23
Измени и дополнувања на студиските програми 88 Ф А К У Л Т Е Т ЗА БИЗНИС АДМИНИСТРАЦИЈА СТУДИСКА ПРОГРАМА ЗА ДОДИПЛОМСКИ СТУДИИ (Bachelor of Arts) НАЗИВ НА ПРОГРАМАТА: БИЗНИС АДМИНИСТРАЦИЈА

88 - seeu.edu.mkИТ-вештините, европските студии, истражувачките методи и на вештините за учење. Оттаму, се

  • Upload
    others

  • View
    27

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Измени и дополнувања на студиските програми

88

Ф А К У Л Т Е Т

ЗА БИЗНИС АДМИНИСТРАЦИЈА

СТУДИСКА ПРОГРАМА ЗА ДОДИПЛОМСКИ СТУДИИ

(Bachelor of Arts)

НАЗИВ НА ПРОГРАМАТА:

БИЗНИС АДМИНИСТРАЦИЈА

Измени и дополнувања на студиските програми

89

В О В Е Д

Тригодишната програма (Bachelor of Arts Program) на Факултетот за бизнис администрација ги подготвува студентите за позицијата на лидери во профитабилни и во непрофитабилни организации насекаде низ светот. Неодамнешните промени од четиригодишна на тригодишна програма се резултат на интензивниот развој и реструктуирањето на наставната програма за бизнис. Промената во тригодишната програма е главно одговор на значајните реформи на пазарот на работна сила и на потребата за менаџери на разни нивоа. Структурата на тригодишната програма содржи студии кои по природа се динамични, интегративни и интерактивни. Се очекува oвие студии да генерираат високи професионални резултати, приспособени на потребите на пазарот на трудот, истовремено служејќи како здрава основа за понатамошните студии на последипломско ниво. Денес многу организации во одреден степен функционираат на глобалната арена. Поради овие причини, бизнис-програмите се дизајнирани да понудат интегративен пристап на меѓународни бизнис-теми, имплементирајќи го овој концепт преку курикулумот (наставната програма). Курсевите во програмата претставуваат перспективи кои се базираат врз теорија која е тесно поврзана со практичната примена во бизнис-светот. Програмата започнува со настава за стекнување со општо знаење на локалните јазици и на англискиот јазик, ИТ-вештините, европските студии, истражувачките методи и на вештините за учење. Оттаму, се обезбедуваат и основните предмети по економија и по бизнис-менаџмент. И конечно, студиите се фокусираат на професионалнитe предмети од областа на финансискиот менаџмент, маркетингот, е-бизнисот и на напредните изборни предмети. Овој начин на студии е дизајниран за да ги ориентира студентите кон специјализација во одредена област и истовремено да ги подготви за последипломски студии. Комбинацијата на академско и професионално искуство на Факултетот за бизнис администрација ги прифаќа предизвиците на бизнис-околината и на „новата економија“. Посебна карактеристика на Факултетот за БА е тоа што na ovoj Факултет работат меѓународни факултетски професори кои доаѓаат од различни делови на светот, заедно со високоценетите регионални факултетски професори. Дополнителна корист е тоа што во последниот семестар, студентите се охрабруваат да учествуваат во интерншип-програмите, преку кои им се овозможува одблиску да се запознаат со реалниот бизнис-свет. Интерншип искуството им овозможува да ги искористат можностите за соработка со идните колеги и да ги оценат своите индивидуални способности и компетенции. Понатаму, бидејќи програмата е базирана врз принципот на акумулација на кредити од предметите кои се содржани во програмата, им се овозможува акумулација на кредити и од другите универзитети, овозможувајќи влез во програмата во втората и во последната година од студиите. Конечно, состојбата на арт-предавање/пристап на учење, можноститe и опремата, одговара на стандардите на високопризнатите универзитети низ светот. Нашите студенти имаат пристап до богато снабдена библиотека, кaкo и неколку стотини компјутери со интернет пристап преку сателит. Факултетот за бизнис администрација ужива висок углед преку признанието на ЈИЕ Универзитетoт, Центарот за развој на бизнисот, Центарот за кариера и долгорочните постојани врски со многу сериозни и успешни организации во земјава. Овој факт ги позиционира дипломците еден чекор понапред

Измени и дополнувања на студиските програми

90

на пазарот на трудот, овозможувајќи им подобри шанси зa да се здобијат со работа и да започнат со развој на успешни и постојани кариери во избраната област. Дипломците кои ќе се здобијат со признанието дипломиран на Факултетот за бизнис администрација, имаат можност да се вработат во организациите од јавниот и од приватниот сектор, во широк спектар на бизнис функции како што се оперативен менаџер, бизнис консултант, администратор, финансиски аналитичар, менаџер на човечки ресурси, менаџер за јавни односи, маркетинг менаџер, истражувач на пазари и многу други предизвикувачки позиции. Дипломата, исто така, нуди основа за продолжување на студиите на последипломско ниво на многу акредитирани универзитети и бизнис школи низ светот.

Измени и дополнувања на студиските програми

91

Факултет за бизнис администрациjа 1. Институција/Орган за давање

титула ЈИЕ Универзитет

2. Наставна институција ЈИЕ Универзитет 3. Место на изведување настава Кампус на ЈИЕУ (Тетово) 4. Програма акредитирана од: Борд за акредитација 5. Финален научен степен B.A. 6. Програма Додипломски студии - Бизнис

aдминистрација 7. Датум на изработка/ревизија Септември 2007 8. Група на студенти Генерација од академската 2008/2009 год. 9. Наставни цели на програмата

Тригодишната програма (Bachelor of Arts Program) на Факултетот за бизнис администрација: • Ги подготвува студентите за позицијата на лидери во профитабилни и во

непрофитабилни организации во земјава и насекаде низ светот. • Ги подготвувa студентите да градат кариера во областа на бизнис администрацијата, но

и во приватниот и во невладиниот сектор. • Ги поврзува теоријата со праксата за да им се обезбеди на студентите добивање

основни знаења за економските, политичките, општествените и за технолошките промени кои го менуваат начинот на живеење и на работење.

