дијагностицирање алкохолизам во Земјаташто немаше потреба да се открива.“Проверете дали имате проблем со алкохолот“.

Треба да се одговараат прашањата со да и не.

Еве Ви шанса луѓе мои.Проверете дали алкохолот Ви се меша во животот.

Прашалник САGE:Cut, Annoyed, Guiltty, Eye-opener.

1. Дали некогаш сте почувствувале дека треба данамалите со пиењето?

2. Дали луѓето ви досадуваат и често го критикуваатвашето пиење?

3. Дали некогаш сте се почувствувале виновензаради пиењето?

4. Дали некогаш сте почувствувале дека пиењето витреба уште кога ќе се разбудите?

Има и уште еден начин на пиење. Од досада.

Page 388: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Два одговора ДА значат токму тоа.Дека имаш проблем.

Јас имам четири да.

................................................................................................

И тогаш се случи тоа.

Бевме на Пеонското езеро.Стотчето, јас и Супските федери. Имавме закажано триконцерти на југот. Најјужно што може.Решив да се стационираме тука.Сите три градчиња во кои требаше да свириме беаоддалечени од 30 до 50 километри од Пеонското езеро.

Продаваме многу блуз за малку пари.Или малку блуз за многу пари. Како кога.Важно е дека сме тука. На југот.

“Јужно е кај што зимата се шокира.јужно е кај што мозокот ти блокира,јужно е кај што срцето ти трокира,Јужно е кај што времето се стопира,јужно е кај што ништо не те сопира,јужно е кај што сонцето те допира.“

Пред две децении, Пеонското езеро старо милионгодини одеднаш почна да ја губи својата сила.Почна да се суши. Да умира.

Page 389: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Од капка најбистра солза капната на еден од образитена планетава, стана една најобична бара. Мочуриште.Или како што тука го викаат – ѓољ.Од сите богатства што ги поседуваше, останаа самозмии, жаби, гуштери, мушички и...комарци.Ама комарци. Големи колку врапчиња.

И кога сите помислија дека на езерото ќе му зобнеме одпченицата, се појавија неговите спасители...Донесоа вода од преку три планини и долини и мудадоа една голема, витаминска инфузија.Прв пат откако колективно глумиме демократија,државата направи нешто и за ова место.И тоа во последен момент.Државата или политиката?Политика или не, што е битно?Подобро и политика отколку не.И јас сум не, кога е политиката во прашање.Одлучно не. Засекогаш не.Политиката е курва, а мене ми е преку глава. Од курви.

Најважно е дека водата се врати.Езерото конечно се врати дома.Тоа е најважно.

Денес сум сведок и непосреден учесник во неговатавозбудлива реинкарнација. Пеонското езеро и јасзаедно ги живееме своите втори, непланирани животи.Подарени или заслужени?Нему животот навистина му го подарија заслужено, ајас треба да изедам уште многу фурни леб, за да го

Page 390: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

заслужам истиот статус што го има овој старец одмилион години. Тогаш го викале Празијас.

Празијас. И јас.

Одев таму уште како клинец во златното време наПеонското езеро. Продолжив да одам и за време намоите авантури во кои се обидував да ги откријам инајскриените места и тајни на оваа мистериозна земја.Луѓе мои, кога денес ме прашувате каква е таа мојаопседнатост со откривањето на она што никој од нас нени сонувал дека постои, ќе Ви ја откријам вистината.Додека моите пријатели, колеги, роднини и познаницисвоите годишни одмори постојано ги проведуваа нанајегзотичните точки на планетата, а оние помалкуплатежно моќните одеа во нашето соседство, на “нашеморе“, во Татарија или во земјата на која не сакам ниимето да и го спомнам, јас шетав по нашите авлии исокаци, по нашите гори и планини, по нашата грутка.

Поарно принц на село, отколку просјак во градот.

А башка искрено си ја сакам мајковината.Тоа е најмалку што можам да направам за својата земја.

Со “федерите“ се сместивме кај Шефот.Најголемиот голман од овие краишта. Легенда.Шефот има дланки колку моите стапала.Кога на времето ќе застанеше на голот и кога ќе гираширеше своите раце, противниците мака мачеа дапронајдат каква било дупка и да постигнат гол.

Page 391: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

На Шефот не му требаше жив ѕид. Тој си имашепоставено свој непробоен, ама невидлив ѕид.Трагедијата на противниците беше во тоа што тие нени беа свесни за постоењето на таа бариера.

Ја прошета Старата курва европска и се врати.Она што го заработи од спортот, го вложи во...спортот.И сега има свое царство. Кое го подели со спортот.

Заедно поминавме многу. И добро и помалку добро.Важно е дека никогаш не ни беше лошо.Шефот малку помалку од мене ја сака ракијата.И тој, како и јас, сакаше да ја уништи, пред таа да гоуништи него. И кога го загуби првиот меч, Шефот неможеше да се помири со тоа.Шефот се уште има спортски дух.Шефот не трпи порази.Цел живот победувал.

Пиеше, па не пиеше.Многу пиеше, па многу не пиеше.Во последните неколку години ми се качи на глава.

“Батали ја таа ракијата, не се заебавај...“

Само што се сместивме со “федерите“ по соби и сеспуштивме на базенчето, се појави. Онака огромен.Со уште поогромна насмевка.Се изгушкавме како стари другари од војска.Па тоа и сме. Борци.

Page 392: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Борци во животот, борци за животот и со животот.

Во моја чест реши да се напие. Седнавме на терасата.Шефот, јас и гитарата...Испивме многу. Од ќеф.Кога падна мракот, Шефот стана.Кога Шефот стана, јас тргнав.На “федерската“ свирка.Блуз пред Јужномакедонци.Тоа е луѓе мои, како да му наместиш студентка на дедо.Како да им делиш тринаеста плата на работниците.Тоа е уживање. И за нив и за нас.А тоа што се случи подоцна, не беше уживање.

Се уште не сум сигурен дали тоа беше краткометраженфилм во траење од три дена, или долгометражен филмво траење од три минути. Тоа беше флеш.Измешани емоции, измешани времиња. Можеби итраело три дена, ама за мене беа три минути.Прв пат откако пијам се прашав дали човек навистинаможе да се убие од алкохол. Ама не бавно, полека идолго. Туку да се убие набрзина.Како со нож, пиштол, отров или јаже околу вратот...Како Николас Кејџ кој се разбуди во Егеецот во една одпрвите приказни од оваа хартија која трпи се..

Паметам дека за три дена спиев вкупно три часа.Тоа и не беше спиење. Тоа беше само просто лежење,затворање на очите и...летање. Мојата стара болка.Исконската болка на секој жив човек. Се можеме данаправиме, само не можеме да летаме. Јас полетав.

Page 393: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

И како ракета која ја напушта атмосферата и влегува востратосферата, одеднаш, сосема неочекувано почнувада ја губи силата. Како водата од врвот на водопадоткоја на почетокот, пред да тргне удолу изгледа толкусупериорно. Толку моќно. Притоа испушта еден силен,застрашувачки татнеж додека паѓа удолу во бездната.На крајот следува и оној познат жесток тресок наводата во прегратките не нејзината претходнопристигната сестра. Грмеж од кој ти се стега душата.И одеднаш, после сето тоа покажување на силата имоќта, истата таа се претвора во прашина која засекунда станува невидлива. Како и да не постоела.Токму тоа ми се случи и мене.

Тие што го гледале тоа од страна, велат дека тоа билострашно и невоможно истовремено. Стотчето кој доброме познаваше, знеше дека тоа е уште една моја викендалкохолна игранка. И тоа само со еден партнер.Алкохолот. Федерите не се ни обидоа да ме следат.Тие после талкање по локалните дупки и дружба сотамошните домородци, се враќаа на Пеонското езеросо полн резервоар, ама празен акумулатор и елегантносе враќаа на спиење во своите одаи. Ама не и јас.Крајот на свирката за мене никогаш не значи и крај наноќта. Се земаа нови залихи на алкохолни пијалаци.И храна. Како гориво.

Кај Шефот, шанкот отвора дури во 6 сабајле.За мое добро. За добро на Шефот.За добро на сите во непосредната околина.

Page 394: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Земавме алкохол и храна од друмската бензинскапумпа, како што се земаат шишиња вода кога се бега воподрумската скривница за време на бомбардирање.

Истото тоа се случи последната ноќ од турнејата.Кај Шефот пристигнавме околу четири наутро.Федерите се бањаа во базенот, а Стотчето ги заебаваше.А јас немав намера да се заебавам.Го отворив шишето тазе купен домашен фабричкикоњак со својот неповторлив, одвратен вкус.И си ја земав гитарата да повежбам малку.Па не сум свирел цели два саата.Блузот во мене ме тера на уште блуз.Како политичар на иборен митинг што те тера дагласаш за него. А ни жена му дома не гласа за него.

Федерите се прскаа во базенот, баш онака федерски.Французинот и Јојо. Блузери федери.

Стотчето доброволно дојде на рапорт.

“Морам да спијам. Треба да возам. Немојте да сте мебуделе, па и татко ми Ицо да станал од гробот. Кога ќестанам тргнуваме. Ајде старо. Се гледаме утре...“

Утре. Утре е дури утре.Утре? Кое утре? Сега е утре. Кај мене денес е утре.

И “федерите“ се одјавија.

Французинот изгледаше како Монголец.

Page 395: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

“Ти ќе седиш?“

Јојо изгледаше како јо-јо.

“Ние ќе легнеме.“

Федерска работа. Сами си го поставија прашањето,сами си го дадоа одговорот. И отидоа да си легнат вобрачниот, француски кревет на Французинот. И на Јојо.

Сонцето запече за доброутро.Сонцето на Пеонското езеро е феномен. Природен кич.И јас сум кич. И не сум нормален ич.Ќе Ве излажам ако Ви кажам дека не го испив шишетокоњак што го купивме на бензинска. Го голтнав.До последниот атом.Ќе Ви кажам дека Ве излажав за нешто друго.Ве излажав кога Ви реков дека овде комарците сеголеми колку врапчиња. Грешка моја, се извинувам.Поголеми се од врапчиња. Во целата таа тишина исовршен мир, еден таков курназ ми долета на масата.Поточно на мојата кутија цигари. И ме гледаше правово очи. Очите со кои тој ме гледаше беа како џамлии.И се вртеа во круг. Ротираа. Со се главата.Телото му беше големо колку цигара. Ама “кинг сајз“.И мафташе сто на саат со своите крила...на врапче.Мојата теза е ваква.Кога природата и соседите од другата страна му гонаправија геноцидот на Пеонското езеро, тогашсвечено започна ерата на Династијата на комарците.

Page 396: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Птиците тогаш се преселија во поубави краишта уштемногу пред зимата. И не се вратија со години.Останаа само најмалку храбрите и најнемоќнитептички. Врапченцата. И сега, како што тоа обично сеслучува, некој од младите комарци се вљубува во еднаубава и многубојна врапчица која останала да живее возаедница со домородците-комарци од Пеонското езеро.Љубов меѓу две врсти. Меѓу два вида. Меѓу две вери.Забранета љубов.Комарец и врапчица.Како Ромео и Џулиета.Капулети и Монтеки.

Овој беше нивни потомок.Како што долета на масата, другите комарци серазбегаа. Овој сто насто им беше некој главен наовдешниве Пеонски комарци. Некој функционер.Или политичар?

Ми текна. Ова им е шефот на полицијата.Дојден е малку да ми проба од крвта.Па зошто да не?Шефот на полицијата ми долета на раката.Време е за наплата.Рекет.

И тогаш, точно во шест часот наутро...му се обратив.На комарецот. Како на човек.

“Касни ме брате, слободно. Дојди и напи се малкустара, боемска крв. Дојди да цицаш. Дојди кај мама.

Page 397: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Па да видиш што ќе ти се случи. Ела ваму бе, гомнар...“

Комарецот ме погледна со своите џандарски очи.Тргна накај мене.

