39
КРАТКА ИСТОРИЈ А НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА Од неолитот до создавањето на современата рударска населба Македонска Каменица Горан Митевски Кочани, 2012

Kratka istorija na opstina Makedonska Kamenica

  • Upload
    goran

  • View
    315

  • Download
    3

Embed Size (px)

DESCRIPTION

lokalna istorija

Citation preview

КРАТКА ИСТОРИЈА

НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

Од неолитот до создавањето на современата

рударска населба Македонска Каменица

Горан Митевски

Кочани, 2012

2

HISTORIA EST MAGISTRA VITAE.

Посветено на мојата сопруга Даниела и дечињата Ирена и Мартин

3

Кратка историја на општина Македонска КаменицаКрКрКрКрататататкакакака иииистстстстороророријијијја а а а нананана оооопшпшпшпштитититинананана ММММакакакакедедедедононононскскскска а а а КаКаКаКамемемеменинининицацацаца

3333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333333

ВОВЕД

Да се пишува тема од роднокрајната или локалната историја отсекогаш претставувало предизвик и тоа од повеќе аспекти. Првенствено главната тежина се состои во тоа дали правилно и без ни најмала доза на субјективност ќе бидат претставени историските личности и случувања кои ќе бидат разгледувани како такви во темата што се обработува. Второ знаејќи дека историјата е многу ком-плексна и специфична наука постои и голема одговорност да се направи систе-матска анализа која ќе биде во рамките на методолошките истражувања и веќе воспоставени правила кои ги бара овој предмет. Трето би сакал да наведам дека ова кратка историја на нашиот роден крај би сакал да ја претставам интегрално со сите состојби и односи кои како такви биле наметнати од тешкото историско тркало над населението од овие краеви. Би сакал да потенцирам дека во пробле-матиката што ја обработувам постојат околности, случувања, настани и личности кои крајно ретроградно влијаеле во ова македонска средина. Сепак тоа не значи дека треба да ги отфрлиме со доза на резигнација, или да ги премолчуваме дури и да се откажуваме од нив туку напротив да ги прифатиме како такви какви што се и како што навистина се случиле. Затоа што личностите кои доста грешеле а терани од различни мотиви па дури и убедени во исправноста на нивните постап-ки не треба како такви да ги избришеме и засекогаш да ги отфрлиме во ветрот на заборавот. Треба да сфатиме и прифатиме дека само реален приказ на исто-риското минато од нашите краеви може да ни даде одлична поука за сегашноста. Јас воопшто не сметам дека сум успеал да одговорам на задачата која што си ја поставив, ниту пак сум убеден дека имам дадено систематска и исцрпна анализа на ова роднокрајна историја. Таква амбиција немав, затоа што секогаш може да се направи подобро и повеќе. Колку сум успеал во тоа оставам на судот на чита-телите и граѓаните од нашата општина а се надевамe и пошироко.

Со почит,

Македонска Каменица, 3 август 2010 год. Горан Митевски

4

5

ПЕРИОДОТ ОД НЕОЛИТОТ ДО ПОЧЕТОКОТ НА ТУРСКИТЕ ОСВОЈУВАЊА

Праисториски и антички период

Како резултат на погодните природно- географски услови и благопријатната клима, територијата на која се наоѓа општината Македонска Каменица била насе-лена уште од праисторискиот период. На повеќе места се пронајдени археолошки остатоци од населението кое живеело на овие простори уште во неолитскиот пе-риод (10.000 -3.000 год. пр.н.е). Тоа се најразновидни камени оружја и орудија кои биле користени во секојдневниот живот за најразновидни потреби како за соби-рање храна и семиња во разновидни глинени садови, потоа најразновидни видо-ви чеканчиња, секири и врвови од стрели и копја кои нашите предци ги користеле за лов и одбрана од диви животни во тие сурови времиња, па се до едноставни алатки за примитивна обработка на земјиштето. Интересно е да ги споменеме и неколкуте мали жртвеници, камени фигури на разни божества и тотеми кои слу-желе за сакрални цели на првобитните луѓе.

Од бронзениот период (1800 -1000 год.пр.н.е) наодите се поретки, додека же-лезниот период (1000- 300 год.пр.н.е) има поголем број наоди што е резултат не само на перманентната растечка населеност на месното население, но и подобра-та општествена организираност и подобрувањето на орудијата за лов и земјодел-ска активност.

Од праисторискиот период останале зачувани и многубројни „тумби“ или „могили“ т.е мали земјени возвишенија во кои биле вршени погребувања а кои сеуште не се доволни систематски истражени, а во некои од нив биле вршени погребувања и во римскиот период. Така во атарот на селото Косевица на висо-ката чука кај Паровското маало се среќаваат остатоци од едно римско градиште (бедем, керамика и ќерамиди), а кај месноста Градиште до Косевичка река е еви-дентирана една мала римска некропола. Остатоци од римски населби се среќава-ат и во атарот на селото Тодоровци кај Ѓурѓина ливада каде е пронајден бронзен меч кој датира од X-ти до VIII век пр.н.е (само да напоменеме дека овде се работи за многу постар временски период кој датира неколку векови пред доаѓањето на Римјаните на БП) и кој се чува во Археолошкиот музеј на Македонија во Скопје, како и на утоката на Моштичка во Камена река. На последниот локалитет на еден висок рид се зачувани многубројни остатоци од едно мало воено утврдување кое било наменето за одбрана на патот кој водел кон север во реонот на рудниците за олово и цинк.

Временскиот период на изградба на изградба на римските населби и воени-те утврдувања започнал во III-от век кога Римската империја започнала да се соо-чува со напади од северните варварски племиња, а завршил во VI-от век во време на владеењето на византискиот император Јустинијан I (527-565), кога инвазијата

I ГЛАВА

6

Горан МитевскиГоГоГоГорарараранннн МиМиМиМитетететевсвсвсвскикикики

на Словените и го нанела решавачкиот удар на Римската, односно Византиската империја.

Најпознатиот локалитет од тој временски период се наоѓа на ридот „Калата“ на утоката на Каменичка река во Брегалница на местото каде денес се простира вештачката акумулација „Калиманци“. Таму се зачувани бројни остатоци од една голема населба, утврдена со три бедеми. Тие оградувале простор околу 30 до 80 метри, додека на источното подножје постоело подградие и некропола. Со архе-олошки ископувања на овој локалитет била откриена еднобродна црква која и припаѓа на доцната антика од VI-от век.

Една градска населба од доцноримскиот период била откриена во атарот на селото Саса. Друг значаен локалитет е пронајден во атарот на село Дулица кај месноста викана Бегов Даб, каде покрај другото била пронајдена една голема ба-зилика од VI-от век со многу материјални остатоци (керамика, калони, капитоли и др.)

Средновековен период

Неуспехот на византиската офанзива во времето на Маврикиј да ја отфрли огромната словенска маса отаде Дунав ја запечатила еднаш засекогаш судбината на Балканот. Навлегувањето на огромната маса словенски племиња на Балкан-скиот Полуостров од корен ја има изменето етничката слика на овие простори. Староседелското население и римските колонисти немале многу избор при со-очувањето со словенската инвазија, бидејќи морале или да се асимилираат во огромната словенска маса или да се повлечат високо во планините кадешто се занимавале со сточарство. Оние најтврдокорните кои не можеле да се помират со новонастанатата ситуација се повлекувале кон големите утврдени градови на Византиската империја.

Во почетната фаза Словените од религиски аспект му останале верни на своето паганско учење. Верувале во ѕвездите, разни вампири и самовили, натпри-родни духови, принесувале жртви на сонцето и месечината и имале развиен по-литеизам. Христијанското учење во Македонија па и на овие простори се ширело мошне бавно и во повеќе етапи. Првите обиди да се наложи верата во Христос ја направиле токму староседелците. Втората етапа започнала со походите на визан-тиските императори кои со себе воделе и христијански свештеници и мисионери. Меѓутоа без сомнение најголем успех постигнале словенските просветители Ки-рил и Методиј кои околу 855 година ја извеле Брегалничката мисија. Имено во „Со-лунската легенда“ се вели дека Константин Филозоф дејствувал меѓу Словените на Брегалница и тоа во градот Равен. Притоа се споменува дека покрстил т.е кон-вертирал во христијанство 54.000 Словени а освен тоа им напишал и 35 букви со што ги поставил темелите на првата словенска азбука. Бидејќи и нашето подрачје е дел од Брегалничката област сосема е веројатно дека и словенските жители кои живееле на овие простори го примиле христијанството по византиски образец. Ова го потенцираме затоашто Брегалница претставувала важна административ-на територија во рамките на Византиската империја и тоа во нејзиниот горен тек ги опфаќала денешните територии на Пијанец и Малешевската котлина. Освен тоа тоа претставувало и гранична област кон средновековна Бугарија која во овој период била во засилен подем и имала територијални аспирации кон запад, па затоа се сметало дека со покрстувањето Византија би направила верни поданици и следбеници кои би се спротиставиле на походите на воинствените Бугари.

7

Кратка историја на општина Македонска КаменицаКрКрКрКрататататкакакака иииистстстстороророријијијја а а а нананана оооопшпшпшпштитититинананана ММММакакакакедедедедононононскскскска а а а КаКаКаКамемемеменинининицацацаца

Понатамошната историска етапа на овие прос-тори била поврзана со продорот на бугарските сред-новековни армии и воспоставувањето на бугарската воено-административна организација. Овие наста-ни започнале во времето на канот Борис I (852-889) а зенитот бил постигнат во времето кога со бугар-скиот престол владеел Симеон (893-927) најмоќниот владетел на средновековна Бугарија.

Со создавањето на средновековната македон-ска држава на чело со царот Самоил и неговите на-следници Гаврил Радомир и Јован Владислав, овој крај бил вклучен во рамките на Самоиловата држа-ва каде останал се до нејзиниот трагичен крај (1018). По пропаста на Самоиловата држава по барање на новоназначениот архиепископ Јован, Василиј II му дал три грамоти во кои се определени правата на црковните феудалци од Охридската архиепископи-

ја на чело со самиот нејзин архиепископ. Така во I-та грамота од 1019 година меѓу другото стои напишано:

„Епископот на Мородвиз да има во самиот Мородвиз и во Козјак, Славиште,

Злетово, Луковица, Пијанец и Малешево 15 клирици и 15 парици“ 1

Ова е првото споменување на селото Луковица во историските извори.

