28
УНИВЕРЗИТЕТ,, ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ’’ - ШТИП ЗЕМЈОДЕЛСКИ ФАКУЛТЕТ – ЕНОЛОГИЈА - КАВАДАРЦИ ЗАВРШЕН ИСПИТ ПО ПРЕДМЕТОТ ЗАШТИТА НА ОВОШКИТЕ И ВИНОВАТА ЛОЗА ТЕМА: Venturia inaequalis - Причинител на болеста чадлива краставост кај јаболката Ментор Кандидат Проф-др Саша Митрев Николина Стојанова 0

Nikolina Stojanova - Zastita na ovoskite i vinovata loza - 29.08.2013.doc

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Nikolina Stojanova - Zastita na ovoskite i vinovata loza - 29.08.2013.doc

УНИВЕРЗИТЕТ,, ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ’’ - ШТИП

ЗЕМЈОДЕЛСКИ ФАКУЛТЕТ – ЕНОЛОГИЈА - КАВАДАРЦИ

ЗАВРШЕН ИСПИТ ПО ПРЕДМЕТОТ ЗАШТИТА НА ОВОШКИТЕ И ВИНОВАТА

ЛОЗА

ТЕМА: Venturia inaequalis - Причинител на болеста чадлива

краставост кај јаболката

Ментор Кандидат

Проф-др Саша Митрев Николина Стојанова

Бр. на индекс.09861

Кавадарци,

Септември, 2013 година

0

Page 2: Nikolina Stojanova - Zastita na ovoskite i vinovata loza - 29.08.2013.doc

СОДРЖИНА :

1.Вовед..........................................................................................3

2. Симптоми од Venturia inaequalis..……...............................4

3. Биологија на патоген.............................................................7

4.Развој на болеста и животен циклус.........………...........10

5. Мерки за заштита..................................................................14

6. Заклучок.................................................................................17

7. Користена литература.........................................................18

1

Page 3: Nikolina Stojanova - Zastita na ovoskite i vinovata loza - 29.08.2013.doc

Краток извадок:

Во оваа завршна работа по предметот заштита на овошките и виновата

лоза станува збор за Venturia inaequalis - причинител на чадливата краставост

кај јаболката.

Денес е распространета секаде каде што се одгледува јаболка, особено

осетливи сорти. Причинува големи економски штети во предели со влажна и

ладна клима, посебново првите фази од вегетацијата. Кај нас е редовно

присутна и предизвикува значителни штети.

Штетното дејство од болеста се манифестира на листовите, на

цветовите, но најштетни последици настануваат на плодовите.

Може да предизвика обезлистување и намалување на квалитетот и

квантитетот на плодовите. Ако не се контролира, болеста може да предизвика

големи загуби.

Клучни зборови: Јаболко, габа, Venturia inaequalis…

Abstract:

The main aim of this work was to study one of the most important pathogens

on apples - Venturia inaequalis. Today is prevalent wherever apples grown

especially susceptible varieties.

Cause major economic damage in areas with wet and cold climate, separate

first stages of vegetation. Here is regularly present and significant damage.

Harmful effects of the disease are manifested in the leaves, the flowers, but

the most damaging consequences resulting fruits.

May cause reduce the quality and quantity of fruit. If not controlled, the

disease can cause large losses.

Key words: apple, fungus, Venturia inaequalis

1. ВОВЕД

2

Page 4: Nikolina Stojanova - Zastita na ovoskite i vinovata loza - 29.08.2013.doc

Одгледувањето на виновата лоза и производството на вино било

познато многу одамна. Се смета дека првите почетоци на производството на

вино потекнуваат од мала Азија, од каде ова производство се проширува и во

европските земји во Средоземното море.

Уште од Почнувајќи од 1866 година со појавувањето на научната студија

на Пастер ,, студија за виното ,, кога производството на вино добива

индустриски карактер.