“Ела...ела ваму...дојди пиле...дојди...“

Ми се залепи за раката.Последен пат ме погледна, а јас му климнав со главатаво знак на предавање. Го развиорив белото знаме.И тогаш луѓе мои, ја извади сурлата која личеше надупчалка за бетон, на голем шприц, па ми ја збрца подкожата. Ме пецна како инекцијата на забар.А јас го пуштив да си работи и да ужива. Си седевнајспокојно што можев и гледав како мојата крв течениз неговиот шприц на муцката. Исто како што течетечноста од инфузијата низ цевчињата. Со меурчиња.И откако ја прими својата доза и ми го наплати рекетот,шефот на полицијата отиде да пишува други казни.Одлета без поздрав.

Мислам дека полудувам...

Стотчето се разбуди околу осум. Го порача своетопроштално кафе и вртеше телефони.

Јас седев со двете снашки на Шефот.Кока и Кика.Шанкот проработе, па проработев и јас.Веќе шибнав неколку. Пеонски појадок.Ракија на гладно.

Page 398: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Бошко мој веќе ги даваше своите знаци со лаење.Сакаше да си ги задоволи своите три основни потреби.Мочкање, какање и сакање...Тој мочка и кака. И мене ме сака...

Отидовме на неговото омилено место од другата странана улицата. Зад гаражите. Бошко е јавна личност.Бира кај ќе уринира. Јас за жал – не.Сонцето ме запече повеќе од комарецот.Тукашното сонце во осум наутро, пече како скупскотосонце во три на ручек. Спарно како ретко кое парно.Луѓе мои.Додека Бошко мој се олеснуваше, јас одеднаш како даснеможев, секундарно се накострешив и...кивнав.Ама не е само тоа.Кивнав и повратив истовремено. Без да бидам свесенза тоа. Повратив стоечки. Неконтролирано.Па уште еднаш.И трет пат, за разделба.Еве уште еден знак.Едвај ја преминав улицата за да се вратам назад.

“Што си бе ти толку блед?“

Кока забележала промени на моето напатено лице.Сигурно сум изгледал како за аутопсија...И кажав што ми се случи малку пред тоа.И признав дека тоа алкохолот ми дава гнасни знаци.Таа се насмеа и саркастично и загрижено.

Page 399: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

“Е не, ќе те тинтра...“

Кика беше поконкретна.

“Претеруваш. Ќе те утепам.“

Кога ќе станам татко сакам да имам вакви снаи.Ако станам. Ако не станам, нека изгорам.

Стотчето го испи кафето со големо олеснување.Ќе си одиме дома.Се подравив со снашките и влегов во БМВ-то.Внатре веќе почнало да зоврива.Тој ден беше и официјално првиот ден од летото, асонцето стартуваше како едвај да го дочека денот.Ако е ваков првиот ден, каков ли ќе е најжешкиот?

После само десетина километри по автопатот, ракијатасакаше да го напушти часот. Од сабајлето ја пуштивмалку на мочањето, па на стоечкото повраќање, а сегазапнала да ми излегува од под кожата.Како за време на добар секс.Внатрешноста на автомобилот засмрде како во градскиавтобус. Алкохолот ме напушта бавно и неволно.Почнав да ги отворам сите прозорци.Се разлетаа сите можни хартивчиња и целофанчиња ивесници што ги имаше во нашиот друмски убавец..Стотчето се изнервира.

“Што правиш бе старо?

Page 400: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

“Ништо. Вози. Не ми е добро. Се мрднав од повраќање.Повраќав стоечки.“

Стотчето ме погледна во ретровизорот.

“Ќе почнеш и лежечки да повраќаш. И додека спиеш ќеповраќаш. Така дедо ми Доне. Пиење? Ова твоево не еништо. Дедо ми Доне...“

И ќе ја разврзеше приказната. Исто како татко ми.Сите приказни му почнуваат од четириесет и некоја.Стотчето раскажуваше како што всушност и живее.Конфузно.Не дека тој беше претерано среден во животот пред даме запознае мене, ама со мене му се измешаа брзините.Сепак, тој ден за прв пат откако е со мене, Стотчетоми кажа нешто што воопшто не го очекував.

“Се заебаваш, старо...знаеш дека никогаш не сум ти семешал во животот, ама морам да те прашам нешто.“

“Прашај.“

Пак ме погледна во ретровизорот.

“Знаеш ти колку испи за овие три дена?“

Не сакав да знам.

“Ти знаеш?“

Page 401: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Стотчето запали цигара.

“Шест.“

??????????????????????????????????????????????????????

“Што шест?“

Ги подигна темните очила за сонце. Како да сака да миго каже директно во очи, тоа што ќе ми го каже.Преку ретровиорот.

“Кила. Шест кила ракија, староооо...“

Стотчето блада.Му одговорив како мало дете.

“Како да не, шест...“

“Шест, шест...намерно ги броев. За да знаеш. Е толкуиспи брате. Шест кила. И тоа кај Шефот. Оние твоитеомилени пијачки на последната буква за време насвирките, тие не ти ги есапам. Тие ти се од мене.“

Во тој момент, сонцето го снема.Некој го изгасна светлото. Загрижен од фактот што миго кажа Стотчето, не сум ни забележал дека сме влеглево тунел. Луѓе мои, каква симболика имаше ова.Ем тунел, ем мрак.И ова беше знак.

Page 402: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

“Многу е тоа бе брате.“

Ова му го кажав најискрено.Стотчето ги врати темните цвикери на очите.

“Многу...“

Во Скупи стигнавме во најжешкото. Стотчето неистовари мене и Бошко мој пред зградата.И триста торби, кеси и глупости.Патувачкиот театар конечно се врати дома.Едвај се довлечкавме. А пред вратата ме чекаше срцетомое мило. Марфи. Не сме се виделе цел викенд.

Само што го ставив клучот во бравата, сфатив дека тоане е мојот клуч. Од мојот стан. Што не е мој.Мојот клуч го нема. Овој е туѓ. Овој сум го земалнајверојатно по грешка. Пијана грешка.А мојот сум му и го оставил на жртвата.

Како? Каде? Кога?

Барав по торбите, по џебовите...го нема.Го нема бе, го нема. И точка.Бошко почна да збеснува. Ќе полудевме и двајцата.Беше пекол. И темпаратурен и мозочен.Не сакав да малтретирам никого од соседите.Ги имав видено еднаш пред врата, два пати во лифтот итри пати пред зграда. И толку.Ми текна да и се јавам на Сашка.

Page 403: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Од Првата буква, првиот број.

“Добро, не се нервирај. Ти го праќам резервниот клучпо човек најитно што можам. Биди таму.“

Клучот што ќе го чекаме е клуч за нашиот проблем.Барем ќе влеземе дома. Изгледавме навистина бедно соБошко мој, тука на скалите пред влезната врата.А околу нас, се она што го имаме во животот, сместенво две-три торби и кеси распослани низ ходникот.Како азиланти.Два пати се симнувавме со Бошко да го пречекамеклучот. И два пати безуспешно. Веќе бевме предтоплотен удар, кога Сашка ми јави деќе клучот ќезадоцни малку. Тогаш експлодирав.Наеба дечкото што го донесе клучот, не по своја вина.Наеба и Сашка, ни крива ни должна.

Наебавме и Бошко и јас...

Дома беше средено. Немаше што да биде несредено.Само мебел. Другото е со нас.

Пуштив клима. Бошко се смести до мене.Многу сакаше кога климата дуваше директно во него.Само ќе замижеше и уживаше.

На телевизија фудбал. Па, да бе. Во тек е Светскотопрвенство во фудбал. А јас заборавив. Луѓе мои.Потполно заборавив. А знам и зошто.

Page 404: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Алкохолот не ми дава. На половина луѓе на планетава,фудбалот им е најважната споредна работа на светот.

За мене алкохолот е најважната главна работа.

Португалците против Корејците. И тоа оние северните.Давид против Голијат.Глувци против мачки.Како јас против алкохолот.

Се наместив на троседот во онаа карактеристична позаво која мажите гледаат фудбал. Сите четири во вис.Мислев дека тоа ќе ми помогне да се опоравам одпоследиците здобиени во битката со шесте литриракија. И од оние педесетина пијачки на последнатабуква што ги пиев за да ја неутрализирам ракијата.Дури тогаш, така испружен во хоризонтала, почнав дачувствувам дека нешто ми се случува низ вените.Тоа мојата крв изгледа ми дава некакви знаци.Затруената крв што ми тече низ алкохолот.

Тогаш 1:0. Португалците им го дадоа првиот гол намалите и жолти Корејанци. Ама се изнамачија.

Бошко ми заспа меѓу нозете. И тој се изнамачи.Овој викенд беше убиствен и за двајцата.

И одеднаш, оваа фудбалска идила, ова релаксирачконеделно попладне, ми го прекина лошиот квалитет насликата на телевизорот. Толку малку време проведувавво ова станче што ми го дадоа од Првата буква, првиот

Page 405: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

број, што не само што немав кабелска телевизија, тукунемав ни најобична собна антена. Па Стотчето морашеда направи триста финти за да го спои кабелот однекогашната кабловска со едно смешно парче бакарнажица, за нешто од нешто да можам да гледам.Јас, кој сум еден од најголемите телевизиомани штолично ги познавам, практично гледав само неколкудомашни телевизиски канали и тоа со многу лошсигнал и уште полоша програма. И баш ми беше гајле.Ете уште едне знак.Дека алкохолот полека, полека ми ги одзема ипоследните неколку задоволства кои ми останаа.

Станав да ја поправам сликата. Ја шетав жицата низсобата и ја местев во сите можни позиции за да добијамшто поквалитетна слика. Ви се случило тоа, нели луѓемои. Како Мистер Бин. Ништо, џабе. Со се антената,излегов на терасата. Веднаш го почувствував она нашепознато и одвратно скупско ветерче-педерче, кое вонајжешкото можно попладне дуваше како фен.Успеав некако да го поправам квалитетот на сликата одфудбалскиот натпревар, па се вратив на троседот.Резултатот се уште беше непроменет. 1:0.Не се даваат жолтите. И Нострадамус вели дека многубргу ќе завладеат со светот. Зар веќе не владеат?

Наеднаш, почнав да чувствувам силни вибрации низцелото тело. И оној одвратен звук на микрофонизација,кој обично се појавува на пробите на рокенрол бенд.Она пиштење од звучниците кое ти ги затвора очите,

Page 406: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

те тера сам да си ги затнеш ушите и да ги покриеш содланките. Звук што те вади од влечки. Се исплашив.Такво нешто прв пат ми се случува. Станав на нозе.Во мене имаше енергија како да сум голтнал полнарака екстази. Кога мислиш дека не ја допираш земјата.Се обидов да тргнам кон бањата. Луѓе мои.Слалом низ дневната соба. Ама лош слалом. Ги удривсите можни препреки поставени на патеката до целта.Морав да повратам. Стигнав некако до шолјата.Ја зграпчив белата, гомнарска корпа од керамика и јагушнав како детенце. Во стомакот ми се случувашереволуција. Или нешто бетер. Контрареволуција.Се мачев цела вечност барем нешто да исфрлам одсебе. Ништо. Тогаш помислив колку би било добро дасе исповратам самиот себе си. И да завршам во таамала, фекална дупка. Сите гомна на своето место.

Смрзната пот ми го шокираше телото. Течеше од мене.Како да сум излегол од студен базен. Влегов под туш.Пуштив жешка вода. Да го убијам студот.Надвор беше скоро четириесет, а јас го убивам студот.Нонсенс. Апсурд. Трагикомедија.Уште еден лош знак.Се вратив во дневната. Бошко веќе беше вознемирен.Почувствувал дека ме нема. Ги почувствувал сигурно ионие чудни вибрации што ги произведуваа моите сто искоро дваесет килограми, кои се влечеа по паркетот.Махинално му викнав...