По обновувањето на Второто бугарско царство (1187-1396) овие простори пов-торно влегле во составот на средновековна Бугарија. Ваквата состојба останала се до втората половина на XIII-от век кога српскиот крал Милутин (1282-1321) за-господарил со овие краеви. Податоци за овие историски настани наоѓаме во „ Биографијата на српските кралеви“ напишана од српскиот патријарх Данило II во која се вели: „Кревајќи се со својата сила, Милутин тргнал кон државата од обла-

стите на грчкото царство кон околните предели, а тоа се овие што ќе ги кажам:

најпрвин ги зеде двата полога со нивните градови и со областа, и славниот град

Скопје, потоа Овче Поле и Злетово и Пијанец“ 2

Во 1282 година била обновена рударската работа во старите римски рудни-ци. Тогаш голем број Саси од Унгарија и Германија бегајќи од монголската наезда дошле во Македонија, вклучително и во овие предели и ја обновиле работата во олово-цинковите рудници.Татковината на Сасите се наоѓала во Саксонија (денес со главен град Дрезден) во југоисточна Германија, кадешто се наоѓаат познатите Рудни планини, кои се простираат покрај северозападната граница на Чешка, и се протегаат до рударската населба Шлезија во југозападна Полска (при гранич-ното тромеѓе Германија-Полска-Чешка). Во областите од тромеѓето на овие три погранични држави постоеле како во минатото така и денеска бројно германско малцинство. Сасите внеле револуција во рударството, кое им донело неброени богатства на феудалните господари за кои работеле, унапредувајќи го животот на на многу полиња. За супериорните техники на рудна експлоатација кои ги употре-бувале Сасите многу малку се знае, бидејќи тие за тоа не оставиле пишувани доку-менти, а тајните на рударењето ги предавале како наследство само на својот род.

Познато е дека останале зачувани неколку зборови кои ги користеле Сасите при рударењето какошто се: утман (рударски надзорник, рудар), фурник (работ-1 Љубен Лапе Одбрани текстови за историјата на македонскиот народ I дел, Скопје 1975, стр. 712 Животи краљева и архиепископа српских, написао архиепископ Данило, издање Ћ. Даничић,

Загреб 1866, 108-109

Сл.1 Св. Кирил и Методиј

8

Горан МитевскиГоГоГоГорарараранннн МиМиМиМитетететевсвсвсвскикикики

ник), шљака (згура), штона (јама) и некои други зборови. Со доаѓањето на Осман-лиите на Балканскиот Полуостров, се губи трагата на Сасите од историскиот хо-ризонт. Можни се две логични претпоставки: или се повлекле во пределите од кадешто нивните предци дошле на овие простори пред неколку векови или пак

Сл. 2 Панорамски поглед кон Сарафската маала

9

Кратка историја на општина Македонска КаменицаКрКрКрКрататататкакакака иииистстстстороророријијијја а а а нананана оооопшпшпшпштитититинананана ММММакакакакедедедедононононскскскска а а а КаКаКаКамемемеменинининицацацаца

останале и понатаму да живеат на ова територија претопувајќи се и станувајќи дел од доминантниот македонски етнос.

По Сасите останало името на денешното село Саса. Се менувале и пари, кај менувачите на пари наречени сарафи во денешната Сарафска маала која се наоѓа над денешниот современ рудник.

Дел од откопаната руда првобитно се топела во Каменица која според на-родните преданија била поголема населба. Оваа област била под управа на круп-ниот феудалец протосевастократорот Хреља, а потоа со неа управувал деспотот Јован Оливер.

Првата половина на XIV-от век на БП се случува нова констелација на поли-тички план. Имено по завршувањето на граѓанската војна во Византија, новиот ви-зантиски император Андроник III согледувајќи го се поголемото зајакнување на српската држава склучил воена алијанса со Бугарија за заеднички напад на Србија.

Србија во тој момент не била спремна за војна на два фронта и се обидела да се смири со Бугарија, но тие обиди завршиле безуспешно. По неуспешните пре-говори Србија одлучила прво да тргне против Бугарија, чии војски пристигнале во долината на реката Струма и биле улогорени кај градот Земен во Македонија. Српската војска пристигнала и се улогорила на реката Каменча (денешната Каме-ничка река).3

Српскиот крал Стефан Дечански сакајќи да добие во време бидејќи голем дел од армијата сеуште не била пристигната, решил да започне иницијатива за преговори кои не успеале. Откако армијата се собрала во овие краишта се упати-ла во пресрет на Бугарите каде на 28 јули 6828* (1330) на границата меѓу Пијанец, Ќустендилското поле и Каменица се одиграла познатата Велбуждска битка која завршила со катастрофален пораз на Бугарите, во која загинал и нивниот цар Михаил.

Оваа битка имала далекусежни последици за судбината на Македонија, за-тоашто ја зацврстила српската хегемонија на овие простори. Во понатамошниот временски период овие наши краеви влегле во составот на феудалните имоти на крупните феудалци Хреља а подоцна и деспотот Јован Оливер.

Хреља бил крупен феудалец кој ја владеел територијата околу Струмица, Штип и Радовиш, и во периодот на осамостојувањето располагал со 1 000 војни-ци и три баштински града што за средновековниот период претставувало зна-чајна сила. По неговата смрт овие предели ги зазела српската војска а потоа со нив загосподарил еден друг крупен феудалец а тоа бил деспотот Јован Оливер. Тој спаѓал во редот на најкрупните феудалци во периодот на српското владеење. Јован Оливер бил богат феудалец. Тоа може да се заклучи по вестите на Јован Кантакузин за средбата помеѓу нив двајцата во 1342 година кога го примал со во-оружена придружба од 2000 луѓе.

Извор на богатството биле рудниците Злетово - Саса, што се наоѓале на тери-торијата на неговиот имот, а во кои работеле прочуените средновековни рудари Саси. Покрај тоа Јован Оливер собирал приходи и од потчинетото население кое му доставувало: „соќе, перперак, пис, димнина, приплата, поклон царски, десеток од жито, вино како и *вскакаго десетка живаго* (овци, свињи, пчели). тревнина, наметак свински и овчи, приселица, псар, и герекар и позоб“.4

3 Атанасовски Александар Македонија во XIV-от век, докторат во ракопис одбранет на Филозоф-скиот факултет во Скопје 1999 год. стр. 45

4 Ibid стр. 139

10

Горан МитевскиГоГоГоГорарараранннн МиМиМиМитетететевсвсвсвскикикики

Последен директен спомен за Оливер имаме од крајот на 1354 година, кога во едно писмо на папата Инокентие VI тој повторно се среќава како еден од блиските феудалци на српскиот цар.

Овие наши краеви во средновековните извори повторно се споменуваат во повелбата на српскиот цар Стефан Душан (1331-1355) со која тој му го потврду-ва наследството на властението на деспотот Оливер на Иванко Пробиштиповиќ. Повелбата завршува со зборовите: „Во Христа бога верен Стефан, цар на Срби и

Грци по заповед на господинот царот, кажа Жарко идејќи од Солун на Луковица,

во месец мај на 28-от ден 1350 година“. 5

Во втората половина на XIV век овие краеви влегле во составот на кнеже-ството на Константин Дејановиќ. Во составот на ова држава влегувале: Штип, Сту-мица, Велбужд, Краиште, Врање, Прешево, Жеглигово, Злетово, Кочани, Пијанец, Малешево, Петрич, Мелник, Радовиш, Дојран, Боемија, Тиквеш и Велес, практич-но „цела Македонија источно од Вардар, вклучувајќи ги Мелник и Рила и допира-ла до близу Сер и скоро до Солун“.6

Во периодот на Дејанови продолжила да се експлоатира рудата во Осогов-ските планини, пред се во Кратово, Саса и Ќустендил. Рудниците биле државна сопственост. Дејанови имале силна и организирана војска. Издршката на војска-та била од богатите рудници. Главната ударна војска се состоела од наемници кои биле спремни да стапат во акција во секое време.

Втората половина на XIV век се карактеризаирала со политичка расцепка-ност на Балканот и Македонија. Оваа политичка расцепканост и неединство на балканските владетели ја искористиле Турците Османлии. По катастрофалниот пораз на Волкашин и Углеша Мрњавчевиќ во битката на реката Марица на 26 јуни 1371 година, Османлиите ја искористиле ситуацијата за навлегување во Македо-нија и тоа се одвивало во повеќе етапи.

Во 1386 година турскиот султан Мурат I лично се ангажирал на Балканот и тогаш нему му се потчинил Константин Дејанов, така што поголемиот дел од Источна Македонија паднал под врховна османлиска власт. Овој средновековен владетел немал друг избор бидејќи ако се спротиставел ризикувал да ја осети врз себе сета сила на османлискиот напад или да се најде во неблагопријатна полож-ба кон своите соседи-вазали, на кои османлискиот сизеринитет им осигурувал привремено спокојство и дури можност за привремено проширување.

Но иако станал вазал Константин Дејанов се до 1389 година располагал со голема самостојност. Тој и понатаму останал врховен господар на својата земја и рудниците во својата држава. Под своја власт имал кнезови, кефалии, севаст и други великодостојници. Константин го задржал правото да подарува имоти. За внатрешната самостојност Константин му доставувал на Мурат годишен да-нок (џизие и харач), а во случај на потреба бил должен да учествува во војна со својата коњаница, како и во секое време непречено да ја пропушта османлиската армија низ сите територии кои ги управувал. При еден воен поход против влаш-киот војвода Димитар Мирче, Константин Дејанов загинал на 17 мај 1395 година во бојот кај Ровине борејќи се на страната на турскиот султан Бајазит I Јилдирим (1389-1402). Неговата смрт означила дефинитивен крај на неговата држава. Има-ме податоци дека во 1410-1413 година со државата која ја владеел управувал некој си војвода Јусуф, но за него не се знае многу, кој е и од каде бил.

5 Љубен Лапе Одбрани текстови...171, види и Одабрани споменици српског права, Београд 1926 год. стр. 150-152

6 А. Атанасовски Македонија во XIV век, 258-259

11

ПЕРИОДОТ НА ТУРСКОТО ВЛАДЕЕЊЕ ДО ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА

Не постои друг историски процес кој оставил такви далекусежни последици врз судбината на балканските народи како периодот на турското освојување и по-лумилениумското владеење со овие простори. Османлиските освојувачи како не-запирлива лавина една по една ги збришувале некогаш моќните средновековни балкански држави и воспоставиле нов поредок во овој дел од светот. Со тоа над Балканскиот Полуостров се надвиснал периодот на темната турска ноќ олицетво-рена во еден нов феудален систем, зацврстена со каноните на шеријатот, поставе-на врз огромната ударна моќ на османлиската армија а пред се со наложувањето на една многу поинаква култура, институции и инородната за балканските наро-ди вера, исламот.

За жал не постојат повеќе пишувани податоци кои се однесуваат директно за овој крај и тоа за периодот од првите векови од отоманското владеење со овие краеви. Сепак од султанските наредби за околните градови и регионот и со вни-

II ГЛАВА

Сл. 3 Поделбата на Македонија на санџаци од XV до XVII век

12

Горан МитевскиГоГоГоГорарараранннн МиМиМиМитетететевсвсвсвскикикики

мателна историска реконструкција на настаните можеме да утврдиме дека живо-тот на населението од ова територија бил доста тежок. Од материјалните остато-ци со сигурност е утврдено дека рударството на Осоговските планини замрело а истотака исчезнале и населбите кои се наоѓале покрај патиштата. Населението се повлекло повисоко во планините каде пред се се занимавало со сточарство и делумно со земјоделство, бидејќи суровите планински услови а и бонитетот на земјиштето не дозволувале оваа примарна гранка да се развие во задоволителна мера.