Во Македонија винарството Болеста за прв пат била опишана во

Шведска во 1819 година. Денес е распространета секаде каде што се

одгледуваат јаболка, особено осетливи сорти. Причинува големи економски

штети во предели со влажна и ладна клима, псебно во првите фази од

вегетацијата.

Кај нас е редовно присутна и предизвикува значителни штети.Штетното

дејство од болеста се манифестира на листовите, на цветовите, но нај штетни

последици настануваат на плодовите.

Може да предизвика обезлистување и намалување на квалитетот и

квантитетот на плодовите. Ако не се контролира, болеста може да предизвика

големи загуби (70% па и повеќе).

Чадливата краставост кај јаболката е одамна позната болест.

Симптомите на болеста може лесно да се идентификуваат на овошје во

сликарството од петнаесетиот и шеснаесетиот век. Сите сорти кои најчесто се

одгледувале биле подложени на болеста,и немало хемиски третмани се до

доцните 1800-ти. Во тоа време се користеле бакарни и сулфурни фунгициди

предвидени за пред инфекциона заштита.

Дури и денес покрај високо ефективните хемиски третмани и отпорни

сорти на јаболко, чадливата краставост кај јаболката предизвикува големи

економски штети.

3

Page 5: Nikolina Stojanova - Zastita na ovoskite i vinovata loza - 29.08.2013.doc

2. СИМПТОМИ ОД VENTURIA INAEQUALIS

Габата ги напаѓа лисјата, цветовите, плодовите и леторастите, но

највпечатливи се на листовите и плодовите. Листовите можат да бидат

нападнати од нивната појава, па до нивното опаѓање.

Слика 1. Симптоми од габата Venturia inaequalis

Првите зарази настануваат од опачината на лисјата. Во тој случај од

лицето на лисјата се забележуваат ситни, светлозелени до маслени, дамки со

со неопределени граници. На опачината од лисјата дамките имаат посветла

4

Page 6: Nikolina Stojanova - Zastita na ovoskite i vinovata loza - 29.08.2013.doc

зелена боја и се прикриени со еден сивозелен чадлив налеп.

Слика 2. Симптоми на болеста од опачината на листот

При секундарните зарази на лицето од лисјата се забележуваат

покрупни и побројни светлозелени дамки со нејасно ограничени рабови и тие

брзо стануваат чадливо кадифени (слика 3 и 4).

Слика 3. Појава на болест Слика 4. Појава на болест

Кај постарите листови, кутикулата и епидермисот пукаат, па на дамките

се забележуваат лустички во вид на струпки. Честопати, при силни зарази,

лисјата малку се деформираат и извиткуваат (сл.5).

5

Page 7: Nikolina Stojanova - Zastita na ovoskite i vinovata loza - 29.08.2013.doc

Слика 5. Деформација предизвикана од Venturia inaequalis

Плодовите може да бидат заразени од нивното заметнување до

консумацијата. Заразените штотуку заметнати плодови поцрнуваат и опаѓаат.

Кај поголемите плодови, во зависност од осетливоста на сортата, се

забележуваат помал или поголем број на чадливи дамки, кои често пати

пукаат.Кутикулата пука, дамките се прикриени со зеленикав чадлив налеп, што

го карактеризира името чадлива краставост (сл.6)

Слика 6. Симптоми на плод предизвикани од Venturia inaequalis

Повеќето инфекции се лоцираат покрај цветната ложа и дршката од

плодот. Младите плодови можат да бидат и малку деформирани (сл.7).

На тој начин употребената и пазарната вредност на плодовите е силно

намалена.

6

Page 8: Nikolina Stojanova - Zastita na ovoskite i vinovata loza - 29.08.2013.doc

Слика 7. Симптоми на млади плодови

Според стандардите се дозволува само една инфекција на 100 плода. Во

ретки случаи, патогенот ги напаѓа и едногодишните ластари, по што се

забележува изумирање на епидермисот, и се јавуваат чадливи рани.

3. БИОЛОГИЈА НА ПАТОГЕНОТ

Мицелијата се развива под кутикулата. Таа кај младите листови во

почетокот е светла, потоа потемнува се развива под кутикулата.