“Тука сум, тука сум.“

Page 407: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Тој кутриот ни ме гледаше, ни ме слушаше.Ама ме чувствуваше.Тргна накај мене мрдајќи со опавчето, стаса до крајотна троседот и...падна од него. Цвикна најтажно од се.Си ја повреди ногата. Како што паднал на паркетот,еден од неговите најголеми нокти се скршил од корен.Му течеше крв.Бошко мој само седна во својата поза и почна да си јалиже ногата. И да ја враќа својата крв на нејзинотооригинално место. Со сласт на мало Дракулче.Тоа го правеше најспокојно што може.Станав да земам тоалетна хартија и да ја избришамкрвта од ќилимчето на кое седна Бошко.

Се исправив, застанав само малку на нозете и тогаш...

??????????????????????????????????????????????????????

!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!

Кога се освестив, се најдов себе си на подот.Бошко легнат до мене. На чергичето.Сум паднал меѓу радијаторот и телевизорот.И сум ја акнал долната вилица на едно од овие нешта.Ме болеше како кога ќе претераш со кокаин.Седнав на троседот. Немав снага ни да го земаммобилниот, ни да се јавам некому за помош.

Фудбалот беше пред крај.На екранот го пишуваше моменталниот резултат.7:0

Page 408: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

7:0. Нострадамус ја утнал ептен.7:0. Мајко моја.Сум имал помрачување на свеста во време од 6 гола.Еве го и последниот знак.Готово е.Нека си ебе мајката, готово е.

Ова мора да престане. Ова мора да заврши.Или ова или јас.

Во овој момент, јас сум за...јас.

Станот беше преполн со дамки од крв. Бошко бил напрошетка. Слепа и глува прошетка. Ама сепак успеалда се врати кај мене. Кај неговата пијана и болна мама.Дојдов до мобилниот. И се јавив на Дотка.Немаше многу што да и објаснувам. Само и кажав:

“Готово е Дотке, крај...“

А Дотка, за прв пат откако ја знам, остана без зборови.Само едно кажа.

“Ај да го видиме и тоа чудо“

Таа добро знаеше дека ова може да ми е моменталенхир или чин на слабост кој ќе ми помине уште утре.Но таа исто така знае дека ако јас се заинаетам, непостои такво магаре ни во Лепче мое.Само што сега немаше потреба од инает.Сега ги немаше другите, за да им водам инает.

Page 409: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Првиот пат престанав заради другите.Сега ќе престанам малку заради себе.

Натпреварот заврши.Португалците ја завршија својата работа.Седум плус.Време е и јас да си ја завршам својата работа.Иако мојот натпревар дури сега почнува.Сам против себе.

Му се јавив и на Стотчето. Му соопштив.

“Ајде шуќур.“

И го замолив, утре да ми ги купи од аптека сите работикои ми се потребни за старт на третманот.Од утре почнуваме.Ова не е заебанција.

Оној горе, во кој не верувам, после цели седумнаесетгодини, ми даде и втор жолт картон.Автоматски следува црвен. Исклучување.Не си повеќе во игра.Ни јас не сум. И не сакам повеќе да бидам.Ич не ми беше добро.

Луѓе мои, нема да ми верувате што се му се случувашена мојот организам тој прв скупски летен ден.На секои неколку секунди добивав по еден мал струенудар од непознат сторител. Рацете и нозете ми се

Page 410: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

тресеа потполно неконтролирано. Дома немав никаквиапчиња за смирување. Такви не користам. Мене воживотот ме смирувала само ракијата. И тоа експресно.Тоа е проклетијата. Само ракија те спасува од ракијата.И затоа треба да се остави алкохолот. И точка.

Ама треба и да се прослави во име на тоа.

Не му ја мислев многу.Го грабнав Бошко и излегов на скупскиот асфалт којцвичеше од целодневната тортура на сонцето.Тогаш ми текна дека е недела, а Бате Диме не работи.Во недела само до пет.Ми текна и уште нешто. Дека отспротива работисофрата на Деки. Тој работеше и во недела.Тој не ја отвори кафеаната за гости. Туку за себе.Седеше со две госпоѓи кои само што ги запознал.Не ме ни праша дали ќе пијам, само ми тури оддежурното бокалче. Немав намера да се бунам. Ни даим објаснувам. Затоа и дојдов. Да испијам малку ракијаза да ми се смири тресењето на екстремитетите.Ракијата прејде во множина.На крајот излегоа седумнаесет.Мојата последна ракија помножена по 17.

Со Деки и госпоѓите не комуницирав ни минута.Само понекое куртоазно прашање и познат одговор.Вечеравме. Јас јадев како стока. Веќе бев сигурен декаова ми е последната алкохолна софра во животот накоја и јас активно учествувам. Некаде пред полноќ,погледнав во ѕидниот часовник на Деки.

Page 411: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Се поздравив со убавото друштво и си тргнав. Само зада бидам принципиелен до крај и да го испочитувампочетокот на денот од кој решив да не пијам повеќе,морав да бидам во мојата изнајмена резиденција и тоанајдоцна до 12 часот. Како пепелашка.

Дома влеговме точно на полноќ.Бошко уживаше во коските од скарата кај Деки, а јасво мирот што ми завладеа во душата. Иако, морам даВи признаам луѓе мои дека не ми беше сеедно.Истовремено почувствував и големо олеснување иголем страв. Како да тргнувам во нешто непознато.Трагедијата е во тоа што јас точно знам каде одам ишто се ме чека на патот. Едно е јасно.Од утре се ќе биде друго.

Кај Деки завршив со прикаската.Испив скоро кило ракија, изедов точно кило скара.Дома испив уште кило и пол вода.И испушив две цигари.Една странска и една Јужномакедонска.

Ете, токму така заврши првиот ден на летото, а воеднои последениот ден на ракијата.Заврши и вториот чин од мојата драма “Живот“.Ми останува само да го одиграм и овој последениов,трет чин, пред да се спушти завесата на претставата.Таа ноќ решив да напишам уште една книга.Оваа што сега ја читаш, читателу мој скап.

................................................................................................

Page 412: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Утрото број еден започна потполно нормално.

Дојде Стотчето, ги донесе сите витамини, сирупи,медови, апчиња и глупости што му ги нарачав.И тогаш свечено, во присуство на двајца сведоци,претходно наведениот и Бошко мој, при чиста свести совест, значи сосема компетентен за ова, и што еможеби најважно без присила од никого.........................................................................ја земав првата терапија.

Што сам си ја препишав.Да ми кажеше некој доктор да престанам со пиењето,никогаш немаше да го направам тоа. Не дека не имверувам многу, туку не си верувам себе си, ама ич...А ми кажуваа сите доктори што ги познавав.А половината од нив пиеја.А еден од нив никогаш нема да го заборавам.

Волкот.Доктор. И ловџија. И доктор-ловец.Пријател на Дебелиот.За време на мојот прв повеќегодишен алкохолен трансшто го истрансував за време на моите најголемитеатарски успеси и тоа токму во претставите наДебелиот, тој лично договори средба помеѓу мене иВолкот и тоа кај него дома. За секој случај.

Му го покажував мојот последен Екаге запис.Тој ја отвори два метра долгата хартија која прецизноја забележала мојата ненормална тахикардија.

Page 413: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Или аритмија. Или некој кур.Гледаше внимателно цела минута во неа, ја спушти намасата, ги извади очилата и кажа што кажа.

“Дебел, дај бе да се напиеме нешто. Не чини работава.И за малиов дај. Што има врска.“

Дебелиот донесе еден смрзант Шкотланѓанец.

Има право Волкот. Што има врска?

“Дај Дебел...“

Три часа траеше ова стручно образложување, а во еднои конкретно мислење на Волкот за мојот проблем.За тоа време, единственото нешто што јас го кажав итоа неколку пати беше:

“Докторе, може уште една?“

Кога заврши шишето, заврши и оваа необична и помногу нешта, романтична средба. Исходот беше ваков.Јас морав на проба, а Волкот во лов. На било што.Дебелиот не испрати до лифтот.

“Ебете се в газ. И двајцата“

Затоа решив сам да си бидам доктор.Сам да си забранам да пијам.

Page 414: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Ако досега правев автогеноцид, отсега правамавтоцензура. Омилената дисциплина на полтроните.

Докторот во мене ми кажа да престанам.Тоа е единствениот доктор кому му верувам 100%.Сам сум ја посрал, сам ќе ја чистам.Ова ми е втор пат.Не верувам дека би можел повторно да се разочарам.Во себе.Луѓе мои.Тоа е дозволено само еднаш во животот.Тоа само еднаш се случува, ама толку многу боли штони на сон не би ти текнало повторно да го преживуваш.

Оди па сам заеби се. И заеби се.

Тргнуваме. Ги земав Бошко мој, торбата со нашитеживоти, гитарата и сите можни чаеви, треви и серазбира и моите шарени пилули за лилули...Се спакувавме брзински, во три потези и...магла.Правец Лепче. Рехабилитација. Бети Форд.

Одам во царставото на ракијата, да се откажам од неа.Мишн импасибл.

Алкохолот и јас...Каква љубов, каква страст, каква сласт...И пак се разделуваме. Адио.Втор пат раскинуваме. Овој пат за сериозно.Ќе има ли трет пат?Ако има трет пат тогаш ќе си се венчаме.

Page 415: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

На пат кон нашето најрелаксирачко пребивалиште, јапобарав Баба Маца. И раскажав се што се случи.И ја кажав и мојата конечна одлука.

“Ајде аирлија, чекај да превртам нешто. Браво. И имада издржиш. Јас ќе ти помогнам. Ќе успееш. Ве чекам.Млад си бе будала, животот е пред тебе...“

Баба Маца ме заебава. Млад сум бил.Јас сум млад колку што е таа гимназијалка.

Колку погана појава е овој живот.Кога требаше да се живее, јас пиев.Е сега кога божем ми се живее, јас нема да пијам.А кога ќе почувствувам потреба пак да се напијам,најверојатно нема да можам без медицинско цевче.

Ебати среќата мочана...

Баба Маца ме пречека со кафе. И насмевка.Стотчето не го ни пречека. Тој за неа не постои.Тој е воздух за неа. Тој не ни доби кафе.Грешен е, леле мајко.И со грешка е.

Се сместив на својот престол во “инфективното“.Овој тросед во Лепче ми е најомилен. Некако најубавоми стои. До него една фотелја. Гарсониерата на Бошко.Се сместивме цакум-пакум.

Page 416: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Бев баш убаво расположен.

За старт ја замолив Баба Маца да ја тргне ракијатанекаде далеку од моето видно поле, или да ја стави нанекое од своите скришни места каде што ги криеколачите, тортите и локумите од Стотчето.

“Не се секирај. Без да ми кажуваш, исфрлив се штоимавме. Нема капка алкохол дома“

И кажав и дека нема да и биде лесно со мене.Дека најверојатно ќе имам тешки моменти, дека ќе мисе појавуваат симптомите на апстиненцијална криза,ќе станам раздразлив како климактерична тетка иистовремено емотивен како повредена тинејџерка.Дека понекогаш ќе бидам нервозен како Дотка предменструација, а понекогаш и детинест како Пеачката.

Но ќе бидам одлучен во борбата како Другарот Ќ.Тој мене вика Џамби. Така решил. Џамби па Џамби.

И тој пристигна. Баба Маца го седна во дневната и мукажа за мојата одлука. Јас му кажав дека сум сериозенза ова и дека за мое добро ќе мора да издржам.

“Ќе издржиш Џамби, знам дека ќе издржиш...до утре.“

Стока.

Првите неколку дена во Лепче беа чудни.

Page 417: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Терапијата си ја земав точно во секунда, плус јанадополнував со мед, гроздови сокови или салата сосвежи витамини од некоја Лепчанска бавчичка.Но тоа не беше доволно. Знаев дека ќе мора да бидаммалку повеќе активен и многу почесто да се движам,за некако да успеам да ја убијам таа чудна нервоза вожелудникот што почна се почесто да ме мачи.Рацете почнаа со своето константно и неконтролиранотресење, а набргу ќе им се придржат и нозете.Затоа почнав да шетам. Некогаш накај Манастирот,некогаш накај градот, некогаш низ прекраснитеЛепчански дворови. Така ги полнев градите и јаосвежував крвта моја отруена со чист, бесплатени висококвалитетен Лепчански кислород.Понекогаш се возев низ селото на еден тркачкивелосипед со десет брзини од кои ни една не работеше.А кочев со нозете. Атракција во вашиот град.