Во административен поглед овој крај бил во составот на Ќустендилскиот санџак, додека во црковен поглед бил во составот на Охридската архиепископија, а потоа под јурисдикција на Пеќската патријаршија од нејзиното обновување во 1557 година па се до укинувањето во 1766 година.

Каменица како населба се споменува во еден од турските пописни дефтери на Отоманската држава а кој се однесува на периодот од 1570-1572 година. Во него се наведува дека Каменица имала 80 христијански семејства и 59 неженети. Во селото имало 5 воденици и 10 валевици за валање на волнени производи со кои тогаш се служело месното население.

Немаме многу податоци дали била развиена дејноста на препишување цр-ковни книги но затоа со сигурност се знае дека првиот македонски печатар е од овие краеви. Станува збор за Јаков од Камена Река. Потекнувал од свештеничко семејство. Во обновената печатница на Божидар Вуковиќ отпечатил часослов на црковнословенски јазик (1566) украсен со илустрации, знаменца и вињети. Еден добро зачуван примерок има и НУБ „Климент Охридски“ во Скопје.7

Во записот тој за себе вели: „По за-

повед и по провидение на великиот бог

наш Исус Христос се потрудив за овие

печатени (јас) недостојниот и најмали-

от меѓу луѓето Јаков, бидејќи се грижев

од многу време и години за ова работа по

светите книги. Излегов од Македонија,

татковината моја, и дојдов во западниве

земји близу до стариот Рим, во град Вене-

ција, и таму ги затеков старите калапи

на војводата Божидар кај неговиот син

Винченцо од многу старо време се печа-

теле и почнав да ги печатам овие мали

книги: часословите, сите годишни собо-

ри од месец септември до месец август,

тропарите, катадневните кондаци, вечерните псалми, утренија и сите часови

по ред, и светиот убрус, и кириловата паскалија, и параклисот богородичен, и

целата катависија, и словата за сите години, и песните Мојсееви, сето ова го

составив за секаква потреба. Поради ова го молам господа бога да ми помогне на

ова работа што почнав да ја пишувам.

А јас, Јаков, родум и со татковината бев во полите на ОсоговскаПланина,

близу Ќустендил од местото Камена Река, од поповски и виден род во тие места

уште од стари времиња. И ако нешто згрешив со раката или со јазикот, грубо

или неисправно, ве молам сите вас и ви коленичам да ми простате...

7 Македонска енциклопедија, книга 1, Скопје 2009, стр. 655

Сл. 4 Часословот на Јаков од Камена Река

13

Кратка историја на општина Македонска КаменицаКрКрКрКрататататкакакака иииистстстстороророријијијја а а а нананана оооопшпшпшпштитититинананана ММММакакакакедедедедононононскскскска а а а КаКаКаКамемемеменинининицацацаца

Почнаа да се печатат овие книги во годината седум илјади и седумстотини

и четири (1566) мај петнаесетти, а завршија на 30 август во многу особениот

град Венеција.“ 8

Во првите налети Турците воделе сметка да не го предизвикуваат локалното население, бидејќи им требала сигурна позадина дури ги воделе нивните освоју-вачки кампањи низ Балканот. Меѓутоа по целосното загосподарување на Балкан-скиот полуостров во времето на Сулејман Величенствениот дошла до полн израз суровоста на отоманското владеење. Периодот на XVIII век кога дошло до криза во Османлиската империја во сите сегменти, дошло и до зголемување на дано-ците, разни форми на репресалии и пљачкосувањата на разни башибозучки орди што допринело до тоа да се појават пасивни и активни форми на отпор. Активни-от отпор бил изразен преку ајдутството. До ден денешен во атарот на селото Саса опстојува еден планински извор познат како „Ајдучка чешма“ нем сведок на едно поминато драматично херојско време. Особено силни репресалии населението од овие краишта доживеало по крвавиот крај на Разловечкото востание (1876), а посебно по Руско-турското примирје (3 март 1878 год. Сан Сантефано) и преста-нувањето на двомесечната слобода на Пијанец. Пред страв од турската одмазда еден дел од населението се повлекло преку границата и се населиле во Ќустен-дил, Бугарија.

Кај Владимир Караманов наоѓаме податоци дека од овие краеви во Бугарија се префрлиле:

Дулица 2 семејства со околу 12 души

Моштица 1 семејство со 4 души

Косевица 1 семејство со околу 7 души

Каменица 1 семејство со околу 7 души

Во најголем број овие несреќни луѓе заедно со маса други бегалци од Ма-лешевијата и Пијанец во Ќустендил се населиле во населбите „Велбожд“ и „То-полница“. Доселените од овие краеви работеле како наемни работници наднича-ри потоа занаетчии итн. Еден дел од овие работници со својата трудољубивост, чесност и бистрина предизвикувале восхит кај тамошното население. За жал оние кои останале на своите родни огништа во вистинска смисла на зборот го почуствувале турскиот гнев.

Некои Турци од село Калиманци, Кочанско отишле во с. Дулица, го убиле Петар Златков и му го зеле житото од амбарот. По неколку дена во истото село дошол Шабан ага од Кочани со група Турци и отседнал кај семејството Дамјанови кои имале слепо 17 годишно девојче. Безмилосниот ага немал ни срам ниту грев, па посегнал по девојчето. Нејзе ја силувал а татко и го убил. По десет дена истиот силеџија се вратил во селото со 135 души придружници и ги убиле во нивниот дом Стојко и жена му. Селанецот Стојан Петров го врзале за гредите во куќата, обесен со главата надолу и ја запалиле куќата. Странските патеписци кои поминувале низ овие краеви ни оставиле многубројни вакви потресни сведоштва.

По формирањето на МРО (23 октомври стар стил, 4 ноември 1893 година нов стил) во Солун и ширењето на нејзините ќелијни јадра населението од овие кра-еви го продолжиле духот на слободарските традиции.

Имено во 1896 година, како задграничен претставник на организацијата во Софија, Гоце Делчев го организирал кочанскиот канал кој поминувал преку под-

8 Љ.Лапе Одбрани текстови... 229

14

Горан МитевскиГоГоГоГорарараранннн МиМиМиМитетететевсвсвсвскикикики

рачјето на денешна Македонска Каменица. Овој канал поминувал преку клисури-те на селото Саџеник за Саса, а од таму за Кочани. Главниот пункт бил во селото Саса а најпознат курир дедо Ампо од Саравското маало. Во 1901 и 1902 година во Саса имало складиштен а Внатрешната организација. Во ова село престојувале четите на Аргир Манасиев и Маказлиев. Во ноември во истото ова село отседнала четата која била позната како Кочанска чета. Делчев во таа чета го испратил и Ефрем Георгиев со неговите четници, а подоцна таму отседнувал и војводата Сава Михајлов со својата чета.

Иако во времето на Илинденското востание на ова подрачје немало ди-ректни судири помеѓу востаничките чети и турскиот аскер, по востанието имало судири помеѓу четите кои по крвавиот крај на востанието се враќале назад кон Бугарија. Од друга страна турската власт знаејќи за овие патишта постојано ги контролирала и држела мобилни единици на теренот. Така при една проверка во месец јули 1903 година, турските војници во близината на селото Саса откриле еден склад со пушки, муниција и 360 кг динамит. Тоа не било случајно бидејќи преку каналот Саженик- Саса, Павел Шатев пренесувал експлозив за Солунските атентатори. Последните количини динамит успешно биле пренесени по релација-та Ќустендил- Кочани-Велес-Солун. Во Кочани го прифаќал Тодор Александров.9

Откривањето на ова голема скривница со оружје им била добредојдена на турските власти да преземат различни мерки на репресија врз населнието. Во една таква акција учествувале лично мудурот на Царево Село, Хабиб ага и офице-рот Мехмед ага со полициска придружба за проверка на овие села. Голем број од

9 Списание Историја год. XXXIX Скопје 2003 број 1-2 стр. 51

Сл. 5 Клисурите кон селото Саженик

15

Кратка историја на општина Македонска КаменицаКрКрКрКрататататкакакака иииистстстстороророријијијја а а а нананана оооопшпшпшпштитититинананана ММММакакакакедедедедононононскскскска а а а КаКаКаКамемемеменинининицацацаца

селаните бегале во планините или преку границата во Бугарија. Но уште поголем бил бројот на оние кои биле изложени на терор и измачувања. Покрај другите од таквите измачувања починал Коце Стојков од село Цера. По завршувањето на востанието имало неколку судири помеѓу четите кои се повлекувале кон Бугарија од востаничките реони од западна Македонија и турските единици.

Најжестокиот судир се одиграл помеѓу четата на војводата Христо Чернопе-ев со турскиот аскер во атарот на селата Косевица и Костин Дол.

Овој судир бил одличен повод за масовно насилство врз населението од овие сиромашни краеви. Нервозни што и покрај сите напори не успеале да ја уништат четата, турските војници сиот свој бес и омраза го истуриле врз мирното населе-ние. Така во с. Косевица влегле во куќата на Здравко Димитров кој имал 7 члена во семејството, му ја ограбиле куќата и му ги силувале двете ќерки и двете снаи. Биле ограбени и куќите на Ѓорѓи Цветков и Насе Петров а на Арсо Симонов кој имал 8 члено семејство, турските војници му одзеле 30 овци и 20 говеда и му ја силувале жената. На Стоица Миленов му биле одземени 10 овци и целата покуќ-нина. Во Костин Дол на Коста Јанчев со 7 члено семејство му зеле 16 овци, 2 говеда и целата покуќнина. На Сокол Спасов, Велин Костадинов и Ѓорѓи Цветков им зеле по 20 овци, 10 говеда, 3 кошари пчели, по 10 оки масло итн. Во Луковица на Начо Димитров со 7 члено семејство наполно му го ограбиле имотот.

Насилниците му го напаѓале највредното на сиромашното македонско насе-ление. Им го ограбувале тешко стекнатиот имот во тие сиромашни ридско-пла-нински села, им го земале добитокот кој им служел за обработка на земјата, за пренесување товар, исхрана итн. Не помала болка за семејствата а особено за женскиот свет бил процесот на насилно потурчување. Така во предвечерието на Балканските војни од с. Цера била грабната Петрија Велинова и потурчена во село Ѕвегор, Царево Село (ден. Делчево). Од истото село била потурчена и Вана Стаменкова. Исмаил ага од Кочани ја грабнал и ја потурчил Ѓурѓена Захариева од Саса. Имало потурчени жени и од Костин Дол, Моштица и од Тодоровци.

Последните години од турското владеење во Македонија се карактеризираат со криза во сите сегменти на економскиот и општествено-економскиот живот.

Сл. 6 Четата на војводата Христо Чернопеев

16

Горан МитевскиГоГоГоГорарараранннн МиМиМиМитетететевсвсвсвскикикики

Насетувајќи го својот неминовен крај, Османлиите преземале засилени мерки за утврдување на граничната линија кон Бугарија. Така во Каменица, Саса, Цера, Косевица и Тодоровци биле отворени воено полициски станици. Во село Косеви-ца била изградена касарна со 5 одделенија регуларна турска војска. Непосредно пред Балканските војни поголем број граѓани од овие области биле жртви на са-моволијата на полицијата, војската и башибозуците.