• Ги зголемувa комуникациските и истражувачките способности и овозможувa добивање нови експертизи во областа на менаџментот, маркетингот, економијата.

• Нуди редица модули кои ја опфаќаат основата на знаењата за приближување кон професиите кои се, или не се, поврзани со сферата на бизнисот.

• Создава оспособен кадар кој ќе управува со јавните и со приватните компании, како и кадар кој е оспособен професионално и кој е компетентен да учествува во интеграциските процеси на нашава земја за влез во Европската унија.

• Oвозможувa стекнување истражувачки способности и искуство во менаџментот, маркетингот, финансиите, менаџментот со човекови ресурси и со јавните, приватните и со непрофитабилните организации.

• Создавa нова генерација на дипломирани во бизнис администрациjа кои ќе одговорат на предизвиците на современото општество.

• Создавa способни кадри кои ќе бидат успешни во демократски слободните услови, во пазарната економија, кои можат да се вклучат во меѓународниот пазар на трудот.

• Го развивa концептот на критичко размислување на студентетите. • Oвозможувa студентите активно да се вклучат во предавањата и да вршат независно

истражување во сите полиња на бизнис администрацијата. • Oвозможувa развој на лични способности, комуникација, истражувања и на други

значајни способности кои се потребни за вработување.

Измени и дополнувања на студиските програми

92

10. Резултати од наставата Наставата им овозможува на студентите да ги развиваат и да ги презентираат знаењата, квалитетите и другите особини во следниве сфери: Стекнати знаења Предавања/настава, методи и

стратегии на оценување кои се употребуваат за постигнување и за презентирање на резултатите

А. Стекнати знаења и согледувања од: Предавања / настава 1. Областа на бизнис администрацијатa, менаџментoт, маркетингoт, финасиитe итн.

Основни методи за изведување на наставата се: Традиционални и интерактивни предавања, семинарски работи предводени од тутори; независно истражување; практична работа (интерншип) во институциите на јавната администрација на централно и на локално ниво и во невладиниот сектор. Оценување Во рамките на програмите на предметите, оценувањето се реализира преку следниве компоненти: • присутност на предавањата; • консултации; • успешност на реализираните вежби; • успешност на практичната работа; • семинарски работи; • завршен испит; • работа на терен; • реализирани проекти и др.

2. Оспособување и компетентност за управување и за максимално користење на ресурсите за стекнување нови знаења. 3. Планирање, примена на нови политики од областа на бизнисот кои се важни за државата и за општеството. 4. Подготовка за активно ангажирање во водечки научно-истражувачки проекти 5. Со стекнатото научно и професионално знаење, студентите се подготвени да се вработат во специјализирани институции од разни области на јавни и на државни институции, во приватниот сектор и во граѓанското општество. 6. Англискиот јазик (задолжителен) како и францускиот и германскиот јазик (изборни) на релативно повисоко ниво

Измени и дополнувања на студиските програми

93

Б. Вештини и други карактеристики Способности за пренесување на

интелектуалните вештини По успешното завршување на програмата студентите можат:

Предавања/Настава

1. Да ги применувааат знаењата здобиени во текот на студиите, да ги анализираат комплексните прашања од областа на бизнисот, финансиите, менаџментот и на маркетингот, употребувајќи ги трите наставни јазици (албанскиот, македонскиот и англискиот јазик).

Овие вештини главно се развиваат преку дискусии и аргументирање на семинарските работи, презентациите и на дебатите по предметите и др. Општите вештини се развиваат преку разни дебати, семинарски работи и презентации по предметите, како и преку практична работа (internship) во институциите на државата, финасискитe институции, приватнитe компании и во невладиниот сектор. Оценување Писмени испити, оценување на презентации по предметите, семинарски работи и практична работа.

2. Да ги препознаваат и да ги одредат проблемите и прашањата според нивната важност.

3. Да собираат и да синтетизираат податоци од професионалната литература на албански, македонски и на англиски јазик (меѓународни извори).

4. Да ги препознаат можните алтернативи за посебните проблеми и да прават практичен избор меѓу нив.

5. Да ги одразуваат процесите на настава на конструктивен начин.

Измени и дополнувања на студиските програми

94

Ц. Примена на специјални

вештини: Предавања/Настава

Примена и решавање на проблемите По успешно завршување на програмата, студентите ќе можат: а) Да ги препознаваат проблемите од областа на бизнисот, менаџментот, финансиите, маркетингот на јавниот и приватниот сектор. б) Да изведуваат општи и посебни анализи во областа на бизнисот. в) Да ги елаборираат од научен и практичен аспект разликите и потребите на општеството во целина.

Способноста за решавање на проблемите главно се развива преку подготвување и учество во: Семинари, анализи на проблемите од праксата, како и преку практичната работа каде студентите одблиску се сооучуваат со мултидимензионалноста на проблемите во јавната администрација и социјалната политика. Овој метод овозможува поврзување на теоријата со праксата, што е неопходен услов за успешна кариера во институциите на јавната администрација. Оценување Се врши преку завршните испити, колоквиумите, преку презентациите и семинарските работи, како и според работата на тезата и јавната презентација по завршувањето на практичната работа.

Извори, истражувања и оценување По успешно завршување на програмата, студентот ќе може:

а) Индивидуално и групно да работи на истражување на најсоодветните форми за исполнување на потребите на населението б) Да ги елаборира, од научен и од практичен аспект, разликите и потребите на заедницата. в) Активно да биде вклучен во изградбата на макро и микро економската политикита г) Да биде информиран и да придонесува во научните и во професионалните елаборати за човекот и за заедницата кои имаат потреба за вклучување во општеството и во државата.