Таа кај младитe листови во почетокот е светла, а потоа потемнува, се развива

дрвовидно под кутикулата. Кај постарите листови таа е потемна, позбиена и во

неколку слоја. Од оваа мицелија се развиваат кратки неразгранети

конидиофори, на чии врвови се образуваат едноклеточни крушковидни конидии

кои се светлозелени до жолти.

На сл. 8 е прикажана мицелија од Venturia inaequalis.

7

Page 9: Nikolina Stojanova - Zastita na ovoskite i vinovata loza - 29.08.2013.doc

Слика 8. Мицелија од Venturia inaequalis

Како и повеќето други askomycetes, Venturia inaequalis се репродуцира

асексуално со производство на спори наречени конидии. Конидиската фаза на

Venturia inaequalis во животниот циклус има свое име - Spilocaea pomi.

Слика 9. Конидиофори со конидии

Конидиите се едноклеточни, жолтеникави, кафеави или маслени гледани

поединечно под микроскоп и се потесни на едниот крај и имаат крушковиден

облик како на слика 10.

8

Page 10: Nikolina Stojanova - Zastita na ovoskite i vinovata loza - 29.08.2013.doc

Слика 10. Микроскопски преглед на конидии од Venturia inaequalis

Конидиите се произведуваат од страна на специјализирани кратки хифи

наречени конидиофори. Конидиофорите се формираат врз густата маса од

мицелија која турка нагоре низ листот и ја распукнува кутикулата како што е

прикажано на слика 11.

Слика 11. Конидиофори формирани врз маса од мицелија

Тоа е маса од конидиофори со конидии кои му даваат кадифен изглед на

младите дамки.

Во отпаднатите листови, мицелијата продолжува да се развива во

внатрешноста, зафаќајќи ги палисадните и паренхимските клетки. Тука,во

доцната есен и зимата, настанува оплодување аскогониите и антеридиите и

така настануваат перитециите. Зрелите перитеции се темнокафеави, со краток

врат, со кружен отвор наречен остиола кој е свртен кон површината (слика 12).

9

Page 11: Nikolina Stojanova - Zastita na ovoskite i vinovata loza - 29.08.2013.doc

Слика 12. Микроскопски преглед на перитеција

Во перитециите се образуваат од 50-100 аскуси. Во аскусите се наогаат

по 8 аскоспори, кои се двоклеточни,со нееднаква големина на клетките, па

личат на желади (слика 13).

Слика 13. Зрел аскус со формирани аскоспори

4. РАЗВОЈ НА БОЛЕСТА И ЖИВОТЕН ЦИКЛУС

Габата во својот развој има две фази: паразитска и сапрофитска.

10

Page 12: Nikolina Stojanova - Zastita na ovoskite i vinovata loza - 29.08.2013.doc

Паразитската фаза трае околу 9 месеци, почнува со остварување на

првите инфекции, па се до опаѓањето на лисјата, а сапрофитската фаза трае

околу 3 месеци, од опаѓањето на лисјата до почетокот на вегетацијата.

Во текот на паразитската фаза мицелијата се развива субкутикуларно.

На оваа мицелија се развиваат кратки конидиофори, на чии врвови се

образуваат сукцесивно едноклеточни конидии. На една конидиофора, според

условите за развој можат да се образуваат повеќе или помалку конидии.

Во текот на вегетацијата може да се остварат помалку или повеќе

секундарни инфекции, што зависи од временските услови.

Со опаѓањето на лисјата во есен, почнува сапрофитската фаза. Во оваа

фаза, субкутикуларната мицелија се развива сапрофитски во внатрешноста на

лисјата. Тука уште во доцна есен и во текот на зимата се образуваат

перитециите.

Образуванјето на перитециите престанува при температура под 4 ° С,

а нај масовно се образува при температура од 13° С.Во текот на зимата

аскоспорите дозреваат. Недоволно зрелите аскоспори се со светложолта боја,

а зрелите се темножолта до протокалова. Дозревањето не е едновремено.