Од Цера, Гоце Ѓергински и син му Јованчо биле убиени во месноста В' чкова маала. Неговиот помал син бил убиен во месноста Крива нива. Ампо Овчаров од Луковица бил мачен а потоа обесен во Пехчевскиот затвор. Од Дулица, Ѓошо Јуру-ков со уште двајца селани од маалата Црвениките во присуство на семејството и насобраните селани биле избодени и заклани од турските заптии. Од Турци разбој-ници во Саса биле убиени Гоше Каменаров и син му Станоја. Од Моштица на Моне Захариев, разбојниците му ги скршиле рацете а потоа го боделе со дрвено шило.

18 октомври 1912 година, со објавувањето на Војна од страна на Србија, Гр-ција и Бугарија на Турција започнала Првата балканска војна.

Македонското население со големо воодоошевување масовно се вклучувало во редовите на балканските армии, сметајќи дека е дојден часот за ослободување од пет и пол вековното турско ропство и формирање на своја независна држава. Сигурно дека ентузијазмот ни оддалеку не би бил толку голем кога би ги знаеле вистинските намери и цели на здружената балканска воена алијанса против ото-манските поробувачи.

Овдека се одиграл и еден немил настан кој бил во потполност спротивен со целите и етиката на христијанската вера, силата на простувањето и заедничкиот соживот. Дел од населението од ова територија со сета жестина се нафрлил врз турското население сакајќи да им вратат мило за драго за сите нанесени болки, страдања и понижување во изминатиот временски период. Во овие крвави пиро-ви особено предничел Крив Манчо од с. Дулица кој организирал невиден колеж над турското население од соседното село Калиманци, притоа не жалејќи ги ниту малите деца.

Христијанските сојузници во оваа војна се покажале спрема Турците како варвари и дивјаци. Тие веднаш ги заборавиле високите и благородни идеали поради кои тргнале во војна и се претвориле во обични пљачкаџии и разбојни-ци. Можеби за 100 години турската управа во Македонија не им направила на христијаните толку неправди колку што христијанските завојувачи им направиле на Турците за еден месец.10

Во I-та Балканска војна, Каменичкиот крај влегол во составот на „Македон-

ското воено губернаторство“ на чие чело се наоѓал бугарскиот генерал Иван В'лков. Од друга страна ова губернаторство било поделено на окрузи, а тие на околии и општини. Каменица и околните населени места влегле во составот на Царевоселската околија во рамките на Штипскиот округ. Спротивно на меѓуна-родното воено право и усвоените конвенции за окупираните подрачја, окупатор-ските армии започнале со регрутација на локалното население.

Малку биле овие нови несреќи и страдања кога на 29 јуни 1913 година за-почнала II-та Балканска војна, кога Бугарија започнала ненадејна воена акција против своите довчерашни сојузници Србија и Грција за поделба на Македонија.

Населението од овој крај сакало или не сакало било директно ангажирано на фронтот. Од него се земала храна за војниците, се барало згрижување на ранети-те, му се уништувале посевите итн. За време на Српско-бугарската војна пљачката

10 Љубен Лапе „Одбрани текстови за историјата на македонскиот народ“ II дел, Скопје 1975, стр.821

17

Кратка историја на општина Македонска КаменицаКрКрКрКрататататкакакака иииистстстстороророријијијја а а а нананана оооопшпшпшпштитититинананана ММММакакакакедедедедононононскскскска а а а КаКаКаКамемемеменинининицацацаца

била неверојатна. Каде минала војската не оставила ништо: народот останал без никаде ништо. Во тој поглед особено се истакнале браќата Црногорци. Нивните постапки најдобро можат да се објаснат со стиховите на Његош кои гласат: „Па

опусти земљу свуколику, ка скакавац што земљу опусти“ 11

Највеќе настрадало селото Цера, кадешто населението буквално немало веќе што да јаде.

Една од најкрвавите битки во Втората балканска војна се одиграла во мес-носта Говедар кој се наоѓа во атарот на селата Цера, Дулица и денешната насел-ба Македонска Каменица. Од едната страна се наоѓале српските и црногорските војници, а од другата бугарските. После жестоката артилериска канонада биле преземани силни јуриши со бајонети кои преоѓале во безмилосни борби гради во гради. По тие крвави борби со бајонетите, српските и црногорските војници се повлекувале преку реката Брегалница која била многу надојдена од обилните вр-нежи, па затоа биле приморани да ја преминуваат реката таму кадешто коритото било најтесно. За полесно да ја преминат реката се фаќале под мишки и во низа правејќи човечки синџири.

Во повеќето случаи збеснатата матна вода ги кинела низите и војниците ма-совно се давеле во неа. Коските на дел од загинатите војници биле соберени и денеска се чуваат во спомен костурницата во подрумот на училишната зграда во селото долна Цера.

Војната била безмилосна. За тоа како едната страна се однесувала кон дру-гата, а посебно каков бил нивниот однос кон месното население, доволно подато-ци има во извештајот на Карнегиевата комисија* за Балканските војни.

11 Ibid стр.821

Сл. 7 Поглед на училишната зграда во село долна Цера

* Raport of the international commission to Inquire into the Causes, and Conduct of THE BALKAN WARS, WASHINGTON D.C 1914. Членови на Карнегиевата комисија која ги испитувала злостор-ствата од Балканските војни биле: д-р Јозеф Редлих (Австрија), барон Д‘Естурел де Константин и Жјустен Годар (Франција), д-р Волтер Шјуклинг (Германија), Франсис Ј. Хрст и д-р Брејлфорд Х.Н (Велика Британија), проф. Павел Милјуков (Русија) и д-р Самуел Т. Детен (САД)

18

Горан МитевскиГоГоГоГорарараранннн МиМиМиМитетететевсвсвсвскикикики

Меѓутоа особено потресни сведоштва за тој безмилосен крвав конфликт ос-тавил бугарскиот студент Људмил Спасов кој со бугарската војска учествувал во борбите на Калиманското поле во Втората балканска војна. Подоцнежниот ака-демик со сета горчина и презир зборувал за мрачното демонско лице на војната и сите ужаси што ги претрпеле војниците од обете спротиставени страни, а кои морале со ѕверска омраза да јуришаат еден кон друг и безмилосно да се убива-ат само да се задоволат политичко-воените интереси на нивните тогашни елити. Според официјалните податоци во ова Брегалничка битка против Србија, Буга-рија ја ангажирала 4- та армија (7 рилска дивизија, 9 туџанска дивизија, 3 дивизија и 2-та тракиска дивизија.). Србија ги ангажирала 1 и 3-та армија (175 000 војници, 62 артилериски батерии и 34 коњанички ескадрони). Битката започнала ноќта на 30 јуни а завршила на 31 јули 1913 година. Српската војска имала 16 200 загинати и ранети, а бугарската околу 25 000 војници.12

Војната завршила со склучувањето на Букурешкиот мировен договор од 10 август 1913 година. Овие области по распарчувањето на етногеографското ткиво на Македонија влегле во составот на Србија и како такви останале се до вклучу-вањето на Бугарија во Првата светска војна од 14 октомври 1915 година. Оваа те-риторија влегла во составот на Штипскиот кој подоцна бил преименуван во Бре-галнички округ.

По завршувањето на Втората балканска војна иако тука била воспоставена српска власт, подрачјето воопшто не било мирно. Во овој пограничен реон а и во другите делови на Македонија дејствувале четите на Тодор Александров и Алек-

12 Македонска енциклопедија, книга 1... стр 232

Сл. 8 Спомен костурницата на загинатите војници во Втората Балканска војна

во селото долна Цера

19

Кратка историја на општина Македонска КаменицаКрКрКрКрататататкакакака иииистстстстороророријијијја а а а нананана оооопшпшпшпштитититинананана ММММакакакакедедедедононононскскскска а а а КаКаКаКамемемеменинининицацацаца

сандар Протогеров кои преземале најразлични акции против институциите на српската власт. Не можејќи да им се одмаздат на четниците, српската војска и жандармерија сиот бес го истурале врз обичниот народ. Тоа посебно се чувству-вало во ова погранично подрачје.

Српските власти се обиделе да организираат и училишна активност, меѓутоа тоа одело многу тешко па речиси и невозможно. Една од активностите на четите на Организацијата била да се спречува регрутацијата на македонското население за служење во српската војска, а за тие што веќе биле во редовите на таа војска да се организира бегство. За реализација на таа задача тие формирале цела мрежа со пунктови за емиграција во Бугарија. Еден таков пункт бил отворен во селото Саса.

Ваквата непослушност и отпор против српската окупација предизвикале мерки на терор врз месното население.

Жандарите масакрирале 30 души фатени бегалци на границата и 3 присилно мобилизирани младинци од Луковица и ги закопале во долниот дел на Камени-ца во месноста „Јуруците“. Нивната гробница била откриена во 1986 година од градежните работници кои на тоа место копале темели за станбени згради. Во втората половина на август 1914 година, во селата од каменичкото подрачје, од српските потерџии биле тепани, затворени и убиени повеќе од 200 лица, помеѓу кои 122 дезертери од други места. Во тој поход низ Осоговските планини војници-те и жандарите силувале повеќе жени и девојки.

20

21

КАМЕНИЦА ЗА ВРЕМЕ НА ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА

На 28 јули 1914 година со нападот на Австро-Унгарија врз Србија започнала Првата Светска војна. Во почетокот српската војска имала значителни успеси ус-певајќи во повеќе наврати да ја отфрли огромната австро-унгарска армија во ре-шавачките битки на планината Цер и реката Колубара. Централните сили сакајќи по секоја цена да го ликвидираат Балканскиот фронт успеале да ја придобијат Бу-гарија на своја страна ветувајќи и дека по завршувањето на војната ќе и ја отстапат цела Македонија и Србија од реката Мачва. Бугарскиот цар Фердинанд Саксоко-буршки раководејќи се од големобугарските цели ја вовлекол Бугарија во војната.

На 14 октомври 1915 година бугарскиот кнез Фердинанд со специјален ма-нифест и објавил војна на Србија по што уште истата ноќ бугарските армии тр-гнале во офанзива. Во составот на бугарската армија биле вклучени голем број Македонци од многубројната македонска емиграција во Бугарија. Од нив била формирана познатата 11-та македонска дивизија под команда на мајорот Петар Дрвингов од Кукуш. Покрај тоа голем број Македонци биле регрутирани во дивер-зантските чети на Тодор Александров.