Велат дека возењето велосипед е измислена работа залуѓе како мене. Што сакаат да ослабат.Не од естетски, туку од здравствени причини.Знаете ли Вие луѓе мои, дека една најобична чашкажесток алкохол, домашна ракија или фабричко виски,има калории исто колку и една кременадла.Значи есапот е јасен.Кога сум пиел по 22 од моите омилени пијачки напоследната буква, како да сум изел 22 кременадли.Без леб. Па сега Вие видете.

Е сега треба да извозам 22 илјади километри за да гиистопам сите тие масти, шекери и триглицериди.

Page 418: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

На десетиот ден веќе почнав да ги чувствувам исилните лекарства што сам си ги препишав.Почна ерата на страшни проливи. Стомакот се буни.Си бара отрови. Цигари се пушат како на норма.

Сте се запрашале ли луѓе мои, зошто на шишињатаалкохол што се продаваат не пишува дека е истиот ештетен по здравјето на човекот, како што пишува наобвивките од цигарите? И не само што пишува.Туку почнале и фотографии да редат.Како слички за во албум. Кога ќе ги собереш сите, јадобиваш првата награда. Премијата на животот.

Рак по желба.

Можеш да бираш: рак на дебелото црево, на кожата,на простатата, на коските, на што сакаш...Се ти пишува на кутијата.

Еден мој побратим од Древниот град, мојот тамошендомаќин, станодавец, пријател и соборец, легендарниотКабиш, на една од нашите последни средби на Белотоезеро, ме скина од смеење. Бев дојден во неговиот град,Имав свирка вечерта. Тој го чуваше Бошко мој.Таа ноќ преспав кај него. И наредните дваесет.Тогаш ми ја раскажа прикаската за еден негов познатсограѓанин, кој откако си купил кутија цигари одтрафиката, бил толку многу во никотинска криза, штопочнал да ги отвора цигарите тука, на лице место.Тогаш, типов ја прочитал пораката на кутијата.

Page 419: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

“Никотинот може да ве направи импотентен“.

Тоа е луѓе мои, пораката што на сите ни ја праќапроизводителот на цигарите во копродукција соСветската здравствена организација. Какво лицемерие.А таа порака му паднала токму на нашиов јунак.

Тој и ја вратил кутијата цигари на трафикантката инајискрено ѝ ја кажал својата мака.

“Госпоѓо, да Ве замолам...дали ќе може да ја вратамоваа кутија со импотенција? Да ми дадете некоја такапоубава, со рак на бели дробови, со мозочен удар...“

Шампион.

Никотинот е опасен по животот на оние што пушат.Велат скоро исто е опасен и за оние што не пушат.

Но сепак, досега немам чуено дека некој зарадизависноста од цигари да ја загубил работата, да си гоуништил бракот, да заглавил финансиски, да гизапоставувал или злоставувал децата, да се простил одстарите пријатели, да си навлекол нови непријатели,...

И да резимирам.Под итно барам од надлежните органи да се свика итнаседница на Парламентот со една точка на дневниот ред.

Page 420: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

“Подобрување на условите за пиење и објективнотоинформирање на сите анти антиалкохоличари.“

Што би значело дека на секое шише алкохолен пијалак,ќе мора да стои едноставно предупредување.

“Отров“.

Па кој е будала нека се труе.

................................................................................................

Денес му давам четириесет дена на алкохолот.

И задоволен сум од постигнатото.Кризите се уште траат, само што губат сила.А јас, полека ама сигурно, си ја враќам силата назад.Почна да ми се бистри мозокот. Полека почнаа да ми севраќаат не само некои стари, заборавени слики, туку мисе враќаа целoвечерни филмови. Цела една видеотека.Почна да ми се враќа природниот тен. Не дека нештоми е посебно спектакуларен овој сегашниов, амасигурен сум дека е поубав од оној што гордо го носевво последнава деценија. Сив, модар и црн. Ќумур.Многу важен факт за мене беше и тоа што пилетопочна да ми пее. Рано насабјле.Се јавува ретко и полуквалитетно.

Важно е дека си жив, пријателе...

Page 421: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Задоволен сум и од тоа што се надградив себе си каколичност, а истовремено си дадов и многу тешка задача.Сето она што ми се случувало додека пиев, сето онашто на другите им се случуваше покрај мене, а и севоова што сега ми се случува, го запишувам во овојприрачник со надеж дека оваа книга некому може и даму помогне. На некој анти антиалкохоличар.Да сфати како не треба.Како треба ни брат ми Јелинек не знае.

А ако барем еден од Вас луѓе мои, поттикнат од оваамоја исповед, направи нешто за себе или за некој својблизок, јас ќе бидам многу горд и на Вас и на себе.

Убаво ми беше во Лепче.Немав намера да мрдам од таму. На кое било другоместо немаше да успеам. Топло Лепче. И ајварче.

Од Лепче патувавме секаде што требаше.Концерти, настапи, снимања ва Скупи.И веднаш, право назад.Ако порано со Стотчето си одевме од свирка за двеминути, сега си одевме за помалку од една................................................................................................

И тогаш, неколку денови пред мојот роденден, ме фатинајголемата депресија што можете да ја замислите.По цел ден само лежев со Бошко меѓу нозете и сеѕверев во вечно вклучениот телевизорот.Ме болеше секое ковче што го имав на мене.

Page 422: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Ова сигурно не беше некоја обична депресијаОваа беше со благи примеси на параноја.Манијакална депресија.

А паранојата е инаку страшна работа.Не гледаш нешто што очигледно постои, а во истовреме гледаш нешто што воопшто не постои.

Се отепав од чешање. Тоа беа напади кои траеа понеколку минути. Најмногу од се ме чешаше главата,односно корените на косата. Ладно-топло.Си го повредив окото од чешање.Почнав сам да си ги вадам забите. Како Бошко мој.Да си ги гризам усните и внатршниот дел на образите.Плукав делови од сопствената усна.

Старите рекле:“Сите болести доаѓаат од нередовно пиење ракија“.

Само да не си го заебеш џигерот. Сте слушнале ли Виелуѓе мои, дека 90 проценти од испиениот алкохол серазградува во џигерот и тоа 0,1 промил на час.Џигерот е најумниот човечки орган. Поумен е и одмозокот кој ни дава ум. Џигерот е всушност и впрочем,фабриката на организмот. Дечкото работи се одеднаш.Преработува, разделува, складира и им го фрла сетоона што е непотребно на другите органи во телото какомесарот им фрла голи коски на кучињата скитници...Има само еден проблем.Џигерот иако е најумен, не е и најсилен.

Page 423: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

На крајот, и покрај се, сепак 10 до 35 проценти од ситеможни антиалкохоличари добива сериозен облик наалкохолен хепатит, а пак 10 до 20 проценти го добиваатона најстрашното за џигерот и сопственикот – цироза.Тоа што јас го гледав во живо со мојот цимер Алексо.

Тој ден ме болеше како за два џигера.Таа ноќ беше најстрашната...Роденденот го преспав на троседот, а Баба Маца икомплетното друштво од горното “интерно“ одделение,надвор на терасата си направија журка без мене.

................................................................................................

Денес го испратив Бошко мој.Го испратив на небото.

Како претходница.Не верувам дека е моја претходница.За мене вратата на небото одамна е затворена.А за Бошко мој ширум отворена.

Тој веќе беше слеп. И глув.И ќелав.Имаше реума, срцева маана и рак на простатата.

Последните година и кусур живееше во моите раце.Цел ден, како бебенце.Навечер спиеше меѓу моите нозе.Се топлевме заемно.

Page 424: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

И си предававме енергија.

Кога не му беше добро, јас веднаш откажував сеза да можам да бидам со него..Кога мене не ми беше добро, Бошко мој знаеше што митреба за да ми биде подобро. Вистински пријател.Ќе се провреше под ќебето, ќе ми легнеше на градитеи ме лижеше по носот до бесознание.Тој беше мојот лексилиум.

И така петнаесет години.Човечки.Негови, кучешки, повеќе од сто.

Со Баба Маца му се јавивме на ветеринарот.Уште вчера го најдовме неговиот број, но тоа гооставивме за сабајлево. Постојано го одложував тоа.Како да не верував дека можам тоа да му го направам.Колку е смрден животов.Јас, кој безброј пати го спасив од сигурна смрт, јас којне спиев со ноќи поради него, понекогаш патував и постотина километри само за да го видам, јас кој беввљубен во него, јас кој не можеше да живее без него...Јас ќе морам да му ги скратам маките.Од милосрдие.

Тоа утро Бошко мој не беше мојот Бошко. Тоа бешеедно тажно, изморено кученце кое како едвај да чекашенекој да му се смилува на староста и болеста.

Баба Маца често ми повторуваше.

Page 425: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

“Не можам да го гледам како се мачи...“

Можеби беше во право.Се надевам дека тоа што го одложував со месеци небило премногу егоистично. Белки нема на крајот даиспадне дека сум мислел само на себе.Ама, не беше така. Тие што добро не познаваа менеи Бошко мој, многу добро знаат дека тоа не е така.

И додека мојата највозрасна пријателка во животот,Баба Маца се договараше со ветеринарот по телефон,јас на Бошко мој му го подготвував неговото крајно ивечно пребивалиште. Една голема кутија за чизми, вокоја му ја постелив неговата најомилена маица во којаобожуваше да се завитка пред спиење.

Дрес на нашата фудбалска репрезентација.

Сега ќе го има на себе засекогаш.До крајот на вечноста.

Бошко мој, патриотот.

За тоа време, сам во кујната си плачев тивко.Концентарцијата на тагата беше на ниво поголемо оддозволената квота. Тагата е навистина тешка болест.

Бошко лежеше до печката. Се грееше.Како да претчувствуваше нешто.

Page 426: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Дојде времето за разделба.Имавме на располагање околу половина час, дури дадојде Ветеринарот. Од фрижидерот го извадивнеговиот последен оброк.Три огромни парчиња мортадела.Обожуваше мортадела.Ја вшмукуваше како правосмукалка.Секогаш кога му го давав тој негов спецiјалитет,прво ги вадев големите топченца бибер кои се ставаатвнатре за подобар вкус. Затоа што биберот е строгозабранет во менито за кучињата.Овојпат не го извадив биберот.И така и така не може да му наштети повеќе.

Потоа се напи водичка.И пак ми се бутна во рацете.Како да се намести.За крај.

Луѓе мои, што попрво да му направиш некому за когознаеш дека нема да го видиш никогаш повеќе?Колку силно треба да го гушкаш?Го бакнував Бошко мој по муцката, по ушите, по очите,го стегав толку многу што се плашев дека ќе му јаземам душата уште пред да дојде ветеринарот.

Излеговме во дворот.Баба Маца седеше во клацкалката и како да не сакашеда ни се меша во последните заеднички моменти.Бошко мој почна да се прозева.Како да му се спиеше.

Page 427: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Сега ќе заспиеш, пријателче мое...

Ветеринарот дојде на закажаната егзекуција.

“Мене ли ми припадна таа неблагодарна улога?“

Да пријателе, ама хумана.

Не го испуштав Бошко мој од рацете.Како некоја сурогат мајка која одеднаш не сака да чуеда го даде детето според договорот.Сепак, ова е тоа.Ова е моментот за кој размислував уште откако гоземав Бошко мој. Моментот кога останувам без него.

Ветеринарот ја подготвуваше инекцијата.Тогаш последен пат го гушнав.Ме лизна по носот само еднаш. Како за последен пат.Толку му беше. И снагата и желбата.

Му го покрив главчето со дланката.Ветеринарот го направи своето.