Предавања / Настава Практични вежби, индивидуални и групни презентации по предметите во двете насоки , а особено по задолжителниот предмет „Споредување на бизнис климата во светот (ЕУ, САД) и во Македонија“. Оценување Се врши врз основа на оценувањe на анализите на проблемите од праксата, на индивидуалните и групните презентации, на семинарските работи и др.

Измени и дополнувања на студиските програми

95

Д. Главни вештини: Комуникација и писменост По успешното завршување на програмата, студентите се оспособуваат: а) Да го употребуваат, усно/писмено албанскиот, македонскиот и англискиот јазик од областа на бизнисот. б) Да се ангажираат во докажувањето и во дискусиите на комплексните прашања на бизнисот (економијата) на албански, македонски и на англиски јазик на ефикасен и конструктивен начин. в) Да даваат јасна и кохерентна презентација на некоја тема или задача, правилно употребувајќи ја собраната литература. г) Да читаат комплексна материја која е или не е поврзана со полето на економијата (бизнисот). д) Да ја употребуваат потребната бизнис-терминологија на албански, македонски и на англиски јазик.

Предавања/Настава Семинарски работи, презентации на часови, дискусии, дебата по предметите. Во текот на првата година ќе се постигне течен говор на албански / македонски јазик, а ќе се постигнат и јазични способности за употреба на терминологијата од областа на јавната администрација. Оценување Оценување на семинарски работи, презентации по предметите, реализирана практична работа како и проверки преку писмени и усни испити.

Измени и дополнувања на студиските програми

96

11. Структура на студиската програма, услови за студирање, нивоа, модули, кредити и признанија

Наставата се нуди врз редовна (full-time) и вонредна (part-time) основа. Студиските програми се во времетраење од три години (шест семестри) за додипломски студии, односно 180 ЕКТС-кредити и двегодишни (четири семестри) за последипломски студии, односно 120 ЕКТС-кредити. Студентите следат настава пo задолжителни и пo изборни предмети. Предметите опфаќаат кредити кои приближно кореспондираат со 25-30 часа од времетраењето на предавањата. Секоја година треба да се добијат 60 кредити за околу 1500-1800 часови годишно. Подетални информации за политиката на кредитите може да се добијат во Каталогот на Универзитетот. Предметите се делат на семестрални единици. Студентите треба да ги завршат сите предмети според долунаведената задолжителна студиска програма. Учеството на предавањата е задолжително и претставува примарен услов за успешно да го поминат предметот. Секој предмет треба да се заврши исполнувајќи ги барањата поставени во програмата (силабусот) на предметот. Во последниот, шестиот семестар, студентите ќе се здобијат со практични знаења и вештини преку практична работа, која е и услов за дипломирање на додипломски студии. За успешно завршување на последипломските студии (Мастер), студентите во четвртиот семестар треба да изработат магистерска теза која треба јавно да се одбрани пред комисија определена од Наставно-научниот совет на Факултетот.

Измени и дополнувања на студиските програми

97

СТУДИСКА ПРОГРАМА НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА БИЗНИС АДМИНИСТРАЦИЈА

Семестар 2 Кредити Зимски/ Летен

Теоретски часови

Практични часови

Вкупно студиски часови

Големина на групите

Англиски јазик (ниво 1-4 Академски/Напреден академски англиски ј) 3 Л 0 22 90 20-30 Албански јазик 2/Македонски јазик 2 3 Л 11 11 90 200/20-30 Финансиско сметководство (GAAP) 6 Л 30 15 180 200/20-30 Микроекономија 6 Л 30 15 180 200/20-30 Маркетинг- менаџмент 6 Л 30 15 180 200/20-30 Математика за бизнис 6 Л 30 15 180 200/20-30 Вкупно 30 900

Семестар 3 Кредити Зимски

/ Летен

Теоретски часови

Практични

часови

Вкупно студиски

часови

Големина на групите

Англиски јазик (ниво 2-4) Англиски јазик за посебни намени 1 6 Л 0 45 180 20-30 Макроекономија 6 Л 30 15 180 200/20-30 Деловно право 6 Л 30 15 180 200/20-30 Финансиски менаџмент 6 Л 30 15 180 200/20-30 Бизнис - калкулус 6 Л 30 15 180 200/20-30 Вкупно 30 900

Семестар 4 Кредити Зимски

/ Летен

Теоретски часови

Практични

часови

Вкупно студиски

часови

Големина на групите

Англиски јазик (ниво 2-4) Англиски јазик за посебни намени 2

6 Л 0 45 180 20-30

Статистика 6 Л 30 15 180 200/20-30 Менаџмент на информациони системи 6 Л 30 15 180 200/20-30 Слободен изборен предмет 6 Л 30 15 180 200/20-30 Изборен предмет 6 Л 30 15 180 200/20-30 Вкупно 30 900

Семестар 1 Кредити Зимски/ Летен

Теоретски часови

Практични часови

Вкупно студиски часови

Големина на групите

Англиски јазик (ниво 1-4, Академски англиски јазик) 3 З 0 22 90 20-30 Албански јазик 1/Македонски јазик 1 3 З 11 11 90 200/20-30 Напредни ИТ -вештини 3 З 11 11 90 200/20-30 Европски студии 3 З 11 11 90 200/20-30 Вовед во бизнис 6 З 30 15 180 200/20-30 Принципи на маркетинг 6 З 30 15 180 200/20-30 Принципи на менаџмент 6 З 30 15 180 200/20-30 Вкупно 30 900