Територијата на општината Македонска Каменица била окупирана од II- та бугарска армија со која командувал генерал Георги Тодоров. Оваа силна форма-ција (90 000) војници добила задача да ја заземе цела Македонија, да го заштити беломорскиот брег и границата кон Грција. Четвртата колона од оваа армија уште првиот ден успеала да ги заземе овие краеви. Веднаш по окупацијата се пристапи-ло кон воспоставување воено-административна власт. Ништо подобри кон маке-донското население не биле ни бугарските војници. Биле вршени големи реквизи-ции на храна и добиток без да им се плати на сопствениците, а машкото население било регрутирано во бугарската армија и носено да се бори на Солунскиот или Македонскиот фронт каде гинело за туѓи интереси. Сето тоа довело до масовно дезертирање на војниците од фронтовата линија но и до бегање по разни места за да се одбегне регрутацијата. За да го заплаши населението и за да ја одржи дисци-плината на потребното ниво, бугарската воена команда формирала „преки воени судови“ кои по кратка постапка ги стрелале фатените воени дезертери.

По пробивот на Солунскиот фронт и претрпената воена катастрофа Бугарија повеќе немала никаков избор. На 25 септември 1918 година Министерскиот совет донел одлука да се бара примирје од сојузниците. Истиот ден во Солун пристигнала бугарската воена делегација предводена од ресенчанецот Андреј Љапчев, тогашни-от воен министер на Бугарија. Делегацијата била примена од францускиот генерал Франш Д' епре, главниот командант на сојузничките сили на Солунскиот фронт.

Преговорите биле водени во Солун и на 29 септември 1918 година било потпи-шано Солунското примирје за прекратување на војната кое во суштина претставу-вало капитулирање на Бугарија.

III ГЛАВА

22

Горан МитевскиГоГоГоГорарараранннн МиМиМиМитетететевсвсвсвскикикики

КАМЕНИЦА ВО ПЕРИОДОТ ОД 1919 ДО 1944 ГОДИНА

По завршувањето на Првата светска војна Вардарскиот дел на Македонија влегол во границите на новоформираната држава Кралство на Србите, Хрватите и Словенците. Во ова државна творба, во која влегле пет формирани нации но, која според нејзиното уставно устројство била декларирана како еднонационал-на, односно дека во неа живее еден троимен народ српско-хрватско-словенечки-от, а во која не било признаено ниту споменато постоењето на другите, меѓу кои и на македонскиот народ, поголемиот дел од власта бил во рацете на српските политичко-воени-полициски власти коишто ја спроведувале големосрпската по-литика на српската династија Караѓорѓевиќ и на српските граѓански партии.13

Веднаш по завршувањето на војната во регионот на Источниот дел на Маке-донија новата власт вршела масовни тероризирања на месното население. Биле вршени масовни апсења и претепувања на лицата кои во време на војната помеѓу 1915 до 1918 се бореле на страната на бугарската војска. Властите тие лица ги на-рекувале „бугарски комити“ и со нив се однесувала многу сурово.

За да ја обезбедат граничната линија, српските власти започнале со утврду-вање на границата и изградба на голем број караули.

До денешен ден се зачувани остатоците од некои од тие воени објекти кои биле градени со бесплатна работна рака од тамошното население. Границата била обезбедувана на тој начин што долж граничната линија била поставувана

13 Бранко Петрановиќ Југославија 1918/1984, Београд 1985, 177

Сл. 9 Остатоци од српска погранична караула во близина на врвот Руен

23

Кратка историја на општина Македонска КаменицаКрКрКрКрататататкакакака иииистстстстороророријијијја а а а нананана оооопшпшпшпштитититинананана ММММакакакакедедедедононононскскскска а а а КаКаКаКамемемеменинининицацацаца

жица на која биле поставувани ѕвончиња или кучиња кои требало да алармираат ако некој илегално би се обидел да ја премине границата. Во долините на гранич-ната линија биле копани длабоки јами и ровови во кои биле набивани заострени колци на кои требало да се набодат илегалните минувачи.

Веднаш зад воените објекти следувале жандармериските станици. Такви ис-постави биле отворени во Костин Дол, Косевица, Каменица и Саса со испоста-ви во Цера и Дулица. Жандармериската станица во Каменица била сместена во објектот во кој денес се наоѓа современата полициска станица и во својот состав имала 4 жандари, писар и посебен службеник кој ги водел деловодните книги. Караулите и станиците имале голем број на војници и жандари, но и покрај тоа за што поуспешно да го спроведуваат големосрпскиот хегемонизам и да го спре-чат навлегувањето на чети од Бугарија, српските власти организирале посебни ударни чети од месното население. Ваквите контрачети биле меѓу народот биле познати како „црни чети“. За таква намена служеле четите на Ѓорѓи Димитров од Тодоровци и Јанко Помако од Цера.

Стравот на српските власти доаѓал од фактот што народот од овој крај од-лично се сеќавал на т.нр „прво“ српско 1913-1915 и на разни начини се борел про-тив истата. Освен тоа постоела реална опасност за возобновување на формите на отпор против српската власт во тој момент од страна на Македонците кои веќе биле пребегани во Бугарија но и до активирање на незадоволството на локалното македонско население. Во тие рамки, српските власти гледале голема опасност и од дејствувањето на четите на ВМРО на Тодор Александров и Александар Прото-геров, кои поради отпорот на народот против србизацијата на овој регион, нашле погодна почва за своите четнички вооружени акции.14

14 Списание Историја год.XXXIX… 122

Сл. 10 Четата на Тодор Александров

24

Горан МитевскиГоГоГоГорарараранннн МиМиМиМитетететевсвсвсвскикикики

Сепак и покрај сите преземени мерки на обезбедување не можело да се спре-чи навлегувањето на „автономистичките“ чети на Тодор Александров.

Уште во пролетта 1920 година Тодор Александров и Александар Протогеров навлегле со вооружени чети во Вардарскиот дел на Македонија и тоа најпрво во Осоговските планини. Во првите години четите кои преминувале во Македонија биле составени од 20 до 30 комити. Во март 1924 година со решение на Тодор Александров нивниот број се намалил на дванаесетина, заради поефикасно ма-неврирање и опасноста полесно да бидат откриени од државните воени и поли-циски сили, а особено да не се изложувало населението на опасност и да не се давале непотребни жртви.15

Во близината на селото Цера во месноста Милев Камен била организирана стражарница, од која четниците на Александров го следеле движењето на срп-ските воено-полициски сили на тој дел од теренот. Стражарницата била изгра-дена во недостапно место, добро камуфлирана и одлично опремена со оружје за одбрана.

Покрај тоа во периодот од 1920 до 1923 година во таа месност биле изграде-ни и две мали куќички во кои престојувал Тодор Александров и неговите војво-ди. Такви две имало во маалото Кукли. За истата цел биле користени куќите на Наум Митев и Цена Христова од Бизиково, мало селце сместено во подрачјето на пространа дабова шума во ридест стрмен терен испресечен со длабоки долини и високи карпи. Централната скривница за Организацијата ја изградиле селаните од Дулица и истата се наоѓала во месноста Пашков Камен. Од селото Дулица, Александров назначил и двајца војводи од локалното население. Тоа биле Ди-митар Медарот и Харалампие Златанов алијас „Шарен Ампо“. Последните биле задолжени да ги рашират краците на организацијата и да формираат одреди на селска милиција.

Во март 1921 година, поради се поголемото навлегување на комитски чети, повторно се актуелизирало прашањето за заштитеноста на границата кон Буга-рија. Началникот на Брегалничкиот округ, Радивој Јовановиќ, по извршената ин-спекција на границата, заклучил дека огромни простори кон бугарската граница биле незаштитени, преку кои можело да помине не само комитска чета тука како што истакнал началникот цела дивизија. Тој понатаму вели дека бил мал бројот на пограничните стражари а и на жандарите. Од тие причини тој се залагал да се зголеми бројот на подвижните (крстаречки) единици а и да се формираат коња-нички чети. По повод новите комитски напади во мај 1921 година биле засилени сите жандармериски станици и воени одделенија. Поради потребата од повеќе жандарми, Министерството за внатрешни работи на Кралството СХС во спогод-ба со воениот министер регрутирало околу 2000 нови жандари од редовите на војската кои биле испратени во „јужните краишта“.

Се почестите судири на жандармеријата и војската на Кралството со комит-ските чети, ја принудиле власта во јули 1922 година, да ја засили Вардарската дивизиска област со уште поголеми сили. Така подрачјата во кои спаѓале: Крива Паланка- Царев врв- Саса- Каменица- Драмче- Царево Село- Панчарево- с. Црник- Пехчево- Берово- Босански Кол- Ново село биле првата линија на разместување и одбрана. Во селата Саса, Каменица и Драмче имало еден батаљон од XVI-от пеша-диски полк вооружени со најсовремено оружје.

Овие податоци ни говорат дека во Вардарскиот дел на Македонија посебно во нејзиниот Источен дел владеела вистинска воена состојба.

15 Група автори Златна книга, 100 години ВМРО, Скопје 1993 стр. 163

25

Кратка историја на општина Македонска КаменицаКрКрКрКрататататкакакака иииистстстстороророријијијја а а а нананана оооопшпшпшпштитититинананана ММММакакакакедедедедононононскскскска а а а КаКаКаКамемемеменинининицацацаца

За спречување на комитските акции во Вардарскиот дел на Македонија, ре-жимот на Кралството СХС се борел со сите расположливи средства. Биле распи-шани големи награди за фаќање на водачите и војводите на ВМРО. За воведување ред и мир во Источна Македонија биле распоредени околу 35 000 војници, жан-дарми, граничари и четници, а од вкупно 17 000 жандарми колку што имало во Кралството 12 000 биле распоредени во вардарскиот дел на Македонија.16

Покрај многубројните воени и жандармериски единици, државните власти на Кралството СХС, во септември 1923 година во Штип формирале „Здружение за борба против бугарските бандити“ за вооружена теренска борба против четите на ВМРО. Нивниот број изнесувал околу 20.000 вооружени луѓе под команда на стари српски четници и активни офицери, меѓу кои биле и бившите војводи на ВМРО, Григор Циклев, Стојан Мишев и Мите Соколарски.

Покрај судирите со српските сили, на ова подрачје се случувале и меѓусебни пресметки помеѓу Александров и неговите противници. На 5 октомври 1921 го-дина во близината на селото Саса бил разоружан и убиен кратовскиот војвода на ВМРО, Дончо Ангелов. Овој војвода отпрвин бил голем приврзаник и близок сора-ботник на Тодор Александров а подоцна негов голем противник. Ангелов сметал дека требало да се свика конгрес на организацијата, да се изработи план за идна-та активност и да се избере нов ЦК на ВМРО, бидејќи години наназад составот на ЦК бил спорен поради фактот што Организацијата дестина години немала одр-жано Конгрес. Со цел да се надминат меѓусебните недоразбирања, кратовскиот војвода по добиената покана од Александров се упатил кон селото Саса со 4 чет-ници придружба каде лично се сретнал со Александров. Кратко време по средба-та бил фатен и разоружан од четниците на штипскиот војвода Иван Јанев - Брло, изведен надвор од селото и ликвидиран. Раководството на ВМРО ова убиство го оправдувало со разбојничката активност што според нив овој војвода ја преземал врз македонскиот народ од тој крај.