“Ова делува многу бргу. Нема ни еден момент да семачи, ти гарантирам“

Потоа го спуштив Бошко мој на тревата.Тој, стоеше уште малку, а потоа само легна на тревата,Ја зазема својата поза на египетска сфинга.

Page 428: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Рацете испружени напред, ушите исправени, главатаподигната нагоре и поглед...во непознато.

Тогаш веќе не можев да гледам.Истрчав од дворот.Тргнав низ селото.Не знаев точно каде одам, знаев само дека морам дасе движам затоа што целото тело ми трепереше.Тогаш сакав да се напијам нешто. Било што.За душа на Бошко мој.И за своја душа.И за комплетна глупост.

Кај Баба Маца се вратив кога бев сигурен дека се еготово. Така и беше. Таа се уште беше на клацкалката.Не ме ни праша кај бев.Не ни беше важно.

“Ене ја кутијата, таму кај тракторот. Види како госпакувавме ако сакаш. Се е како што ни кажа ти.“

Немав намера да го видам Бошко мој повторно.Сакав да си го имам во меморијата таков каков штого познавав петнаест години.

Ги чекавме гробарите.Стотчето отишол да го викне Уметникот.Тие ќе го закопаат. Без мене.

Page 429: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Гробното место го одбравме уште од порано.Една голема карпа во Јасичкиот дол.Шума, чешма, рекичка...Стотчето ми го изрекламира местото како искусенагент со недвижнини.

“Знаеш какво е местото? А бе да ти е ќеф да умреш.“

Толку било убаво.

Уметникот и јас веќе се договоривме за содржината натекстот што ќе стои на спомен плочата.

“Тука почива Бошко. Куче што живееше како човек“.

А човекот што го чуваше живееше како куче.

Гробарите стигнаа.Им бапнав по една ракија за добра работа.За аирлија.

Ја земаа кутијата, лопатата и седнаа во џипот.

Останавме сами со Баба Маца.И пак помислив на ракија.

Толку многу ме болеше.

Се врати Ветеринарот.

Page 430: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

“Само да те видам. Ако ти е некаква утеха, Бошко умрегосподски. За неколку секунди. А ова е за тебе...“

Тогаш од џебот извади едно картонче, дел од кутијатана некој медикамент. И ми го даде книжето.

“Ова е лекот со кој го заспавме Бошко.Ти го давам даси го имаш. За спомен.“

Пропофол.

Истиот оној кој несакајќи го заспа и кралот на попот.Мајкл. Педофилџексон.

Пропофол.

Подмолниот убиец на ѕвезди.Тоа попладне Стотчето му отвори “ин мемориам“страница на најпознатата социјалната мрежа.Светот веднаш беше известен.

Бошко мртов има повеќе обожувачи на “фејсбуко“,отолку некои наши ѕвезди додека се живи.

Нека ти е вечна слава, пријателче мое мало...

................................................................................................

Додека го пишувам ова ја слушам легендарната“Wish you were here“ на Пинк Флојд.Да сакаш да го наместиш ова не можеш.

Page 431: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Бев горе на езерото. Во Градчето над градчето.Хотелскиот ресторан само што отвори и јас си седнавна своето место покрај големите стакла низ кои сегледаше езерото и сета убавина што се збрала тука.Со првото кафенце го препрочитував она што сум гонапишал ноќта, така на раат. И само што завршив соконечната корекција на приказната за последниот денна Бошко мој, се појави Брато. Менаџеро.Дојде многу порано од вообичаеното .Со него поздравувањето е секогаш е театар.Станување, целување, гушкање од едната страна,па гушкање од другата страна...И пет пати во денот да се видиме, пет пати исто.Гушкање.

“Добро утро, оче...“

Брато ме викаше “оче“. Скратено од Отец Бинго,како што ме нарече пред десетина години, во времена бинго-манијата што ја предизвикав.

“Оооо добро утро, директоре. Баш добро што дојде.Сакам да прочиташ нешто од книгава и да ми кажешшто мислиш. Неколку странички, важи?“

“Важи оче. Само не ме терај да копам бунар. И самоако ти ми читаш. Знаеш дека не гледам добро.“

Брато и Бошко мој многу се сакаа. Се обожуваа.Затоа и сакав да ја видам неговата реакција.

Page 432: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Му ја прочитав со еден благ, драмски патос како вовремето на најдобрите радио-драми што сум ги снимил.Тој само ме гледаше. Прво во очи, потоа во лаптопот,па на крај во своите колена. Кога завршив со читањето,тој само ја подигна главата и без да ги крие своитенасолзени очи, го кажа она што знаев дека ќе го каже.

“Еј, бре оче, бреее...“

Тоа можеби не Ви значи ништо Вам луѓе мои, но замене и солзите на Брато и фактот дека тој остана беззборови, ми беше сосем доволно да го прогласам овојекспериментот за апсолутно успешен.Брато е првиот лик во овој прирачник кој прочитабарем дел од оваа моја исповед. Брато е единствениотлик што се прочита себе си, не беше задоволен од тоакако е крстен и веднаш побара да му се смени името.Брато не е таман. Тој е бетер и од нашите јужни соседи.Тие бараат од нас да си го смениме името.Брато бара од мене да му го сменам името.На некои луѓе не им треба алкохол...

Почнаа да не печат првите сончеви зраци, почнаамобилните сеанси на Брато, почнува работниот ден.Мојот работен ден беше ноќта што помина.И оваа приказна. И овој толку тажен и истовременотолку романтичен начин да се збогуваш од својотнајголем пријател преку последната приказна за него.И за болката што ја чувствуваш.Нешто не е во ред со мене штом едно кученце минедостасува повеќе од многу луѓе.

Page 433: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Оние што вистински ги сакаат животните, многудобро знаат за што зборувам.

Не дека јас не ги сакам луѓето.Јас не ги сакам луѓето што не сакаат животни.А ги презирам оние што ги повредуваат.Не е точно ни тоа дека јас не сакам деца.И децата ме сакаат мене. Проверено илјадници пати.

Колку што е непримерно, нечовечки и преегоистичноод моја страна што немам барем еден потомок, толкуистото тоа сум го направил потполно свесно.Па што би правело тоа недолжно жгепче во целата таакалакурница од живот кој протатне по мојата пруга?И ден денес мислам дека сепак сум бил одговорен.Уште на неродено дете.Па тогаш сигурно би бил супер татко.И тоа ми е првата тема на разговор со сите женскихомосапиенси што ме сакаат и ми мислат добро.Што знам дека ќе и се радуваат на мојата среќа.И тоа сум морал да го направам што поскоро.За да се продолжела лозата, за да не се запустел генот,за да останело презимето, оти ќе било голема штета...

Единствена со конкретно решение на проблемот и сомногу сериозна понуда, настапи мојата драга Вукица.Вукица воведе стил на нашата естрада. И стандарди.Вукица прва донесе црнец во наш спот.И тоа не каков било. Туку секси.Сега ми се пред очи црвен чаршаф, снег белата Вукицаи гламња црниот партнер во улога на стриптизерка.

Page 434: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Црвен сатен, бела свила и црн сомот. И секс.Вукица е самохрана мајка со син пред студии, којапотполно сама се справува со сите проблеми.Животот е сериозен збор.Вукица не се заебава со животот.Вукица се заебава со мене.

“Ти мене сперма во епруветче, јас тебе бебче...“

Колку е ненормална. И сериозно го мисли тоа.Затоа и ја обожувам.И на крај ќе констатира.

“Убаво на тебе, паметно на мене...“

Вукица е уау.

Луѓе мои.Алкохолот е е виновен што немам деца?Алкохолот е виновен што немам деца.Алкохолот е виновен што немам многу нешта.

Парите ми се кај лихварите, здравјето ми е само за воучебници, старите пријатели ми се недостапни, бракотго завршив пред да го започнам, сексот ми е прекуинтернет филмчиња, страста само во обложувањето.

Обожувам да се обложувам.

Page 435: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Значи, моите предиспозиции и перформанси како маж,човек, свесно битие, граѓанин и социјална единка,одамна ги загубија своите величини и можности.

Значи ништо во животецов мој не е како што треба,ама ова со децава некако најмногу боли.И се почесто ме оптеретува.Проблемот е малку во мене, малку во жените.

Има такви кои ме одбегнуваат заради моето минато,има такви кои не се задоволни од мојата сегашност, аима и такви кои се многу скептични за мојата иднина.

Е па драги мои дами, запомнете ја оваа моја сентенца.Оваа и е омилена на Дотка.

“Минатото се заборава, сегашноста се живее,а иднината се сонува...“

Имам јас нерви, време немам.Но се уште, трпението е моето второ јас.Или што би рекој мојот Дедо 5-ре.

“Што е наше, само ќе си дојде...“

Во секој случај јас повеќе не сакам да сум само еденпатетичен изговор за човек.

Луќе мои.Може ли човек да си прости самиот на себе?Тешко.

Page 436: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Никако.Невозможно.Најверојатно дека е невозможно човек да си простиисто колку и можноста јас да имам свој наследник.И никогаш нема да се помирам со тоа.................................................................................................

Поминаа точно сто дена од мојата апстиненција.Веќе немав проблем ни да зборувам за алкохолот, ни даседам на маса кај што дебело се пие и се лумпува.Само што е здодевно. И мене и на сите на масата.Затоа се уште се трудам да ги избегнувам тие гезмиња,прослави, родендени, промоции, премиери, журки...Се уште сакам да сум сам.Затоа и бирам такви места. Кај што можам во совршенмир да седнам, да го отворам лаптопот и да пишувам.Во паузите од пишувањето читам. Весници.

“Добар ден. Може да седнам малку со Вас?

Ја подигнав главата.

“Седни пиле.“

“Гледам читате. Да не ве прекинувам?“

“Не, не...читам весник. Ама нема врска. И така и такаго пишува истото од вчера. Повели“

Момчето седна на мојата маса.

Page 437: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

“Јас сум син на Теодора.“

Теодора. Која беше Теодора?

“Која Теодора бе срце?“

Се поднамести на столчето.

“Може ли да Ви ја олеснам работата? Тоа е истата онааТеодора што сте ја напумпале пред точно 18 години.“

Господе боже.Теодора. Мајката на “наводно моето дете“.

А ова е “наводното дете“.

“И, добра е мајка ти?“

“Не.“

Тишина.Прво што му кажав беше вистината.

“Се надевам не веруваш во тоа.“

“Не, јас верувам во мајка ми.“

Извади една фотографија.На неа, мајка му Теодора, јас и некое расположенодруштво. Со глупави капи на главите.И уште поглупави насмевки на лицата. И конфети.

Page 438: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

“Ова не е доказ.“

Момчето ме погледна без трошка емоција.

“А ова доказ ли е?“

Стана и ја подигна шарената маичка.На левата слабина имаше иста флека како мојата.И бемка под десната мишка.

Долга пауза.

“Ќе се напиеш нешто?“

“Не. Јас презирам алкохол.“

Добро е.

“Е па, тогаш сигурно не си мој.“

Тоа прво ми падна на памет.Момчето се уште не мрдна ни со еден дел од лицето.

“Како се викаш?“

“Игор................................................... Како да се викам?“

“Игор?“................................................................................................

Page 439: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

“Игор, Игор, Игор...“

................................................................................................

Кога ги отворив очите ја видов Баба Маца.Како дух.Каков заебан сон.Овој ми е сега хит. Новиот сон што ме прогонува.Ама не сонувам дека ми се родило дете, туку декадетето што одамна ми се родило дошло да ми го ебемамето мое мамино издајничко. Како што заслужувам.

“Игор...станувај бргу, Шерба те бара на телевизија.“

Шерба. Мојот Холивудски другар.Дошол во нашава пустина вода да бара. Дошол даснима филм. Првата буква, првиот број го викналаексклузивно да гостува во ударните вести.А Шерба ко Шерба, со шапката која не ја симнува инеговиот “Не се давај Инес“ глас, покрај другото јазамоли новинарката да му помогне да ме најде мене.И уште ми се обратил пред јавноста.

“Каде си барабо?