Измени и дополнувања на студиските програми

98

Изборни предмети 1: 1. Локални сметководствени стандарди 2. Процес на европско интегрирање 3. Економски развој 4. Однесување на потрошувачитe 5. Вовед во програмирање и проектирање база на податоци * 6. Организациско однесување

Семестар 5 Кредити Зимски/ Летен

Теоретски часови

Практични часови

Вкупно студиски часови

Големина на групите

Меѓународен бизнис 6 З 30 15 180 20-30 Операционен менаџмент 6 З 30 15 180 200/20-30 Управувачко сметководство 6 З 30 15 180 200/20-30 Напреден изборен предмет 6 З 30 15 180 200/20-30 Напреден изборен предмет 6 З 30 15 180 200/20-30 Вкупно 30 900

Напредни изборни предмети 1 и 2: 1. Деловно комуницирање 2. Истражување на пазарот 3. Јавни финансии 4. Дизајнирање и развој на производот 5. Проект-менаџмент 6. Системска анализа и веб-технологии 7. Недвижен имот и инвестиции 8. Пари и банки

Семестар 6 Кредити Зимски

/ Летен

Теоретски часови

Практични

часови

Вкупно студиски

часови

Големина на групите

Мал бизнис и претприемништво 6 Л 30 15 180 20-30 Менаџерска економиjа 6 Л 30 15 180 200/20-30 Стратегиски менаџмент 6 Л 30 15 180 200/20-30 Интерншип или напреден изборен предмет 6 Л 30 15 180 200/20-30

Напреден изборен предмет 6 Л 30 15 180 200/20-30 Вкупно 30 900

Напредни изборни предмети 1 и 2: 1. Анализа на финансиски извештаи 1. 2. Анализа на одлучување 3. Меѓународни финансии 4. Маркетинг на услуги 5. Менаџмент на човечки ресурси 6. Е-бизнис 7. *Интерншип, проект или изборен предмет 8. **ИТ проект-менаџмент

Измени и дополнувања на студиските програми

99

ОПИС НА ПРЕДМЕТИТЕ СЕМЕСТАР 1 Напредни ИТ-вештини Овој предмет е дизајниран за да ги подготви студентите кои доаѓаат од различни средини за основните компјутерски потреби за ефективен менаџмент и комуникации. Наменет е да им помогне на студентите да развијат способности за технолошки иновации како средство за достигнување конкурентска предност. Голем дел од технологиите достигнаа голем успех во подрачја поинакви од почетно замислените. Европски студии Предметот Европски студии претставува основен предмет кој се изучува на сите факултети на ЈИЕ Универзитетот. Се работи за едносеместрален предмет кој се изучува во првиот семестар. Програмата на овој предмет покрива базично знаење за: - Европа - Европската историја - Културата, цивилизацијата и европските вредности - Европскиот идентитет - Европските институции итн. Вовед во бизнис Овој предмет е дизајниран со цел студентите да се запознаат со надворешната и внатрешната средина на претпријатието. Меѓутоа, вниманието ќе биде посветено на финансиската, на маркетинг и на организациската функција на претпријатието. Покрај ова, ќе се согледа и влијанието на претпријатието врз заедницата во која дејствува. Принципи на маркетинг Овој предмет ќе ја изучува улогата на маркетинг-активностите во менаџирањето со организациите. Фокусот е ставен на примената на принципите на маркетингот за развивање ефективни програми за маркетирање на производи и услуги за потрошувачите и индустриските корисници. Посебно внимание се посветува и на користењето на анализата на маркетингот и на однесувањето на потрошувачите во развојот на соодветни стратегии за производ, цена, дистрибуција и за промоција.

Измени и дополнувања на студиските програми

100

Принципи на менаџмент Овој предмет е дизајниран да ги запознае студентите со „јазикот на менаџментот“ (термини и теории) и улогата на менаџерите во организацијата. Студентите ќе ги применуваат добиените знаења во различните студии на случај кои се однесуваат на соодветни аспекти. Овој предмет ќе ги покрива: главните школи и теории за менаџмент, разбирањето на менаџментот, менаџментот како процес и главните функции на менаџментот како планирање, организирање, лидерство, мотивација, менаџмент на човечки ресурси и контрола. СЕМЕСТАР 2 Финансиско сметководство Овој предмет се однесува на основите на финансиското сметководство. Тој ги запознава студентите со подрачјето на финансиското сметководство и ги покрива следниве подрачја: општо за сметководството, книговодство, финансиски извештаи - биланс на состојба и успех, извештај за приходи, извештај за парични текови и извештај за сопственичкиот капитал, средствата и обврските и сл. Микроекономија Овој предмет се однесува на вовед во принципите на микроекономијата, гледано како од теоретски аспект, така и од аспект на нивната примена во организациите и во индустриските гранки. Целта е да се увиди како пазарот прави алокација на ресурсите помеѓу различните конкуренти. Исто така, се настојува да се увидат јаките и слабите страни на пазарниот систем и причините за владина интервенција во една капиталистичка пазарна економија. Овој предмет има за цел и осознавање на производните, потрошувачките и ценовните одлуки на организациите во рамките на различните пазарни структури, вклучувајќи совршена конкуренција, монопол, монополска конкуренција и олигопол. Маркетинг менаџмент Целта на наставата по овој предмет е студентите да добијат знаења од областа на управувањето со маркетинг-активностите, маркетинг-околината и со нејзината динамичност и стимулирачкото влијание врз работата на претпријатијата, маркетинг-одлуките кои менаџерите ги прават во врска со стратегиите кои ги применуваат и последиците од тие стратегии, маркетинг-планирањето, маркетинг-тактиките и маркетинг-контролата. Поаѓајќи од фактот дека во центарот на вниманието на секое претпријатијатие треба да е потрошувачот и неговите потреби и желби, потребно е да се донесат правилни маркетинг-одлуки како на ниво на претпријатието во целина, така и на пониските нивоа на организација, за да може претпријатието во целост да