Габата образува голем број на перитеции и аскоспори. Габата има висок

инфективен потенцијал. Дозреаните аскоспори во пролет, под дејство на

притисокот се исфрлуваат преку отворот на перитециите.Ослободувањето на

аскоспорите е условено од навлажнување на лисјата, односно од дождовите.

Тие се разнесуваат со помош на дождот и ветерот, и притоа настануваат

примарните, односно првичните инфекции ( слика 14).

11

Page 13: Nikolina Stojanova - Zastita na ovoskite i vinovata loza - 29.08.2013.doc

Слика 14. Примарни и секундарни инфекци

Почетниот период на најјаките зарази (примарните зарази) трае

приближно два месеци, приближно до крајот на првата декада на јуни.

Од перитециите кои се формираат на отпаднатите листови во текот на

зимата, напролет масовно излегуваат аскоспори кои ветерот ги разнесува.

12

Page 14: Nikolina Stojanova - Zastita na ovoskite i vinovata loza - 29.08.2013.doc

Слика 15. Развој на болеста и животен циклус на Venturia inaequalis

причинител на чадливата краставост кај јаболката.

`Ртењето на спорите започнува кога ќе паднат на мокра површина на

листовите. Аскоспорите про`ртуваат и хифата продира под самата површина

на котикулата и формира строма од која се развиваат конидиофори.

Конидиофорите создаваат конидии, кои ги причинуваат секундарните зарази.

Од инфекцијата до видливите знаци на болеста поминуваат 9-17 дена

зависно од температурата, влажноста и времетраењето на влажењето.

13

Page 15: Nikolina Stojanova - Zastita na ovoskite i vinovata loza - 29.08.2013.doc

За `ртењето на аскоспорите потребно е листот да биде влажен, а за

секундарните зарази доволна е релативна влажност на воздухот од 95 %.

Времето потребно за `ртење на аскоспорите се продолжува со староста на

листот и зависи од температурата.

При 6 °С околу 21 час, при 16 до 24° С околу 9 часа. А при температура

над 30 °С заразата не е можна. Температурите над оптималната, се непогодни

за остварување на инфекции. Така на пример, при 27,8°С се остваруваат

слаби инфекции.

Врз интензитетот на инфекциите влијание има и староста на листовите и

плодовите. Инфекциите полесно се остваруваат кај младите листови , бидејќи

кај нив кутикулата е потенка. Кај постарите листови кутикулата од лицето е

подебела. Затоа, често пати во есен се остваруваат помасовни инфекции од

опачината на лисјата ( слика 24).

Слика 16. Развој на болеста од опачината на лист

Должината на влажењето при одредена температура и должината на

инкубациониот период, во зависност од температурата, се изнесени во

Милсовата таблица (слика 17).

14

Page 16: Nikolina Stojanova - Zastita na ovoskite i vinovata loza - 29.08.2013.doc

Слика 17. Милсова табела

Интензитетот на инфекциите се оценува како: силен, среден и слаб, врз

основа на должината на влажењето на лисјата при одредена температура.

Присуството на вода во осетливите органи на јаболката, не само што е

потребна за `ртење на аскоспорите и конидиите, но и за ширење на конидиите.

Под дејство на дождовните капки, конидиите полесно се одвојуваат од

конидиофорите и на тој начин се разнесуваат на соседните листови и плодови.

15

Page 17: Nikolina Stojanova - Zastita na ovoskite i vinovata loza - 29.08.2013.doc

5. МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА

Пролетниот период (,,розе пупка” до прецветување ) од годината е

најважен за заштита на јаболката. Во овој период најголем притисок во

насадите има од примарните зарази на чадливата дамкавост на

листот(Venturia inaequalis), која во подоцнежните фази( прецветување,

формирање и пораст на плодови) создава секундарни зарази, односно

краставост на плодот (Fusicladium dendriticum и Spilocea pomi), кои се сериозна

закана за јаболката.