Шерба.Ако со некого пак би се пропил, тогаш тоа е тој.Во многу работи сме слични, ама во едно сме исти.И двајцата пиеме затоа што уживаме во тоа.Уживаме во моментот, а не во постмоментот.

Page 440: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Уживаме во вкусот и мирисот, во она единственозадоволство кога ракијата тргнува низ твоите жили,а не во состојбата која следи после консумација наорганскиот спој со кислородот, алкохолниот убиец.Јас лично не сакам да сум пијан.Јас не се сакам себе си кога сум пијан.И тогаш сум сто пати посамокритичен кон себе.Страшна работа.

Кога го запознав Шерба бев тазе дипломиран.Ме викнаа на еден голем филмски фестивал во бившатани држава од третиот свет. Бев специјален гостин насвеченото доделување на специјалната награда зафилмско животно дело. Таа година наградата ја добинаш, скупски актер. Саше Силата.Прославата беше светска. Преполна со новинари,блицови и камери. Не само заради Силата, туку секакои заради присуството на скоро сите најголеми ѕвезди надваесет и петте милиони публика. Сите оние кои гиимитирав, како кои сакав барем малку да бидам, ситеоние заради кои одевме во кино и кисневме преднашите телевизори на кредит, апсолтно сите беа тука.И Шерба, оф корс.

Јас успешно го завршив својот петнаесет-минутеннастап и си седнав на местото што ми беше одредено.На масата кај музичарите. Тие во моментот свиреа, патака седев сам и срамежливо си ја цуцкав тамошнатабела, домашна ракија која како специјалитет бешераспределена по сите маси и застапена со по неколкубокалчиња. Не ми требаше ама баш никој.

Page 441: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Можеби и изгледав како падобранец, како слеп патникна оваа журка, како персона нон-грата, ама во истовреме се чувствував како бела, заштитена мечка на којаникој ништо не и може. И да сака.

Силата дојде до масата да ми се заблагодари.Наздравивме. Потоа ми пријдоа и неколку одтогашните ѕвезди за кои Ви зборував. Да ми кажатколку биле воодушевени од мојот перформанс.

Луѓе мои.Сте мочале некогаш фирнајз? Така, од задоволство?Јас тогаш прв пат.

И тогаш кога врвот на моето его немаше повеќе каде,ми пријде љубезното келнерче одговорно за мојот реон.Се наведна над мене и ме смрзна.

“Ве бара Господинот Шерба. Повелете наваму...“

Јас лично не верувам во љубов на прв поглед.Но од тој ден па наваму верувам во нешто друго.Верувам во пријателство на прв поглед.

Тој седеше со некои свои локални пријатели.Беше многу расположен.Разговорот почна како пред малку да сме го прекинале.Како да се знаеме со години.Некој ја овековечил таа средба.Фотографијата ја имаше по сите весници, а јас серазбира бев главен фраер. Прв другар со Никола Тесла.

Page 442: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Само неколку години подоцна, ветриштата на војнатаго донесоа и кај нас. Тој тогаш имаше три пасоши одкои ни еден не вредеше пет пари. И беше без пари.Направивме два концерти кои симболично гинарековме “Т’га за југ“. Преполни сали, солзи,меланхолија, вино, носталгија за едно време и љубов.И Инес...

И кеш.

Незаборавен е периодот од нашата дружба кога Шербаго снимаше “Дождот“. Јас тогаш му бев несуден лекторпо нашиот мајчин јазик. И многу се забавувавме.После неколку часови граматика и учење зборови однашиот речник, и двајцата дојдовме до заклучок декавоопшто не е важен квалитетот на јазикот со кој Шербаќе зборува во филмот. Важна е поентата што ќе ја каже.Тој може и со лош акцент да ти ја пренесе пораката.

Шерба зборува на сите јазици.Без да проговори.

После “Дождот“, среќата како да му се насмевна.Му тргна на подобро. На многу подобро.Конечно се прибра на едно место со семејството и тоана такво место какво што му прилега. Ландн.Така го изговараат тие што живеат таму. Ландн.Престолнината на театарот и колевката на фудбалот.Двете работи што Шерба ги обожува.

Page 443: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Му бев малку на гости. Дојдов во неговиот Ландн.Бев на снимање на филмот “Добредојдовте...“Филм за Третата Балканска војна.“Добредојдовте...“ за мене значеше едно големодобредојде во филмскиот свет. Ама оној вистинскиот.Тоа за мене значеше и добредојде во куќата на Шерба.

Тогаш јас не пиев, ама тој пиеше за двајцата.

Откако се познаваме имавме чудни периоди.Прво двајцата пиевме многу.Па и двајцата не пиевме ни малку.Па тој не пиеше, а јас пиев.

И секогаш функционираме.Во Ландн тој пиеше, ама се криеше.Шербовица не дозволуваше да се држи алкохол.

“Вештерката ми го крие алкохолот...“

Додека зборуваше за ова гласот му трепереше.

“Прохибиција. Пропаст. Крах. Катастрофа.“

Ама сите големи победи во историјата се издвојуваникога непријателот е фатен на спиење.

Се сеќавам дека една вечер, некаде околу полноќ, коганеговите “принцези“ испозаспаа во спалните горе, тојстана некако невообичаено нервозен. Јас во тоа времеапстинирав веќе три години и се уште многу вешто ги

Page 444: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

распознавав симптомите на телото и умот на Шерба.Постојано гледаше малку во саатот, па малку нагорекон спалните и своите две принцези и...вештерката.Почна да пее некоја непостоечка песна ама тивко,скоро нечујно. Пееше во себе. Шерба го прави тоамногу често, а особено кога е незадоволен од нешто.Пее на нервна база. И тогаш ми кажа:

“Облечи се...“

??????????????????????????????????????????????????????

Го нагрнав на мене првото блузиче што го најдов вокуферот. Не ни прашав што е работава.На прсти ја напуштивме куќата. Излеговме на улица.Мислев дека ми прави некоја ујдурма. Ама не.

Тоа беше една прекрасна летна ноќ во Ландн.Таму летните ноќи се постудени од нашите зими.

Сигурен бев дека нема да одиме многу далеку тогашкога сфатив дека Шерба е облечен како да ќе одиме догаражата, да поправаме нешто. На себе имаше облеченашарена наметка на линии што личеше на бањарка.На нозете носеше неидентификувани обувки.Нешто помеѓу влечки, топлинки и кломпи.

Шибаше напред со одлучни чекори.Морав да поттрчнувам по него. Скршнавме лево.Влеговме во една мистична и полутемна уличка

Page 445: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

карактеристична за западен Ландн. Беше преполна сопродавници од кои нормално, ни една не работеше.Беше пусто како заборавен град.Шерба застана до една продавница за спортска опрема.Патики, тренерки, дресови, топки...Ја бутна раката во еден мал простор над вратата.Како да бараше нешто.

“Што правиш, професоре?“

А што да го прашам?

Тој само ги подигна веѓите, се насмеа иронично, сија почеша брадата и најважен на светот, рече:

“Гледај, учи и плачи...“

Во тој момент, неонското светло од малата спортскапродавница се запали и една силуета се појави задрешетките на спуштање. Шерба ми намигна шеретски.Се појави средовечен чичко, со голем нос и уштепоголема тртка на него. Нос и пол. Беше добро напиен.Кога не виде, списка како жена.

“Оооо, мистер Шербаааа...“

Нослето ја отвори вратата, ги подигна решетките и непушти во продавницата. Ништо не ми беше јасно.Шерба уживаше во мојата збунетост и прашалницитешто се множеа околу мене. Тогаш се спуштивме по

Page 446: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

едни кружни скали. На крајот од скалите дојдовме доцрната врата на која пишуваше 011.Нула еден еден.Повикувачкот телефонски број за некогашнатапрестолнина на државата која веќе не постои.Постојат само нејзини мали реплики по целиот свет.Ова беше една од нив.011.Крчма. Во подрумот под спортската продавница.Домаќинот ни ја отвори вратата, несакајќи со носот.Изгледа дека често заборава оти носот му оди петминути пред него, а тртката пет секунди пред носот.И одеднаш, врз нас ненадејно почнаа да атакуваатпрепознатливи акорди од некој ефтин синтисајзер,не пречека пушница адекватна за вакви мали, чудни,прохибициски подземни светови, измешани мирисина пот и фалсификувани парфеми и...пејачка.Шерба ја знаеше и по име. Старото швалериште.

За само четириесет и пет минути правење метании испецијални музички желби што ни ги исполнуваанеговите весели и пијани гастарбејтерски другарачиња,Шерба се смени од корен. И тоа за милисекунда.Пиеше со такво големо задоволство што те тераше даму станеш љубоморен додека го гледаш. Немаше нитрага ни глас од оној депримиран а и нервозен Шербашто беше угнетуван од новите законски мерки на онаанеговата вештерка дома. Мајката на неговите принцези.

Во наредните четириесет и пет минути, Шерба им јарецитираше својата најнова поезија на сите присутни

Page 447: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

азиланти, илегалци, трговци, работници, шофери,измамници, дилери, макроа и по некоја курва...

Кога “вештерката“ на Шерба му се јави во потсвеста,тој само ми даде знак со главата дека стануваме.Испраќањето траеше уште четириесет и пет минути.

Тргнавме накај дома. Шерба пееше по патот.Не го криеше воодушевувањето што ме воодушевил.

“А?“

“Браво професоре, браво...“

Тоа го чекаше тој.

“ Е па дете мое, така е тоа во животот. Некој е силен,некој е храбар, некој е убав. Јас сум паметен.“

Тоа ти се вика боем.Ние не отидовме таму заради неговата зависност одракијата, ниту за тој да си го наполни своето его, тукузаради неговата страшна зависност од боемштината.Таа ти е како зараза.

Да си боем не значи дека си анти антиалкохоличар.Тоа значи да бидеш кафеански масон.Да си дел од тимот кој е “меин стрим“ на денот.Да си духот на народот и во неговите најтешки денови.

Page 448: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Боемите се луѓе со стил. Боемштината е уникатнагардероба која добро ќе да ти стои, ако добро ја носиш.Во спротивно е катастрофа.Боемштината значи присутност. Во основното ткиво наопштеството. Во неговите мозочни клетки.Меѓу народот.Таков беше Дедо ми Петре.Таков сум и јас. Не дека сум сакал да бидам таков, аматаков сум излегол, што да правам?

Возбудливо е да си таму. Да бидеш таму, во центаротна збиднувањата, тоа значи да бидеш таму каде штонема тајни, каде што картите се на маса. Каде што немалицемерие, каде што се озборува државата тогаш когатреба да се озборува, каде што се смислуваат вицовите,досетките, афоримзмите, таму каде што се креирабожем јавното мислење, таму каде што се слуша иживее нашето секојдневие. Таму е животот.

На “терен“.Како што љуби да каже еден лик од претставатапосветена на Дедо ми 5-ре. На “терен“.Како што се вика и еден легендарен лик од моитереминисценции. Шмекерот. Трговски агент, патник,купи-продај, жолти страници, рекламичка во весник,попусти по хотели и локални курвички за декор восекое поголемо населено место. Хронично е на пат.И не го барајте многу.Секогаш кога е нацицан, тој официјално е на “терен“.Шмекерот е на “терен“ кога е на терен.

Page 449: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

И секогаш кога му е најслатко и таман расположен зауште и кога сака најмногу од се на овој свет да останена софрата со нас, почнуваат да го малтретираат од кајнего дома, по мобилен. И тоа бесрамно многу.Како лихвари.Ќе му се јавеше жена му, а ние заседнати како насобраниска седница, па тој цврцнат, па не му се разбирашто зборува. Се гледа дека и пијан и по телефон.А на другата линија го чека некој женски примерок којтребаше да дојде и да ни го разубави друштвото.Шмекерот само ќе се исправеше и ќе го ставешемобилниот на увото. Онака дебел и испотен.И секогаш им го кажуваше истото.На сите. И на жена му и на сите курвички кои вомоментот не му одговараат. А ги чува само за себе.