Измени и дополнувања на студиските програми

101

одговори на барањата на потрошувачите. За таа цел мора да се има знаења од областа на маркетинг-менаџментот. Математика за бизнис Целта на програмата на овој предмет е студентите да го разберат значењето, суштината и потребата од примена на одредени математички методи и модели при решавањето бројни проблеми од економската теорија и практика. Во таа насока, намерата е да се постават и да се надградат знаењата и искуствата на идните економисти, во апликативна и во корелациска зависност со успешноста на нивното работење, преку способноста за сеопфатно квантитативно анализирање и резонирање. Комплексноста на материјата е на ниво кое е разбирливо за студентите, а приодот се темели врз постепено развивање и совладување на математичките методи и модели и пред сè има ориентација кон решавање на практичните проблеми, со цел мотивирање на студентите за апликативно и целисходно користење на презентираната материја. СЕМЕСТАР 3 Макроекономија Овој предмет претставува вовед во принципите на макроекономијата и е дел од групата на основни предмети од областа на бизнисот. Тој ќе ги покрива основите на макроекономската теорија т.е. теориите кои се однесуваат на функционирањето на економијата како целина. Значи ќе се фокусираме на аспекти како што се: БДП, невработеноста, стапката на инфлација, цикличното движење на националната економија, макроекономската рамнтежа, фискалната политика, монетарната политика, надворешната трговија и сл. Нема да се дискутираат само теоретските аспекти, туку тие ќе се поврзуваат со реалноста во Република Македонија. Ние ќе се фокусираме на причините и последиците на различните макроекономски прашања, како што се невработеноста, трговскиот суфицит и дефицит, цикличното движење на националната економија итн. Главната причина за изучување на макроекономијата е запознавање на студентот со овие теми, како на локално, така и на регионално и на глобално ниво. Деловно право Овој предмет ја изучува примената на деловното право во правец на задоволување на сопствените потреби и на развојот на кариерата. Некои од темите кои треба да се покријат се: историја на правото, договорите, односите меѓу работодавачот и работникот, заштита на потрошувачите, инструменти на преговарање и други правни инструменти. Овој предмет нуди и запознавање со основите на денешниот правен систем и неговите влијанија врз поединците. Студентите ќе се здобијат и ќе ги применат своите знаења во различни активности во

Измени и дополнувања на студиските програми

102

училница во правец на развивање на способности за критичко размислување. Темите вклучуваат: право, етика, судски систем, договори, долгови, побарувања и банкротирање. Финансиски менаџмент Овој предмет е наменет за сите студенти од областа на бизнис администрацијата, не само за студентите од финансиските насоки. Во рамките на овој курс се разгледуваат многу аспекти, почнувајќи од општ преглед, детална анализа на одредени концепти, финансиски инструменти и техники кои се користат при донесувањето одлуки. Целта е да се запознаат студентите со финансиските активности на една компанија. Се посветува внимание на основните финансиски концепти, како што се: временската вредност на парите, вреднувањето на средствата, ризикот и стапката на враќање на инвестициите. Бизнис калкулус Овој предмет е главно практично ориентиран. Студентите треба да запознаат од претходно стекнатите знаења од областа на алгебрата. Во рамките на овој предмет, исто така, студентите се запознаваат и со теоретските концепти и научната терминологија. СЕМЕСТАР 4 Статистика Преку овој предмет студентите ќе ги разберат и ќе ги применат елементите на дескриптивната статистика, теоријата на веројатноста, распределбата на примерокот, пресметката на дистрибутивните параметри, пресметката и контролата на статистичките хипотези, тестирањето на хипотезите, анализата на варијанса, линераната анализа и анализата на временски серии, едноставната линеарна регресија и корелацијата. Менаџмент на информациони системи Овој предмет ги покрива новите движења во развојот на информациските системи и компјутерската технологија, неопходни за процесот на донесување одлуки. Предметот ги истражува примените на МИС како средство за стекнување конкурентска предност, како и примената на оваа технологија во функционалните области. Меѓународните, социјалните, етичките, правните и организациските аспекти на МИС ќе се изучуваат во рамките на овој предмет. Исто така, ќе биде опфатена и темелна анализа на технолошката компонента на оваа брзорастечка област и популарните Интернет деловни модели. Студентите ќе се запознаат со овие аспекти

Измени и дополнувања на студиските програми

103

преку детални истражувања, литература, користење интернет, студии на случај и презентации. ИЗБОРНИ ПРЕДМЕТИ Локални сметководствени стандарди Овој предмет ги запознава студентите со областа на локалните сметководствени стандарди. Тој ги покрива темите: сметководствен план на РМ, средства, обврски и сопственички капитал, цена на чинење - трошоци, материјални трошоци, амортизација на основните средства, плати, производство во тек, приходи и расходи, пресметка на данок на добивка, определување финансиски резултат, сочинување на завршна сметка итн. Општо земено, предметот се однесува на книговодството, концептите на двојното книговодство и финансиските извештаи. Процес на европско интегрирање Проширувањето на Европската унија, засновано на економската интеграција на нејзините сегашни и потенцијални држави членки е најнапредниот експеримент во мултилатералната соработка и интеграцијата досега и поради тоа, се смета за единствен светски пример за зачувување на мирот. За да се објасни овој огромен успех, треба да се одговори на прашањево: Како функционира ЕУ и кои се факторите кои ја определуваат политиката и донесувањето одлуки? Овој предмет ќе ги запознае студентите со правните основи, институциите, политиките и механизмите за донесување одлуки на Европската унија. Ќе се разгледуваат главните проблеми на европската економска интеграција и процесот на проширување. Со анализирање на основните пристапи на клучните политички области (Единствен маркет, Европска монетарна единица, Структурни фондови, ЦФСП, ЈФС) студентите ќе научат за интеракцијата на институциите на Европската унија, за земјите членки и за групите на интерес, и конечно ќе бидат способни да ги проценат тековните предизвици на европскиот интегративен процес. Економски развој Овој предмет им нуди можност на студентите да ги истражуваат и да ги разберат проблемите поврзани со економскиот развој. На крајот од овој курс, студентите ќе бидат способни да ги користат и да ги разберат главните теории на економскиот развој, како и главните прашања за развивање на економиите. Ќе претпоставиме дека студентите ги познаваат основните принципи на економската мисла со кои се запознале во предметот Принципи на макроекономија и микроекономија. Ќе се изучуваат теориите за развој и ќе се користат во анализа на релевантните економски прашања на денешните економии во развој. Предуслов на овој курс е студентите да го имаат положено испитот по предметите Макроекономија и Микроекономија, пред да го слушаат предметот Економски развој.