Доколку во овој период немаме оптимална фунгицидна заштита,

опасноста од сеундарни зарази се зголемува прогресивно, а шансите за

поправање на пропустите се многу мали. Само со спроведување на стратешки

позиционирана и превентивна програма за заштита можеме да очекуваме

здрави насади и сигурен и квалитетен род.

За изведување на успешна и одредување на вистинската потреба од

хемиска заштита, како и тоа дали ке се употреби превентивен или куративен

фунгицид, непходно е да се воведе систем за прогноза на чадливата

краставост.

За таа цел постојат повеќе методи, а во основа притоа морат да се

следат:

а) развојот сапрофитната фаза на габата;

б) условите за остварување на инфекциите и

в) фенолошкиот развој на овошките.

Од сапрофитната фаза се следи:образувањето, созревањето, почетокот

на исфрлањето на аскоспорите, динамиката на исфрлање и крајот на

исфрлањето на аскоспорите.

Условите за остварување на инфекцијата се следат на различни начини:

1. Со термометар и дождомер со росна вага според De Vit,

2. прогнозери за фузикладиумот и електронски прогнозери (слика 18).

16

Page 18: Nikolina Stojanova - Zastita na ovoskite i vinovata loza - 29.08.2013.doc

Слика 18. Електронски прогнозер

Доколку настане прекин во влажењето на лисјата и тој прекин трае

помалку од 4 часа се смета дека инфекцијата продолжува, а доколку е

прекинот повеќе од 4 часа се смета дека инфекцијата прекинала.

На овој начин се утврдува вистинската потреба од хемиската заштита и

дали да се употребат контактни или систематични куративни фунгициди.

Чадливата дамкавост презимува на мртвото ткиво од отпаднатите

листови во овоштарникот, а може да се случи конидиите или аскоспорите да

останат и на самото дрво (под кората и мумифицирани плодови).

Уште во раната пролет (март), со појавата на првите топли денови и

повремени врнежи од дожд, условите за продолжување на развојот на болеста

се задоволени. Габата формира плодоносни тела, аскуси, кои кога ќе ја

достигнат зрелоста, пукаат и ослободуваат огромен број на аскоспори кои

носени од ветерот со брза прогресија ја шират заразата низ целиот

овоштарник.

Затоа, секоја сезона за заштита на јаболкото треба да се започне

со ,,зимско третирање” против презимувачките форми на болести и штетници.

Се препорачува да се направи со комбинацијата од бакарниот фунгицид

NORDOХ 75 WG и инсектицидот БЕЛО МАСЛО 98,5 ЕЦ.

Значајно е да се напомене дека оваа апликација треба да се изврши со

доволно количество вода за растенијата да бидат буквално искапени со

растворот (слика 19 и 20).

17

Page 19: Nikolina Stojanova - Zastita na ovoskite i vinovata loza - 29.08.2013.doc

Слика 19. Рамномерно оросен лист Слика 20. Апликација на хемиска заштита

Зимското третирање е одлична основа за почеток на сезоната, а со

завршување на фенофазата ,,глувчеви уши” и почеток на ,,розе пупка” време е

да се започне со спроведување на превентивната програма и ,,редовните”

апликации.

Променливите временски услови не дозволуваат голем простор за

импровизации и измени во редоследот и интервалите помеѓу третирањата.

За секој производ кој се користи за заштита на растенијата постои место во

програмата кога тој може максимално да ги докаже своите квалитети.

Фунгицидот CHORUS 75 WG е системски производ кој идеално се

вклопува во програмата токму во овој период( од розе пупка до прецветување).

Го заштитува растението ,,одвнатре” на тој начин што по навлегувањето во

ткивото го спречува продирањето на габата во внатрешноста. .

Каректеристично за фунгицидот CHORUS 75 WG е тоа што одлично дејствува и

при пониски средни дневни температури( околу 10 С) што е многу чест случај

во пролетниот период.

CHORUS 75 WG го решава проблемот и на веќе започнатата инфекција

во насадот, со куративно дејство(48 до 72 часа од почетокот на инфекцијата).