“На терен сум...“

И јас бев на терен со години и конечно решив да севратам на местото кое сега ми изгледа како никогаши да сум го немал. Дома. А и се уште го немам.Се уште сум во “Тур е на“.Се уште немам вистинско дома.Кога имав вистинско дома, тогаш таму не се вртев.Повеќе издржував под вода, отколку дома.Е сега сакам да излезам од под вода.Сакам дома.И мома...

И така. Тркалото си врти ли си врти. Работиме турбо.На паузите од снимањата Наца никогаш не пропушта

Page 450: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

да ме праша како сум, што има ново, леле колку убавоизгледам, леле колку сум ослабен, дали конечно најдовстанче, дали си најдов некоја кандидатка.Како жените да се се уште робинки, па можеш да одишна пазар и да си купиш една. Наца ме заебава.Јас секогаш и кажувам дека нема ништо ново на тојплан. И не верувам дека во најскора иднина ќе има.Па добро жени мои, каква е оваа ситуација?

Јас се плашам од жените, но ги сакам.И тие ме сакаат мене, ама се плашат.Да ти ја ебам среќата мочана...

Месец дена пред Новата година, два дена по ред гиснимавме празничните изданија на нашиот квиз.Имавме налог од режијата да и посветиме малку повеќевнимание на една супер машина за перење алишта којапаѓаше како премија. Чудото на модерната техникагордо стоеше во студиото и работеше деноноќнонаполета со алишта. А Наца рекламира.

“Колега, значи мораш да ме послушаш и да си јаземеш оваа супер-супер машина за перење алишта.“

А јас не можев да издржам, па пред целокупниотаудиториум на Првата буква, првиот број и кажав:

“Нацо мене не ми треба машина за перење. Мене митреба машина за парење. Она може и да пере ако сака.Ама после парењето.“

Page 451: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

На крајот од снимањето, во гардеробата, Наца ми дадееден партизански завет. Дека од тој момент ќе му сепосвети малку повеќе на мојот проблем и ќе ми најденекоја што ќе ми се допадне. И ќе ми прилега.

“Ајде Нацо, оти немам многу време. Ќе се умира...Ако не ми надеш жена под итно, ќе си фатам дечко“

Наца си ја поднамести косата пред огледалото.

“Будало една...“

Ја испратив Наца до нејзиниот спортски двосед.Тоа возило Наца го има десет години и многу и стои.Само што тоа како да не е истото што јас го знам.Деформирано е. Наца го удира секој вторник и петок.

Влезе во него со своите бели чизмички.

“Ќе те барам да ти кажам што сум смислила.“

“Нацо, смислено е. Еве ти фото-робот на мојата иднаневеста. Вака нека биде. Нека има меѓу 30 и 40 години.Може да биде и разведена. Може и со две деца. Ќе сегрижам за нив како да се мои. Може ќе имам таква лудасреќа, па ќе личат малку и на мене. Не само на тато.“

“Ти не си здрав.“

Само што излезе од паркингот, свикав по неа.

Page 452: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Наца закочи, автоматски го отвори џамот и ја извадиглавата надвор. А јас и го соопштив последниот услов.

“И да знае да уплаќа спортска.“

Веќе на кажа ништо. Само ги наду образите, се издиша,ја нишаше главата лево-десно и погледна кон небото.

И спраште низ ноќта.

Таа вечер, екипата од “тркалото“ си замина, а јасостанав во студиото да ја чекам другата екипа.Од “Идолот“.Најпознатиот светски музичко-телевизиски бренд,конечно дојде и во нашата Недојдија.И супер почнавме. Се забавуваме и многу се смееме.

Дојдоа и Мама Опи и Тино.Ние сме жирито.Кандидатите не смеат нас, ние ја смееме екипата...

И Опи запнала да ме жени.Па во меѓувреме, таа се разведе.После пет дена, не оженија.Тино ненормален.Дал изјава за на насловна страна дека уште за време на“Идолот“. Мама Опи и јас сме почнале да се “муваме“.Муви да го изедат.

Инаку “Идолот“ е идеален. Полн погодок.Гледаноста е повеќе од очекувана.

Page 453: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Има и критики, што е нормално.Има и лоши критики. И така треба.

Читателу мој скап, запомни го ова.Лошите критики можат добро да делуваат на тебе.Добрите можат лошо.Затоа добрите критики не секогаш се добронамерни.Особено ако им ја препознаеш намерата.Ако знаеш дека се од оние што или ти се или болнољубоморни или од оние другите. Тоа се оние коиникогаш нема да ти кажат дека си добар, тогаш кога исамиот знаеш дека си навистина добар. Има и таквикои ќе ти кажат дека си добар, дури и тогаш кога силош. За да бидеш што полош. Каква перверзија.Јас ги обожувам оние третите кои ми викаат дека сумлош дури и тогаш кога сум по малку брилијантен.Тие се моите срцки.За нив живеам и творам.

Омразата понекогаш произлегува од љубовта.Тешко дека е и обратно.

Промашени сперматозоиди.

И кога се искрени, лажат.И лажат дека се искрени.Време е на лицемери.Време е на камелеони.Живееме во Камелеонија.

Ете ни ново име. Баш ни прилега.

Page 454: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

И таа ноќ, Марфи се здружи со расипувачите на забави.

Сакаа да ни ги земат Првата буква и првиот број.Ја нападнаа затоа што таа напаѓаше.Фронтално. Безмилосно.

Велат дека тоа е заради лошата математика.Јас велам дека е заради лошaта политика.Па нели правевме муабет за курвите?Сите курви на светот се по малку политичари.А сите политичари се по малку многу курви.

Од дрвата не можат да ја видат шумата...

Едно време и јас бев лабораториско, експерименталноглувче во инкубаторот на политиката.Ама не излегов од него. И подобро.Не се испилив во некој сокол или орел кој манипулирасо сопствениот народ. Понекогаш го стега силно сосвоите канџи, не му дава да дише, за на крајот да му гизарие врвовите на канџите под кожата, па ужива да мупушта крв малку по малку. А народ како народ, не себуни и само трпи. Додека не му пукне филмот.

Двајца мои познати стасаа до работно место Премиер.

Едниот од кај Реал, другиот од кај Барса.

Со првиот сме генерација од гимназијата.

Page 455: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Пред деценија и кусур, некако се разотидовмеполитички, па така денес се гледаме на секои петгодини и тоа на годишнината од нашата матурскавечер, во која едвај се распознаваме едни со други.Понекогаш прашуваме еден за друг преку трети,во име на старите добри времиња.Стана Премиер, па Претседател.Сега е пензионер кој сака пак да биде млад.И тренер на Реал кој сака пак да биде шампион.

Со другиот Премиер не се ни најдовме политички.Не се ни обидовме.Се знаеме долго, па нема што да се лажеме.Го паметам уште од златното време на театарот.Сакаше да биде актер, тренираше бокс и учеше заекономист. Стана ова третото плус премиер.Во едно интервју или не знам точно што, во графата“омилена книга“, тој го посочил мојот последен роман.Се надевам дека и ова четиво ќе му стане омилено.

Сега ја предводи Барса во одбрана на титулата.

Политичарите кај нас забораваат само едно.

Тие можат да донесат уште три милиони нови закони,можат да ги казнуваат непослушните, можат да гиобесправуваат квалитетните, да смалуваат пензии,да зголемуваат даноци, да ја менуваат историјата,да цртаат нова географија...Не можат само едно.Да му ја продадат душата на народот на самиот ѓавол.

Page 456: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Достоинството и честа не се за продажба.

Јас лично, никогаш, никаде и за ништо на светот не бинаправил такво нешто. Никому.

И кажете сега, луѓе мои.Може ли да ги нема Првата буква и Првиот број?Како тогаш ќе броиме до десет без првиот број?Како ќе ја кажуваме азбуката без првата буква?Аз, буки, веди без аз?Уан, ту, три без уан?

Страшно.На некои луѓе навистина не им треба алкохол.

И така.Ми ја запечатија печатницата пред печатење.Со печат.

И плус ни го зедоа тефтерот со математиката.

Мене совеста ми е чиста.Јас барем се обидов да издадам книга, а не државата.

Не можат тие толку да ме изнервираат, колку што јасможам да истрпам. Забораваат една важна работа.За разлика од сите други јас немам што да загубам.

Удавено магаре од мечка не се плаши.

Page 457: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

И ден денес тврдам дека сево ова што ми се случувашево изминативе неколку години беше преголема казна засите гревови што сум ги направил во животот.Односно сум си ги направил.

Па досега човек да отепав, да ме осудеа на најдолгатаможна казна по законот, веќе ќе бев на слобода.Таму, во затворот најверојатно ќе ми дадеа да ја водамДрамската секција, ќе направев неколку претстави сомоите колеги затвореници, добро владеење, ваму-таму,па ќе чекав помилување од Претстедателот.Амнестија.За тоа време ќе напишев уште една книга.Затворски дневник.И ќе беше бестселер. Гарантирано.

................................................................................................

.Денес му давам шест месеци на алкохолот.Нека му е вечна...слава му.

Дојдов кај Карлито во “Рајот“.Во потрага по рајски мир.Дишам рајски воздух, јадам рајски салати и палачинкиИ пијам само рајска вода. Ѓаволски е добра.И понекогаш ловам рајски птици.

Печатењето на книгата дефинитивно ќе биде иднатагодина, во не се знае кое време. Толку ми бил к’сметот.

Page 458: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Решив да се правам наудрен и нај легантно продолживда си пишувам. Како тогаш да почнувам.Моите блиски почнаа да ме заебаваат.Дотка најмногу.

“Брате, Војна и мир ли ја пишуваш?“

Дотке, и ти ли сестро Дотке?

А и Карлито.

“Срце мое, уште ли пишуваш? Слушај ме ваму сега.Ќе ти го земам тоа лап-топот и ќе го фрлам во езерото.И тоа таму, во најдлабокото. Да го јадат краповите.“

“Аха, ќе го фрлиш...па после ти ќе ја пишуваш...“

Ќе ја напише Карлито. Тој може да напише бестселерсамо ако сака. И неговиот живот е филмска приказнаод жанрот “научна фантастика“. Матрикс.

Ако Карлито е Матрикс, што сум тогаш јас?Дон Кихот, Робин Худ, Зоро, Бетмен или Загор?

Во Рајот на Карлито ќе ги искористам последнитеденови од старата и првите неколку од новата.Се сеќавате на приказните за 30 и 31 Декември?Не сакав ништо да ризикувам.Решив да си седам мадро за да не си носам модро.И да останам до Божик.

Page 459: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Ќе имам доволно време да ја препрочитам книгатауште еднаш и да видам што точно сум направил.

Пишувањето книга е како градење куќа.Никогаш не ја завршуваш. Нема крај.Секогаш има нешто ново што ќе ти текне. Некојаинтересна приказна што си ја заборавил, или новаваријанта на приказната што веќе си ја напишал.Некогаш се случува да избришеш цело поглавје и данапишеш ново. Некогаш пишуваш нешто ново без дазнаеш дали и каде има место за него во книгата.

Исто и со куќата.

Што ми даде а што ми зема алкохолот?

Тоа што ми го даде алкохолот, можев и сам да си гопружам. Само што ќе беше здодевно ко европски филм.Алкохолот ми даваше сигурност.

Луѓе мои.Во овој прирачник зборував исклучиво во прво лицееднина, ама мислев на сите можни лица во множина.Пијат многу луѓе, нели луѓе мои?Зарем во секое наше семејство нема барем по еден штоси ја цени добрата капка, па сака да си се напие?Барем еден. Има семејства каде што има и двајца.А има и такви анти антиалкохоличарски семејства кајшто сите по список локаат. И локаат се по список.

Page 460: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

А списокот е долг.Терористи, илузионисти, пацифисти, феминисти,комунисти, врховисти, атеисти, будисти, анархисти,антифашисти, монархисти, ционисти, активисти,колаборационисти, милитаристи...И сите се исти.Кога е во прашање алкохолот.Луѓе мои.