Со цел да го држи населението настрана од ВМРО и да го спречи да им дава храна, засолниште и информации на четите, српската власт преземала големи воени рации. Во еден извештај од 16 август 1923 година одговарале за комитска организација четворица луѓе од Саса, двајца од Косевица и еден од Дулица.

Во сличен извештај од 10 јануари 1924 година се даваат податоци дека од тој крај биле притворени и одговараат по Член 1 и 2 од Законот за заштитан а држа-вата 13 селани од селото Дулица, 11 од Саса, 7 од Каменица, 4 од Цера и 3-ца од Косевица.

Интересно е да се спомене дека и контрачетниците и четниците на Алексан-дров најпрвин се грижеле за задоволување на своите потреби а за другото многу не им било грижа поради што локалното население и едните и другите ги нареку-вало кокошкари. Во овој временски период бил зголемен бројот на „црните чети“ предводени од Илија Пандурски, Дане Црнилишки, Христо Умленски, Мите Суџу-каро и други во походи против месното население.

Овие контрачети не оделе толку многу во потера по четите на ВМРО, колку во походи за тепање, силување и ограбување на населението. Во голем број случаи како да постоел џентлменски договор за ненапаѓање помеѓу жандарите и четите на Александров и неговите најблиски соработници и војводи. Постарите мештани раскажуваат дека имало случаи кога некој селанец имал слава на честење да до-аѓаат и српските жандарми и четниците на ВМРО. Иако и едните и другите знаеле за меѓусебното присуство до отворени судири не доаѓало,затоашто едните биле сместувани на едниот а другите на другиот крај од куќата. Откако добро ќе се на-гостеле си заминувале едни од други. Но судирите не биле избегнувани секогаш. 16 Златна книга... 164

26

Горан МитевскиГоГоГоГорарараранннн МиМиМиМитетететевсвсвсвскикикики

Во овие борби за туѓи интереси имало и случаи кога брат брата убивал. Така во јули 1924 година во еден жесток судир помеѓу српските потери и Кочанската чета, во атарот на село Калиманци бил ранет Илија, помладиот брат на Шарен Ампо од Дулица. За пробивање на обрачот со тешко ранетиот комита кој не можел да оди не можело да стане збор па затоа Шарен Ампо според стариот суров ајдут-ски обичај го убил братот Илија. Има и една друга непотврдена верзија која ја пренесувам а која е земена на 27 јули 2010 година од мојот дедо Блаже Митевски. Имено според кажувањата на неговите соселани кои биле директни сведоци на времето во кое дејствувал Шарен Ампо тој го убил својот брат Илија заради тоа што последниот лично го предал. Имено Илија бил фатен од српските жандарми и војници и бил приморан да ги одведе до местото каде се криел Шарен Ампо во шумите околу Дулица. Илија тргнал со молба да го убеди својот брат да се преда-де бидејќи е опколен од сите страни. Шарен Ампо му дозволил да се приближи стрелајќи му во главата со зборовите: „така завршуваат предавниците“ и започ-нал жестока борба со српските единици со стрелба од своето оружје и фрлање на бомби. Гледајќи дека не постојат никакви шанси сам да се пробие низ обрачот со последната бомба се разнел себеси. Ова се случило во 1927 година. За жал не пос-тои фотографија од нив или некој нивни потомок затоа што со смртта на браќата згаснала и нивната лоза.

За што поефикасно спротиставување на четите на ВМРО, српските жандар-ми и офицери наименувале кметови кои требало да бидат нивни доушници и ин-форматори. Така во 1924 година за кмет на селото Дулица бил наименуван Јован Петровски од маалото Догриите. Неговата задача била да ги одвраќа селаните од ова село да им помагаат на четниците на ВМРО, да не се вклучуваат во нив-ните редови, како и да прифаќаат да служат во српската војска. Наскоро го стиг-нала „долгата рака“ на ВМРО. Тој бил грабнат од четниците на организацијата и одвлечен во месноста Китка во атарот на Горна Цера каде бил заклан од вториот војвода на ВМРО од овие краеви, Димитар Медарот. Потомците на овој несреќен човек до денешен ден живеат во истото село. Димитар Медарот подоцна се при-клучил кон крилото на Ванчо Михајлов и станал атентатор над неговите идејни противници.

На 4 март 1930 година бил убиен истакнатиот протоѓеровист и уредник на весникот „Вардар“, Васил Пундев од страна на атентаторите Димитар Медарот и Никола Стаменов. По убиството на Пундев, за првпат Иван Михајлов бил об-винет за непосреден извршител, а директните убијци биле осудени на 15 години затвор.17

Меѓутоа Медарот не останал долго време во затвор. По извршениот државен удар и преземањето на власта во Бугарија од страна на Кимон Георгиев на 19 мај 1934 година, бил ослободен од затворот. Со почетокот на Втората светска војна и нападот од 6 април 1941 година на Кралството Југославија, Медарот активно се ставил во бугарска воена служба. По окупацијата и поделбата на Македонија од страна на германските, италијанските и бугарските армии, Димитар Медаров формирал своја контрачета која активно се борела против партизанските едини-ци или “шумкарите” какошто биле нарекувани од страна на бугарските војници. Така на 21 мај 1943 година кај месноста Балевица, Виничко, 2-от Пљачковички партизански одред “Гоце Делчев”, бил откриен од бугарската полиција и контра-четата која ја предводел Димитар Медарот. Во вооружената престрелка загинале командантот Ванчо Прке, политичкиот комесар Тошо Арсов И Александар Мит-рев.

17 Виолета Ачкоска, Никола Жежов „Предавствата и атентатите во македонската историја“ Скопје 2004, стр. 293

27

Кратка историја на општина Македонска КаменицаКрКрКрКрататататкакакака иииистстстстороророријијијја а а а нананана оооопшпшпшпштитититинананана ММММакакакакедедедедононононскскскска а а а КаКаКаКамемемеменинининицацацаца

Веднаш по воспоставувањето на новата државна власт, меѓу нејзините први мерки спаѓало расчистувањето со оние личности кои во текот на војната сорабо-тувале или биле на страната на окупаторскиот режим и противниците на НОД. При една ваква акција на органите на ОЗН и УДБ бил откриен и фатен и Димитар Медарот, кој по кратко време бил осуден и ликвидиран во штипскиот затвор во 1946 година. Кратко време по неговата смрт животот во “трагични и несреќни околности” го завршил и неговиот син.

Никола Пашков Бачов од селото Дулица бил убиен од родениот брат Ванге-лија, затоа што одбил да пребега со него во Бугарија. Како доказ пред четниците дека брат му навистина е мртов им ги покажал мустаќите заедно со месото.

На 30 декември 1924 година во Штип бил убиен Стојан Мишев, кој по от-кажувањето од ВМРО преминал во српска служба и станал еден од најважните раководители на „Здружението за борба против бугарските бандити“. Атентатор бил Кирил Глигоров Ќелешов а атентатот го извршил по налог на ВМРО. Веднаш по овој настан успеал да побегне од градот, стигнувајќи речиси до границата со Бугарија. Поминувајќи низ селото Костин Дол бил забележан и предаден од не-кој селанец на 8 јануари 1925 година. По престрелката што ја имал со српската потера, откако ја потрошил целата муниција бил фатен и донесен во штипскиот затвор, а на 30 август 1925 година бил егзекутиран со стрелање. Додека сеуште се наоѓал во затворот „долгата рака“ на ВМРО уште еднаш сурово пресудила. Имено селанецот Стоил Шанкев кој го извршил неговото предавство на српските власти бил фатен и ѕверски убиен. Ова покажува дека ни најмалку милостиви не биле ни војводите и четниците на ова организација. Нивните судови донесувале одлуки и по брза постапка ги ликвидирале од нив „осудените“. А биле судени тие што ги сметале како нивни непријатели.

Со државен удар, кралот Александар на 6 јануари 1929 година го суспендира уставот, ја распушти Народната скупштина и самиот себеси се прогласи за „носи-тел на сета власт во земјата“.18

Диктаторскиот режим воспоставил бел терор, кој добил вонредна жестина и широки размери во Македонија. Во рамките на предвидената администартивно-територијална распределба на државата кон крајот на 1929 година, била образу-вана Вардарска бановина во која покрај Вардарска Македонија биле опфатени делови од Јужна Србија и Косово. Тогаш било променето и името на државата, која од „Кралство на Србите, Хрватите и Словенците“ се преименувала во „Крал-ство Југославија“.

За прв бан на Вардарската бановина бил наименуван Жика Лазиќ, долго-годишниот началник на одделението за јавна сигурност и од 1928 година помо-шник-министер за внатрешни работи на кралската влада. Неговото поставување за бан на Вардарска бановина наедно значело дека „ред и мир“ во јужните краеви може да спроведе само испробана цврста рака и населението да се држи во по-корност само со полициски камшик.19

По распуштањето на ВМРО во 1934 година, српските власти конечно можеле да здивнат. Нивната дејност била насочена кон создавање разни националистич-ки организации и организирање училишна мрежа во која децата требало да бидат воспитувани во српски дух.

За да ја подобри состојбата со учители во Вардарска Македонија, власта да-вала посебни бенефиции за оние кои биле на работа во потешките места. Така со законот од 1923 година, учителите кои биле на работа во „Јужна Србија“ за една 18 ИНИ Историја на македонскиот народ книга трета, Скопје 1969, стр. 6919 Ibid 72

28

Горан МитевскиГоГоГоГорарараранннн МиМиМиМитетететевсвсвсвскикикики

година учителствување им се признавале две години пензија. И покрај тоа инте-рест за учителска работа во овие предели бил многу мал. Работата на учителите од другите краеви на Кралството била отежната поради имотни и други причини. Многу од назначените учители работата во овие предели покрај бугарската гра-ница ја сфаќале како „работа длабоко во Сибир“. Со сигурност може да се тврди дека во тоа време во овие места работеле основни училишта во селата Каменица, Саса и Цера.

На 6 април поради одбивање да се приклучи кон Тројниот Пакт, Кралството Југославија од сите страни било нападнато од силите на Хитлеровската коалиција. Согласно претходно постигнатиот договор Вардарска Македонија до Групчин и Охрид и припаднале на Бугарија. Наскоро била воспоставена бугарска окупацио-на власт, а сите институции на системот биле заменети со бугарски.

Најзначаен настан за ова подрачје од Втората светска војна е Пролетната оф-анзива и маршот на Осоговската ударна група која поминала низ овие предели. Во екот на најголемите борби била ранета народната хероина Вера Јоциќ.

Исцрпена од тридневното талкање низ планинските усои и падини, Вера тој прекрасен лик на борец, кој умееше да ја освои љубовта на борците, го вгради својот живот во слободата на нашата земја. Па и ако умре, таа виде дека по неа остануваат илјадници други. Некое далечно ехо ке пристигне во нејзината свест, која полека се губеше, ќе пристигне како визија зборот на поетот соборец:

... Ако куршум младост ти зграби,

Немој да жалиш, немој да тажиш

Огнени очи не ќе ти свенат:

илјади срца со жар ќе полниш,

илјади борци в борба ќе кренат.