Измени и дополнувања на студиските програми

104

Однесување на потрошувачите Овој предмет ги покрива детерминантите на однесувањето кои влијаат на побарувањата добра и услуги. Карактеристиките на потрошувачите, анализата на ситуациите и производствените атрибути, донесувањето одлуки, формирањето став и промена, когниција, перцепција и учење се основните елементи на овој предмет. Исто така, вклучува и испитување на концептите на маркетингот за позиционирање на производот, сегментацијата, верноста кон брендот, преференциите во купувањето и дифузијата на иновациите. Уште повеќе, горенаведеното се разгледува во контекст на факторите на опкружувањето, етичките, мултикултурните, социолошките, културните, психолошките, економските актери и комуникациските теории, фокусирани на креирање на единствени маркетинг миксови за специјализирани таргетирани пазари. Вовед во програмирање и дизајнирање бази на податоци Овој предмет ги покрива сите фази кои вклучуваат развивање програми на бази на податоци и управување, користејќи напредни и универзални системи за управување со бази на податоци. Тој вклучува техники за анализа на базите на податоци, како што се однос кон субјектот и моделирање ориентирано кон објектот, ги објаснува дистрибуираните околини на базите на податоци клиент/сервер и СЉЛ-прашања, и обезбедува алатки за администрирање на базите на податоци и складирање на податоците. Организациско однесување Целта на овој предмет е да им помогне на студентите да го разберат однесувањето на луѓето во денешните комплексни организации. Главните прашања што се опфатени во наставната програма се: човекот како поединец, мотивацијата, групите и однесувањето на групите, теориите на лидерство, авторитет, моќ, политика, култура и промени во организацијата. СЕМЕСТАР 5 Меѓународен бизнис Овој предмет се однесува на меѓународното деловно работење, трговија и странски инвестиции, вклучувајќи и дискусија за културните, политичките, социјалните и економските аспекти на водење на меѓународниот бизнис. Тој вклучува теории за меѓународна трговија и економски развој, со посебен акцент на трговките блокови и појавата и развојот на Европската унија.

Измени и дополнувања на студиските програми

105

Операционен менаџмент Операциониот менаџмент се однесува на создавање на производи и услуги и нивно доставување до потрошувачите. Земајќи предвид дека ова всушност е целата дејност на организациите, може да се заклучи дека операциониот менаџмент има огромна важност во работењето на организацијата. Затоа секој студент треба да има познавања за улогата, целите и активностите на операциониот менаџмент. Маркетингот може да ги изнајде потрошувачите и истите да ги информира за производот. Сепак операциониот менаџмент е тој кој ќе сноси одговорност за задоволувањето или разочарувањето на потрошувачите од кои впрочем зависи целата организација. Управувачко сметководство Овој предмет ќе ги опфати следните теми: пресметување на трошоците на производи и услуги, видови деловни ентитети, центри на трошоци, видови трошоци, пресметување и книговодство на директните и индиректните трошоци, анализа на Цост Волуме Профит - критичка точка на рентабилност, вкупни и варијабилни трошоци, мастер буџет, флексибилен буџет, капитално буџетирање, контрола на трошоци, трошочни, профитни и инвестициони центри, вреднување на деловните информации врз основа на расположливите информации (релеватни трошоци & релевантни приходи). НАПРЕДНИ ИЗБОРНИ ПРЕДМЕТИ Деловно комуницирање Целта на предметот е да ги запознае студентите со многудимензионалноста на деловното комуницирање, односно во улога на идни менаџери да комуницираат на ефективен начин во организацијата и надвор од неа, во контактите со деловниот свет и сл. Во рамките на изучувањето на теоријата и практиката на деловното комуницирање, студентите ќе ги спознаат и разберат важноста и карактеристиките на деловните комуникации, повратното комуницирање, стиловите на комуницирање, комуникациската клима и комуникациските бариери. Посебно внимание е посветено на изучувањето на трансакционата анализа на комуникациите и на правилата на однесување во комуникациските процеси, како и говорното, невербалното и писменото комуницирање, подготовка и држење говори, водење на деловни состаноци, комуницирање преку телефон и деловно преговарање, но и со значењето на слушањето во комуницирањето. Невербалното комуницирање се изучува детално заедно со интеркултуралните разлики, а писменото преку пишување на разни видови писма и извештаи.