Алкохолот е единствената легална дрога.И најефтина.Има идиоти што ефтината сакаат да ја направат уштепоефтина, па наместо етил алкохол тие најилегално гопродаваат неговиот прв братучед – метил алкохолот.Затоа внимавајте добро што купувате по пазариштата иод кого. За да не завршите како еден баќушка.

Решил да жртвува уште некоја рубљичка.

И утре да решиш да го оставиш алкохолот, можеш дабидеш сигурен дека тој нема лесно да те остави тебе.Па и до крајот на животот да не се напиеш ни една,единствена капка, ти секогаш ќе бидеш и ќе останештоа што си - “алкохоличар во апстиненција“.

Или што би рекла Баба Маца:Швалер – додека ти се дига.Коцкар – додека ти се гледа.

Page 461: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Тепач – додека си силен.Пијаница – до гроба.

И не е лесно.Копај гробо, ова не се издржуваше.

Некој пие од мака, некој од среќа, а јас пиев од сабајле.

“Алкохолот го прави човека и везир и резил.“

Безалкохолно пиво.

Такво време дојде.Има повеќе дворски будали отколку дворови.

Немам ништо на свое име. Освен личната карта.И пасошот. Тој е многу битен во ова време.Порано заборавав каде ми е, го губев, ми го крадеа,го оставав по хотели и мотели како гаранција.Дека ќе платам. Понекогаш стоеше и со месеци.Во последно време секаде си го носам со себе.Во левиот џеб. До срцето.Какви времиња дојдоа. Без пасош ни на мочање.

А и кај кур да одам?Кај да фаќам џенем?

Ужиам да кажувам вицови на моја сметка.

Page 462: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Не можам да кажам дека уживам и кога други кажуваатвицови на моја сметка, но можам со сигурност да випотврдам дека никогаш не се лутам.Имаат право луѓето, луѓе мои.

Не ми се лутете ако не ве препознаам од прва.

На некои луѓе не им треба алкохол.

........................................................................................

Мене ми е страв да трчам на неполни педесет, а овојнашиов се курчи на 75. Не оди.

“Ај, ај, ај...еве го овој што трчашееее“

.........................................................................................

Вампир.

Page 463: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Ти од блади мери само вотка пиеш.Алкохолот постои за луѓето, а луѓето постојат за него.

Ќе и се мочам на ракијата.Дедо ми 5-ре и мочањето во шише.

Нема радост, нема игра, а нема ни смисла.

Мирен и умерен малограѓанин ќе бев ако не пиев.Aлкохолот за мене е минато, сегашност и иднина.

Џорџ Буш пишува книга.Да знаев порано, немаше ни да почнувам.

Вчерашен си?Не, утре ќе бидам.трачОпштесетвена форма на дискретна индискреција.

................................................................................................

Page 464: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Тука завршувам. Доаѓа Дотка.Имаме закажано полноќна сеанса кај Мајсторчето, вонеговиот нов Креативен центар. Морам да престанам.Ако ме види Дотка дека уште пишувам, ќе ме убие.

Тука се разделуваме, луѓе мои.

АЗБУКА НА АЛКОХОЛОТА

Абсинт.Најсилниот алкохол, или полудуваш или умираш, третонема. Сто грама абсинт, како две литри жолта.

АпстиненцијаДемек коа не пиеш.

АвионПијан како авион.

АвијатичарНајталентираната и најиздржлива група алкохоличари.Најслабиот пилот може да испие пие три пати повеќеалкохол од најдобриот глумец на светот.

Ааааааааааааааааааааааааааааааааааааааа!!!

Page 465: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Примален крик произлезен од многу алкохол, којнајчесто се употребува на свадби и при повраќање.

Албански коњакЗаради рамковниот договор.

Б

Бренди, Бурбон, Балантајн.Обоени срања.

БоксБоксот и алкохолот имаат исти правила на играта.Колку повеќе удари во главата, толку повеќе шанси дападнеш. А, кој прв падне, го губи мечот.Бокс како тупаница. Тупаницата како средство заостварување на семејното насилство.Во 98% случаи боксот го јадат жените.Во 2% мажите.

БокалСтаклено средство за чување алкохол.

БунарАлкохолно средство за ублажување на тагата.

Бокал БунарСо шприцер и јаболка.Или лимон.Или по желба.

Page 466: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

БифеЛекувалиште за анти антиалкохоличари.

БудалаЧеста појава кај алкохоличарите; ги правиш будалисите околу тебе и правиш будала самиот од себе.

В

ВиноЦрвено, црно или розе. Тие се Божјата крв.Белото вино е она што се добива кога од шприцерот ќесе извади газираната вода.Вино пијам ем ракија, коња јавам аџамија

ВињакЦезар, Рубин или Велешки.Важно страшно удира.

ВодкаТечен помфрит.

ВискиНа дивиот запад го пијат каубојците, а кај нас...индијанците. Што дошле до некоја паричка.

ВекијаПијачка од крајот на осумдесетите кога Господодеше по земјата а ние бевме на небото.Една марка – седум динари.

Page 467: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Вода“Е значи, на тој што ја измисли водата, треба Нобелованаграда да му се даде“. Една од моите омилени пароли.Наутро, после првите две голтки вода од фризот.

Г

ГомноМожеш да бидеш пијан како гомно.Ем смрдиш, ем лошо изгледаш.Има алкоси кои се гомна кога се пијани.

ГлаватаМе боли главата. Статистички најчесто изговаранатареченица после претерување со алкохолни деривати.

ГолткаНачин на консумирање на алкохолот.Постојат мали и големи, брзи и бавни, ненаситни ипрезаситени, лажни и вистински, добри и лоши...

Д

Дрво, даска, дамла, дибек, дудук, даб.Нагалени имиња за алкохолизирани хомосапиенси.

ДепресијаАлкохолната депресија е нешто најстрашно шточовекот може да си го приреди сам на себе.

Page 468: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Пиеш алкохол за да те извади од неа, а тој те фрла водруга, уште поголема и пострашна од претходната.

Делириум тременсМоже да е од премногу ракија,А може и од премалку.

Ѓ

ЃонПијан како ѓон.

ЃубреОмилен израз на сопругите на алкохоличарите.Злато човек – ѓубре пијаница.

ЃезмеОмилена форма на здружување на алкохолните сили.Битно е каде се прави.А најбитно е со кого се прави.Добрите ѓезмиња секогаш завршуваат со песна,а лошите понекогаш со развод.

ЃаволТвој потенцијален потстанар. Или цимер.

Е

Етанол или Етил-алкохолВо народот познат како алкохол.Во медицината како средство за дезинфекција.

Page 469: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Во механиката како гориво.Кај луѓето се користи и за дезинфекција на грлотои како погонско гориво.

Ж

ЖабаПијан како жаба.Жабата како мезе за шприцер.

Жолта или ж’таЗаштитен знак на Јужномакедонците.

ЖенаИли како хомосапиенс или како сопруга.

ЗЗаткаЗатка пијан.

ЗдрвенСамиот збор кажува. Здрвен од алкохол.

Зелка салатаДа беше зелката храна, зајакот ќе беше сто кила.

Зелена салатаСо оцет и исечени, тврдо варени јајца.

Ѕ

Page 470: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

ЅидЅид пијан.

ЅверТоа што се буди во тебе.

И

ИгорЉубител на алкохолот.

ИнцидентЧеста појава при групно консумирање на алкохолничестички.

Ј

ЈегерМногу опасна ракија од треви.Сабајлето очајно сакаш да си ја извадиш главата одрамениците. И да ја фрлиш. Толку боли.

К

КоњакКоњаче златно.

КафеЈужноамериканска течност за мамурлак, за подигање,за освестување, за очи ококорување...

Page 471: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Во еден период елегантно, првото кафе го заменувашсо две ракии. И тие го прават потполно истото.Башка кафето е штетно, тоа е докажано.

Л

ЛикерНајголемата жива глупост во алкохолната индустрија.

ЛетваПијан како летва.Кога ќе видиш летва, замисли ја пијана.Е, таков си...

ЛомСостојба во локалот после пијана ноќ.

Лом сум.Тогаш не ми се живее.ЛозаОд лозата тешко ќе си ја продолжиш лозата.

М

МамурлакСостојба на телото и духот после будење од пијанство.

Мезе“Де бе куме, пробај малку и од ракијата, ќе те фати тоамезето. Мајката му ја еба.“Да се донесе нов закон.

Page 472: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Да не се пие на голо.

МразПријател на алкохолните продукти.

МалкуТолку требаше да пијам.

МногуТолку пиев. Мојата единица мерка за пиење.

МеркаДа се немало...

МетаксаПрекрасна пијачка измислена во грда држава.

МрчењеБесплатно предавање.Може да е од жена ти, а може и од другите роднини.Иако јас лично не верувам дека сопругите се роднини.

Метил алкохолСмрт

Н

НафораСецкано лепче на парчиња, рендано сирење и буковец.Обично сите на масата го нарачуваат, а никој не го јаде.

Page 473: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

НасилствоДиректен дериват на алкохолот.Завршува со ќотек, камен, нож или пиштол.Како кога. Како за кого.

Њ

Њема њишто ња њ.

О

Отворач за пиво или виноОбично не знаеш кај ти е или го немаш.

Оф, оф, оф...Најчест извик после пијанство.

П

ПивоЈачменов сок.Вавилонците го локале уште пред четири илјадигодини и познавале 16 врсти на пиво.Ние денес познаваме само две: топло и ладно.

ПретерувањеКога претеруваш со алкохолот.Кога луѓето претеруваат за тоа колку претеруваш.

ПовраќањеИсфрлање на вишокот репроматеријали од стомакот.

Page 474: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Некои луѓе повраќаат од многу алкохол.А некои луѓе повраќаат од...........................некои луѓе.

Р

РакијаНајдобар отстранувач на дамки, најсигурен афтершејв,ефикасно средство против забоболка, за триење градикога си болен, за ставање на грло кога си настинат и заставање во грло кога си расположен.

Расолница.Или Јува. Средство за трезнење.

РицинаКисело вино.

РозеНешто меѓу бело и црвено вино. Розе.

С

СакеПотполно лудо нешто.Еднаш испив колку за цел живот и сега ми е лошо когаќе видам Јапонци, дури и на филм.

СангријаМене ме е како компот.А жените го сакаат.А јас ги сакам жените.

Page 475: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Т

ТураЕдиница мерка за колективно алкохолизирање.

ТекилаЕмилијано Запата не бил будала.

Ќ

ЌорЌор пијан.

ЌутукПијан ќутук

ЌорќутукЌор пијан + пијан Ќутук = ќорќутук.

ЌофтеКога во бифето си ќофте, дома си во сос.А кога дента си ќофте, дома си во сос.

УУзоТоа е нашата мастика со друго име.

Ф

Page 476: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

ФајронтКрај на часот. Најнеомилен момент во животот на еденанти антиалкохоличар.

Х

ХепатитКога малку ќе си го заебеш џигерот.

Ц

ЦирозаКога тотално ќе си го заебеш џигерот.

ЦехИли сметката. Есапот. Математиката.Основно средство за опстојување на кафанџиите.

Ч

ЧорбаДобрата вила на сите анти антиалкохоличари.

Џ

ЏиткачМаалски анти антиалкохоличар. Пред “кооперација“.ЏапнатЏиткачот после “кооперација“.

Page 477: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

ЏигерКој го има, нека си го чува.

ЏинИ тоник. И двете горчливи. А слатки.

Џони шетачотДечкото од насловната на престижната пијачка.

Ш

ШанкКанцеларија на анти антиалкохоличарите.

ШупелкаПијан си како шупелка. Или шупче пијан

ШопскаЈа немат само Охрид. Оти немат ренде.

ШишеКога ќе дојдеш до шише на ден, тогаш си во шише.

ШтокМојата омилена пијачка на последната буква.Со три коцки мраз правилно распоредени.

Штета

Page 478: Priracnik Za Anti Anti Alkoholicari

Што пиев толку.Што не пијам повеќе.