Поетот ја доживува ова болка како своја најтешка загуба, која ќе остане дла-боко врежана во неговото сеќавање:

А утринта кога зрив чела ни спраши,

Ти не беше веќе в редовите наши.

Но скипеа борци со одмазда жолчна.

Развиореа сите со твојата сила,

Ко елени брзи и лесни ко птица. 20

Во нејзина чест КУД од нашиот град го носи нејзиното име, а во 1985 година во градскиот парк во Македонска Каменица свечено била откриена бистата на ова жена херој, дело на академскиот скулптор Томе Серафимовски.

Со ова последна иформација би го завршил историскиот приказ на нашата мала но прекрасна Македонска Каменица.

20 Народни херои од Македонија, Скопје 1973, стр. 167

29

Кратка историја на општина Македонска КаменицаКрКрКрКрататататкакакака иииистстстстороророријијијја а а а нананана оооопшпшпшпштитититинананана ММММакакакакедедедедононононскскскска а а а КаКаКаКамемемеменинининицацацаца

Сл. 11 Споменикот на народниот херој Вера Јоциќ (1923-1944) во градскиот парк

во Македонска Каменица

30

Горан МитевскиГоГоГоГорарараранннн МиМиМиМитетететевсвсвсвскикикики

ОТОМАНСКОТО НАСЛЕДСТВО

Периодот до 1914-та година Османлиите биле целосно истерани од Балканот. Нивните територии биле сведени само на Цариград и внатрешноста на Тракија. Целта на здружената балканска воена алијанса била постигната: Турција била протерана од Балканскиот полуостров. Меѓутоа во некоја смисла многу работи не се измениле. Повеќе од петстотини години балканските народи биле под власта на едно знаме. Исто толку биле владеени од еден центар на моќ и сите биле под власта на еден сизерен од една или друга отоманска династија. Османската циви-лизација оставила длабоки и неизбришливи траги чии последици се чувствуваат до денешен ден. И покрај обидите и силните критики на балканските интелекту-алци и национални академии да го претстават периодот на отоманското владе-ење како период на „неподнослив јарем, крв, солзи и болки“ оваа моќна империја создала посебна култура со позитивни и негативни аспекти.

Отоманското наследство е неодвоив дел од животот на секој жител на наши-от полуостров и тоа не може да се избрише. Турците оставиле многубројни траги во јазиците на сите балкански народи па и во нашиот. Не постои јазик на која и да е балканска нација во кој не се влезени многубројни турцизми. Потоа спе-цификите на балканскиот фолклор во однос на другите европски култури. Тука првенствено мислиме на убавината и ритмичноста на ората, прекрасните песни и инструментите што се користат за изведба на истите, па се до многубројните балади за животот и смртта, преданијата за ајдутите и комитите, радостите и та-гата. Не постои крај во нашата земја, па вклучително и нашата општина кои не-маат разновидни топоними од тој период. Само за пример да ја земеме месноста „Ајдучка чешма“ под пазувите на Руен, маалата „Османлии“ во атарот на селото Горна Саса, месноста „Јуручки гробишта“ во Горна Цера итн. Слично е и со бал-канските кујни кои се многу слични со кујните на блискоисточните народи а да не зборуваме за разновидните зачини кои на Балканот ги донеле османлиските завојувачи. Од Османлиите останале рецептите за многубројни јадења а нашата кујна не може да се замисли без тавче гравче, сутлијаш, ќебапи, тулумби и бакла-ва итн.

За балканските народи особено убави биле аспектите на османлискиот жи-вот. Османлиите создале прекрасни анови, чајџилници, караван-сараи, џамии и мостови, амами и безистени и други објекти. Особено внимание се посветувало на реките и другите водотеци како и на уредувањето на дворовите. Секоја куќа имала градина во дворот и разновидни цвекиња од кои најценети биле розите. Ова го пишувам затоашто е доволно човек малку да се прошета низ балканските градчиња и населби и да се увери во истото. Османлиите имале навика да садат и многубројни парцели со овошје. Овие а и други традиции се зачувани како дел од националното наследство. Османлиите многу ја ценеле и убавата облека израбо-

ПРИЛОГ

31

Кратка историја на општина Македонска КаменицаКрКрКрКрататататкакакака иииистстстстороророријијијја а а а нананана оооопшпшпшпштитититинананана ММММакакакакедедедедононононскскскска а а а КаКаКаКамемемеменинининицацацаца

тена од срма, свила и кадифе а освен тоа во нивните домови и верските објекти на подот ги ставале познатите персиски килими и теписи кои до ден денешен се присутни во секоја куќа на балканските земји вклучително и нашата.

Нашиот народ под отоманска власт првенствено живеел во селските сре-дини. Овие села ја претставувале целата позната вселена за жителите на тие подрачја. Неуките селани ретко ги напуштале своите села и целиот свој живот го поминувале во атарот на своето село, обработувајќи ги своите или нивите на турските феудални господари и занимавајќи се првенствено со земјоделство и сточарство. Народот од нашите краеви живеел во големи семејни задруги во кои владееле строги патријархални норми и се слушал најстариот жив машки член во фамилијата. Тој на некој начин претставувал pater familias и неговиот збор се прифаќал без поговор.

Покрај овие позитивни особини и аспекти на животот, балканските народи се здобиле и со негативни карактеристики кои го прифаќаат постоењето на мо-дерните институции.

Долгите векови поминати под Османскиот општествен систем создале многу несакани последици и навики кои останале да живеат и по падот на империјата. Стравот поради несигурноста на животот создал летаргија, незаинтересираност, неодлучност и тенденција кон покорност која произлегувала од неопходноста да се преживее. Од друга страна поради таа несигурност се создал еден силен хедо-нистички став кон животот. Сите балканци се надалеку познати како големи ме-раклии на добрата чашка, проследена со мезиња и добра музика. Да напоменеме дека Османлиите во далечната 1564 година на Балканот го донеле кафето, чајот и тутунот, култури кои балканските народи уште од старт одлично ги прифатиле. Така што за некој кој е голем консумент на цигари останала изреката „пуши како Турчин“. Друга негативна карактеристика е тоа што работата како таква многу малку се цени. Балканците порадо би го избрале безделничењето каде разгово-рот со кафе-муабет и цигара знае да се претвори во целодневни седенки без да се има чувство за изгубеното време.

Интересно е тоа што балканците сметаат дека постојано некој друг е вино-вен за нивните проблеми, постојано бараат неправда за се а државата, законите и плаќањето даноци се голема главоболка за секој од нив и се бараат секакви на-чини да се избегнат. Да ги земеме само за пример нашите јужни соседи Грците. Балканците премногу веруваат во к' сметот или среќата, суеверни се и длабоко во себе веруваат дека Алах или Господ секому ја предодредил судбината и дека од „пишаното не се бега“. Понатаму онаа балканска карактеристика и праисконска-та желба да се добие машко потомство пришто за раѓањето на син се вели дека и „огништето се смее“ итн.

Денес близу еден век од исчезнувањето на империјата на Кара Осман пов-торно се случуваат многу интересни процеси. Турција се враќа на Балканот преку т.н неоосманизам. Оваа држава која е најголемиот пријател и подржувач на Репу-блика Македонија веќе не е „болниот од Босфорот“. Република Турција е во Г-20 најразвиени земји на светот, моќен американски сојузник во НАТО и баланс на рамнотежата помеѓу Блискиот Исток и Европа. Турците имаат моќна и развиена текстилна и прехранбена индустрија и нивните производи се повеќе се присутни на балканскиот и европскиот пазар. Турските бизнисмени голем дел од своите капитали го вложуваат во овој регион па од тие причини ние самите би требало да ги препознаеме своите интереси за да привлечеме дел од тие средства и кај нас меѓутоа за тоа треба квалитетна програма. Освен тоа турската култура забрзано продира во нашата земја било преку разновидни изложби, дела од турски автори

32

Горан МитевскиГоГоГоГорарараранннн МиМиМиМитетететевсвсвсвскикикики

а најповеќе преку популарните турски серии присутни на нашите телевизии. Ре-лациите мораат и треба да се одржуваат заемно на сите полиња било преку еко-номијата, бизнисот, културата и туризмот затоашто не постојат мали или големи народи. Постојат големи идеи и визии кои овозможуваат добра перспектива за развој. Колку сме научиле и ќе примениме нешто од ова зависи само од нас.

ТРАНСФОРМАЦИЈАТА НА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ОД ПАСИВЕН КРАЈ ДО СОВРЕМЕНА УРБАНА РУДАРСКА НАСЕЛБА

Периодот на 60-те години од минатиот на географската карта на тогашна Социјалистичка Република Македонија се случила крупна промена. Тоа е никну-вањето на една нова населба која својот растеж го крунисува со добивањето ста-тус на град во 2004 година. По ослободувањето овие планински краеви биле сиро-машни и диви и населението главно се занимавало со екстензивно земјоделство и сточарство и одгледување оризи и градинарски култури кои се наоѓале по тече-нието на Каменичка река и на подрачјето на кое денес се простира современата Македонска Каменица. Првите обиди да се обнови рударската дејност во овие краеви ги направило англиското акционерско друштво „Selection trust limited“ уште во 1927 година во времето на Кралството СХС. По подолга пауза во 1954 годи-на зелено светло за овој крупен проект дале тогашниот Сојузен геолошки завод од Белград, Рудниците за олово и цинк „Злетово“ од Пробиштип, како и Геолошкиот завод од Скопје. По повеќегодишни теренски истражувања и бушења во 1965 го-дина биле направени првите транспортни и флотациски објекти и се започнало со копање и пробивање на рударските окна. Оваа година е официјален почеток на работата на еден од најголемите рударски капацитети во тогашна Југославија кој за многу кратко време прераснал во гигант на обоената металургија и еден од нај-големите рудници во Европа. Првата рударска чета ја предводел Борис Стојанов. Во почетокот рудникот бил пуштен во пробна употреба а откако се увидела него-вата рентабилност започнал со редовно производство. Од оваа година па натаму започнала да се менува и географската слика на овој крај. Во месец ноември 1966 година бројот на вработени рудари изнесувал над 500. Ова само по себе го намет-нало прашањето за изградба на сместувачки капацитети во кои би се сместиле ру-дарите и нивните семејства. Подрачјето на кое се наоѓа рудникот е на 1200 до 1700 метри надморска височина чија главна одлика се стрмните планински падини обраснати со букови шуми и планинска клима па како такви биле неповолни за изградба на станбени објекти. Како најповолно место била избрана долината на Каменичка река и тоа нејзиниот најширок дел каде денес е распослан нашиот мал град. За многу краток временски период овој дел бил урбанизиран со изградба на современи станбени згради, здравствени, трговски, угостителски, образовни, културни, спортски и други новоизградени објекти кои ја разубавеа глетката во новото рударско гратче станувајќи составен дел од една нова населба. На местото на некогашните оризови ниви, бавчи и овоштарници никнале современи живе-алишта. Веднаш потоа се започнало со сообраќајно инфраструктурно поврзување со околните градови Кочани и Делчево како тогашни две соседни општини. За потребите на рудникот од електрична енергија била изградена вештачката аку-мулација „Калиманци“ која од корен ја сменила сликата на овие предели потопу-вајќи одделни населби и плодни ниви од една страна, но од друга страна овозмо-жувајќи снабдување со електрична енергија и формирање воден базен со поголем капацитет кој овозможил снабдување со вода за плодните полиња во Кочанско и Овчеполието. Рудникот за свои потреби во 1974 година изградил современа фло-