Измени и дополнувања на студиските програми

106

Истражување на пазарот Овој предмет ги покрива фундаментите на маркетинг истражувањето (истражувачкото, описното и причинското). Исто така, предметот вклучува знаења од областа на различните видови маркетинг истражување (квалитативно и квантитативно) како и комплексни проблеми од секоја фаза на процесот на маркетинг инстражувањето, вклучувајќи и дефинирање на главните проблеми поддржани од истражувачките цели со информации, методологија, правење прашалници, примероци, собирање податоци, статистички анализи (на пр: анализа на податоци/содржина). Пререквизит на овој предмет е студентите да го имаат положено испитот по предметот Статистика. Јавни финансии Овој предмет ја опфаќа улогата на јавниот сектор во економијата и пазарната економија. Ова е изборен предмет во бизнис програмата. Во овој курс, ќе се изучуваат принципите и силите на јавната потрошувачка, јавниот долг и оданочувањето и намерните и ненамерните последици на овие политики. Ќе ги изучиме интелектуалните основи кои го оправдуваат постоењето на јавниот сектор и економската теорија која опишува која треба да биде улогата на јавниот сектор. Конечно, ќе видиме што се случува со македонскиот јавен сектор и како тоа се рефлектира на индивидуалното и корпоративното донесување одлуки и богатство. Дизајнирање и развивање на производот Дизајнирање и развивање на производот е курс базиран на проект, кој ги покрива модерните алатки и методи за дизајнирање и развивање на производот. Основата е проект во кој тимовите на студентите за менаџирање, инженеринг и индустриски дизајн конципираат, дизајнираат и прават прототип на физички продукт. Сесиите на часовите се одржуваат во форма на семинар и вклучуваат случаи и практични вежби за да се поддржат клучните идеи. Темите вклучуваат идентификување на потребите на потрошувачите, концепт на генерацијата, архитектура на производот, индустриски дизајн, и дизајн за мануфактура. Проектен менаџмент Организациските настојувања за ефективно управување со проектите можат да обезбедат победа над конкуренцијата на пазарите со иновации. Во денешното бизнис окружување, да се биде прв на пазарот (дури и само во неколку недели), може да значи сума на пари за организацијата, од аспект на засновање на верност кон брендот и освојување дел од пазарот. Уште повеќе, менаџерите на проекти во консултантските организации кои се способни да планираат, имплементираат и да ги завршат проектите на клиентите на време и во рамките на буџетот, се меѓу највредните индивидуи во нивните организации. Овој курс ги адресира потребните вештини за да се стане успешен проектен менаџер.

Измени и дополнувања на студиските програми

107

Системски анализи и веб - технологии Овој курс ја претставува стратешката улога на информациските и комуникациските технологии во градење и користење на информационите системи како и нивната интеграција во сите функции на менаџментот. Овој курс ги разгледува проценките на потребите, селекција на адекватна технологија, планирање и имплементирање на бизнис информационите системи, новиот напредок во ИТ и прашањата поврзани со безбедноста, ризиците и контролата. Како резултат, ова претставува истражувачки курс кој е дизајниран за да му обезбеди на студентот детално знаење за концептите и терминологијата на е-бизнисот, е-бизнис апликациите, методологиите, и услугите. Претставени се бизнис-решенија за електронските набавки, управувањето со добавувачите и управувањето на односите со потрошувачите, електронската трговија. Целите на курсот се да им обезбедат на студентите широко познавање на технолошката инфраструктура неопходна за постоењето на е-трговијата, нејзините тековните развои, перспективите за „зошто“ и „како“ процесите во различните индустрии и правните прашања за безбедност и приватност. Недвижен имот и инвестиции Предмет на програмата е да се дадат теориски и апликативни сознанија од областа на инвестициите и процесот на инвестирање, подготовката на инвестициони студии, посебно на економски елаборат, оценка и избор на инвестиционите проекти и анализа на ризиците поврзани со инвестирањето Пари и банки Овој предмет настојува да го зголеми познавањето на студентите за финансиските пазари и институции, и нивното влијание на парите во економијата. Се разгледува работата на финансиските пазари и институции и Централната банка, неодамнешните развои на теоријата и практиката во оваа област. Дополнително, иако ова е теоретски курс, се обидуваме да анализираме некои светски случувања, како финансиските кризи во економиите во транзиција; кризата во врска со Македонската и Албанската пирамидална шема и улогата на ММФ. СЕМЕСТАР 6 Мал бизнис и претприемништво Овој предмет е дизајниран со цел истражување на личноста на претприемачот и начинот како се создаваат иновативни деловни идеи. Студентите ќе ги разгледаат плановите, самовреднувањето и оперативните стратегии кои се потребни за започнување со мал бизнис. Процесот на деловно планирање опфаќа препознавање на можностите, развој на деловната концепција, анализа на изводливоста, како и

Измени и дополнувања на студиските програми

108

бизнис план. Бизнис планот се состои од: менаџмент и организациски план, план на производот/услугата, маркетинг план и финансиски план. Студентите ќе се здобијат со знаењето, способностите, концептите и стратегиите за започнување со нов бизнис и претприемништво во раната фаза. Предметот, исто така, ќе опфаќа и купување на поетоечки бизнис и купување на франшиза. Менаџерска економија Овој предмет се однесува на тоа како микроекономските принципи и квантитативните техники може да им помогнат на менаџерите при донесувањето на одлуки. Темите вклучуваат предвидување на барањата на потрошувачите, анализа на производството и трошоците, оптимални ценовни и производствени одлуки, сензитивна анализа и капитално буџетирање. Целта на овој предмет е на студентите да им се претстави еден цел спектар проблеми со кои се соочуваат менаџерите. Соочени со ваквите проблеми, ќе се развиваат стратегии и средства за нивно надминување, користејќи и компјутерска технологија. Нашето основно компјутерско средство ќе биде АНГЕЛ. Целта е да се развијат способности до степен ексел да претставува средство во процесот на барање работа. Стратегиски менаџмент Стратегискиот менаџмент е дизајниран да ги запознае студентите со различните стратегии како причина зошто организациите ги надминуваат своите конкуренти и се здобиваат со соодветна конкурентска предност. Овој предмет не се однесува исклучиво на стратегиското планирање, туку и на стратегиската анализа. Студентите ќе го научат процесот на стратегиски менаџмент започнувајќи со формулирање на филозофијата и мисијата, вреднување на надворешната и внатрешната средина на организацијата и анализа на конкурентската позиција на претпријатието, методи за анализа на индсутријата и конкурентите во нејзини рамки, развој на план и примена на стратегијата (преведување на планот во акција). НАПРЕДНИ ИЗБОРНИ ПРЕДМЕТИ Анализа на финансиски извештаи Како напреден курс на финансиското сметководство, овој курс се фокусира на анализа на извештаите за промени во сопственичкиот капитал, билансот на успех, билансот на состојба, и извештајот за паричните текови. Темите вклучуваат анализа на финансиските и инвестиционите активности, профитабилноста, растот, економската вредност, и вреднувањето на операциите и задолжувањето.