За да се обезбеди и пвршинска заштита на растението, при подготовка на

растворот за апликација му се додава контактен ,, партнер” (ХРОМОЗЕБ 80 ВП)

кој дава заштита на површината на листот при евентуални поволни услови за

инфекции во првите неколку денови по апликацијата(врнежи).

Интервалите меѓу апликациите во овој период се 7-10 дена, што значи

дека во периодот до крајот на цветањето треба да се извршат две до три

18

Page 20: Nikolina Stojanova - Zastita na ovoskite i vinovata loza - 29.08.2013.doc

апликации со комбинацијата CHORUS 75 WG+ ХРОМОЗЕБ 80 ВП(зависно од

времетраењето на периодот од розе пупка до крајот на цветањето).

Со тоа се обезбедува континуирана фунгицидна покриеност на

растителното ткиво во најкритичниот период од заштитата на јаболковите

насади од чадливата дамкавост( краставоста на плодот на јаболкото).

1. прво прскање непосредно по цветањето, кога ќе отпаднат 2/3 од венечните

ливчина ( со органски контактни или систематични фунгициди);

2. второто прскање по цветањето се изведува на 10-15 дена по претходното;

3. третото прскање е на 10-15 дена по претходното и понатаму по потреба;

4. последното третирање се изведува на две недели пред бербата на

плодовите( со каптан или толилфлуанид или трифлоксистробин), кои го

спречуваат гниењето на плодовите во складиштата.

За заштита на јаболката од фузикладиумот постојат голем број препарати

врз база на: бакарен хидроксид, бакарен оксихлорид, бакарен сулфат,

беномил, цинеб, цирам, додин, флусилазол, фолтеп, каптан, манкозеб,

метирам и други.

Во принцип, за раните пролетни прскања, се користат бакарните препарати,

потоа контактните органски, во фаза на развојот на лисната маса и порастот на

плодовите , систематичните и комбинациите од систематични со контактните

органски фунгициди и најпосле пред бербата, препарати врз база на

толилфлуанид, трифлоксистробин или каптан.

Кон одредени фунгициди како беномилот, додинот и други систематични

фунгициди, габата е способна да стекне резистентност.

Се препорачува и прскање на лисјата непосредно пред опаѓањето со

беномил или после нивното паѓање на почвата со цел да се спречи

образувањето на перитеции.

19

Page 21: Nikolina Stojanova - Zastita na ovoskite i vinovata loza - 29.08.2013.doc

6. ЗАКЛУЧОК

Од оваа завршна работа по предметот заштита на овошките и виновата

лоза можеме да дојдеме до заклучок дека чадливата краставост кај јаболката

(Venturia inaequalis) се јавува секаде каде се одгледуваат јаболка и може да

биде сериозна болест на осетливи сорти.Причинува големи штети во предели

со влажна и ладна клима особено во пролетниот период.

Габата ги напаѓа листовите, цветовите, плодовите, леторастите, но

најголеми штети причинува на плодовите.

За да се заштитиме од чадливата краставост кај јаболката,

превентивните мерки како што се избор на локалитети за насади, насока на

редовите и начинот на режење не обезбедуваат целосна заштита на јаболката

Основната заштита се изведува со хемиски средства.

Земјоделците треба да ги следат метереолошките услови за

остварување на инфекцијата со посебни прогнозери кои автоматски

сигнализираат опасност од болеста.

Денес се одгледуваат и сорти отпорни на чадливата краставост кај

јаболката, фунгициди кај овие насади не се потребни, но тие исто така можат

да бидат неопходни за контролирање на други габични заболувања.

6. КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

1. Пејчиновски Ф., Митрев С. Земјоделска фитопатологија, специјален дел

(стр.104-110).

2. http://www.facebook.com./pages/Bistricko-jabolko/124578212650

3. http://ffrm.org.mk/images/stories/reklami/sygenta/zastita-na-ovoskite.pdf .

20