33

Кратка историја на општина Македонска КаменицаКрКрКрКрататататкакакака иииистстстстороророријијијја а а а нананана оооопшпшпшпштитититинананана ММММакакакакедедедедононононскскскска а а а КаКаКаКамемемеменинининицацацаца

тација која свечено била пуштена во употреба од страна на тогашниот претседа-тел на Собранието на СРМ, г-нот Благоја Талески која овозможила преработка на 500.000 тони олово-цинкова руда. Периодот на 70-те и 80-те години биле вистин-ски бум од работењето на рудникот што пружило реални услови за брз пораст на бројот на населението во населбата, и привлекување рударски работници не само од соседните општини туку и од сите републики на некогашна Југославија. Во Каменица во 80-те годнини на минатиот век биле изградени повеќе капитални објекти меѓу кои се издвојуваат сегашното основно училиште, топлификацискиот систем, двете станбени објекти од по 10 ката, градскиот базен, детската градинка „Бамби“итн. Освен тоа биле формирани и културно-уметничкото друштво „Вера Јоциќ“, фудбалскиот клуб „Саса“ кој долги години се натпреваруваше во првата републичка лига, потоа шаховскиот клуб и сл. Сето ова овозможило малата Ма-кедонска Каменица да ги добие сите одлики и удобности на поголемите градови.

Периодот од 2003 до 2005 година кога е затворен рудникот, катастрофал-но се одразува во сите сегменти од животот на малото рударско градче. Тоа е период кога голем број од поранешните рудари заедно со членовите на нивните семејства, како и многу млади луѓе беа принудени својата егзистенција и мате-ријална сигурност да ја побараат надвор од границите на Република Македонија. По затворањето на рудникот, државата со сите сили се обидуваше да најде стра-тешки инвеститор и за таа цел објави тендер за продажба на рудникот САСА. Тен-дерот го доби руската фирма ,,Ромтрејд’’ и инвеститорот Петар Малиновски кој беше избран за најповолен понудувач на јавниот тендер. На 28.06.2005 година беше склучен договорот за продажба на рудникот Саса, а со тоа официјално се пренесоа сопственоста и правата за користење на имотот понуден на јавниот тен-дер. Следуваше повеќе месечен интензивен процес на набавка на неопходната софистицирана опрема за да може да се започне со нормално производство. Ра-ботата околу рестартирањето на рудникот успешно ја водеше менаџерскиот тим составен од г-нот Дмитриј Кудрјаков, генерален директор, г-нот Александар Ла-гуткин, технички директор и г-нот Борис Левит-комерцијалниот директор како и голем број стручњаци од разни области. Рудникот свечено беше рестартиран на 12 јуни 2006 година, а во употреба заеднички го пуштија г-нот Владо Бучков-ски, тогашниот премиер на владата на Република Македонија и г-нот Александар Кудрјаков генералниот директор. Денес овој рудник се вбројува во топ 10 најус-пешни фирми во Република Македонија и истиот овозможи да се врати надежда и социјалниот мир во малата Македонска Каменица, овозможувајќи егзистенција за над 700 вработени и членовите на нивните семејства.

Според податоците од последниот попис во 2002 година Македонска Каме-ница имала 5147 жители и тоа без околните 9 населени места. Нашата Каменица добива статус на општина во 1996 година со тогашниот закон за територијална поделба кога се издвојува од рамките на тогашната општина Делчево. Во 2004 година добива статус на град и како седиште на истоимената општина зафаќа површина од 19 037 ха и има 8110 жители. Денес општината е во втората фаза од процесот на децентрализација, успешно спроведувајќи многубројни проекти за подобрување на условите за живот на сите нејзини жители.

крај

34

Горан МитевскиГоГоГоГорарараранннн МиМиМиМитетететевсвсвсвскикикики

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

[1] Антоњак Стјепан, Бранко Панов „Средновековна Македонија“ том 3 Скопје 1985 година.

[2] Атанасовски Александар - „Македонија во XIV век“, докторат во ракопис, Скопје 1999 год.

[3] Арсовски Драган, Христовски Димитар - „Делчево“ Делчево 1974 год.

[4] Арсовски Драган - „Теророт и отпорот во Пијанец во втората половина на XIX и почетокот на XX век“, Делчево 2002 год.

[5] Ачкоска Виолета, Жежов Никола - „Предавствата и атентатите во македон-ската историја“ Скопје 2004 год.

[6] Група автори - „Златна книга, 100 години ВМРО“, Скопје 1993 год.

[7] Народни херои од Македонија, Скопје 1973 год.

[8] Списание „Историја“ година XXXIX број 1-2, Скопје 2003 год.

[9] Лапе Љубен „Одбрани текстови за историјата на македонскиот народ“ прв дел, Скопје 1975 год.

[10] Лапе Љубен „Одбрани текстови за историјата на македонскиот народ“ II дел, Скопје 1975 год.

[11] Бранко Петрановиќ Југославија 1918/1984, Београд 1985, 177

35

Кратка историја на општина Македонска КаменицаКрКрКрКрататататкакакака иииистстстстороророријијијја а а а нананана оооопшпшпшпштитититинананана ММММакакакакедедедедононононскскскска а а а КаКаКаКамемемеменинининицацацаца

А Ангелов Дончо - 25 Андроник III - 6Австро-Унгарија - 20Ајдучка чешма - 1Александров Тодор - 8, 13,

19, 20, 23, 24, 25

Б Бајазит I Јилдирим - 8, 23Балкан - 2, 6, 8, 9Бегов Даб - 2Берово - 25Боемија - 7Борис I Босански Кол - 25Бугарија - 3, 4, 6, 11, 12река 10,11, 13, 15, 18, 19, 20,

21, 25, 29Брегалница - 2, 3, 17Брегалничка област - 3Брегалнички округ - 19, 25Брло - Јанев Иван - 26, 10, 11

14, 19, 23

ВВардарска Бановина - 29,

30Вардарска Македонија - 29,

30Василиј II - 423,27

Велбужд - 6, 7Велес - 7, 13Венеција - 11Винченцо - 11Владислав Јован - 4В‘лков Иван - 15ВМРО - 26, 27, 28, 29, 30Волкашин - 8Вуковиќ Божидар - 10, 11

ГГрадиште - 1Групчин - 30

ДДејановиќ Константин - 7Димитар Мирче - 8Догрии - 28Дојран - 7Дулица - 2, 12, 14, 15, 16, 25,

27, 28, 29 ЃЃурѓина ливада - 1

ЗЗемен - 6Злетово -4, 7

ЈЈаков од Камена рекаЈоциќ Вера - 30, 31Јустинијан I - 2

ИНДЕКС НА ГЕОГРАФСКИ ПОИМИ И ЛИЧНИ ИМИЊА

36

Горан МитевскиГоГоГоГорарараранннн МиМиМиМитетететевсвсвсвскикикики

ККалата - 2Калиманци - 2, 12, 27Камена река - 1, 2, 6, Каменица - 6, 9, 12, 25, 30Кантакузин Јован - 7Козјак - 4Косевица - 1, 12, 13, 14,Косевичка река - 1Костин Дол - 13, 14, 23, 29Китка - 28Карнегиева комисија - 17Кралство СХС - 22, 25, 26, 29Кралство Југославија -29, 30

Л Лазиќ Жика - 30Луковица - 4, 7, 14, 19

ММаврикиј - 3Македонија - 3, 5, 6, 7, 11, 15,

20, 22, 24, 26,29Македонска Каменица - 1,

16, 31Малешевска котлина - 3,

14, 12Медарот Димитар - 25, 28Милев Камен - 24Милутин - 4Михајлов Ванчо - 28Томе - 31Михајлов Сава - 12Моштица - 12, 14, 15Моштичка река - 1Мурат I - 8

ООвче Поле - 4Осоговски планини - 8, 11,

19, 24Охрид - 30Охридска архиепископија -

4, 9

ППаровска маала - 1Панчарево - 25Пијанец - 3, 4, 6, 7, 11, 12,Пеќ - 9Протоѓеров Александар -

19, 23, 24Пундев Васил - 28

РРавен - 3Радовиш - 6, 7Рила - 7Радомир Гаврил - 4

ССан Стефано - 11Самоил - 4Симеон - 4Саса - 2, 5, 7, 8, 11, 12, 14, 15,

19, 23, 25, 26, 30Саженик - 13Сер - 7Солун - 7, 12, 13, 21Спасов Људмил - 18Сарафска маала - 5, 12Скопје - 1, 4, 10Саси - 5, 6, 7Славиште - 4Србија - 6, 15, 18, 20, 29

37

Кратка историја на општина Македонска КаменицаКрКрКрКрататататкакакака иииистстстстороророријијијја а а а нананана оооопшпшпшпштитититинананана ММММакакакакедедедедононононскскскска а а а КаКаКаКамемемеменинининицацацаца

Стефан Душан - 7Струма - 6Струмица - 6, 7Серафимовски

Т

Тодоровци - 1, 14, 23

Ќ

Ќелешов Глигоров Кирил - 28Ќустендил - 8, 11, 13

Х

Хреља - 6

Ц

Царево Село - 13, 14

Цера - 13, 14, 15, 16, 17, 23, 24, 27, 28, 30

Царев врв - 25Црник - 25

Ч

Чернопеев Христо - 13

Ш

Шарен Ампо - 25, 27, 28Штип - 6, 7, 26

38

Горан МитевскиГоГоГоГорарараранннн МиМиМиМитетететевсвсвсвскикикики

СОДРЖИНА

Вовед .................................................................................................................. 3

ГЛАВА ПРВА ............................................................................................ 5

Периодот од неолитот до почетокот на турските освојувања ......................... 5

Праисториски и антички период ........................................................................ 5

Средновековен период ....................................................................................... 6

ГЛАВА ВТОРА ........................................................................................ 11

Периодот на турското владеење до Првата светска војна ............................. 11

ГЛАВА ТРЕТА ........................................................................................ 21

Каменица за време на Првата светска војна .................................................. 21

Каменица во периодот од 1919 до 1944 година ............................................... 22

ПРИЛОГ ................................................................................................ 29

Отоманското наследство ................................................................................. 30

Трансформацијата на Mакедонска Kаменица од пасивен крај до современа урбана рударска населба .......................................................... 32

Користена литература ..................................................................................... 34

Индекс на географски поими и лични имиња ................................................ 35

39

Кратка историја на општина Македонска КаменицаКрКрКрКрататататкакакака иииистстстстороророријијијја а а а нананана оооопшпшпшпштитититинананана ММММакакакакедедедедононононскскскска а а а КаКаКаКамемемеменинининицацацаца

39393939