Измени и дополнувања на студиските програми

109

Анализа на одлучување Анализата на одлуките има крајна цел да им помогне на оние кои донесуваат одлуки во врска со реалните светски избори. Овој курс ги запознава студентите со теоријата и практиката на анализата на одлуките. Студентот ќе ги изучува алатките и методите кои ги користат аналитичарите на одлуките, со акцент на разбирањето на тоа од каде доаѓаат овие алатки и методи. Материјалот се базира на основни книги и оригинални статии и четива од областите како основи на теоријата на одлуките, оперативните истражувања, науката за менаџмент, економичоста и психологијата на донесувањето одлуки. Меѓународни финасии Меѓународните финансии претставуваат научна дисциплина која е во постојана експанзија. Денешните финансиски пазари се во вистинска смисла глобални. Ниеден студент кој ги изучува еконо¬мијата и финансиите не може наполно да ги разбере современите движења во националните економии и светската економија без соодветни знаења од меѓународните финансии. Темите кои ги обработува овој предмет - проблематиката на платно-билансните движења, детерминантите на девизните курсеви, факторите кои стојат зад меѓународните текови на капиталот, делов¬ната филозофија на мултинационалните компании и на меѓународните финансиски институции, итн. - одамна не се предмет на интересирање само на мали групи академски економисти или специјализирани професионалци. Знаењата од овој предмет претставуваат основа за оние студенти кои очекуваат да најдат работни места поврзани за меѓународните инвестиции, меѓународното банкарство и мултинационалните деловни активности. Маркетинг на услуги Целта на наставата по предметот е да се запознаат студентите со маркетинг концепцијата во работењето на услужните претпријатија и како таа функционира во практиката. Поаѓајќи од неоходноста од примена на маркетингот во услужните претпријатија, мора да се имаат во предвид разликите помеѓу услугите и производите, а оттаму и специфичностите на маркетингот на улсугите. Во денешни услови кога услужните дејности бележат постојан развој, не може да се занемари маркетиншкиот пристап во работењето на услужните претпријатија и задоволувањето на барањата на потрошувачите преку добра маркетинг програма. Исто како и кај производните претпријатија, така и кај услужните претпријатија доброто управување со маркетингот на услугите е основа за успешно пазарно работење. Менаџмент на човечки ресурси Проучувањето на наставната материја по предметот им овозможува на студентите да се запознаат со сложената проблематика на управувањето со човечките ресурси, сфатено како процес на извршување на низа активности и функции со цел,

Измени и дополнувања на студиските програми

110

луѓето, како најважни ресурси во организацијата, да се искористат на најефективен и најефикасен начин. Во тие рамки, особено внимание се посветува на следните аспекти на менаџментот на човечки ресурси: различните концепции на менаџментот на човечки ресурси, содржината, целите и задачите на менаџментот на човечки ресурси, положбата на менаџментот на човечки ресурси во функционирањето на организацијата, анализа на работата, планирање на човечките ресурси, обезбедување кандидати за нови работни места, селекција на човечките ресурси, воведување во работата, професионален развој на човечките ресурси, поттикнување на успешноста во работата, откривање на менаџерски потенцијали и способности, и менаџментот на човечките ресурси и работните односи. Е-бизнис Целта на овој предмет е да се разберат и аплицираат концептите на електронскиот бизнис (е-бизнис). Да се откријат бизнис потребите за адаптирање кон константните и континуираните промени во околината, да се идентификува важноста на инкорпорирањето на информационата технологија во клучните бизнис процеси, подобрувајќи ја нивната тековна оперативна ефикасност, за да се трансформираат во конкурентски придобивки. Да се развијат стратешко, административно и оперативно планирање за нови бизниси или да се подобри постоечкото со средствата на растечката технологија. ИТ -проект менаџмент Предметот Проектен менаџмент е осмислен така што на студентите им се пренесуваат сознанијата и вештините неопходни за извршување на различните задачи од доменот на управувањето со проектите на различни нивоа на проектната хиерархија. Горенаведената цел ќе се постигне преку реализација на предметната програма, составена од теоретски и практични компоненти, како и преку самостојна работа на студентите и во рамките на проектни тимови. Основниот столб на курсот ќе биде теоретската настава, низ која студентите ќе се запознаат со спецификите на проектниот менаџмент како дисциплина, ќе ги стекнат потребните сознанија за структурирањето на проектот, планирањето на неговите активности, планирањето и оптимализацијата на времето и трошоците за негова реализација, составувањето и координацијата на проектниот тим, улогата на проектниот менаџер и сл. Покрај тоа, студентите ќе се обучат и да користат соодветен софтвер, со чија помош се олеснува работата на проект-менаџерот, што ќе го презентираат и преку реализацијата на практични задачи. Конечно, во текот на наставата, студентите ќе поминат и низ фазите на подготовка на хипотетички проект, преку самостојна работа, но и со учество во проектен тим составен од самите студенти, каде што ќе можат и практично да ги аплицираат сознанијата стекнати во текот н